1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто модерната жена се плаши од брак?

Дискусија во 'Брак' започната од innablood, 15 мај 2011.

  1. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Јас не мислам дека модерната жена се плаши од брак.

    Да гледаме вака, порано жените не оделе на училиште не заработувале и морале да се мажат. Договорени бракови, мажење за богати значи најголемиот дел гледал да преживее.

    Сега времињата се сменети жените бркаат успешни кариери независни се и имаат се што сакаат.
    Тоа ги води до позрели и подлабоки размислувања не сакаат да прифатат што било.
    Не сакаат да имаат брак со кој било, сфаќаат дека вредат и дека не мора да се мажат ако не сакаат самите имаат добра финансиска состојба, не зависат од никого и тоа е одлично.

    Се посветуваат на кариерата,а за да се омажат многу ретко е да се најдат некои навистина добри мажи на високо ниво со размислување. Јас всушност не го разбирам бракот. Луѓето можат да се сакаат и без парче хартија, туку мислам дека бракот е како последица од минатото потреба за добар живот и добра финансиска состојба. Не ја разбирам потребата од тоа ливче хартија со тоа некако се губи магијата.
     
    На Lolo5 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    не знам :x ама јас имам уплав од мажење, а да не зборувам за рагење деца :x
    едноставно се плашам од обврски, затоа прво сакам да завршам факултет и да се вработам па за мажење ке му ја мислам подоцна :sweat:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    според мое мислење терминот модерни девојки не мора да се однесува само на оние сто не се во врска, или девоките сто се во врска и сеусте не стапиле во брак.
    зарем бракот како инстутуција треба да биде пресудел фактор дали една девојка е модерна? лиЧните ставови и мислења на девојки од овие три разлиЧни категории за многу посироки теми освен онаа на институцијата брак ги сметам за пресудни.
    ако една девојка во раните 20, без редовни примања поЧуствува дека дека досол вистинскиот момент и вистинската лиЧност не знаци дека е старомодна...
    или пак обратно ако една девојка над 30 успесно работи и има активен социјален зивот не знаци дека инат тера на некого или доказува несто, мозе едноставно не се поклопиле звездите...не досол вистинскиот момент.
    во западните земји, финасикиот факор е пресуден за младите да не стапуваат во брак. многумина зивеат невенЧани и пробуваат како би функционирал заедниЧкиот зивот пред евентуална поголема одлука или дури се одлуЧуваат и дете да имаат а сеусте не се венЧАат. на никого не му е гајле за комсијата или колегата, и сто би рекле они. нема рекла казала, и никој не се замарала дали керката на Трајко зивее со деЧко и, и дали дете ке добијат а сеусте не го потписале ливЧето кај матицар. плакаат помал данок ако се водат како невенЧани, а детето секако ги има сите бенефиции од обата родители како да бидло родено во браЧна заедница. девојките се водат по свои лиЧни убедувања, и одлуЧуваат според споствените принципи, не оние наметнати од опстеството. практиЧно и флексибилно. ако не дај бозе не успее врската, многу полесно секој на своја страна и прескокнување на административните процедури.
    ако некоја девојка е сеусте сама, а има успесна работа, кариера, активен зивот, не мора да се пласи од несто или да биде себиЧна, па на неродените деца зивот да им скратува :rofl: . нејзин зивот, нејзина одлука. сеусте не поЧуствувала дека е дојден типот или денот.
    и третата категорија модерни девојки кои веке стапиле у брак( како мене :lol: )
    стапувањето во брак не знаЧи дека некој ке ти стави звездиЧки за успех или ке ти ја одземе знаЧката сто преставува слобода....тоа е само нормален тек на настаните
    ако некој си бил модерен, традиционален, конзервативен....тоа и ке си остане, возраста и обврските би го имале истиот ефект без разлика на браЧниот статус.
    модерните девојки не се пласат од бракот како институција, туку од наметнатите мислења, стандарди ..
    оние парови сто ја имаат финансиската независност или имаат испробано предбраЧен заедниЧки зивот влеваат со малку поголема самодоверба и искуство....
    у секој слуЧај со срека на сите девојки, секоја принцеза заслузува да го најде својот принц, а потписот на едно ливце хартија не е пресуден фактор за срека . Лјубовта и разбирањето се највазни, а каде сто они постојат, ке се најде и одговор за ова прасање :inlove:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Зошто модерна жена се плаши од брак? Бидејќи кај нас, со нашиве стандарди, кога девојка ќе наполни 21-22 години, и сите ајдее сите и велат стигна за мажење шо чекаш |( а на тие години ретко кој има завршено факултет, па најдено работа и слично. Па јас секако планирам да се мажам, но не на 22 години, бидејќи до 25 отприлика ќе учам факултет, потоа да најдам работа, да си ја осигурам иднината, да се дооформам целосно како зрела и самостојна личност.. а не ајде мажи се на 21 година, забремени по една година и со бебето в раце ќе учиш за да си ги доположиш испитите и да завршиш факултет..а за работа да не праиме муабет..секако кај нас мажите се тие што ќе го одржуваат семејството, а жената ќе седи дома со бебето в раце и ќе готви, мие, чисти... |(
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Па и за плашење е работава... Страв да не направиш погрешен избор, кај сите го има тој страв, модерна не модерна (мада не сум начисто што е едното а што другото), сите се плашиме од разочарување, од неуспех...
    Јас мислам дека кога ќе го сретнеш 'the one' и кога ќе бидеш сигурна во него, стравот исчезнува, а дотогаш е постојано присутен без разлика дали си 20, 30 или 40 години, дали си модерна или не, финансиски независна или не...
     
