1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто модерната жена се плаши од брак?

Дискусија во 'Брак' започната од innablood, 15 мај 2011.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Во последно време често слушам како девојките велат дека не сакаат брак, доволно им е едно дете да си го огледаат :^) . Повеќе тие се посветени на кариерата, отколку пак да планираат да створат брачна заедница. Зошто е тоа така? Дали тие се плашат од брак или пак се тера ‘мода‘.

    Па еве повелете девојки на разговор, да споделите мислења за темава.
    ако е дупла темава-клуч.
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Јас не гледан на тоа дека жените тераат мода во однос на склучување на брак, повеќето малди се плашат да основаат семејство и да влезат во брак поради финасиската состојба, каде ќе живеат, од што ќе живеат, не се вработени итн има милион причини зошто младите не го прифаќаат предизвикот-брак. Лично од себе тргнувам иако сум во брак сакам финасиски да се обезбедам па да планирам деца бидејќи тие деца треба да имаат услови да се изведат на прав пат, не да се мислам што да му дадам за јадење или да мислам на тоа како да му купам памперс итн... :^). не се живее од воздух и од љубов, можеби првите денови ќе живеете од љубов, но кога ќе почне да ти крчи стомакот ќе почнат караниците и од љубовта нена ништо. Потребни се услови за да се има хармонична фамилија, не мислам на екстара услови барем оние основните потреби да бидат задоволени една златна средина.
     
    На КикиМаус и fidani им се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Во Македонија жената нема услови да биде “модерна“ ! Потребни и се години, години за стане успешна образована и самостојна. Многу ама баш многу се ретки случаевите кога жената си го дозволува тој чекор да има дете без брак! Во какво опшество ние живееме? Сите патиме од тој синдром наречен што ќе кажат комишиите! Повеќе се согласувам со ставот дека жените се плашат од брак поради финансиска состојба, а не поради кариера. На прсти можат да се избројат успешните жени во Макегонија! Па додуша секој има различно разбирање за терминот УСПЕШНА ЖЕНА. За мене успешна жена е онаа која има семејство ( маж и деца ) која е на видна функција во некоја голема организација и која е способна секогаш куќата да си свети и секој ден да спрема ручек! Колку ги има вакви?
     
    На supergirlmb, Lolo5, akvarium и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    ^Не е само жената што така размислува,општо и мажот,во случајов денешниве млади поретко стапуваат во брак од финансиска причина.И секој чека да добие подобра работа,повеќе пари за да може да изгледа дете и да има добар живот....и така чекајќи ги фаќа 30-тата па и 40-тата година.
    На запад може жените се осудуваат на дете без брак,но таму најмуваат дадилки додека они бркаат кариера.
    Кај нас сигурно не е мода...за жал др.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    јас мислам дека не е баш и сето до финанскиот проблем туку дека напрадуваме порано се мажеле мали а сега се постари и во развиените земји исто така се земаат во подоцните години
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Па тоа пак се поврзува со образование и финансии. Порано се мажеле на 16 зашто немале што друго да прават. Едвај некој ќе иде средно, останатите си имале веќе работа (по ниви и слично) и имале доволно финансии да имаат деца (колку што за тоа време можело да се има и било таман) па се мажат.
    Денес до 18 учиш средно, па после (скоро) сите на факултет и ете ги 23-24 и после пак нема работа и финансии и пак седиш дома
    А во развиените мислам дека се земаат подоцна зашто си градат кариери и немаат време да се посветат на фамилија. Таму секој што сака може да има кариера. Додека кај нас сега за сега стравот е поради финансиски причини
    Знам еден куп парови кои се заедно долги години, имаат и работа, минимални плати и пак не се осмелуваат на брак. Тие примања на се доволни за нив, а не пак и за деца. А секој од нас сака да има дете и да може да му пружи се, не само роди го и после што има - има

    Не мислам дека ова е тренд, туку таква е ситуацијата во која повеќето и немаат баш избор. Порано или подоцна секоја жена ќе посака брак и семејство, кога ќе дојде тој момент, тешко дека некоја нема да го стори тоа ради "мода" и да изиграва современа жена
     
