1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто на некои луѓе им е полесно да најдат богат партнер, отколку нешто сами да направат?

Дискусија во 'Брак' започната од hellocity, 26 ноември 2018.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Зошто на жените им е полесно да најдат богат маж отколку тие сами да створат нешто и да бидат независни?
    Дали мислите дека таквата жена се трпе за пари и понижувања и увреди и неверства ама битно носи скапи чанти дали ги сожалувате? Јас не познавам многу такви и многу ми се антипатични.
     
    На Nightwish11, mKdevojce, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.981
    Пол:
    Женски
    Јас пак не познавам ваква жена. Сите што ги знам работат, додека не работеле, барале работа, а тие што не работат обично имаат бебенца по дома. Знам и такви со добро ситуирани дечковци и сопрузи, и тоа сеуште не им дало причина и самите да не работат.
    А познавам неколку што многу сакаат да ги оговараат сите околу себе чиниш лебот им го јадат по дома.
    И да не работи и само да купува чанти - нејзина работа. Туку колку тажен треба да ти е животот за да се убедуваш дека сигурно не е среќна и трпи се и сешто, само оти мажот и е богат. |(
     
    На Kaja991, tessie, do-re-mi и 30 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Па не знам дали им е полесно богат да најдат или да бидат независни:D(не сфаќам зошто не може и две во едно, и богат маж и они со работа, ама ај, друго е прашањево).

    Не, не мислам дека таквата(каквата се мисли сеуште немам точно дефинирано пд прашањево) се трпи за парите.

    Увреди, неверства, понижувања, ќотек итн. трпат жени од секакви будали и од најразлични причини.
    Сеедно голтари или богати.
     
    На Biljarkata, tessie, kukla21 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.419
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека сите жени бараат богати мажи, кога веќе зборуваме за богатство a не за некои обични цифри од секојдневието. Има успешни жени со цели империи позади себе кои сами ги изградиле.

    Ама по дифолт одма се оди во крајности и на тоа "мажот е полн пари, а жената нема пари за леб и е омаловажувана", нема средина, нема можност да е обратна ситуацијата, нема можност и двајцата да се успешни. Јер жените во најголем број ситуации се таргетирани како "послаб" пол.

    Затоа се уште мажите се подоминантни во бизнис сферата.
     
    На Nightwish11, SV1911, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Јас општо не почитувам луѓе што ништо не сакаат да работат, да живеат за сметка на друг и да стапуваат во брак само од материјални причини, а тоа може да се и жени и мажи. Ама ако му одговара тоа на тој што работи, нека, тие си знаат и нема што други да им се мешаат. Додуша и јас не познавам таква жена во мојава околина што си живее комотно заради богатиот маж.
    Сакам само да напоменам дека овде не спаѓаат оние жени кои немаат посебна работа туку работат по дома, како домаќинки. Тие така придонесуваат за домот, ако така ги поделиле обврските со мажот (а може да има и обратна ситуација, жената да работи некаде а мажот домаќин, иако мислам дека овде тоа ретко би било).
     
    На tessie, Cka, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sandrush12

    Sandrush12 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Јас познавам една ваква девојка што ова и е цел, да најде богат маж, вели животот ќе и бил полесен. Што знам.. Ја не се сложувам. Она си подработува, онака.. Али приоритетот и е ова, до сега сите момци и биле богаташи, али се некако неуспешно завршувале врските. Жените што го сакаат ова треба да знаат дека пари, на пари одат. Толку од мене.
    Иначе и какви мажи има што бркаат успешни жени има да се запрепастиш. Не е до полот, до мајндестот е.
     
    На Sandrin4, Lolo5 и Kitten им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.424
    Пол:
    Женски
    Можи да се случи во моментот да не работи жената или да не заработува доволно. Мажот ја изневерва и има шанси да ѝ го земи детето на суд па таа трпи дур најди подобра работа или дур нејзините се нафатат да ја поддржат и да ѝ понудат да седи кај нив, зошто ако не плаќа ќирија ќе можи да го гледа детето.

    Дали оваа жена е неспособна? Не. Дали е жртва? Да.

    Секој кој е малтретиран, изневерен и слично, безразлика како реагира на тоа, е жртва.

    Насловот иницира дека жените, кои имаат богат маж, не ни пробват да напрат нешто. Можи пробват, можи не можат, можи мажот скришно им прај сопки, можеби имаат некаков договор двајцата. Не можиме ние да ја знајме целата приказна. Лично, не можи помалку гајле да ми е ако некоја се омажи за богат со едина причина зошто е богат. Не се работи за моја среќа, за неа си гледа.

    Заклучок: ако некој има можност да не работи и подобро му е да седи дома, нека му е. Секој има избор за различни работи.
     