    На crazylady и Bibko им се допаѓа ова.
  6. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    ^ да, се си е тоа убаво со вистинскиот, вистинска љубов бла бла бла...но зависи и за каква жена станува збор. Ете, во овој случај јас под модерна жена подразбирам жена која знае што сака во животот, која си има зацртано и други цели, да успее во професионален план, да си најде добра работа, да е самостојна, а не жена на која животна цел и е да се мажи во нејзините рани 20ти години после завршување на средно, да се закорави дома со бебето в раце и да си го чека мажот да донесе плата за да можат да преживеат :!:
     
    На Lolo5 и nena2010 им се допаѓа ова.
  7. trenDafila

    trenDafila Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11

    Така де, што ќе ти е спонзор.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Искрено не мислам дека се плаши , но сфати дека е тоа само институција а дека љубовта и заедничкиот живот е поважен . И своите амбиции .
    Пред да се земам со некој би сакаа да видам некое време со него живот заедно како е што е ... а за брак и не е нешто битно , тоа може да биде и само ставање на прстените , иако од дете сонував за голем бел фустан , романтично запростување .... Ама животот не е толку во боја... :) И пред тоа сакам да ги завршам амбициите , затоа што сум болна за кариера , и сигурно нема да се земам со некој пред тоа затоа што такви амбиции со љубов не одат ., Нема време да се посветиш на домот , децата и семејството.. Така што 28 , 29 годишна возраст за земање не ми бегаат јбг модерна жена :lol: :P :D
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.210
    Пол:
    Женски
  10. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    во принцип жената денес се помалку се плаши од било што..
    денес таа сака да биде независна и знае дека треба да заработува за да го има тој статус..
    но исто така сака да биде и во брак..но брак заснован на рамноправни односи...
    е тука е проблемот......
    ....се уште нема рамноправност во поделбата на работите и во превземањето на обврските.....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Кога го прочитав насловот на темава веднаш сакав да ставам мое мислење и идентично го пронајдов во овој пост. Поздрав за истомисленоста :)
     
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Пред некое време ми прегоре во соба сијалицата, па земав да ја сменам и баш и ми текна да го прашам дечко ми дали знае да смени и он, дали некогаш сменил дома. И ми рече не :^) Дека немало потреба, дека никој не го замолил. Поентата ми е, не сите, ама повеќето од нашите мажулиња се одгледувани сосема поинаку од порано, порано копале по ниви, граделе куќи, сега повеќето седат во канцелариички со совршено испеглани кошули и издепилирани нозе. Нормално има и некои вистински мажи ама се бројат на прсти. Зборам за тоа какви ќе испаднат оние кои се моја генерација отприлика. Ете мене тоа ме плаши, знам скоро се да направам сама, пред некое време си го поправив калориферот, знам да косам трева, ете да мењам сијалици, а од друга страна знам и јадење да си направам и да исчистам, и мислам дека со стапување во брак јас добивам уште еден што треба да го носам на грб, а за некое време уште неколку помалечки, здравје боже :) Не викам дека можам да преживеам целосно сама, ама се сменија времињата на жената сега и треба маж за задоволување на физичките и психички потреби, некако за друго и не баш, па зошто тогаш да се врзе за него постојано? И што е најбитно еве јас лично до сега не сум видела убав брак, тргнувам нормално од дома па после сите со ред. Ете мене тоа најмногу од се ми влијае, јас сум си ветила дека доколку не најдам некој што целосно за се ќе ми одговара нема шанси да се омажам, а тоа би значело да го најдам господин Совршен, а он не постои :drunk: . Јас сум научена дел од денот да си го поминам сама, скроз сама во мир и тишина, во заедница со некој се плашам дека повеќе никогаш нема да имам време за себе да не правам ништо, да седам и да гледам во една точка два саати, затоа што мене тоа ми е психички одмор. Не можам да се замислам во брак, мислам дека јас лично би била лошиот партнер. Глупаво е да зборувам кога ни сум блиску, ни ми е време ама еве и од врските кои ги имам го забележувам тоа. И да нели, пред 40 години девојка на моја возраст веќе била бремена со 3то дете. Тоа е тоа, се менуваат времињата, се менуваат и луѓето.
     
