Од каде статистикава? Нормално е човек да има стравови, очекувања, ставови. Ама стравот од брак зависи од индивидуата, а не од полот. Дисфункционален брак се случува поради лош избор, бракот е партнерство, неуспехот лежи во двајцата партнери. За сите брачни, интимни, емоционални, финансиски прашања, двајца играчи има. Мислам дека на луѓето тоа најтешко им паѓа, преземање одговорност, и во арно и во лошо.
Каква е таа модерна жена? Таа што не готви спаѓа во овие критериуми и што брка кариера? Не се работи за модерни и не модерни, само мислам дека после 30 та година повеќето размислуваат многу многу повеќе на темата брак што добиваат, што губат, дали е тоа за нив или не. А за партнери па да не зборувам, нивото на толеранција е многу пониско затоа што со тек на годините созрева човек, па за нормален живот не му се доволни само пеперутките во стомак што му летаат кога си заљубен него многи повеќе. Како и да е, модерна или не, мило ми е што жените не се веќе како од времето на нашите баба и дедо, како нашите родители. Во претходните години биле газени и погазувани, сега веќе ништо од тоа не се трпи.
Да се плашам од брак, има многу причини не знам од кај да почнам а од друга страна имам време не се брзам можеби ќе го сменам ставот али се сомневам...
Дел од модерниве мужи више прават да ти се згади од брак отколку да се исплаши. Секоја чест на исклучоци. Во сѐ поголем број на случаи, осет за срам и незгодно е мисловна именка, култура на дискурс намалена, доста ми е да прочитам, ептен благо да ги наречам 18+ коментари под некоја вест за некоја старлета а профилот му е фемили портрет во hd си викаш што сега...
Затоа што порано се подразбирало, веќе ја имаш висината за голема девојка и се мажиш. Тоа било. Сега жените уживаат поголема слобода и повеќе права. Па и тие се малку да Ви кажам. Ама убаво што почнале да се освестуваат дека не сме сите створени за брак. А ако сакаме брак не мора под туѓи услови. Според мене не се плашат од брак. Само имаат одбивност кон брак затоа што во последно време се повеќе разводи има, жените се научија да не трпат ништо и никого. И така треба да биде. Подобро да тераат живот пред брак (не мислам да се пуштаат во разврат, туку едноставно да си обезбедат иднина, кариера и се што замислиле.) отколку да изгубат години во брак без да се чувствуваат исполнети. Некогаш подобро е да се почека за да се направи вистинска одлука.
Општо кажано се смени начинот на размислување. фала богу што е така! Жените се повеке се свесни и ценат а мажите нешто као во надолна линија да одат
Не одат мажите во надолна линија, туку жените се порамнуваат со нив. Конечно почна да се слуша гласот жените. Се едуцираа, првенствено со интернетот,потоа и академски и станаа независни и свесни за сопствените права.
Жално е што се уште само дел од жените се повеќе самосвесни и повеќе се ценат, па поради тоа и вложуваат во образование и кариера уште пред брак. Ама интернетот не едуцирал Ако се учиме по интернетот од тоа што се може некоја да треска на него може да научиме дека ''поприкладно'' е да се најде маж обезбедувач на леб, а жената а учела, а не учела да знае да работи и сама да се финансира што е битно, најважно ситуиран маж ја издржува Таа црна зона од интернет ниту треба да не едуцира, ниту да ни е репер. Само официјалното признато образование и секојдневната стручна доедукација, а пред се и вреднување на секој најмал вложен труд на тоа поле, ете тоа се бара, е да и работа, многу работа се бара. Според тоа се вреднува квалитетот во струката и знаењето на личноста, по тоа колку знае со сопствени раце, ум и стекнати вештини да сврти пари и да се издржува пред се самата. За мажите не би да коментирам надолго и нашироко во врска со тоа што си пишала само би додала нив моќта им ја даваат жените кои финансиски и на секој друг начин зависат од нив, а бидејќи жените започнаа повеќе да вложуваат во кариера пред брак затоа ти се чини дека маживе одат во надолна линија. Не се секирај пак ги има такви со позаостанати размислувања и мажи и жени. Жалосно што се уште постојат ваквиве и жалосно е каков пример оставаат за своите поколенија.
Интернетот не научи што се има во советот. Претходно информации добивавме од еден канал на МТВ и македонски весници... печатени Интернетот предизвика скок во еволутивниот развој на општеството.
Moжеби ти тоа, така да пишаново си е во твое име. Јас убаво објаснив конкретно што на интернетов да не се зема здраво за готово како исправно, еве пак изгледа читаш недочитуваш или не сакаш да разбереш. Ама твој проблем си е тоа и додека не си го решиш не ме замарај по темиве со константно цитирање со муабети надвор од темата, те бришат па кркаш бан на крај.
Што ти е нејасно од пишаново, конкретно кој дел не го разбираш? Дај одмини ме бре жено, озбилно на оваа тема зема да замараш за интернет Оди отвори таква тема или ако има оди таму исправај криви дрини што било и како било. Јас ти велам дека и пред интернетот имало едуцирани, информирани и мудри личности, особено жени што имале за цел да завршат факултет и да створат своја кариера, да се независни од маж, ама кој да разбере е работава или како да не познаваш вакви ми делуваш. Него жалосно е што и во ера на ваква напредната технологија некои се уште се далеку од нејзиното искористување да се едуцираат и да се осамостојат и да не зависат од други, за разлика од другиве жени што и пред интернетот постигнувале да го направат тоа. Ама нели сега интернетот што го немало е крив за се.
Не знам дали е веќе напишано, ама модерната жена не се плаши од ништо. Може само да не сака брак, а не да се плаши од него. А нешто што не сакаш, не значи и дека се плашиш од нешто. Јас на пример не сакам цвеќиња дома, ама не се плашам од нив. Само просто не сакам да чувам и да се грижам за нив
Зашто немој таа што сака да гради кариеа да најде маж кој ќе ја поддржува и ќе и биде ветар во грб. Ама на оваа географска површина тешко.
Знам многу жени кои дома вршат и машки и женски работи, па и кредити земаат за да доградат куќа, оти мажот не е способен. Од што да се плаши таква жена? Само од Господ, не од брак. Денешната жена не се плаши од брак, туку се згрозува од манипулатори, насилници, некултурни, прости мажи без манири итн.