1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто модерната жена се плаши од брак?

Дискусија во 'Брак' започната од innablood, 15 мај 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не да се жални некои од размислувањава што ги прочитав за жените што не се одлучуваат на брак, него се трагични, посебно кога очигледно некои од мажените, заборавиле дека се повеќе се девојките кои се дури и повозрасни од мене, а се уште не се во брак.
    Никој не ги сака?!?
    Лабилни личности?!?
    Разгалени принцези?!?
    Не осетиле љубов?!?
    Аманте бре :) жени. Ако некоја девојка одлучила дека сака во животот нешто повеќе и дека брачниот живот со некој од нејзините партнери може да го отпочне покасно, дури и воопшто да не го отпочне, мислите дека тоа е причина да таквата жена ја етикетирате со сите овие горенаведениве карактеристики?!?
    Според вас, таа никогаш не била сакана, не сакала, не осетила љубов, размазена принцеза е и лабилна личност?!?
    Пак јас имам 28 години и до сега немам размислувано за брак со некого. Не се имам замислено себе си во венчаница, но да си имам размислувано за свое дете и тоа посвоено дете.
    Впрочем, јас и не знам дали во иднина, дури и да ми се пружи шанса, дали би ја прифатила понудата, доколку човекот што ќе ми го сервира прстенот, јас не чувствувам дека е човек покрај кого би можела да издржам подолго време во четири ѕида, да основам семејство, да се грижам за него или тој да се грижи за мене. Без воопшто да размислувам на овие работи, без јас да се почувствувам 100% подготвена, воопшто не почнувам само колку да се фалам пред пријателките дека и јас си имам прстенче и мажуле кое ме чека дома кога ќе се приберам.
    И да, знам како е да си сакана и знам како е да сакаш, и како е да жртвуваш се’ за некого за да одржиш врска и сепак, мозокот фала богу ми размислувал поинаку, фала богу не се улетал ниту на првата, ниту на втората понуда, ниту пак паднал на било кој од разговорите за заеднички живот и деца. Ако јас се одлучев на такво нешто, во моментов ќе бев разведена, или ќе се преправав дека мојот брак е прекрасен, а од прекрасен нема ниту П, ќе бев прилично незадоволна, и најверојатно прилично огорчена жена, која поради сите тие ПРИЛИЧНО проблеми немаше да може да се посвети на радоста, децата.
    Фала богу што не сум се одлучила за брак, пак во моментов дознав дека имало нешто повеќе од онаа, до пред некое време за мене најголема моја љубов.
    Впрочем, постоела дури и поголема љубов од таа. Постоеле дури и поинакви начини да бидеш сакан и да сакаш, луѓе кои за тебе се спремни да направат дури и многу повеќе од она што твојата прва љубов била спремна и погодете што?!? ама воопшто не ме засега дали тоа нешто ќе заврши денеска, утре или за неколку години, односно дали оваа врска нема да се претвори во брак.
    За мене ќе биде најбитното дека сум осетила такво нешто.
    Дека можело јас да се разбудам покрај некого и да ми направи доручек. Нешто што не сум го имала претходно. Една таква мала ситница која не сум ја имала во мојата 8 годишна врска. Дека имало човек со кого можам да си совпаднам дури и многу повеќе од онаа претходна огромна љубов. Човек со кого уживам дури и за работата да зборам, бидејќи ја работиме истата работа.Истите книги ги чита, истите филмови ги гледа, на истите глупости се смее, истите амбиции ги има, соништа.
    И да заврши ова :) јас знам дека ќе најдам нешто дури и подобро, бидејќи тоа и барам подобро.
    А, кога ќе го најдам, независно дали тоа ќе е овој или некој друг тогаш ќе размислувам за брак.
    И на тој човек секако нема да му смета мојата работа за викенди. Останувањето до покасно, патувањето, пак и работата што си ја носам за дома. А, прашањето ќе е оној кого што го оставив и што ќе го оставам дали ќе најде нешто подобро, бидејќи тој, и по една година очигледно не го пронашол, штом ме следи како сенка се уште.
     