    На Annath, zhap4e, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не станува толку страв од бракот како институција колку од неуспех на самиот брак.
    Токму осовременувањето ја одвело свеста на модерната жена кон подлабоки анализи, а проблемот со нестабилната економска ситуација во државава и тоа како ја доусложнува работата. Не велам дека порано не размислувале далеку од тоа ама била ретка појавата на високо образовани жени кај генерациите на нашите баби споредено со сегашните, па и овој процес на продолжување на образованието ја турка старосната граница напред.
    Дополнителен фактор е некоја неуспешна врска од претходно - тоа ја зголемува внимателноста до тој степен што често го кочи успехот на новата врска и нејзин премин кон брак.
    Причини има безброј меѓутоа жената со навршување повеќе години и стекнување поголемо искуство подлабоко анализирајќи ги елиминира како непогодни партнерите за брак и ако почне да и чука забрзано биолошкиот часовник може да се реши на опција да биде самохрана мајка. Секако не секоја има храброст или услови за ваков чекор.
    Позастрашувачки делува исходот од неуспех на бракот и развод бидејќи повеќето луѓе не сакаат да бидат во оваа група со пропаднат брак зад себе, а ако имале и деца многукратно е посложено.
    Бракот не е нешто што треба да се зема лабаво од типот ќе се „подмажам„ чисто да видам како е, ама и брејнсторминг анализи и црни сценарија не оддалечуваат од него, како и да е треба да се случи од вистински причини и со човек за кој веруваме дека е вреден за делење на заедничка иднина.
    Во крајна сметка нема гаранција дека ќе се сретне таа личност во почетокот на 20-тите години па некој принц има побавен коњ и му треба повеќе време да пристигне, ;) !
     
    На baby-star, RedWine, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зошто таквата жена е пред се независна финансиски да речеме зошто под модерна, современа жена подразбирам образована, со изградена кариера што не зависи од другиот. Нема потреба да се плаши од брак, ако е финансиски независна не значи дека е имуна на љубов и семејство. Неа и е потребно семејство, не само кариера сепак во животот не треба да се ограничуваме и фокусираме само во еден правец.Таквата жена има кариера и најверојатно се плаши дека ќе ја запостави и нема да напредува толку ако е во брак. Грешка, сопругот и семејството се најголемата поддршка што една жена може да ја има и во добро и во лошо. И да е сама и слободна, сигурно нема да и цвета кариерата постојано пак ќе има подеми и падови, но кој ќе ја покрене ? Документите и компјутерот сигурно не.Во животот треба на повеќе полиња човек да е успешен не само на едно да се ограничува зошто тие полиња иако различни и не треба да се поврзуваат секако се поврзани. Конкретен пример, ако жената има проблеми на работа ќе е нервозна дома. И обратно.
     
  9. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Не се плаши модерната жена од брак.Тој не и е воопшто потребен.
    Финансиски е независна,сама се издржува и нема потреба од финансиски спонзори.
    Ја има моќта да размислува самата и да донесува одлуки во своја корист без при тоа да биде жртва на манипулации или малверзации од било кој аспект.
    Може да живее во заедница каква што таа сака без при тоа да тера нечии туѓи желби и аспирации.
    Едноставно таа е слободна да си го креира својот живот,и да одбере во каква форма на заедничко битисување ќе сака да живее со партнерот.
    Повеќе би рекла дека мажите се плашат да живеат со модерни жени. :!:
     
    На WildMk, Lolo5, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Дефинитивно границата за мажење се помести, но се поместија и многу други граници.

    Но не знам дали навистина жените се плашат од брак. Поточниот израз би бил - изгубија доверба. После толку неуспешни бракови и врски без врска, со сила, по инерција, кои ги гледам наоколу, и јас самата веќе престанав да верувам во happily ever after. Не дека се плашам од бракот како институција, но едноставно престанав да го сфаќам како цврст темел на едно семејство. Денес се е разнишано како зградите во Токио, со таа разлика што статистички ништо не издржува ни најмал земјотрес не пак нешто посилно.
    Дојде време кога мажите станаа жени а жените мажи. Жените облекоа панталони и се трудат да се независни, да градат кариери, да заработуваат, да си се посветат самите на себеси. И потоа...се случува љубовниот живот да оди во позадина. Брачниот уште повеќе.

    Баш пред некој ден бев искочена со еден другар кој веќе 5 години е во врска која апсолутно не го исполнува и навистина е потиштен заради тоа. Го прашав - што е проблемот. Ми вели - знаеш јас сега дома имам менаџерка. Работи деноноќно, 24/7, без прекин. Се и е испланирано. Дека ќе работи вака уште 3 години и потоа ќе ми рече да и направам дете. Му викам или брак или раскинување, трето нема.
    Ми вика - каков брак? Кој спомна брак? Таа само сака да имаме дете.

