Според мене постојат различни видувања на ова, едни факт е дека сметаат дека мажот треба не знам што материјално да им приушти и забораваат "твојата убавина бледее, а моето богатство се зголемува" или пак не сакаат да сфатат дека жената и мажот во брак заедно го градат животот што значи заедно треба да работат. Ама има и каде не е само жената виновна за тоа, колку се и мажите спремни денес да се грижат за фамилија и да се откажат од удопствата на кои навикнале. За брак потребни се двајца, ако не влеваат еден кај друг доверба и стабилност како очекувате да не се плашат и мижејќи да скокнат во брак, бракот не е шала. А има и такви едноставно така сакаат да си живеат, да прошетаат, а шетањето остава само слики и спомени, ништо со трајна вредност.
Мислам дека најубаво кажано и правиот одговор за 80% од тако звани модерни жени ако може да се условат со модерни жени со чесни ксклучоци
Нема да се омажам додека не најдам добро ситуиран маж. Зошто ? Не сакам децата да ми страдаат и да се двојат од другите. Љубовта е минлива работа.Нема да нахрани семејство Се додека не си најдам таков маж НЕ СЕ МАЖАМ и тачка. Сега некој можеби ќе пише ами зошто ти не се потрудиш да дојдеш до пари во животов -СЕ ТРУДАМ,давам се од себе.. Ме мрзи да елаборирам.Се надевам дека ќе ја сфатите поентата .
Еве богат сум, со големо капитално наследство, нооо ти умна си?? убава??? згодна??? високо образована??? нема да ме засрамиш со било што пред другите луѓе??? аа да ии јас водам некако отворен живот, излегувам, шетам, се забавувам, на некоја луда забава можеби ќе завршам во кревет и со друга, со денови може ќе бидам отсутен од дома...ако сето ова го можеш пиши пвт да се видиме те земам за жена, нооо како што кажав внимавај да не ме засрамиш со било што, аа ти и децата ќе имате се, нема да се двоите од ништо
Може ќе најдеш таков, ама дали ќе си му единствена не знам баш . Децата ќе си ги ситуираш, ама голема е шансата да се појави и некое вонбранчно. Знаеш зошто? Затоа што во ова е**но време жени плитко размислуваат, т.е не размислуваат , се летаат по финании, а не од љубов. Не дека и оние помалце ситуирани се поарни, ама овие се побројни.
Ne se samo zenite so vakvo razmisluvanje I zelbi ,odamna I mazite Se otrakaa na ova prashanje za lagoden I luksuzen zivot...
Вистинската жена не се плаши од ништо, модерниве жени не се модерни НЕ СЕ СПОСОБНИ, една другарка што имам јајце да и кажеш да свари ќе го изгори !
Zatoa sto se otrakaa ''modrenive'' mazi i pred brak se med i mleko,od usta im tece fantazija koga raskazuvaat kako ke te sakaat,kaj ke ziveete,kolku deca ke imate. A otkako ke ti go zakaci prstenot ti ja pokazuva kujnata,spalnata i pravosmukalkata a ako nesto ne ti e jasno ti ja nosi mama da ja prasaas za da ima on sloboden tato da se zanimvaat so ozbilni maski raboti. Ete zatoa.
Модерната жена се "плаши од брак" оти нема везе од готвење, нема везе од пеглање, миење садови, чистење, чување деца, .......се плаши долгите лакирани ноктиња да не и се скршат Модерната жена се плаши од обврски Уствари јас и не познавам модерна жена што се плаши од брак, што ламотам
Еве ја сум модерна па не се плашам од брак, дури и се сметам дека баш сега сум зрела и спремна за брак и дечиња. Повеќе се плашат мажиња од модерна, назависна и образована жена, таков впечаток сум добила. Бракот не го доживувам како ропство, губење на слобода со вистинска личност би требало да биде задоволство, среќа и уживање.
Како што пишаа погоде „Жените станаа мажи, а би додала мажите станаа деца“. Јас знам многу жени кои заработуваат , издржуваат куќа дете, а мажот седи по кафани, мисли само на себе. Плус и мажите станаа материјалисти. Жените се плашат од неодговорни мажи јас мислам, од мажи кои се неверни, не знаат да сакаат итн.
Еве ке кажам за себе лично . Бидејки подобро функционирам сама . Бидејки не можам да поднесам на некој да му давам отчет. Бидејки не можам да се замарам дотолку со некој , па уште и со свекрва (тоа би завршило трагично ) Бидејки готвањето , чистењето и сл . ми се слаба страна , не би поднела секој ден тоа да го правам. Бидејки не би можела да опростам поголем проблем , навреда во афект и сл. Бидејки не би сакала животот да го трошам на други . А најмногу заради првата причина , заради што најдобро функционирам сама .