    На Lolo5, srcekrsacka, Sparks и 4 други им се допаѓа ова.
  2. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Поздрав до Тхеодора и Нена2010 и сите кои погрешно ги сфатиле моите „нафрлени набрзина“реченици,а се размислувања на мои драги пријателки,пријатели и роднини од двата пола.

    Постот го почнав(предходниот) со мислата МНОГУ ПРИЧИНИ,А НИТУ ЕДНА НЕ ДРЖИ ВОДА.

    Секој си има свое видување за поставениот проблем-и машка и женска страна.Во постот само оскудно ги набројав некои од причините(стравовите) кои моите драги луѓе ги наведуваат како причина за стравот од брак.Моја грешка,сори,што не седнав и да објаснувам до 101 и назад за сите.
    Немате потреба толку жестоко на настапувате,не ги осудувам ни машките ни женските во овој случај,ниту пак имам намера да правам психолошки профили.
    Поздрав мои драги феминки и секое добро :wasntme: :wasntme:
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Бидејки бев прозвана еве пак да си го одбаранм мојот став. Жапче, да те прашам нешто, да не ти биле и кај тебе истите трите наречници на третата ноќ кога се роди како кај мене, па што имаме потополно исти ставови за најбитната одлука во животот БРАК?? Прво еден предлог, кој секако може а и не мора да се прифати, е да се смени називот на темата и таа да не биде Зошто модерната жена се плаши од брак? туку Зошто современата жена покасно стапува во брак? Еве и зошто вака велам, современата жена не се плаши од брак, не бега од самиот чин како ѓавол од крст. Ќе зборувам сега за мене, и јас имав прилика да се омажам прво на 22 после на 29 а сега имам 32 години. Кога имав 22 години како прво не ми ни паѓаше на памет да се мажам!!! Па јас сакав се уште да се оставарам себе си како личност. Никогаш не сум играла невста и зет како мала, никогаш не сум паѓала во несвест кога гледам венчаници ниту пак знам како ќе ми изгледа мојата свадба. Ако се омажев на 22 години, немаше да бидам тоа што сум денес. И не зборувам од материјална страна, туку за она што сум како човек. Многу е лесно да се омажиш млада, и од кај мама и тате , одма кај мажот и секогаш некој друг да се грижи за тебе. За овие години, јас научив да сум си сама на своето. Сама да носам одлуки, некогаш исправни некогаш грешни, да осетам што значи сама да плаќам сметки, сама да плаќам кредит и да се носам и со лошо и со добро сама. И знаете што, сега сватив дека сум спремна за брак. Сега сум спремна како личност да превземам обврски да створам нешто, да створам суштество (дете) кое треба да биде комплетна личност. Не е бракот играчка, не е само церемонија и играње на свадба, па после пупу неважи. На 29 години раскинав врска од познати причини по форумов, имам пишувано. Човекот не беше за мене, и не беше онаков каков што карактерно сум го замислувала дека ќе биде оној со кој ќе створам семејство и ќе растам дете. Тој си најде друга среќа и јас сум среќна за него, јас се уште ќе си го барам мојот сопатник во животот. Но знам дека нема да влезам во брак од страв да не останам сама. Бракот не ти гарантира љубов и исполнетост. И да, не сум ни лабилна, ни себична , знам да сакам и многу сум дала и сум жртвувала за врски во кои сум била и знам дека пак ќе го правам истото.
     