    Така да мислам дека модерната жена, што и да значи тоа, не сака брак затоа што не го сака и не и е потребен, вака или онака, заради болно искуство или не. Не дека се плаши од него. Модерната и амбициозна жена всушност не се плаши од ништо. Другите се плашат од неа. Таа само има искуство кое ја тера да е претпазлива, но не и преплашена.

    Јас сум некаде на средина. Не би ми пречело да се омажам еден ден но не би ни инсистирала. Но во бајки престанав да верувам.
    Иако, идеално би било да се најде партнер чиишто граници на толеранција ќе се совпаднат со моите/вашите/чии и да било. А знаеме дека љубовта за жал не е доволна.
     
    На Lolo5, Gosh, rose60 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.253
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на горенаведеното. Денеска, барем во Македонијава ако си успешна жена, тогаш мажите се плашат да ти пријдат. Имаат комплекс од тоа дека еве сега девојката ќе заработува повеќе од мене, па со што јас ќе ја воодушевам и слично. Кај нас со осовременувањето се дојде до една смешна работа која јас си ја викам Жените отидоа во ЕУ, мажите останаа Балканци. Македончето не сака успешна жена, ценета во друштво, со која ќе се гордеат. Не. Они сакаат жена која ќе биде две нивоа подоле од нив, за они да се осеќаат како мажи. И како сега модерна жена да живее со таков маж. И ете ви одговор на прашањето зашто модерните жени покасно стапуваат во брак. Од мое лично искуство ќе кажам еден пример, кога дечко ми бивш се изненади дека сама сум можела да поврзам техника дома (ТВ, двд, компјутер и систем). И ми вика, јас цел ден правев план кога да дојдам да ти наместам а ти за 1 саат се си средила. Му викам е добро де, што е проблем ?? Да изигравам глупава, нежна принцеза и да викам само не знам ја тоа? па не сум бре неспособна ако немам
    пенис
    . КОга ќе најдам некој кој се гордее со мене и со моите деловни успеси, и на кој нема да му падне тешко ако му платам викенд затоа што сакам и можам или да ми брои колку пари сум дала на мали женски задоволства е тогаш ќе се омажам. Сега добро ми е вака.
     