Многу искрен одговор. Ваквите како тебе им се предизвик на модерните мажи. ќе те нарекува,,душо се ќе ти ветува/нуди во брак. А во брак прво ќе ти ја покаже кујната, ќе ти ја даде мама на тел.да ти објасни како му се готват најомилените јадења(а ако не те бива ќе ти ја насели да те подучува она,а знаеш свекрва како подучува, во се она е нај нај), после ќе ти даде правосмукалка да им чистиш по дома,дека мајка му е уморна,а он маж ли е што е ако фати правосмукалка, и на крај ќе ти го покаже вц-то сите што го ползуваат дека треба и тоа да се зачисти. И креветот ќе ти објасни да му е среден за да може да си легне кога сака и кога може ако си му при рака(утепана од чистење и полумртва)да си заврши работа. Он е модерен маж и после зошто модерна/немодерна жена се плаши од брак??? (Ама не е и он крив што е толку модерен во своите сфаќања кои мама му ги втемелила уште како дете и цел живот додека таа мама ја веднела кичмата на истеите вакви захтеви на неговиот тато. ДОДЕКА ЖЕНИТЕ НЕ РАЗБЕРАТ КАКВА МОЌ ИМААТ ВО СВОИ РАЦЕ ПРЕКУ ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ ДА ОДГЛЕДААТ МОДЕРЕН МАЖ КОЈ ЗНАЕ ДА ИСЧИСТИ/ЗГОТВИ ПРИСТОЕН ОБРОК/ОДГЛЕДА ДЕТЕ САМО БАРЕМ И 1 ДЕН СЕКОГАШ ЌЕ СЕ СМЕТА ДЕКА МОДЕРНАТА ЖЕНА СЕ ПЛАШИ ОД БРАК. НАПРОТИВ СЕКОЈА ЖЕНА САКА СТАБИЛЕН БРАК СО МАЖ ШТО ЗНАЕ ДА ГРАДИ/ОДРЖУВА ДОМАЌИНСТВО ЗАЕДНО СО НЕА И ПРИ ТОА да ја сака и поштува а не се ожени нема што да ја освојува жена си)
Лично за мене си кажувам наскоро ке наполнам 27, успешна кариера, живеам сама а абер немам за мажење бидејки имам многу голем страв од тоа. Прв и најголем страв е финансиската сигурност Водам фирма и засега работата добро оди. Но кој ми гарантира во ова лудо време што ке се случи после 10 години? Јас во моментот заработувам повеќе од просечно, живеам сама без родителите и гледам дека моите примања едвај стигаат само за мене (а не сум некој трошач). Моите родители од средна класа, на мене ми овозможија се во дестството а јас се плашам дека и покрај мојата добра заработувачка на моето семејство нема да можам да му овозможам се. Овој страв уште толку дојде до израз кога се омажија моите другарки и кога сега гледам како тешко живеат без пари и како мора од се да се скусуваат и тие и децата. Едвај имаат пари за пелени а не па куќа да градат на пример. Плус таков тип на човек сум, нејкам утре задутре да му бидам на грбот на мажот да треба тој да ме издржува а да барам маж кој има пари нема никогаш да ми падне на ум. Второ е стравот од обврски Не се работи тука за дали ме мрзело една перална алишта да пуштам повеке отколку што пуштам сега. Друго е јас сега што живеам сама друго е домаќинство да водиш. Лесно е да бидеш домакинка ако имаш 8 часа работно време, но ретко која модерна жена работи само по 8 часа. Значи сите успешни модерни жени работат скоро по цел ден. Јас немам време веќе ни за хоби ни за книги читање ни за еден куп работи што порано ги правев. Ми се случува понекогаш со недели да не излезам во дискотека или на кафе. Во моментот не можам да замислам на пример да останам 10 месеци на породилно. Ке изгубам и работа и се. Плус е стравот што живееме во затуцано најзатуцано општество каде што ако жената го замоли маќот да ги измие садевите ке биде одма доживотно прогласена за мрзлива, гнасна, разгалена итн. Да, дома кај нас беше се цакум пакум ама мајка ми оди на државна работа по 5-6 саати и се враќа одморена дома а јас тој луксуз не моќам да го имам. Трето е стравот од заеднички живот Како поминува времето се повеке се научуваме да живееме сами. Мене со години никој ме нема прашано каде одам што правам и зошто тоа така го правам. И ке ми биде чудно кога ке дојде моментот. Мојот иден сопруг треба да има на почетокот челични живци да го издржи таквото мое однесување додека се навикнам на заеднички живот. Освен во мојата работа во која добро напредувам, сакам и во некои други сродни области да се дообразувам и тоа може да доведе до несогласувања во заеднишкиот живот. Како на мажот да му објаснам дека нема да купиме нова кујна затоа што парите ми требаат за постипломски студии? И како да го оставам детето дома 3 месеци а јас да одам на пример во Словенија да спремам докторат? И не, не сум воопшто себична да гледам животот да ми биде само мене убав. Баш заради тоа што сакам и на моето идно семејство да им биде убаво ова го правам за нив, за кога ке стапам во брак да не им недостига ни внимание ни пари ни среќа.
Глупости. Ако не си мажена до 22 и ако имаш кариера и други амбиции во животот значи дека се плашиш од брак. Ах бе Македонијоооооо... Не, не се плашам од брак. Одвај чекам да сум во брак со правата личност во правото време. Ако правото време ми е на 40, тогаш ќе се мажам. А на коментарите за чистење, готвење, перење нема ни да обрнам внимание оти поминаа 30тите ко се очекуваше од жената да ја носи целата одговорност за домот и семејството. Ако имам заеднички дом со некој и заеднички деца со некој, заедно ќе се грижиме за нашите заеднички работи. Толку.