    На Lolo5, RedWine, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мојот случај е потполно ист со твојот Нена 2 пропаднати врски зад себе од кои 7 годишната е уште скорашен случај, меѓутоа фактот што живеам во мал град каде сите се интересираат за сечиј приватен живот не го прави бракот толку тешко достапен. Колку сака нека звучи смешно на работа ми доаѓаат луѓе со синови, внуци итн има и усно што ми зборуваат иако јас не барам такво нешто и сакам сама да си одберам партнер еден ден, дури и да не се случи тоа како придобивка на полот ми е што можам да имам семејство независно од бракот т.е. да си имам детенце.
    Не е толку тешко да стапиш во брак ете луѓето на одредена возраст како мојава прифаќаат вакви понуди фактот што јас не се согласувам не е бидејќи сум лабилна или разгалена и неспособна за љубов.
    Искуството ме научи дека ни љубовта ни одличниот секс некогаш не се доволни за брак. Дури се сеќавам дека на почетокот на мојата врска мислев дека не можам да поднесам живот без неговото присуство меѓутоа сега знам дека можам научив повеќе за себе и за тоа што сакам од себе и од партнерот кој би бил потенцијален за брак. И точно - не сакам бракот да ми биде штит пред заедницата кој ќе ме спаси од коментари од овој тип дека никој не ме избрал или другата реалност ќе ми пружи покриена глава, побргу бирам да спијам на клупа покриена со весник отколку некој да ме вдоми и да ми го уништи идентитетот. А стапувањето во брак од неправилни причини како оваа - да не останам сама или не ќе бидам вреднувана од заедницата надвор од него водат кон живот во долготрајна агонија. Посебично е да оформам дисфункционално семејство од погрешни причини отколку да останам сама и не поради фактот што ми сметало зрното грашок во спиењето туку поради сувопарни животни факти и последици кои ги носи оваа одлука.
    А фактот поради кој ја оцени мојата реакција како жестока Стетоскоп беше поради жестокоста и грубоста на твоите зборови кои ограничуваат и право на нечиј избор, а јас никогаш не дозволувам некој да ми ограничува ни право на избор ни да носи судови врз претпоставки за туѓи животи и избори.
     
    На ph.orhideja, Sparks, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас да си кажам за мене...се омажив од љубов затоа што така сакав, затоа што јас се почувствував спремна да бидам сопруга и мајка..., може и ни се поклопиле ѕвездите и дошол моментот. :?:
    Како и да е не се каам за мојата одлука, не велам дека прерано стапив во брак иако немав дипломирано, немав работа ниту кариера, а веќе влегов во брачни води. Но ниту еднаш не се посамневав во себе и реков готово сега сум мајка и сопруга и доволно е тоа. Мене не ми е доволно и моја среќа што секогаш ја имам подршката од маж ми за моето дообразување и инвестирање во себе. Да знаев дека тој е од оние типови (факт дека постојат) кои жените ги гледаат како домаќинки-да му биде зготвено, испрано, испеглано, да и фрла по некоја паричка за да не биде без денер во џеб, да ги диктира сите сегменти од животот и воопшто секојдневието, всушност и немаше да се омажам. Не ми треба диктатор и управител на мислите и постапките. Одма би рекла- Фала, пријатно, бркај работа.
    Се согласувам со Нена дека бракот не е играчка, ајде свадба, дете а после ќе видиме што ќе правиме. Не е така, не е туку така лесно и едноставно. Да, лесно е да најдеш маж да ти стави прстенче и да се прчкаш- еве и јас сум мажена па да им ги затнеме устите и злите јазици на комшиите и да покажеме ете не сум веќе стара мома или седелица.
    И не се согласувам дека модерната современа жена не сака брак зошто е разгалена, лабилна и сл. Напротив овие така наречени немажени модерни жени ги сметам за силни, јаки алфа-женки кои точно знаат што сакаат, што бараат од партнерот, од иднината и не се придржуваат до фактот дека мора да си во брак со било кого само за да не се издвојуваш од масата. Причините за нестапување во брак ги наоѓам во длабокото анализирање и планирање на својата иднина и иднината на нивните чеда.
    Всушност зошто и би ни бил потребен партнер кој не не` подржува, кој не може да се носи со нашиот успех, кому не му е мило дека жена му е некој и нешто и дека носи поголема плата од него, кој кога ја гледа својата успешна сопруга се чувствува низок, кој не се гордее и со љубов и искра во очите вели- е тоа е мојата жена.... :!:
    Се додека постојат вакви типови и типично балкански селски размислувања модерните жени ќе се множат и јас ќе ги подржувам.
     