    На senjorita-v, Biljarkata, Lolo5 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Жените кои не се одлучуваат или поскоро жените за кои бракот не е една од целите во списокот со топ животни приоритети, јас не би ги ни нарекла ниту модерни, ниту пак жени кои се плашат од бракот.
    Модерни секако дека не се, бидејќи ваков тип на жени, барем јас познавам, тие постоеле и живееле дури и пред времето на моите родители, можеби таквите се појавиле всушност и по бранот на еманципација на жената и нејзиното издигање над оној традиционалниот лик на жена-домаќина, кој им го сервирале останатите, а на која теорија тие отсекогаш и пркоселе.
    Всушност, тоа се и тие жени бунтовнички да ги речам, кои си ги наврале своите панатлони, си го стегнале ременот и тргнале да си го земат тоа што го сакаат, како што впрочем прават и денес.
    Ова инаку се жени кои никогаш не се омажиле, но имаат свои деца, свои внуци, правнуци доколку си дочекале :), можеби некои од нив и немаат деца, поради х причини, но тоа е сосема друга тема.
    И не е дека тие немале понуди за брак, дека својот живот го поминале во осамеништво, без партнери, а просто не чувствувале некоја потреба да облечат бел фустан и да застанат пред олтарот колнејќи се во вечна љубов.
    Оние, пак, кои сепак си рипнале в тавче ко попарени, веројатно тоа го сториле или поради кукањето на нивните родители, шушкањето на комшивките дур се разминуваат во маало, или просто пронашле партнер со кого помислиле дека би можеле сепак да живеат среќно и весело под ист кров и четири ѕида. Но, истиве овие жени и се развеле веднаш, штом нивниот брак ги покажал можеби и првите знаци на клиничка смрт, и тоа во време кога РАСПУШТЕНИЦА било нумеро уно шушкавац за палење на денот, уз кафица бре просто фин муабетчик за да им потргне тоа воденицата, паралелно со она, манџата ми се крчка, оној мојон...., уф еден тон алишта имам за пеглање.
    Е, овие се посебна категорија на жени, со ХХ хромозоми, кои по многу наликува на ХY хромозомите, бидејќи овие се поскоро родени со панталони, а не преродени, поради некое љубовно разочарување, какви се некои од жените, кои се одлучуваат на тоа да останат сами дур смртта не ги раздели од животот. Ваквите „модерни“ ноу мериџ жени се веројатно другата крајност на женскиот свет, наспроти оние со константно уклучен детектор за откривање партнер, односно девојките кај кои потреба да бидат со некого е далеку поголема од самите нив, па веднаш по разпаднатата врска бараат нов партнер да ја пополнат празнината.
    Тие се просто поинакви карактери. Жени, кои поинаку ги перцепираат нештата во животот, особено односите помеѓу луѓето, кои добро умеат да ги раздвојат чувствата и разумот, да да го контролираат својот емоционален дел (т.е. да не итаат со сета своја снага и брзина да го спасуваат распадот на и без тоа нефункционалната врска, кои не премолчуваат, не умеат да заборават и преминат преку нештата), просто имаат поинаков став, поинакво цврсто држење пред светот, кое за многумина делува студено, одбивно, нечовечки дури, ламја жени.
    Можеби како мали девојченца и тие плачеле на бајките со принцови и принцези, се радувале кога принцот ќе ја спасел принцезата и бајката ќе завршела со „... и си живееја среќно и весело док рајот на животот“, гледале и гледаат романтични филмови и умеат да пуштат повеќе од солза за неправдињето на животецов кон двајцата вљубени, но тоа е како тие гледаат за некои други луѓе. Не се соживуваат со улогата, тие никогаш и не се замислувале во таа совршена рамка на татко, мајка и дечиња, среќното семојство .....-вски, бидејќи просто не е нешто во што би уживале.
    Само доколку ваквата жена успее да пронајде соодветен партнер, што на некој начин ќе и влезе во тоа тимбата и ќе и ги разбрка жичките, па ќе си разбере таа дека no man is an island, значи дека и no woman is an island, :P е тогаш нека му се држи :D тој де тој :rofl: шаааала, а можда и не :clap:
    А, драги мои, :) ако успеам да стигнам до таквиот, веројатно и јас ќе го разберам, до тогаш, за мене, man не е и не може да се однесува и на woman ;)
     
    На senjorita-v, Lolo5, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Јас можам да говорам за себе и моето лично искуство.
    Се сметам себеси за типична жена на 21 век,мажена на 22 год.И тоа не ме прави позаостаната или немодерна ниту пак помалку вредна од останатите кои не се во брак.
    Јас се омажив без никаков притисок,од љубов.Гледајки Од денешна перспектива,тогаш ми изгледаше многу розев животот со партнерот.Но реалноста е друго.Посебно кога доаѓаат децата,треба да се воспитуваат,многу други ситуации,кризи со кои треба да се справиш-не е лесно ,но животот е една борба и постојан стремеж кон подобро.
    Ниту се каам,ниту мислам дека сум пропуштила нешто.
    Но,бракот е една институција сама по себе приказна која не наликува на ниедна друга. Не верувам во стреотипи.
    Ниту во еден момент,кога ја донесовме одлуката за брак не помислив:,,A што ако не биде".
     
    На senjorita-v, Tanjamm, rose60 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    незнам , но и јас се плашам ;) :( :( :(
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Зашто маж кога имам можност да рентам ала бред пит фраер :lol: а притоа да не мора да поднесувам извешати кај си со кого си како кога ќе идеш а зашто не се јави ..... |( Забрани и остали глупости (со исклучоци од балканскиве мажи :!: ) Имаат кариера имаа финансиска моќ , значи се самостојни и независни -сакаме да признаеме или не ако имаше пари во државава од сегашните бракови барем 60% за пари жените остануваат во брак за сметка да бидат малтртирани и тепани и други гадни ствари :puke: Бракот е серозна работа ма зависи кој како го сваќа ....
    Искрено се плашам од брак :?: Затоа ќе гледам не знам што се ќе ми донесе животов ама ако некогаш се мажам да бидам што е можно понезависна нејќам да влезам во црните статистики .... |( Знам многу примери кои го запознале пеколот со бракот ... Сепак се зависи од нас самите ....
     
