Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто модерната жена се плаши од брак?

Дискусија во 'Брак' започната од innablood, 15 мај 2011.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Бракот како институција не може да те смени. Ако се смениш откако ке постанеш нечија жена, во тој случај, проблемот е во тебе, не во потписот на папир.
     
    На Dust, Abeja, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Проблемот е калапот во кој мора да се влезе, затоа што комшиите не престануваат да напињаат. Сметам дека тоа е причината за големиот број неуспешни бракови. Тоа е дел од работите кои се очекуваат од секоја индивидуа, а не секој сака да ги исполни, туку само мисли дека сака бидејќи општеството тоа ни го продава уште од најмала возраст, како имањето деца на пример.

    Domestic life секако не е условен од еден потпис, ама луѓето обично си мислат дека оттаму ќе започне, па затоа отпосле се разочаруваат.
     
    На Matotheja, Tanjamm, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Комшиите имаат многу барања, напињаат и се замараат со ептен небитни работи, пример дали пенџерето го бришеш еднаш неделно и како ги простираш гаќите, ама твоите одлуки би требало да те тангираат само тебе, зарем не?

    Општеството, исто така, има одредени очекувања од секоја една индивидуа, тука е и факултетот, бракот, куќа или стан, деца и ред други работи. Ако една личност се труди да удоволи на родителите, комшиите и општеството, тоа е нејзин пропуст.

    Не може да го обвиниме општеството или комшиите за нашите грешки и нашата неисполнетост. Е проблемот лежи во тоа што просечниот човек го прави тоа.
     
    На senjorita-v, Abeja, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    И јас истото го зборувам. Реков дека луѓето стапуваат во брак иако не сакаат бидејќи тоа се очекува од нив. Исто така реков дека ме плаши самата помисла да се претворам во таков тип човек.
     
    На WildMk, Tanjamm и Lolo5 им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека не можеш да се претвориш во нешто што не си. Небитно дали некој очекува од тебе нешто и дали ке удоволиш некому со ставање на потпис, ако ти сакаш да стапиш во брак, истиот нема да те промени.

    Нејсе, си пишала и дека бракот е дисфункционална и депресивна институција и никако не можам да се согласам со тебе. Не дека нема такви бракови, ама луѓето кои се дел од таа заедница би биле деструктивни и за себе и за општеството и во вонбрачна заедница а и како поединци.
     
    На senjorita-v, Purplelilac, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Хмм, не можеш да тврдиш дека една единка би била на исто ниво на исполнетост кога живее во репресија и кога живее слободно.

    Disclaimer за да не станат triggered сите кои се во брак на форумов: не велам дека секоја брачна заедница е репресивна, ама факт е дека еден огромен број се, а и логично е да бидат, кога се ретки тие што стапуваат во брак од вистинска желба, а не бидејќи така е редот.

    Кога бев помала, во трето одделение имавме предмет во кој имаше слики од различни животни настани (одење во школо, свадба, бременост...) и требаше хронолошки да ги подредиме.
    Ова ако не е перење мозок не знам што е.

    Затоа кажав, луѓето мислат дека сакаат да стапат во брак, очекувајќи некое значително подобрување, што потоа доведува до разочарување, фрустрации, неисполнетост... Овде се јавува таа промена врз која велиш дека бракот нема влијание.
    Океј е, и јас сакам да се преправам дека сите бракови цветаат, ама тоа е далеку од вистината.
     
    На Matotheja, Таа сум де, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  7. star83

    star83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    240
    sredinata i opkruzuvanjeto ima i ubavi strani koi treba da gi iskoristime. Ne se crno kako sto gledaat poedini mladi luge.
    Ali izgleda golem broj od mladite se vkezeni vo nekoj film, toa vazi za dvata pola, daka nikoj ne cini na svetov za da mozes da spodelis ubavi raboti. Sepak gi pocituvam odlukite i stavovite koi gi prezentiraat golem br. od ckenovite ba forumof, makar i da ne se slagam so niv. No edno ne mi e jasno, kako ke se cuvstvuva sama zena ili sam mas vo poodminati godini. Dali i togas ke se tretirame i cuvstvuvame kako moderni mazi ili moderni zeni, ili pak ke ne ubie samotijata, koe nesto doveduva i do zapaganje vo depresija i totalno razocaruvanje.
    Sto znaci smislata na zivotot ne e izbor na samotija i gledanje negativno kon drugiot. Zatoa pri takov izbor treba ubavo da se razmisli.
     