    На Nightwish11, Milobebence, blackwave и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Безвезе е поставена темава скроз.
    Познавам жени на кои единствена цел во животот им е да најдат богат маж и да го цедат финансиски,
    познавам и мажи со иста цел. До човекот е, нема потреба од генерализирање.
     
    На Nightwish11, TashSefton, Milobebence и 14 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Напротив душо, на жените им е многу тешко да најдат богати мажи, посебно во Мк..вошкар до вошкар....хаххахха..инаку сите сакаме да се омажиме за богаташ..затоа што сме пуфли, сакаме да трошиме пари и да се правиме важни..:rofl:
     
    На Nightwish11, Herrera, esperansa777 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.236
    Полесно е да се продадеш отколку да заработиш и да бидеш самостојна.
    Затоа.
    Секогаш се оди на линија на помал отпор.

    Ама и на некои ,,дами,, треба да им се забрани да гледаат амерички филмови:), само во тие бајки Пепелашка се мажи за принц и живее среќно до крајот на животот.

    Кај нас принцовите, ретко кој е самостоен, најчесто наследиле од таткото и главна преокупација е да го задоволи хедонизмот во себе, па ,,купува,, жени со незаситени апетити.
    Таму љубов-немеТ.
    Само интерес.
     
    На calliope, Abc07, stetoskop и 6 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да ми биде мажот богат, скроз нормално е да бараш некој успешен и богат наспроти сиромашен. Тоа не значи дека жената не сака да е независна.
    Е сега не секогаш излегува ко што сакаме.
     
    На Nightwish11, oblace1, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Квалитетни луѓе ќе се најдат на пола пат, додека некоја која се продава за матријална цел, купувачот сам по себе е теле, кој што можеби и му е лагодно да биде финансиски мазохист а на нејзе спонзоруша. * win - win *
     
    На Abc07 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    зашто мислат дека владее финансиска криза (за тие што ги мрзи да работат) а уствар не владее ако се потрудат да работат.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Наредно прашање, зошто некому му е полесно да се роди во богата куќа наместо нешто самиот да направи :D
     
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    21.026
    Пол:
    Женски
    Не им е полесно, туку така сакаат, тоа бараат, тоа им треба...
    Коа ќе ми текне дека еден така мислеше ќе ме купи, пари имал, ова имал она имал... Ама ако нема хемијаа..
    Има, има жени што се палат на тоа, и само на тоа. Пари, коли, патувања... Да бидат видени.
    Е сеа, нема кој не сака да има пари, што повеќе се разбира. Ама, ете не сакам богаташки живот, сакам да имам, доволно да не фали. А тоа не е уште многу. Таман една плата која се надевам во скоро јас ќе ја носам дома.
     
    На worrieddd и marchi-cool им се допаѓа ова.
  16. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум меѓу вакви жени па темава не ми е ама ич безвеза.

    Растени од мали со идејата дека тие се неспособни и треба да најдат маж што ќе се грижи за нив. Колку побогат, толку подобро. Тоа не е желба, единствена цел во животот е.
    Не што трпат се и сешто во брак, трпат и во врска само да не ги откачи.
    На што се не сум била сведок и од кај не сум ги збирала оти го налутила и тро така ја избркал од кола. Џабе и зворуваш, таа утре пак со него, таа мисли дека така треба.

    И точно дека има и меѓу мажите вакви ама тие само сакаат да си поминат со полесно, не се сметаат себеси за неспособни.

    Дали јас сакам богата личност до мене? Не ми менува. Дали сакам амбициозна? Дефинитивно.
     
    На WildMk, Victorian, karmenka21 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Обично имам приметено дека ваквите девојки се ''најголеми'' борци за полова рамноправност ама сепак бараат богат дечко.
     
    На Tanjamm и Mamli им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    И богата девојка може да е за полова рамноправност и да бара богат дечко.
    Не е лошо да бараш маж/жена со многу пари. Лошо е ако си со некој САМО заради парите. Јас на пример не би барала многу побогат од мене од причина што најверојатно поради финансиите би воделе различен живот. Е сега, ако се заљубам и ако се поклопам ма други полиња со некој, сигурно нема да го откачам затоа што е пребогат или пресиромашен.
     
    На WildMk и marchi-cool им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    ^ Мора да се има баланс некој. Не би била со богат само заради пари а да нема љубов и не би била со пресиромашен макар и да има љубов. Како првиот тип ги има многу и на лед толкави пари, не би сакала да сум им во кожа.
     
    На TashSefton, WildMk, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Не знам баш дали им е лесно да најдат богат маж кој што ќе го задржат. Едино ако најдат некој стар богаташ што прифаќа се.