1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто на некои луѓе им е полесно да најдат богат партнер, отколку нешто сами да направат?

Дискусија во 'Брак' започната од hellocity, 26 ноември 2018.

  1. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Затоа што на одредени персони им е потешкоо да го одат потешиот пат односно да работат за да си ги задоволат сопствените потребите и очигледно го бираат пократкиот и полесниот. Друго објаснување не би имала. Ако станува збор за спонзорки кои се како роеви во денешницава.
    Може и да станува збор за луѓе кои едноставно се сакаат а припаѓаат на различна општествена класа па стандард остаток од општество секогаш нешто додава и е порота достојна да осудува.
    Лично никогаш не би кажала судбоносно ДА на некој богаташ само заради парите, не би можела самата да се осудам секој ден да станувам покрај личност која ниедна моја душевна потреба од љубов и нежност не ја задоволува. Но радо би кажала ДА на човек кон едноставно се обидува сам нешто да направи и работи на некоја своја цел.
     
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Никад нема да признае дека ја тепа јер носи Диор. Нели, Раде од Раштак никад нема да крене рака на Драгица, јер живеат едноставен живот и едвај крпат крај со крај.
     
    На esperansa777, Someonespecial, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    И во принцип тие жени ги кријат под маска од гламур аутфит сите комплекси за себе и повеќето од нив имаат примитивно размислување, али и тоа го кријат пошо имаат како изразен и јасен став за скоро се знаат да му го возат филмот на соговорникот. Ама се преумешни во ловот на маж за да ја постигнат целта со прстен на рака.
    Се повеќе гледам како со добар секс се добиваат поклони какви ќе посакате, ме фрапира што има случаи каде мажот е свесен ама жими се се однесува како тоа е дрога без која неможе да диши. Незнам што прават тој тип жени, нити им се дивам, ама алал да им е - нема секој таква способност. Ако наидат на мекуш животот нареден и ич не им чуе бре! Валда се оној тип луѓе кои матријалното ги задоволува комплетно сите задоволства па дури и емотивните. За мене лично несфатливо. Некој тип на продавање на сама себе би го сфатила сето тоа... Изгледа се оперирани од совест за сами себе.
     
  4. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Одсекогаш постоеле ваквите идеологии, и тоа не само кај жените туку и кај мажите. Јас лично познавам многу такви луѓе, мажи и жени. И во нивниот случај ваквите ставови се врежани уште кога биле мали од страна на нивните родители, кои ги подучуваат дека треба да најдат добра прилика за да живеат убав и беспрекорен живот, да бидат задоволени со се и ништо да не им фали во животот.
    И одсекогаш било така - парите го вртат светот. Сите сакаме богата, успешна и светла иднина, но разликата е во тоа што некои сме свесни за своите способности и квалитети, за правилно искористување на нашиот потенцијал, за успехот кој што самите можиме да го постигнеме, а за возврат да уживаме со саканите во богатството кое што самите со своите раце сме го стекнале.
     
    На Heartagram му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Ти девојко знаеш која работа е да направиш богат маж да те примети, па уште и да те земе?!

    А сеа, не е битно дали на тој мажот парите му се од мама и тато, или ги украл...
     