    На Lolo5 и SexyPrincess им се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    и јас се сметам за модерна жена, со факултет работа, солидна плата, не сум типичен пример на домаќинка која паѓа во несвест ако има прашинка негде или неиспеглано алиштенце ( имајте во предвид дека потекнувам од мал град и дека претходно наведените работи се злосторство :D )

    и не се плашам од брак, туку тоа ми доаѓа нормална работа, доколку се чуствувате сигурни во себе со голема самодоверба и љубов кон партнерот само тогаш брак нема да ве плаши.

    мене ме нема по цел ден на пример до 20 некогаш се задржувам на работо или по состаноци и тоа само со мажи па никогаш не сум поднесувала сметка кај сум со кого сум. се слушаме еднаш дневно да се договориме кој кога ќе се прибере и што да се купи за јадење. зошто да се плашам од брак? зар не му верувам на човекот со кој што сум? зарем не постои развод доколку работите станат неподносливи?
    зарем не сум спремна да работам на тоа да ја одржувам врската со мажот и да бидам столб на семејство?

    не е модерна онаа жена што се плаши од брак тоа се разгалени жени/девојки кои ја немаат осетено вистинската љубов и убавината на тоа да се биде нечија жена. ниту една кариера неможи да се спореди со чуството да бидеш мајка и жена на мажот што го сакаш, да го споделиш цел живот со некој, и тагата и убавината... да создаваш заедно...
     
    На rose60, fidani, srcekrsacka и 13 други им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Причини- многу ,но ниту една„ не држи вода“.
    Модерна жена ,според мене е жена која е образована,вработена,вмешана во народ,знае да се снајде во секој муабет кој е актуелен во друштвото,води грижа за себе и за тие околу себе(психичко и физичко здравје) итн. итн.
    Впрочем модерна жена и жена кариерист се два различни поима.
    Па погледнете надвор по улиците-сите се модерни,сите некаде брзаат-на работа ,од работа-кај семејството.
    Жената кариерист мажот го гледа како пречка во своите искачувања во кариерата и повисоките кругови
    -Што мислите,дали поактуелна е она жена(немажена) која на состанок ќе дојде свежа,одморена,расположена-одспиена или пак мажената која којзнае колку часа спиела ноќта бидејќи децата се болни?
    -Жените ,точно дека не се сите такви,ама повеќето почнаа сами да ги завршуваат повеќето „машки“работи.
    -Кажете ми барем една работа која жената не може сама да ја заврши?Дете?Па за тоа не е потребно да си мажен-има многу начини да се роди -донација,со некој кој не е свесен за намерата на жената ,оглумена врска и многу други покварени и валкани начини.
    Во глобала,мое мислење е дека ваквите жени се самобендисани,незаинтересирани ,лабилни исл.
    Знаете како велат-имаш пари, имаш моќ.Па замислете како би се чувствувале вашите мажи ако вие дома донасате некои 100.000 ден.плата,а тој одвај 15.000 ден.Секако дека тие пари се за семејството ,ама мажот ќе се чувствува како женаму да го храни.
    Од друга страна гледано:
    -можеби не се жените тие кои одбираат дали ќе се мажат или не,можеби нив никој не ги одбира?
    Можеби некој маж несака постојана да мисли каква е таа работа па женаму уште ја нема,а веќе е 20ч.Не сака некој да му повторува дека струјата таа ја платила,да одредува(сама)каде ќе оди цело семејство на одмор бидекќи таа плаќа итн.
    Дискутабилно е каде е проблемот.
    Меѓутоа повеќето вакви жени велат дека немаат време за излегување,негување на врска итн.
     
