Напротив. Треба да зема бракот како предизвик за најголемата можна среќа во нејзиниот живот. И се молам на модерната жена да ми одговори како е да се слади САМА на плодовите од нејзината кариера кога сето ќе остане само бледа сенка на минатото? Кога топол дом, кога некој ќе ја вика мама? На 60 години мама? Кое е тоа фамозно може да постигне повеќе од тоа? Што е тоа повеќе од горда мајка? НЕма побесценето нешто на овој свет. Сите тежнееме да авршиме некое добро школо, да се вработиме, да просперираме, добра плата да сме економски независни и стабилни, кое влечи накај стабилизирање во брачна заедница, семејство, деца, па на децата да им овозможиме добри услови за развивање. Модерна жена жими ...За кого тогаш сите нови фустани, обувки, парфеми..за неа лично-да до некој степен За фидани, требало повеќе да размислиш пред да донесеш одлука за брак. Иако на разни теми имаме прилика да ги пофалиме мажињата(за нас во брак) сепак нема да те лажам дека е мед и млеко, за кое и самата знаеш. Не е важно од кој слој доаѓаш, нормално е да сакаш да си сама некој и нешто, модерна жена која не се плаши од брак би било најдобро, ама не замерувај ми морам малку да те искарам да не ни ги плашиш идниве сопруги дека е катастрофа. Не е се така црно. Ти пожелувам сила да поработиш на подобро, а ако не си пак задоволна, направи нешто што би те задоволило. Ако без него е подобро, замини, ама не заминувај без борба. Се извинувам за мал офтопик
Имам пишувано на темава, ама да надополнам ...Затоа што мажите никако да ја научат основната работа: ЖЕНА МИ НЕ МИ Е МАЈКА!
Модерната жена знае да не го следи стадото, размислува за себе и не го зема здраво за готово тоа што и е наметнато од општеството, и ако таа тоа го сака, знае и да си роди дете без да е во брак или пак стабилна врска. Муабетот не е за деца, туку за брак.
А која е тогаш целта на бракот? Чисто секс? Една познаничка, кариеристка, модерна жена, си роди дете без да е во брак, плус си бркаше кариера, ама од толку модернисување не знае кој му е татко на детенцето. Велам дека поимот модерна жена вриска со индивидуалност, која никогаш не треба да ја изгубиме, дека тоа е нашето јас. Ако сме заедно со некого не значи дека се претопуваме во него и да се откажеме од сопствениот идентитет. Тука настанува збрката. Можеш да си модерна жена и пак да успееш да постигнеш се и да избалансираш. Е на таква и симнувам капа дека знам од искуство дека е мн мн мн тешко. И секоја чест за лајонес дека жена ми не ми е мајка. Поим што мажите чат пат знаат да си го смешаат. Ама затоа оние модернистки со своја глава ќе им стават до знаење на мн фин начин и тоа без да забележат дека се само не негова мамичка
Не мора да си немажена за да бидеш промискуитетна, како твојата познаничка. Жена може да продолжи да си биде таква и кога е во брак и таа да не е сигурна дека сопругот е таткото на нејзиното дете. А она за дека жената не му е нему мајка, баш поради тој менталитет на многу мажи, што чекаат некој да ги чува, е мислам една од многу причини дека некои жени се одлучуваат на дете без да се мажат. Овие жени знаат уабво што сакаат а што не, а не дека се кариеристки, или сметаат дека се модерни па не сакаат да станат сопруги и домаќинки за да не си расипат имиџ. Јас не сум кариеристка, ама не го следам општественото налагање дека мора да се има брак за да се има деца, или дека мора да се имаат деца ако се има брак.