    На Lolo5, ph.orhideja, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    На темава тоа што имам да го кажам, дека како и за се друго и за ова неможе да се прават генерализации...барем не од овој тип, и под овој наслов...затоа што...
    Не сите кои се 30 години и повеќе а се немажени, се модерни, паметни, еманципирани, кариеристки и незнам ти што веќе, значи баш е безвезе да се генерализира, затоа што да, 50% од дискутираната група можеби е сама поради овие и плус причини, значи не сме сите исти, и не сакаме сите исто, идејата за животот и за поимот успех различно ги толкуваме, и мислам дека тоа е во ред, почитувам, но другиот дел кој ја дополнува оваа група, опишана во насловот, се оние кои, се баш немажени, за да бидат модерни...помеѓу овие две категории, кои генерализацијава ги става во иста корпа, има огромна разлика, но за жал многу повеќе во реалноста преовладува вторава група, кои токму поради ваквите се почести погрешни генерализации, се немажени за да бидат модерни....
    За мене лично, сфаќањето било, дека да, сакам да успеам, да сум свој изграден човек, со кариера, жена која се грижи за својот изглед, жена која постојано чита, посетува обуки, семинари, патува, со еден збор се надоградува во секоја смисла на зборот, но и жена која знае да спреми дома, да зготви, да основа и изгради фамилија, но откако ќе се изгради себеси...
    Мислам дека сега за сега сум на добар пат...се трудам многу, и се гордеам со тоа, но тоа што се омажив на 26 години, мислам дека не е никаков показател дали јас, или било која друга мажена на овие или некои - години, не е модерна и успешна жена, напротив јас ги сметам за поуспешни од оние кои се на исто професионално ниво + семејство...
    За мене успехот е безвреден, ако немам семејство со кое ќе се радувам на истиот, и семејство кое ќе ме подржува и ќе се гордее со моите успеси...
    Бара многу жртви, и голем проблем е, да одиш на работа, да доработиш дома, магистрираш, на семинар си, на курс си, на фитнеси, зумби, спремаш, готвиш, подзачистуваш, градиш куќа, купуваш стан и што ли уште не...
    Пред модерната жена се исправени бројни предизвици, и се очекува сите да ги исполни, да биде професионално успешна, да го одржува семејството, да биде добра домаќинка, во исто време беспрекорно да изгледа и тн и тн...

    Напорно, тешко, на граница на невозможното, сурово, но се што можеме да направиме е да бараме баланс тука некаде...
    Но она што во овој контекст исто сакам да го потенцирам, е дека им симнувам капи на девојките кои не се мажат реда ради, затоа што мајката, стрината, комшивката мислат дека треба да се мажи, САМО затоа што има х години....познавам многу такви кои направија компромис со самиот свој живот, само да ја пополнат успешно рамката која околината, македониичкава или балканот ни ја имаат скроено, и од таквите се грозам, вистински се грозам...е тоа е страшно, е тоа е грешка...
    Јас сум да горда што сега за сега работите одат онака како што сум замислувала, но многу повеќе среќна и благодарна до животот што коцките се наредиле така, да го најдам човекот, кој е вистинскиот, за сега, и со негова голема помош да чекорам кон исполнување на зацртаните цели, на сите полиња, но исто така, знам и дека никогаш немаше да се омажам само за да имам некој, за да не бидам сама, и незаштитена, или за да не ми се ,,ситат,, комшиите...
    Она што треба да биде одговор на темава е дека, не, не се плашат модерните жени од брак, половината од нив веќе се во брак, другите се само премногу паметни, за да прават компромис со својот живот и судбина, да бидат со некој што не им одговара по секоја цена, во име на некои си општо прифатени, наметнати, вештачки и нелогични норми и правила...
    А за глупите, без самостоен живот, амбиции, образование и кариера, останува делот, да се стуткаат под нечие покривче, да се покорат, за да јадат лепче кои некој ќе им го донесе затоа што се свесни дека самите неможат да си го обезбедат...
     