  18. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    потполно се согласувам. И јас ја делам твојата приказна.Мислам дека се си има свои предности и слабости.Но сепак сметам дека денешната модерна жена има гооолеми барања и очекувања од партнерот за некојси идиличен живот,полн со раскош и без никакви финансиски проблеми.Затоа се зголемува границата за стапување во брак.Не можат сите да си го дозволат тоа,и сега што?-да останат сами поради некој хир???
    Сметам дека и младиве девојки претеруваа на некој начин,имам милион примери од другарки кои не се во брак,а го делат скоро истото мислење,дека кога ќе имаат деца треба се да им удоволат,да имаат ваква-или таква количка,транспортер,хранилка и сл.Не патам од такви ствари,ако можам да зашто да не,но сега да се задолжувам или да трпам до крај на месецот поради тоа-никогаш!
    А за кариерата,сметам дека може да ја направиш иако си влезен во брак,иако имаш деца,само упорност.А без упорноста,џабе ти е што сеуште си девојка без никакви обврски ;)
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Никој не го оспорува фактот дека жените во брак имаат многу обврски меѓутоа сите слободни не се свежи, одморени, расположени и наспани како што сметаш ти бидејќи секој има свои сопствени проблеми и лесно е од страна да се вага нечија тежина, ама неблагодарно. Тоа што нема сопруг и деца не значи дека слободната нема никаква грижа таа може да е столб на своето семејство, да е како менаџер одговорна за илјадници семејства со своите одлуки итн значи не се суди за нечиј мирен сон само со бракот како критериум.
    Како може лабилна личност да биде на одговорна позиција или фактот што не е во брак ја прави секоја една самобендисана и лабилна? Лабилна личност е веќе психолошки проблем и не е ни малку во ред да се лепат вакви етикети, секој си има свое право на избор и свои критериуми и не се прави психолошки профил некому врз основа на една карактеристика. За таа намена си има психолози и психијатри кои вршат стручна евалуација додека став изнесен на овој начин како генерализација е обична предрасуда.
    Понатаму за мене платите на двајцата партнери се заеднички буџет на семејството и не гледам причина зошто на мажот би му сметало таа да носи (по)голема плата? Баш напротив тоа значи подобар живот за цело семејство, дури повеќе мислам дека треба да му смета ако таа нема никаков приход отколку да носи голема плата. Ако вакво размислување добиваме од женска страна која би била реакцијата на машкиот свет? Секако би била различна од човек до човек, меѓутоа да застане на патот на успешната кариера на сопругата поради фактот што таа е успешна тоа за мене не е синоним на алфа-мажјак туку искомплексиран маж со поглед не подалеку од својот нос!
    А во однос на она дека немажените никој не ги бира не сите од веќе одбраните се одбрани поради тело мислиш Меган Фокс во комбинација со мозок Ајнштајн, ;) . Нити па сите слободни се грдите патки со IQ со негативен предзнак.
    И за на крај какво сценарио е тоа дека него треба да го мачи фактот што таа е уште на работа и по 20 часот? Не си чула за втора или трета смена и за прекувремена работа? И секој кој мисли дека некој ако оди на работа за да оствари љубовна или сексуална врска мене ми е стак ин а тајм & нонсенс.
    Во секој случај овде сме да си помогнеме со совети, а лепењето на етикети врз основа на претпоставки не е чекор поблиску кон ништо друго освен кон податокот дека најголем непријател на жената се токму другите жени - за жал.
     
    На Lolo5, srcekrsacka, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.253
    Пол:
    Женски
    За да не се повторувам со Теодора, со чиј пост потполно се согласувам, само би се надврзала виза ви следното:


    не ми се верува дека ова го пишува жена. какви двојни стандарди прштат овде аууу. Според кажаното од стетоскоп, сите жени кои заработуваат повеќе од мажите дома им префлаат дека платиле сметки, дека пазареле во маркет и слично. Ми дојде една слика пред очи како жената кариерист доаѓа дома како круела де вил од 101 далматинец и му се дере на мажот во лице: Јас давам по 1000 евра месечно за дома, ти што правиш, каква Грција сакам Мароко да одам разбра и тоа затоа што јас плаќам!!!! Сташно!!! И жално. Жално за сите оние кои имаат таква перцепција за жените кои се сами, кои заработуваат пари, кои ете го имаат тој таканаречен луксуз да одмараат после 10 часа на работа наместо да менуваат пелени. А тие истите жени имаат време и за излегување, (можеби и повеќе од мажените или оние кои сакаат да се омажат), знаат да негуваат врска. Само разликата е во тоа што модерните жени се самосвесни. Не паѓаат во несвест ако тој не се јави кога рекол. Не седат дома да му ја мислат каде е ТОЈ и што прави. Тие си имаат свој живот. Си имаат цел. И ако господинот не се јави, голема работа. Не знаел да цени што има до себе. Модерната, самовесната жена полесно ќе си најде друг. И нема да влета во брак само за да е мажена пред 25 години, туку ќе се омажи за оној кој ќе го сака, со сите негови мани и доблести и оној кој ќе ја сака неа со сите нејзини мани и доблести. Кој ќе ја охрабрува во амбициите, ќе се гордее со секој нејзин успех.
     
    На Lolo5, Gosh, srcekrsacka и 7 други им се допаѓа ова.