Да де, јас сега ум ќе им доделам на вработени таму и ќе ме послушаат да им кажам ајде сега на жениве работа да им најдеме и да им доделиме старателство и стан да им обезбедиме, а они одма ќе ме послушаат мене моќната. Касни, порасни Вајлд, разликувај реалност од фантазија
Ок. Да речиме дека едниот родител е во Аеродром, другиот во Хром. Детето веќе оди во школо во Аеродром, ама секој пат кога ќе е во Хром, тој родител треба цел град да го преврти, само за да го однеси и врати на школо. Ко шо е скапо, а луѓето немаат пари, бензинот е изгор... прво, 'дали се исплати?' Второ, ако има и некакви воншколски активности, родителов треба да помине меѓу 2 и 5 часа, додека чека да заврши детево, или пак да се развозва наваму-натаму 2-3 пати, преку цело Скопје. Ова е пример за логистика. Стабилноста. На децата им треба мир, конзистентност и рутина. Истото школо, истите другари, истиот кревет... Тоа им дава чувство на сигурност, а кога се чувствуваат сигурни, тогаш можат да развиваат здрави врски со родителите/старателите. Турбуленцијата само ќе ги збуни и ќе им направи чувство на несигурност... Едно утро се будиш во една соба, друго во друга. Возрасни, знаеме како е кога ќе се разбудиш и првите неколку минути да не знаеш кај си, ако спиеш во хотел - да речеме... Е сеа рачунај ова истото, ама на дете и постојано низ неговиот живот...
Не е моето фантазија, туку вие не работите ништо. Баш то шо го рече ви е во *баниот опис на работата која (треба да) ја работите, за мои пари!
Дали ти знаеш што е во описот на таа работа? Да те просветлам, не е тој опис кој си го фантазираш. Дали таму се работи и како се работи е друга приказна, во која нема да навлагам сега. Едит. Ја и ти не сме саделе пипер заедно, па да носиш заклучоци дали јас работам нешто или не. Ти не ни знаеш што работам сега
Гледаш, погрешно ме имаш сфатено. Пример, викаш едно утро се будиш во една, а друго утро во друга соба. Зошто? Тоа би можело да се одвива на неделно ниво. Една недела кај едниот, една кај другиот. Ќе нафрлам хипотетички пример. Тој што не ми го одговори погоре. Ако живееле во Аеродром, таткото бил посветен татко, детето било приврзано за него. Ама не бил добар сопруг и сакал да вара. Или шо знам, едноставно не варал, ама се оддалечил од сопругата и имале расправии многу. Решила дека и е доста и е лоша средина за детето. Се разведува од мажот и се сели во Хром. Како ќе постапиш во оваа ситуација? Каде ќе одат децата?
Да и после ќе настане војна кај кој да е преку недела а кај кој да е за викенд. Секако другиот родител има право да го гледа, никој не оспори дека ако детето живее со мајката старател никогаш нема да го види таткото. Неможе да се споредува дете од три години со средношколец од 15-18 години кој сам си го бирал средното училиште.
Те разбирам. Гледаш проблем во тоа што предност имаат мајките. Медицински, во првите три години од животот, идеално би било децата да се со мајката. За натаму... се согласувам дека и таткото не значи дека е лош татко, затоа што бил 'лош' сопруг. И јас сум поборник за заедничко старателство, само, многу, ама мноооогу треба да се внимава од родителите и надлежните, како ќе се развива психолошката и емотивната состојба кај детето. Предност има детето пред се' друго. Ако тоа лесно се адаптира и секој ден нека го возат(хипотетичково дете), можеби дури и ќе му биде интересно, ама ако не се адаптира добро треба многу работа околу тоа. И затоа реков дека не е толку едноставно, посебно кај нас, кога знаеме колку луѓето внимаваат на ваквите работи... Комплексна е ситуацијата на терен... то е проблемо...
Веќе одговорив погоре. Што ако е една недела кај еден, а друга кај друг. Да, логистика е навистина проблем...за родителот. Дали некој што ќе се откаже од детето ради логистика, воопшто и треба да го гледа е друга тема реално. Но, пак не ми го одговори прашањето од погоре.
Да, целосно разбирам зошто предност имаат мајките кога е мало и зависно од нив. Исто како што комплет разбирам целосно старателство, ако другиот родител е насилен. Сакам да кажам дека овој наратив е многу токсичен од следниве причини: 1. Уцена. Кога ќе каже некој насилник дека ако се разведеш од мене ќе ти ги земам децата. Веќе е пореална и пострашна закана од тоа да знаеш дека worst case scenario е пак поделено старателство. 2. Ги ослободува родителите од одговорност. Најчест пример - бивша жена, бившо дете. Се разведе и ми ги зема децата, шо да правам веќе не можам да ги гледам. Општеството не го осудува толку што се откажал од детето, ама мајката да се откаже вака? Боље у Вардар да се удави одма, ќе ја распнат. 3. Им ја отежнува борбата на вистина грижливите родители. Мојот пример на кој чекам одговор.
Не знам решение искрено... Со ваква култура, политика, однесување во државава, секоја опција е lose-lose
Ќе се разведе и ќе си го земе детето со неа. Баш затоа што старателството секогаш е кај жените, самиот наслов на темата кажува. Решен проблем. Така направија сите кои се разведоа а заминаа од домовите на сопрузите. И при селидба а не само при развод се менуваат школи, градинки и средина на живеење. Битно е да не се шалта на две различни места.Таткото секако ќе го гледа, на тоа би имал право. Ај сега да плачеме оти не е старателството по дифолт кај мажите или не е пола пола. Познавајќи ги мажите од регионов, нема поента детево да и се зема на мајката за половина од времето да седи со бабата која ќе му ја полни главата како мајката е лоша змија.
Се согласувам дека е така како што викаш, особено се согласувам со болдираниот дел. Тоа е така и не се менува делумно ради ваквото размислување.
Aко видиш на какви татковци окулу мене им дале старателство нема веќе да јадеш г*овна дека ние подржуваме насилство. За вакви клевети дека подржуваме насилство (што никаде тоа не сме го пишале) заслужуваш бан. Доста ги браниш цср што ќе се продадат за 1000 ев и повеќе. USER=3693]@RainBow[/USER] Реагирај, не можеме од членов мислење да пишеме.Ако и ти видиш дека насилство подржуваме банирај не и нас.
Наместо ние да се бориме цср да не прави криминали, да доделува деца на право место, ние како народ наудрени се правиме и со тоа ги силиме.Браво за нас, малце ни е ова што го прават.
Јас ако не сум јадела лајна на форумов за то дека сите државни институции не работат ко шо треба и треба да преземиме тро одговорност, не знам кој!
Буквално го пишуваш она што секоја мајка ја плаши, и со тоа што секој насилник се служи за да ги малтретира жртвите по дома. Ако не паа нека си трпи дури не се оболи или не ја убие. А ти ако знаеш луѓе несоодветни што не треба деца да гледаат треба да пријавиш а не да пишуваш на форуми
Јас пријавувам се' живо и диво. Ама скоро никогаш-никој не презема акција. Реееетко да се нај некој, да се заангажира. Ни тие имаат навика да работат, ни луѓето имат навика да пријавуваат. ... џабе е, кога е се' со врски.