    На Sun.shine и sonce777 им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски

    Ова го викам јас, а имам само 17 години.... мислам дека не треба да ни обрнувате толку внимание... сепак не сме спремни ни психички ни физички да одгледауваме дете, а не па да стапиме во брак :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Мислам дека жените ..оние созреаните барем, кои се сигурни дека не сакаат брак, го прават тоа од проста причина што се свесни дека во генетскиот код на жената е да биде зависна од некого. Од раѓање до смрт. И цел живот инстинктивно се грижи за некого на истиот начин како што се грижеле за неа.
    Почнувајќи од раѓањето каде е физички детто врзано за жената, зависно од мајката, таа зависност за женските деца продолжува со таткото, за разлика од машките деца кои се воспитувани во духот на алфа мажјаци и слободни ловци..да не речам стрелци, ама тоа е друга приказна.
    Потоа таа зависнот се предава на животниот споатник, кој уште во стари времиња ја чувај жената од страната на тротоарот за кочиите да не ја испрскаат, и ја штити честа, се бори за нејзината љубов, ја заштитува од посилните од неа и заработува за да ја издржува.
    Жените со векови наназад зависат од некого. Некои од модерните жени се плашат дека тоа чувство.. или потреба да бидеш зависен од некого е пресилно и не сакаат да се ставаат во ситуација на неизбежна монотона интерзависна заедница со некого и да сменат дел од себеси за да бидат дел од истата.

    Јас лично сметам дека промената е нормален дел од текот на животот и со маж или без, знам дека за 10 години нема да сум истата. На моменти ми годи да имам посилен човек до мене што ќе ми ја држи раката.
    Ама тоа сум јас. Сакам да сум пазена мазена и галена и го експлоатирам факот што сум жена бидејќи и уживам во истиот!

    И имам целосно разбирање за жените кои не размислуваат како мене.
     
    На Lolo5 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  15. fidani

    fidani Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    Jas celosno se soglasuvam so JOJOBA inaku jas sum od selo i znam kako se zarabotuvat tuka parite ama koga si doma majka si e majka ke te sozaluva a svekrvata auuuuuu......koga si doma mozes da imas se sto ti e potrebno vo brak sum 2 meseci ama sega se pokajav i toa mnogu devojki od iskustvo vi kazuvam ne pravete greskii kako sto jas ja napraiv najgolemata greska vo zivotot..
     
  16. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    порано.. зборувам во времето на нашите баби и прабаби жените речиси и не се школувале зашто уште додека биле мали биле учени на тоа дека жената треба да се омажи и да стане домаќинка ...да ги гледа децата да прави јадење,....е арно ама сега веќе се искорени тоа убедување....и жените исто како и мажите почнаа повеќе да се насочуваат во правец на нивното школување и нивните кариери....речиси сите сакаат да направат нешто повеќе од својот живот и да најдат добро платена работа....а и токму финансиите мислам дека најмногу ги плаши и жените и мажите да стапат во брак
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека се плашат, дуку се пореални. мн од вас убаво кажаа, пообразоавни сме од времето на нашите баби и мн понаку ги разбирбираме работите.
    искрено, јас не се плашам од брак, едноставно ја сваќам таа институција мн сериозно. Не би влегла во брак со било кој, ниту за кратко време. Едноставно ссакам да се поштедам себе си и недај боже децата од страдања, маки и петење. Несакам да напраам иста грешка како и некои други. Верувам дека постоја добри бракови кои се сакаат почитуваат, разбираат. но не сум сигурна дека тоа можам да го стекнам на 25 години. Реално не сме толку зрели ни физички подговтвени за брак. Барем јас не сум, а искрено пола од мојате генерација верувам не се.
    не треба да се избрува со бракот, зашто? Подобро подоцна него 100 пати да се покаеш акп било прерано.
    И ќе заклучам модерна жена(во македонија тешко да ќе најдеш мн такви, среќна сум малкуте исклучоци) е попаметна, повоздржана, игра ан сигурно и проверено. сака кариера но и семејство. Баланс. а са се треба искрено мн време и мн љубов.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    -Зошто секојдневно расте процентот на семејното насилство!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    па ти дефинитивно не си сеуште во брак мислам официјално или се регистриравте право? а зошто да се каеш од прва ли го зеде дечкото нели имавте врска пред тоа па да сватиш дали ти одговара или не?
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Затоа што знае дека може да постигне многу повеке од тоа да се омажи и цел живот да му пере, готви, и чисти на некој кој најверојатно нема да цени доволно и мајка му пак ке биде подобра. И пак ке му биде поважно да се опие со другарте и да трча по други!
    со чесни исклучоци