Зошто 50:50 не е прва опција? Зошто ко стандард се зема детето кај еден или друг? Ако нема Х причина, не е ли ова логички најдобрата опција?
Оти има татковци /мајки насилници и некогаш не е можно тоа 50 :50.Како да оставиш дете на некој насилник? Т. е заедничко старателство.
Разбирам дека некогаш не е опција. Ама кога е опција. Зарем не иде вака? Да речеме ако изневерувал. Сосема легитимна причина за развод, ама не е легитимна за да не биде 50:50 старателство.
Да бе 50:50. Ќе го разнесуваат како торба натаму-наваму. Ако живеат во различни градови како тоа ќе функционира? Во две градинки или школи паралелно ќе биде запишано? Доста е едниот да живее во Ѓорче а другиот во Драчево, немора ни во различни градови да се. Не е во ред дете така да се малтретира. Ниту е нечија играчка ниту е нечиј предмет па да се тераат инаети преку него.
Мислам дека ти не си била во контакт со социјален центар, јас ете сепак, сум работела таму. Има предност мајката, но не го добива детето секогаш. И не, не е само за зависници од дрога или ти што ги наброја, поширока е сликата. Многу често на татковците им одговара да се кај жената и не се борат воопшто за децата, па тука лесно се добиваат децата. Но, таму каде што таткото е решен, а мајката е ло лоша финансиска состојба, тоа е друга работа. И не, немам потребна да сум злобна, само сум реална. Многу лишо правите кога им давате розови наочари на луѓето кои се во ваков проблем, не се борат и ги губат децата зошто спијат на уво дека мајката има апсолутно право над децата. Бог да чува, злобни биле тие што кажале поинаку
50:50 не е баш адекватно, затоа што на дете му треба едно стабилно живеалиште, оти со тоа е поврзано и школото и друштвото. Греота е да го 'откиниш' од се' што знае, пошто преселбите се трауматични, во некоја форма. А инаку се согласувам, некоја форма на заедничко старателство, во која родителите би се договриле кој ќе остане со детето на исто место, а кој ќе се иссели. Ама за тоа треба многу рационално да се носи одлуката, а при развод, многумина се се', освен рационални. ... што е разбирливо, поради акумулацијата на фрустрации која воопшто довела до разводот. Тогаш законот не чини, оти 'дозволува' буквално да им бидат одземени децата на родители, пошто се сиромашни. Вака како што кажуваш, испаѓа дека само тие со пари имаат право на фамилија. Одвратно
Мајката невработена, таткото со 5-6 фирми, ако кажам милионер нема да излажам.. Се уби овој по врски и по влијание преку партијата тогаш на власт, старателство не доби. Уште 5-6 случаи слични знам. Во центрите со кои сум имала соработка не се десило мајка да изгуби старателство освен ако самата не избрала така. Не велам јас дека во сите центри исто работат, далеку се од идеални, ама вие овде на јавен форум им го кажувате на жени истото тоа што со насилниците ги уценуваат дека ќе им бидат одземени децата. Срам да ви е, само толку ќе ви кажам.
Не му е срам. Не размислуваат од аспект на жена која е во насилна брачна заедница “Сама си го барала“
Вајлд не биди одвратна и не ми ставај зборови во уста. Нема везе со сама си го барала, зборуваме за сидски доделување на старателство.
Да де... и судски да се, ако финансиите се пресудни, на сите сиромаси нека им ги земат децата. Сигурно први ќе бидат ромите... Не знам шо чекале до сега...
А сеа ти што покушаваш со муабетов, ќе го оправаме судството? Дали е правилно вака или не, е друг муабет, битно е сите што сакаат да си ги добијат децата, да се спремни целосно.
Исто како што живееле пред развод. Ќе оди во иста градинка/школо, а тој родител што се преселил во друг град ќе изгуби 50:50 и ќе го гледа само за викнди, на пример. Буквално стотици деца вака функционираат со патување од еден крај на градот до друг кога ќе тргнат во средно. Скраја да е да пропатуваш повеќе од 300 метри. Ова е толку Центар/Карпош мислење, што е смешно. Значи детето треба да изгуби блискост со 1 родител, затоа што инаку ќе доживува хорор со станување 20 мин. порано секое сабајле. И бонус прашање, ако мајката е изневерена од таткото и одлучи да се пресели од Драчево во Ѓорче, треба да му го остави детето...за да не го малтретира де? Не знам дали сфаќате дека кај нас најголемиот град е сепак Скопје, не е Њу Јорк. Зошто воопшто би се селело детето во друго школо? И како ќе е откинато од се што знае, кога пак 50% од времето ќе е на истото место? Истото прашање од погоре и за тебе.
Не знам дали ќе го оправите судството, ама нели ти си работела во социјално...? Не ти текна тебе, или на твоите колеги дека можеби не е во ред тоа што го правите? Не е толку едноставно. Имај деца, па ќе видиш колкава логистика треба за да се менаџира животот, ако секој ден треба да поминуваат големи дистанци и ако не знаат кај им е 'дома'.
Во мојот град премија е тие што земаат 20 000 ден, до сега требаше на сите мајки децата да им бидат одземени. Дипломирани економисти, правници, па и доктори имаше до пред година, две во приватно што беа со помала од оваа плата. Пред некоја година со магистратура ми е срам да кажам за колку работев и тоа секој ден од петок до сабота по 10 часа. Многу помала од горе наведената. И не, не сум глупа, едноставно сакав да научам во повеќе сфери, ама тој притисок не можев долго да го издржам. Џабе ќе се протнував со знаење кога за дома пари ми требаат, и мајка на дете. Знам дека во Скопје не е така, ама овде е така, мали плати а и мажите не се нешто поарни со плати. Ако веќе мајката има мала плата господинот татко нека дава повеќе, а не кога се кај мајката дадат 50 евра месечно па и за тие мајките мораат по судови за одат за да ги добијат, повеќето ова не зборам за сите.
Плус овде како што сме коруиптивни, ако мажот е богат и убиец да е, за мито, се' ќе потпишат овие будаливе! Место да мислат на решенија кои ќе го подобрат начинот на живот, сите гледат само да се шмугнат негде. Зато и плативе се толку ниски... меѓу другото...
Проблемот е што ова е форум, за дискутирање. Ова е тема, за дискутирање. Ти си член, што изјавуваш дека обожаваш да дискутираш. Јас прашувам најискрено, да научам зошто е тоа така ко што викаш. Ете немам деца, не знам. Значи, што ќе биде? Ќе дискутираме и ќе ми ја објасниш твојата перспектива или ќе прекинеме дискусија?
Не сте еден. 120.000 илјади ве има во администрација. Една милјарда евра годишно трошиме само за вашите плати и придонеси. А резултати од 'работата', да му се приповрати на чоек. Полиција ќе те убие, доктор ќе те убие, било кој можи да те убие и никому-ништо