    На srcekrsacka, miss.ella, ph.orhideja и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Јас мислам дека не е проблем модата туку е во прашање друго нешто..
    Сепак таа избира дали ќе стапи во брак или не има една жена кај нас што не е мажена и и нема смисла животот нема никој за кого живее?
    Најдобро си е да стапнеш во брак :$
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Душиче бе :) ме насмеа :*
    Во право си за тоа, да секако е милион пати подобро животот да го поминеш со некого и да имаш семејство, бидејќи никој од нас не е создаден да живее сам. Посебно во староста кога работите се менуваат, тогаш најтежи самотијата. Тогаш да, ни пријателите ниту ништо не помага, особено за време на празници, кога сите во комшии се со своите, а кај тебе нема никој.
    Но, секој со својата среќа, кој порано ќе си ја најде својата сродна душа, кој подоцна :). Најважното е секој да го најде она што го бара и она што го нашол да е она што навистина му е потребно, да успее да го одржи и секако да си останат среќни, задоволни и исполнети и на својата златна свадба :D
    па да не покани на што и да се кани тогаш, важно да се собереме де :D . :P
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Кога сме веќе кај лабилноста, ми текнува само на една работа. Кој е полабилен? Немажена жена која успеала да се протурка сама и да се изгради себеси како личност, која е независна, живее сама, се грижи за домаќинството, за своите родители, пријатели итн? Или жена која е во пар или еве да речеме мажена, и која паѓа во несвест доколку дојде до ситуација да раскине со дечкото / да се разведе затоа што не знае да биде сама?

    Одговор нема впрочем, но поентата ми е дека лабилноста е навистина релативна работа и не може да се генерализира и да се припише на цела женска популација која (не) се омажила.

    Глупости!

    Ама исто така мислам дека кога веќе зборуваме за модерна жена, а модерна жена за мене е симбол на нешто возвишено, независно, изградено, коректно, пожртвувано со сосема реални сфаќања за светот знаејќи да согледа факти и ситуации, да прифати не па и да како одговор, а не типична претерано амбициозна ку*ка да не речам која оперирана од секакви емоции ништо друго не прави туку само брка пари и трча насекаде со мобилниот не знаејќи веќе ни кој ден е затоа што заборавила да живее приватно освен професионално, тогаш ваквата жена навистина тешко да ја наречеме лабилна.
    Плус што една модерна жена може и во голем број на случаи и е мажена.

    Ако и се погодил к’сметот таков што ете...немала шанса да оформи свое семејство до 25-те, 30тите, или што ти јас знам веќе која е магичната бројка за мажење, Боже мој, ќе го направи тоа можеби подоцна. А можеби и нема. Нејзин избор.
    Што би рекла Теодора а кои сме ние да спречуваме или да осудуваме нечиј избор? Која сум јас да ви кажувам да јадете сите сместа, одма, во оваа секунда сладолед од ванила и да прекинете да го јадете тој со вкус на чоколадо, затоа што сигурно сте луди штом сте се решиле за оној другиот, нели? ;)
     
    На Lolo5, ph.orhideja, Ariel и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eпа има повеќе причини зашто жените се плашат од брак... прво, бидејќи на некои повеќе им мрда како да кажам газето, сакаат да бидат опкружени со мужиња, а сето тоа ќе се смени кога ќе треба да се приврзат за еден маж за сва времена нели? друго пак, некои сакаат да се журкаат, да искачаат и на крај памет не им иде брак деца пегла и престилка... Tрети ја гледаат материјалната страна, и не се омажиле зашто се уште не нашле некој со стан кола и добра плата :)
    A други не ни планираат да се мажат, вечити тинејџерки сакаат да бидат :D
    и без навреда за некои, ама веќе кога си на средина на 30тите мислам дека треба да поработат на случајот.
    Jас познавам еден пар, тој 31 таа 39, 5 години се заедно.,,,, и не им текнува за брак, па кога ќе раѓа таа на 45 ли??? :x Aма не ја личи, некои 3 дете чекаат на таа возраст :!: што е лошо- лошо е....
     