    На Rebecca_R и Herrera им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Јас имаше школска пример, (значи јас зборувам за девојки на кои родителите им се минималци а не кои имаат империи) ја шеташе секој ден модра одеше на училиште ама битно гучи блуза носеше и наочари и на инстаграм секаде испосликана а овој ја изневерува на секој чекор и се земаа...Сите летото работевме кафич, некоја фабрика за да собереме пари за на одмор а неа дечко и ја носеше и било омаложување да работи по кафичи.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.609
    Полесно е да кренеш нозете и да викаш леле директоре колку ти е голем, отколку да работиш и да бидеш самостојна и независна. Вака ќе биде дај 100 денари за улошки, или по ново дали ми префрли на картичка, отколку да ги заработи тие 100 денари
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Јас не познавам таква жена ама сум запознала таков маж.
    Дечкото не бараше секогаш стриктно богата жена, доволно беше да има нешто од имот и да биде во ранлив период од својот живот. Тоа му беше тактика. Да го сретнете на улица мислам дека ни мрсул не би фрлиле на него, плус образование никакво, ама па човекот има дарба. И што е најинтересно сите ги запознаваше преку нет. Така една девојка ја запозна преку фб, од друг град, млада, без татко, а мајката скоро и починала од рак. Девојчето беше толку осамено и ужалостено, се блиско и драго изгубила. Ја знаев оти ми беше комшивка, а и на тој начин го запознав и него. И тој ја начека во таков ранлив период, и симна ѕвезди од небото, а неа толку многу и требаше тоа. Ја викна да живее кај него во Скопје, таа прифати и живееше кај него со неговите, и ветуваше брак. По некој месец побара од неа да го продаде станот оти наводно што ќе и бил, таа немало да се враќа да живее во родниот град. И женската го продаде, тој си ги прибра парите и стана ладен кон неа како мраз. Ја изневеруваше, бракот го одложуваше со секакви изговори. На крај ја избрка од кај него. Се врати назад во родниот град. Тетка и не сакаше да ја прибере, се скараа уште кога го продаде станот бидејќи не ја подржуваше во тоа и не и се допаѓаше тој. Живееше де кај една, де кај друга другарка, бараше работа, се додека тетка му не се сожали и ја прибра. Во меѓувреме дечкото се допишувал со некоја србинка од Австралија со две мали деца и маж. Србинката го лаже мажот дека ќе оди со децата во Србија кај мајка и. Од Србија без да каже на било кој, доаѓа во Македонија кај дечково, а децата ги остава кај мајка си во Србија. Интерпол ја бараше, бидејќи напуштање на сопстврните деца е кривично дело. Во меѓувреме дечково додека е со србинката-австралијанката на фб се избацува со дебел златен ланец со неговото име, со мотор-брзинско, па отвора и кафич. И на крај нормално ја шутнува и австралијанката. Таа се враќа кај мажот во Австралија... потоа знам имаше некоја повторно од друг град, ама што направи со неа незнам, изгубив контакт со комшивкава, а и него го немам веќе на фб. Имам само слушнато дека толку пари и имот издрпа од жени ама се профуцкал и пак е клошар што лови нова жртва.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Затоашто од мали знаат дека треба да бидат принцези,неспособни да направат ништо,и да чекаат принцот да ги спаси.Искомплкесирани и со единствена цел да најдат богат маж.Ми се гади од такви :puke: Џабе и облека,и патувања,и станови...Кога покрај себе го немаат човекот што го сакаат.Во најголем дел од случаите,третирани се како стока,ама ќутат од Гучи од себе не смее да го симнат.А и овие богативе,знат дека е лесен материјал,па ајде ќе ми исполнува задоволства.Абе изгубен свет :drunk: Некои можеби од мали немале ништо,виделе малку паричка и им светнале очињата.Ги жалам,навистина.Голем дел од нив мислат дека се безвредни и дека само така мора да живеат.На што ќе се сеќаваат кога ќе остарат? На гучи парталчето,не.Нема убав спомен тука,освен огорченост.
    А може и поинаку да е.Ако е свесна колку е способна и да земе сама да постигне нешто.Не ти треба богат маж за да си исполниш соништата.Колку се само плитки во размислувањата.Мојата личност,мојот интегритет,моето тело,не вредат ни 200 000,ни милион,ни 5 милиони евра...Бесценети се.А овие продавајќи се,си ја одредуваат цената во пари :puke:
    Сите сакаме добро ситуиран партнер,и нема ништо лошо во тоа,се додека парите не се единствена причина за да бидеме со него.Љубовта не бира,може и најсиромашен да е,ама ако го сакаш...
    За лигушот од погоре...Идиот,во секоја смисла на зборот.Тој мора да се пријави,тоа е кривично дело.
    Значи генерално и за мажи и за жени,се гадам од нив :puke:
    Никогаш не би можела да се продадам за пари,леб и сол ќе јадам,ама да бидам покрај човекот што го сакам.
     
    На hellocity му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    На форумов изгледа ГЕНЕРАЛИЗИРАЊЕ е основа односно темел на секоја отворена тема. И ако приметивте вие девојките го правите тоа. Сигурно ниту една девојка нема да прифати да биде со дечко , кој е жив голтар и нема доволно добри услови какви што вие посакувате (овде мислам на основни услови, а не на луксуз). Тоа може некој друг да лажете, ама свесни сте дека голем број од проблемите во животот на два партнери се поради немање на финансиски средства. Од тука почнува нетрпението и од тоа произлегуваат останати проблеми кои не се поврзани со финансии. Според мене партнерите треба да се трудат заедно за да ги обезбедат потребните средства. Не е важно кој колку ќе допринесе за тоа. Важен е трудот и желбата. Ова е мое најискрено мислење во поглед на темата. А самиот наслов на темата покажува колку е застапено генерализирањето, да биде уште потрагично темата е отворена од членка и покажува колку вие девојките сте оптоварени со ова прашање.
     
    На Feminka192, buba4e89, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Најголем лепотан да е во градот, ако е сиромашен и парталав, ниту една девојка нема да излезе со него..така да, потполно си во право.
     
