Ама не си во право ако не пријавуваш. Сите така велат ко тебе: Ами зошто јас, ко никој не презема ништо? Го знам и јас то, ама не престанувам да пријавувам. Колку повеќе пријавувања има, толку е поголема шансата да се смени нешто. Да не прам муабет за то шо не знајме да се организираме сами за нешто посупстенционално
Како бе да пријавам насилник што после ќе ми наштети мене? Па самото социјално ќе ме накодоши кај него и после? Полиција нема да ме брани кога ќе ми наштети оти со сите се врзани таквите.Цел живот полицијата го штити насилников.
Во право си! Последно имавме слична случка. Пријавивме сомневање и од МВР им кажале кој ги пријавил Маж ми му чурна глата и ги пријави во внатрешна контрола. Е овој пат, внатрешна ги фати тро за врат. Се виткаа ко чигри фатени во стапица Па зошто, па како... И другио пат, пак ќе пријавам ако се сомневам, или знам нешто
Знам и случај каде што мајката остави 3 /4години деца 2 дена заклучени во станот, она оди во друг град, а таткото во странство. И одземаа старателство фала богу. Неправда ќе беше да не и го одземеа на такво чудовиште наречено мајка. @Mikha4 Слободно пиши како не ми е срам што навивав за одземање старателство од мајката.
Абе си спијат на ушите сите и после ко ќе се случи нешто трагично, тогаш сите ќе скокат....2-3 дена... Па ќе заборат после. ... до наредната трагедија... Ако сакаме поарно, мора да работиме на то. Мојме ние да се прајме и глуви и слепи и да глеаме само од денес-за утре, ама за никој не чини ова. Сите страдаме, освен тие шо се најгоре шо ни ги дрпат парите. Мора тро поќе да сме обединети. Оти и во реалност сме. Сите сме во исти говна. Без разлика на то од која партија си, дали си во партија, шо религија си, шо насионалност си. Сите зависиме од тие палени служби + ги плаќаме + неќиме да крениме глас ко ќе не дупат Епа сеа...
Ти тврдеше дека мајките губат старателство ако се невработени или со помали приходи, не морам да те цитирам прочитај си самата. Попат прочитај го и насловот на темава.
Па жена ако е невработена и нема 10денари сама треба да е свесена да не бара старателство. Да почне да работи, а не деца со донации да гледа..Демек арно ќе им биде на децата со мајка невработена аха. Е сега друго е ако мажот ги тепа децата па да не сака дотичната невработена да го предаде старателството на мажот.
Ехе на Фб колку ги има такви Сеекој ден молат. Пари за интернет имаат за јадење немаат.И немојте со тоа ,,може им пуштил некој”.Има некои по сто пати пишуваат.
А мажот ако е по цел ден на работа како ќе ги гледа децата, бебињата сами ќе се нахранат? Пак ќе пишам, не за тебе, туку за другите овде што читаат, нема никаква врска невработеноста со доделувањето старателство, за децата мајка е мајка, имала или немала пари, една е, што не ти влегува во главата? Не постои случај каде суд пресудил по таа основа затоа што е ноторна дискриминација.
Абе не е така чоек. Испаѓа на сиромасите да му ги земиме децата, оти се сиромаси. Вчера го праевме муабето, сега пак.
Ти забораваш дека колку си посиромашен толку повеќе деца правиш. Никогаш нема да сфатам логикава да направиш 5 деца, да немаш да ги храниш а цср да не ти одземе старателство оти нели мајка си..
Не се едуцирани. Глеаш темана Секс без кондом? Ни треба ССО во школите, оти и нивните деца ќе бидат ко нив.
А што викаш за опцијата раѓаат повеќе за да ги злоупотребуваат да питаат за нив, да работат? Не е само едукација, има и манипулација каде што има тешка сиромаштија.
Не е така. Културата им е таква. Целокупно, како група се остризирани и живеат ко во гето. То можи да го 'потсреди', само држава со функционални и јаки институции и економија. Ние шо не сме таква држава не се криви сиромасите. Ние сме криви.
Феминки здраво Ви се обраќам во врска со еден совет,во процес на развод сум имаме 2 дечиња на возраст од 9 месеци и 3 години .Сакам да прашам во врска со старателството дали има шанси да ги земе децата бидејќи низ народот кружеле разни муабети од типот дека ќе потплателе барем едното дете да го земат и сл.Има ли шанси децата да ми ги разделат односно поголемото да биде кај него,а помалото кај мене .Да потенцирам при разговор со адвокатот тој ми дава 1000% сигурност дека двете деца ќе бидат кај мене .
Вработена си, имаш имот на твое име? Ако да, не би требало да може ги земе (освен ако имаш некои сериозни здравствени проблеми). Знаејќи ги социјалните служби кои се многу лесно подмитливи, се е можно.