    На AngelGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sara.m

    Sara.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Гледано од лично мој аспект јас мислам дека уопште не станува збор дека се тера “мода“. Економската ситуација у државата е таква што најпрво не води да си обезбедеме соодветно работно место а потоа да напредуеме на истото се додека не се почуствуваме стабилни во работната организација. Тоа е процес што трае неколку години па и више. Во ваквата ситуација јас моментално немам време нити да започнам врска а да не разговараме за понатаму.
    Не е баш точно дека се работи за посветеност за кариера, туку повише за обезбедување материјална и финансиска стабилност.
    Најмногу грешиме што не можеме да си одвоиме само малку време, а не дека го немаме.
     
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас знам пар кои „идат“ 19 години :) . Мислам дека тоа е рекорд, ама не сум сигурна.
    Инаку, не ми се допаѓа ставањево во калап вака, ако не е мажена модерна е, ако е мажена, очајна била да се омажи итн... Не знам, можеби затоа што јас сум мажена :P
    Сериозно, знам многу девојки/жени од 35 години нагоре што не се мажени, ама не затоа што се „модерни“, едноставно, така им се поклопиле ѕвездите. Една од нив има завршено факултет, работи, има свој автомобил, станот каде што се сега нејзините би и останал неа во наследство (значи не бара некој со стан и кола, сакам да кажам), би сакала да има партнер во животот, ама ете... Сега веќе наполни 46 години и мислам дека се помирува со тоа дека има многу мали шанси за тоа. Во муабет во јавност вика „Како не, ми спотребал некој да го трпам по дома“, ама во муабет мене ми се има доверено дека и недостасува врска, дека веќе нема ни со кого на одмор да оди, оти сите се парови, скоро сите со деца, па глупаво и е...
    Од друга страна, јас еве никако не сакав да се мажам и рака во оган ќе ставев дека нема да си го дозволам „тоа“ во животот. Имав и долга, стабилна врска, ама едноставно не сакав. Не се плашев од брак, да бидам прецизна, го презирав, или најточно, го презирав она што го претставува кај нас, на Балканов. Сите ограничувања кои и ги наметнува на жената и кои таа полека полека ги прифаќа, заради некои повисоки цели. Бракот сам по себе нема да ве смени од „модерна“ во „немодерна“, но доаѓањето на децата и одговорноста која доаѓа од грижата кон нив, да, ќе ве сменат. Затоа што ќе сакате да им го понудите тоа што сте го добивале вие во своето семејство, грижа, време поминато со нив, љубов, чист дом, секој ден дома зготвен ручек, секој ден чиста испрана облека, ќе сакате да бидете дома да ги гушнете пред спиење, да сте им на располагање ако заплачат навечер, поважно ќе ви биде да им го видите изразот на лицето кога под елката ќе видат што им донел Дедо Мраз отколку да сте на било кој дочек...
    Самостојната, остварена жена не се плаши од брак, повеќе би било дека не и се допаѓа она што бракот и го нуди.
     
    На Lolo5, srcekrsacka, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Еве и јас се вклучувам во друштвото на 'стари моми'. :rofl:
    Не мислам дека ниту модерната жена се плаши од брак, а ниту пак модерниот маж се плаши од брак, дека нели за брак се потребни двајца. Кој како и кога ќе стапи во брак е негова лична одлука, во зависност од неговите барања и стремежи.
    Само границите за стапување во брак се поместени, најмалку за една деценија. Затоа што времињата се менуваат, за да бидеш модерна (иако не се сложувам потполно со терминот) потребно е образование и кариера, а за тоа е потребно време, па автоматски и границата за стапување во брак се поместува. Затоа што за своите одлуки одлучуваме сами, а Аџи Трајко е само лик од дело на Васил Иљоски.
    И потребите и барањата за разлика од порано се зголемени. За разлика од порано кога огништето претставувало топол дом на 4-5 генерации, денес секој млад човек сака да си оформи семејство во свој дом, а тешко се остварува тоа во нашата ни државичка.
     