Не дека се плашам ама нејќам тоа брзо да ми се случи, сепак сакам сонот да си го оставрам и финансиски да се поткрепам за да не барам од маж ми сто денари за едни улошки, за да немора да се понижувам пред него и да му изигравам слугинка. Сакам современ брак, сакам маж кој нема да ми става препреки за моја караиера и кој ке ме подржува. Да се плашам ! Се плашам дека таков нема да најдам и дека ке погрешам. Премногу си се ценам за да можам да дозволам некој да ми става препреки и да ме уназадува заради нечија љубомора или малоумност и да ми става граница до каде ке е моја слобода. Не сум спремна и сигурна сум дека нема да сум спремна за најмалку 5 години .
модерна жена се плаши од брак затоа што нема мајка и да и врши сите обврски туку таа. Имам една другарка која има 25-6 години и вика ааа нејќам да се мажам до 30 год убаво ми е дома, мајка прави ручек, чисти. пегла а јас само спијам. секакви луѓе има.
Не е само тоа причината. Има модерни жени кои што сакаат секојдневно да шетаат. Комшика на дечко на моја другарка има 29 години и уште не е мажена. Другаркава вика дека не сакала да се мажи. Сакала да шета и да ужива во животот. Типката има многу пари и секој ден оди по кафичи и се е*е со кој ќе и текне. Не ни помислува на мажачка.
На два ума сум, еден вика тоа се себични жени кои мислат само на себе и на својот ќеф, од друга страна си викам секој си има право на избор и можеби е подобро така. Конкретно золва ми е таков тип, мада скраја да е, млада е уште, има 22-23 и сеуште не е престарена за мажачка, но си ги има сите услови, освен дечко, раскина со долгогодишниот дечко неодамна, она смета дека е погрешно на 25-26 да се омажиш и да раѓаш, животот бил за живеење, да шеташ, да искачаш, да бидеш слободен. Она го живее тој живот, номадски да се изразам поточно, сака да искача, да шета, одмори егзотични, убава гардероба и многу пријателства, што е типично за неа и никој не може да ја замисли поинаку. Веќе имам зборувано за тоа дека си е такво створењце, си го живее сопствениот живот и не се замара со другите. Тешко дека она ќе се промени скоро во тоа, дури и да се омажи ќе биде иста, така да не е тоа страв, повеќе е почитување на сопствената личност пред другите, задоволување на сопствените задоволства и потреби отколку страв. А и подобро така отколку да се мачи во нешто во што не ја бива, епа не ја бива за тоа и толку, не е крај на сват, и она еден ден ќе се омажи и ќе има семејство, не е спорно тоа, а и да не се омажи, што е толку битно, ако она така сака. Ако малку повеќе си го живеевме животот за себе отколку за другите, поточно што ќе рече мајка ако останам стара мома, роднините што ќе речат, за сите ќе беше поубаво така. Јас лично се мажам затоа што така сакам, не за да не останам немажена, се решив на тоа бидејќи го сакам овој човек и сакам да поминам со него што е можно повеќе.
Јас се омажив (прилично) после 30тата, пред тоа шетав (повеќе во смисла на запознавање луќе, и патувања, отколку одење по диска и барови) и мислам дека тој период многу придонесе да созреам како личност и да станам тоа што сум. Тоа не значи дека доколку во тие години запознаев соодветна личност немаше да се омажам (зборам откако дипломирав и се вработив) - едноставно коцките не се вклопуваа. Сакам да кажам, не секогаш е страв во прашање, почсто се работи за тоа дека бракот е сериозна институција и треба внимателно да се одбере и другата страна, која не се појавува баш ние кога сакаме
Твојот случај е друг. Има жени кои што не сакаат да се мажат. Едноставно, не ги интересира брак. Причините се различни. Моја другарка е дете на разведени родители. Цело време кажува дека не сака да се мажи, за да не и се случи истото што и се случило на мајка и. Минатиот месец се породи и не сака да слушне да се мажи за дечкото. Вели дека убаво и е така.
