Навистина не ми е јасно...сакаат млади и неискусни, не мораат да бидат ниту паметни, ниту богати,спротивно од нас жените!??? Некој да го објасни овој феномен
Оти спротивно? И жените на стари години сакаат млади. Богати и успешни само додека се млади. После тоа...еве кажи ти бабе, му фрли окце на Бендер а?
Ауууу, ме откри За жените знам се, додека бев млада сакав постари, како стареам сакам помлади...Но, прашувам за мажите, они сакаат млади крцкалчиња до 30 год. максимум..над тоа им се стари. Дали поради приплод или што? Сакам некое, машко да ми каже
Чиста затегната кожа, сјај во очите, убавина, младост, полетност. Ги потсеќаат на едно убаво време, кога и самите беа такви. Толку. А машко сакаш да ти каже? Се извињавам
@baba Rada со темава ме потсети кога денес случајно налетав на еден американски колеџ форум каде беше поставена една интересна тема која гласеше: "Како мажите се справуваат со фактот дека нивните жени стануваат непривлечни како што стареат?" Honestly, не ми привлече внимание самиот наслов на темата, колку што и еден посебен коментар од еден машки член. Имено, дотичниот на темата одговорил: "Personally I just take the female in question out in my yacht then have my batman shoot her and toss the body overboard somewhere in the med. Its easier to replace one than repair one" So let me get this straight... There are actually people on this planet кои едноставно би ја убиле својата жена само поради фактот што таа started to get ugly со текот на годините? Исто имаше и мнооогу кометари дека најлогичната работа за нив би било да ја заменат својата сопруга "with a younger model"... Јас можеби верувам во изреката "No lives matter" ама во поглед на погоре болдираната реченица " It's easier to replace one than repair one" мислам дека е и повеќе од јасна мојата поента дека дури и самите луѓе се гледаат меѓусебе како обични предмети и ресурси.
Не е ова генерално за сите машки. Јас напротив сакам малку повозрасни од мене. Не се плашам од непознати ствари, а и така би ги научил. Нормално секогаш има нешто што не го знаеме И според мене најдобро е повозрасната жена да иницира нови подвизи во животот, а помлад дечко така полн со енергија да реализира и нормално да не се злоупотребува тоа хехе инаку генералниот заклучок зашто некои момци сакаат помлади и неискусни произлегува од немањето што да понудат, па ќе се прават паметни дека тоа е најдобро на светот, што воопшто не е така. Ова важи за било која ситуација Таквите момци никогаш нема да се подобрат во комуникацијата и односите ло жените и луѓете воопшто. Мене например повозрасните и поискусните ми се предизвик. Тие ме прават подобар и ме мотивираат да се усовршувам себеси во било која област. Едноставно е. ако си со поискусен ќе научиш многу работи, ќе напредуваш и во работата и во животот и во сексот, во било што... Ако си со некој токмак или некоја греда таков и ќе си останеш
Убаво велат србите- Све што је лепо и младо и богу је драго. Но, дефинитивно мажите сакаат млади девојки поради тоа што долго се употребуваат, траат подолго а и врзувањето за брак можат да го одолжат Други мажи на форумов имаме ли?
Не е тоа исклучиво случај со мажите. Ти бар за самата себе рече. По визуелното се водат повеќето и затоа често се гледа толкав генерациски јаз меѓу голем број на парови. Секако збориме ако старчето има пари, тогаш ќе си го дозволи овој бајрам.
А што знам...сепак мислам дека треба некое машко да одговори. Гледам на работа кај мене, вилици им паѓаат на колегите кога ке ги видат новите тазе примени колешки, а тие можат ќерки да им бидат.
Самиот израз млади не е дефинирано на колку млади се однесува. Друга работа кај сите машки е различно, не може да ги земеме како целина. Поголемиот дел може да се каже дека сакаат помлади девојки и мислам дека зборот помлади треба да стои во насловот на темата. Тоа е исто како да кажеш сите мажи обожаваат да пијат пиво. Епа не обожаваат сите мажи туку поголем дел од нив. Има разлика.
Јас пошто сум далеку помлада од некои ќе кажам за генерации поблиску до мојата. Значи пример повеќето машки еве 19-21 год бркаат помали девојчиња 15-17 бидејќи знаат дека се повеќето неискусни, бидејќу мислат дека се глупи и дека можат да манипулираат со нив или пак пошто ги свртеле сите нивна генерација па идат на помали.И си ги влечкаат ко кученца позади себе пошто се ропаци.