    На Lolo5, srcekrsacka и sanjaeva им се допаѓа ова.
  14. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    не се плашам од брак... поточно од обврските што ги носи бракот,деца ... не се плашам од тоа... се плашам од него. јас ќе го издржам целиот товар од бракот ама тој не. мислам дека на првиот најмал проблем ќе побегне. а јас нема да го поднесам тоа. затоа се плашам да стапам во брак а сакам :tmi:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Јас ама ни најмалку не се согласувам со тоа дека современата жена се плаши од брак, па ќе си замислам дека насловот е „зошто луѓето подоцна стапуваат во брак?“ И инсистирам на терминот„луѓето“, зошто жената сама и не може да стапи во брак :D
    И не е само стапувањето во брак во прашање, голем предизвик е и зачувуањето на бракот.

    Времињата се сменети. Целиот свет е сменет. И не може да се споредува животниот стил сега, со оној пред 30, 50, или повеќе години.
    И сега тука ми доаѓа сликата на некој дедо со шешир седнат под липите на плоштад (кога имаше плоштад и липи), како вика... ееее, во наше време... друго беше во Југославија... живот се живееше...

    Тоа што порано било сосема вообичаено, веќе може и да не е. А тоа не значи дека е добро или лошо. Не значи ништо друго, освен дека е различно. Секој треба да си го најде своето место, и да бега што е можно подалеку од стереотипите. Затоа што сите сме различни. Секој си има своја приказна.

    Да живеат индивидуализмот и различностите! :D

    Тоа беше од мене.
    А сега малку и од Националната стратегија за млади :) :

    1.1. Согласно досегашната историска, социјална, политичка и етичка практика на македонското општество, а во отсуство на меѓународно призната дефиниција, под терминот млади во Република Македонија се подразбира посебна социо-етичка категорија на население на возраст од 15 до 24 години која е особено ранлива на социо-економските промени во општеството, и која претставува основен ресурс за развој носејќи ја критичната мисла и порив за промени и иден напредок општеството.
    1.2. Имајќи ги во предвид последиците од социо-економската криза во Република Македонија, која го онемозвожува процесот на развој на една активна и одговорна индивидуа (пролонгирано време на едукација, неможност да се најде работа, неможност да се заснова семејство, економска зависност од родителите или немање на економска и оттука лична независност), секоја сериозна акција или програма за млади треба да ги земе во предвид и лицата од 24 до 30 години со цел ублажување или остранување на пречките кои стојат пред нивниот развој како индивидуи и одговорни граѓани на Македонското општество.
     
    На ph.orhideja, She, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Ариел што сакаше да кажеш со ова? :)
     
  17. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Таа не се плаши од брак,таа се плаши од брак со типичните балкански мажи.
    Со текот на времето таа претрпела промени,за да стане модерна де,ама овие вториве,мажите,ретко кој еволуирал :)
     
    На Lolo5, srcekrsacka, She и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Не се согласувам дека мажите нееволуирале, нормално исклучоци постојат.... за жал.

    Како што беше споменато и од другите феминки старосната граница е поместена. Колку и да е фраза, сепак ова е друго време.

    Моите живееле во стан од 60-тина квадрати со уште 6 души ( баба, дедо, 2 тетки, чичко, нина ), а јас сакав да имам свој стан пред да стапам во брак.

    Тука се и амбициите, чија цена е некоја годинка плус.
    Сакав да имам добра работа, добро платена..... сакав и мм да го има истото.

    Не мислам дека сме пребирливи, едноставно системот не ни дава сигурност.
     
    На Lolo5, srcekrsacka, ph.orhideja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас не сум сретнала до сега, некоја која се плаши од брак. Нормално не секој би се омажила на 23 години, но има и што се решаваат за тој чекор. Јас не се плашам, и сакам 3 деца, не е битно дали е сега или за 10 години. Во моментов, кога немам никаква работа мислам дека би било грев да родам дете и тоа да се мачи како и јас. Тоа не е страв. Но, ако дојде до тоа, да треба да се омажам и форирам семејство зошто да не.
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Дека и некој друг мислел на темата :)

    Документов е базиран на анализа (барем така би требало да биде :)), и самиот тој кажува дека старосната граница за еден куп работи кои порано младите ги правеле порано е поместена поради социо-економската состојба во земјава.
     
    На nena2010 и zhap4e им се допаѓа ова.