А кој ви кажал дека модерната жена се плаши од брак?! Не би рекла дека е така, со оглед на тоа што познавам девојки кои од 19 години толку сигурно и решително се решаваат за тоа. Разликата е само што модерниве жени не се како порано да работат по дома туку се стремат кон кариера.
Taa na 19 god ti moderna ja smetas? Pod moderna podrazbiram nezsvisna,samouverena,naprednuva vo rabotata,patuva,uziva vo komoditet,nikoj ne i se mesa vo stipki i pari.I stravot od brak proizleguva tokmu od ova...se plasi deka se ova ke go snema i ke se vrze za drugi obvrski 19 godisna tesko da go ima se ova ostvareno
Чекај чекај, мене не ми е јасно што подразбирате под модерна жена?! Зар сите сме модерни жени на веков или?! Јас не би рекла.. Исто што кажа и мила, под модерна жена се подразбира малку повозрасна жена, жена што доживеала и преживеала искуства најразлични низ животот, жена што стои на свои нозе пред се, што има финансии, работи, вод своја кариера, патува и има свој дом. Барем јас тоа го подразбирам. А кој не сака?! Ама тешко е, тешко е на нашето поднебје сето ова да се одствари камо ли модернизам да се рече. Зарем некој ќе ми зборува дека девојка од 19 20 години е модерна, мах, не би текла воопшто. Од клупа штом станеш далеку си од модернизам а уште подалеку од жена, свој став и свои нозе. Модерна жена . Модерната жена не се плаши од брак, запознава, оспознава и живее како сака таа без никој да праша. Повеќето сме далеку од модернизам најреално кажано.
Јас би ја преформулирала темата вака некако: „Зошто современата жена не се пронаоѓа во бракот како институција“... затоа што не мислам дека се работи за страв, ниту пак оправдувам поделби од разни гледишта и заклучоци за цивилизираноста или (бес)чувствителноста на една личност според важноста на бракот (па и децата) во нејзините амбиции. Секоја индивидуа има право на свој избор, свои приоритети и амбиции за сопствениот живот, кои не мора да се вклопуваат во општествените граници за стандардното и „нормалното“. Јас лично на мојава 19 годишна возраст не да не можам да се замислам мажена, туку се фаќам како муабетите за брак, свекрви, па и грижа околу свои деца (иако инаку мали дечиња обожавам и ми се премили) - ги чувствувам светлосни години далеку од мене. Приоритет ми е факултетот и амбиција ми се успесите околу истиот, а меѓу желбите и соништата највеќе ми се патувања... Не се доживувам како некој што се плаши од обврски, ниту пак како помодерна и поцивилизирана од некои што сум читала тука во една друга тема дека се омажиле на 17/18/19, само го доживувам тоа како дијаметрално спротивен поглед кон животот. П.С. Пишувајќи за ова (а и размислувајќи на оваа тема), најмногу ми недостигаат муабетите со прекрасната виртуелна пријателка што ни се изгуби од тука, @Valerin...
Не се плашат од брак туку сакаат сеуште да прошетаат, да завршат факултет, па тогаш да се омажат Ама има некои којшто се плашат од обрски несакаат да чистат, секој ден јадење да прават, маж, деца да чуваат. Така да има секакви со секакви погледи кон животот.
Zoshto mora da se nareche "strav" ili deka nekoj e "plashliv" oti ne go prifaka "brakot"...Ne bi rekla toa deka vazi samo za "modernite"..postojat mnogu konzervativni I stereotipni luge shto Ne prifakaat brak Od nekoi I si nivni opravdani prichini..A ovie "modernive"shto samite Se klasificiraat taka ,poveke bi rekla chekaat za da nachekaat na nekoj da Se nagrbachat,da im Se isplati chekanjeto,tie takvite ne Se plashat od brak ,Se plashat ako nema koj da gi finansira do krajot na zivotot,pa da treba da ziveat vo "mizerijata" vo koja vprochem I ziveat..Balkan e ova Ne Se Amerikite