Бев во турција и романија, разликата во девојките е што таму се многу по достапни за запознанства и друженња а тука забележувам дека голем дел се во длабока депресија. Со бившите од таму можам да бидам сигурен дека никогаш не би помислиле за изневера, не па да го направат. Никогаш не сум се фалел за тоа дали имам пари и фирми... Во главно одговарам на прашањето со што се занимавам со - невработен ( многу се палат на ова но незнам зошто ), оператор во некоја фирма .. Откако ќе разберат која е вистината, исчезнуваат, вараат ... Или зошто не сум им кажал Имав неколку случаи уште на првата средба сум одговарал реално, девојката станува и си оди секундарно
Другар, мислм дека премногу брзаш бе, дај намали одма у врска да влеваш, прај познанства и дружи се два три месеци излегувај шетај разговарај не право одма ја земаш до тебе. Вака ќе видиш дали ти одговара во однос на размислување, поглед кон иднина, цели во животот а у меѓувреме за тие месец два или три ќе можеш да видиш и каква е дали е за провод или сака нешто озбилно. За парите од искуство колку се убави толку се и проклетство, мој совет тука кај нас биди скромен нешто како средна класа, шо па и мора да те знае некој дека имаш па да речеме и милион. За настрана иди си курцај се како ти душа сака никој не те знае не те познава ти е гајле. У врска со работата наместо имам фирма, ако сакаш да истакнеш дека имаш некој успех пробај со поскромно, менаџер сум во еден оддел на фирма се мачам за некоја пара ко сите и јас ништо посебно. Уживај во животот и не барај кога не бараш само си доаѓа, фокусирај се на работа вежбај излегувај читај другото само ќе си дојде. ps @eliesaab да додадеме дека за неверство е и фирмата проблем
@Realist1 па он ко да трча и да се фали наоколу. А се кладам дека не знае ни каде да се движи. Најбитното, како пристапува. Ако е лик здр, површни муабети, инста девојки (овие па муабет не знаат да прават, да не беа членките ич немаше да знам дека се неспособни). Ќе си излезе, просечна и нормална девојка може и во маркет на каса да запознае. Само умереност му треба, свесност дека не е ништо повеќе ако има фирма. Обично ваквите малку ги удира во глава, па мислат којзнае што се. Значи, да спадне малку на земја и да прошета низ обичните девојки. И сега ако не ја оправи, џабе толку куцав!
Значи зборуваме за Турчинка и Романка? Велиш пристапни за запознавање? Што значи тоа? Се пуштаат сами, брзаат за секс, слободни се или ? И кажуваш дека не изневериле, што е добро, овде таквите се ретки. Еве на последната свадба каде бев, сега се разведуваат, а не помина ни година. Ништо не ме чуди од народот.
Имам развиено доста добра емотивна интелегенција, знам кога не некој му е некомфортно или се плаши и слично. И сум свесен за околноста каде и да сум. Овде ми се има случувано доста често девојка да ми намигне и насмее, кога ќе се доближам почнува паника да ја фаќа и незнае што збори. И откако се запознаам со некоја др се договориме да излеземе она не се појавува иако кажува дека ќе дојде Над 10 пати се има случено ова, а во турција или романија никогаш ништо слично ми се има десено
Не кажувам дека сите жени се исти и не можам да кажам дека жена знае што сака, али овде владее депресија и тоа се гледа од далеку, сум разговарал со девојка за вакви работи и неколку пати и од други сум слушал дека машките биле многу лигави... Тоа до некаде е вистина, но не се прави разлика во тоа што вреди и што не
Уште се во години кога можат да бираат- па си бараат подобри прилики. Може не си толку богат како што се претстави тука. . Поздрав ќе си најдеш некоја со тек на време секако. Машко си имаш време.
Таа што ти намигнала, ама не знаела што понатака, ми се чини дека е некоја неискусна млада девојка што се испробува во љубовта и врските. Најверојатно само си се тестирала себе си да си докаже колку е привлечна и кокетирала, без да и е целта врска. Таа што рекла ќе дојде и не дошла, ти направила услуга што се предомислила порано, отколку да ти губи време и енергија па да те откачи на 4-5ти состанок. Начинот на кој тоа го направила не е убав, но тоа зборува каков човек е. Тоа што бившите девојки варале, а ти си бил посветен на врската е затоа што нив им било до забава, а тебе до нешто повеќе од тоа. Гледам дека повеќето девојчиња на 24-28 години гледаат да си се проведат, да се забавуваат и не брзаат да се мажат. Раѓаат на 30+ прво дете. Ако од почеток на врската и настапиш на девојката отворено од одма со твоите планови за сериозна врска и брак, 100% ќе ја избркаш, зошто ќе се прашува што е проблемот со тебе и како може да си спремен на тоа со некој што не го знаеш доволно или подолго и сл. Ако си се претставил на почетокот како нешто што не си, кога ќе ја дознае вистината ќе ја изгуби довербата во тебе и ќе те остави. Ќе се прашува за што друго си излажал ако си излажал за основните податоци како занимање. Остави ги ти овде што ти даваат совети да лажеш. Едно е да лажеш, а друго е да си воздржан во информациите што ги даваш и трето е тоа да се зборува за висина на приходи на прв состанок. Биди си отворен за врска, ама кога се запознаваш со девојка не оди со однапред поставена цел да заврши со брак. Место да трчаш по брак, обиди се прво да најдеш девојка/жена што сакаш да ја имаш крај себе до крајот на животот. Иако треба бракот да е со таков човек, не секогаш е. И прошарај ги местата каде што запознаваш луѓе. Прошири го кругот на познаници, пријатели. Види се со роднините, оди има на свечености и прослави.