Зависи за мажи со колку наполнети години дискутираме во темава. Јас пре би рекла дека постарите мажи првенствено имаат повеќе храброст за да пријдат на помлада девојка. Самата нивна реализираност (на било кое и да е поле), статус, да не заборавиме и искуство како многу важен фактор си го прави своето. Искрено, многу често ми се случувало да ми се припуштаваат постари мажи, 40+. Потенцирам дека притоа не сум дала никаков повод, нити пак сум упатила поглед и дала знак. Ми се има случено да ‘изгубам’ цела вечер гледајќи се со некој тип, значи обострано, а на крајот од вечерта да ми пристапи некој кој не сум ни приметила дека се наоѓал во ист објект, алудирам на 40+. Сакаат помлади зошто во општеството уште има чукање по грб у смисла ‘брао брат, кај го закачи пилево’. Не може да оспориме ни дека делот со младоста им мава на тестестеронот од аспект на различни фантазии. Потоа мислам дека годините се плус кога станува збор за репродукција. Ама сепак не може да генерализираме. Апсолутно сите не сакаат помлади. Зависи од годините, менталниот склоп на самиот човек и мислам дека дел тука спаѓаат и претходните искуства.
А кој рече дека само мажите сакаат помлади жени ? Пример ви се Емануел Макрон и жена му .. уште многу такви парови има во обичниот народ , за нас непознати луѓе кои функционираат совршено без разлика на тоа кој е постар во врската/бракот .
Зошто машките сакаат млади девојки? Не сите мажи, се разбира... ама за повеќето е поврзано или со педофилија како преференција, или стравот од смртта.