    На Amellie13 и RoseRain им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Некако мора да се живее животот, жив човек се прилагодува. Дали ти го переле мозокот дека треба да влезеш во брак, или ти го переле дека човештвото треба да се ослободи од таа институција...
    За човечкиот род е секако првото продуктивно и затоа се форсира со милениуми наназад.

    Правото на избор е едно и треба да се почитува, ама стравот би бил неоснован, најчесто производ на комплекси.
     
    Последна измена: 27 април 2018
    На star83 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ај мислења на темава...
    Некако не разбирам зошто би се плашела модерната жена од брак?
    Бракот неможе да биде исти за сите и не треба. Сите си го прават како што им одговара нив. Некои се повеќе традиционални бракови некаде полиберални.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Модерната жена не се плаши од брак, може само да одложи за понатака. Од причини што општеството е променето, така да и таа размислува и учествува во финанскискиот дел на оформување и имање семејство.

    Порано се знаело жената оди кај мажот да живее во заедница, родителите плаќаат за свадба. Мажот работи, а таа е домакинка.
    Во денешно време реткост е едно примање ( од мажот ) да биде доволна за живот. Па затоа жената заедно со партнерот прво разговараат за најосновните прашања стамбено, финансии, собираат пари за да не барат од родителите. Како што разговараат и за имање на 2ро или 3то дете. Што е мн океј според мене.
     
    На sino.o.oka, Noranora и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  11. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Се согласувам,
    Сметам дека и трева да придпнесува и она во фонансискиот дел видејќи во спрптивно ќе треба да е безгласна буква.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Не би рекла се плаши,туку дека има премногу примери од лоши и нефункционални бракови околку себе.
    Секако дека очекувањата од жената во брак се далеку поголеми отколку кога е сама.
    Имам ќерка меѓутоа никогаш не би ја притискала да го избере бракот по секоја цена само затоа што така налагаат нашите општествени стеги.
    Попрво би ја спремила да израсне во силна и независна дама која секако би била способна и за љубов, отколку дека по секоја цена треба да биде во брак.
     
    Последна измена: 5 април 2022
    На st-el, Hellobeautiful, m346 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Како да не се плаши, кога гледа околу нејзе разно-разни хорор приказни?
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.926
    Од причина што моралните вредности кај „модерниот маж“ се нарушени, па скоро непостоечки. А, ако најдеш некој така понормален (што е веќе скоро невозможна мисија) треба да го чуваш како дијамант. И затоа што „модерниот маж“ уште има навики да го переш, да му готвиш итн. А, ти да си целата жртва за се и свашта.
    И главна причина можеби што секое второ „модерно“ семејство испаѓа дисфункционално и се е фасада.
     
    На INNERBEAUTY, cresa-jagoda, Lavender4 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Мислам дека повеќе се плашат од нефункционалноста на системот и институциите кои би требало да ја заштитат доколку би и било потребно во иднина откако ќе стави автограм во матично :(
    Бидејќи реално барем кај нас на онаа жена на која што најмногу и треба помош ќе остане само како топка која ќе се префрла од една на друга институција.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Таа сум де

    Таа сум де Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    А да не зборуваме за осудувањата од општеството и вперените показалци од разно разни светци и светици дека сама си го барала (што и да е)

    Во контекст на она погоре што го кажав.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Родителите се виновни оти ги учат децата на различни навики, зависно од полот.
    Ако сите исто ги учиме, нема да 'мора' да знае женско да готви, а машко да 'не мора'.
    Карикирам.
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda, Youknow и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.700
    Допаѓања:
    174.803
    Пол:
    Женски
    Модерната и едуцирана жена апсолутно не се плаши од брак. Таа точно знае што сака во животот, каде и како го сака тоа.
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Сум пишала еднаш на темава пред 11г. ама со оглед на тоа што ги немав сите букви на тастатурата, едвај сфатив што сакал да каже писателот:tmi::D.

    Модерна жена и страв во брак не ми одат во иста реченица.

    Ако некој си има некои други ставови, желби или можеби мушички не мора да се крие под завесата модерна сум, затоа.
    Еден потпис во матично не менува ништо.
     
    На senjorita-v, Milobebence, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.931
    Пол:
    Женски
    Затоа што денес имаме поголем избор од било кога и имаме многу поразлични и повисоки критериуми. Не живееме во 1960 кога било очекувано да се омажиш на 20, да ти биде нормално насилство до одредена мера и сите обврски да се на твој грб. Значи не се работи за страв туку веќе не живееме во blissful ignorance и се добива идејата дека ние денес се плашиме, што не е точно.
     
    Последна измена: 5 април 2022
    На Guns N` Roses, WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.