    На Jane.Birkin, Dadusicka, Herrera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Хаха грешно сфакаш значи јас сакам да видам како другите девојки размислуваат зошто најблизок пат им е на некои да најдат дечко богат а не да го испотат газот и да се фатат за работа.Сега размисли подлабоко и пиши
     
  13. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Ти си таа која треба да размисли . Првин размисли дали ова е најважното прашање кое те мачи во животот. За овој втор дел од твојата реченица треба сама да го знаеш одговорот или јас треба да ти одговорам? И барем за крај кажи дека си во некаква дилема. Инаку што заклучи ти од сите одговори кои ги доби од останатите девојки? Зошто трчаат по богаташи?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не може да биде таков лепотан штом живее во сиромаштија. Нема услови да се среди.

    А што се однесува до поставената тема и дадените одговори, к'смет јбг. Кој го нема, ќе мрчи.
     
    Последна измена од модератор: 2 декември 2018
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Јас не генерализирам, верувам дека постојат и такви машки кои бараат богати и ситуирани жени, ама за жал јас познавам повеќе жени такви.
    Едноставно фалењето за нив е живот, каков луксузен живот живеат, каде одат на одмори и зимувања, скапа гардероба и слично
    Малку ми се мизерни, зашто они само се вадат на убавината, а убавината е пролазна. Секој ќе остаре, на секој ќе му побеле косата и ќе му се појават брчки. Карактерот е битен сум пишала многу пати, но ете...

    Ајде да си се надоврзам, еднаш ми имаше излезено видео од девојкава на јутуб и си викам дај да ѕирнам што е работа. Девојкава уствари има како онлајн курс за учење на девојки како да навлезат во елитно друштво и како да си најдат богат маж.
    Срам ми е кажам, ама имам изгледано неколку видеа. Има интересни работи да научиш за etiquette and manners, ама она суштинското е мизерија.
    Океј разбирам богат и удобен живот, ама не по секоја цена
    Значи, толку е слободна, горда на тоа што го прави, јас немам зборови
    Има идено по емисии, на live stream, female support
    Што се ти прави јутуб
    :^):worried:

    https://www.youtube.com/channel/UC1BUEiSgQP0jxI0rOsgppgg
     
    Последна измена: 1 декември 2018
  16. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Еве едно универзално прашање за девојките и за момците: Дали би биле со партнер/ка кој/а работи за некоја мизерна плата како што дел од вас ја нарекувате сумата за која работат половина од луѓето во нашава чудесна земја? И притоа вашиот партнер или вашата партнерка се убива од работа некогаш работи и по неколку смени иако има завршено високо образование мора да трпи личности кои едвај завршиле средно и станале директори и шефови и кои од некои свои побуди го казнуваат вашиот партнер или партнерка поради грешки кои не ги направиле тој/таа туку други работници. Притоа партнерот или партнерката се труди и е амбициозен односно амбициозна ама поради поставеноста на хиерархијата и начинот на кој се напредува во нашата чудесна земја не може да дојде до повисока скала во хиерархијата. Зарем би го оставиле вашиот партнер или вашата партнерка само поради тоа што не може да најде подобро работно место и не може да ги задоволи вашите желби и потреби? А немате услови да заминете во странство и да си ја пробате среќата таму. И што правиме тогаш? Зарем не разбирате дека најголем дел од проблемите започнуваат поради финансиите? Тоа е тој магичен круг од кој нема излез, а низ кој поминуваат голем број на парови во нашата земја и кои заглавуваат со кредити, ама тоа не може да им ја расипе среќата иако знаат дека финансиите се важна компонента. Уште кога ќе оформите свое семејство и ќе се трудите двајцата да ги задоволите нивните потреби и желби , нивната и вашата среќа ќе биде бенефитот од долгата и истрајна борба. Има логика нели? Ама некогаш поради тоа што го сакате и почитувате партнерот или партнерката ќе се воздржите за момент и ќе го одложите остварувањето на вашите желби и потреби. Мора да се жртвуваме за се во животот, па и за ова. Ајде со текот на годините ќе разберете како функционираат некои работи...
     
    На M.B. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    https://www.crnobelo.com/zabava/eve...-na-zrtva-vi-e-srasnata-odlepete-ja-od-kozata Еве најдов текст поврзан со темата.

    Темата има многу прашања дали ги сожалувате тие дали мислите дека се во право.. зошто? Дали се уште важи примитивното мислење дека на неа местото и е дома а не да заработува повеке и затоа трча само по мажи кои ке ја издржуваат/
     
    Последна измена од модератор: 2 декември 2018
  18. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Добро во ред е . Од тука ја доби идејата за темата, ама избегнуваш да ми одговориш на прашањата од мојот коментар кој го цитираше.
     
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    А што облеката да не го прави лепотан?
     
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Мојот одговор е да на твоите прашања. Мм работи за малку пари, некогаш и по две смени. Имаше период од една година кога работеше секој ден по две смени, тогаш бевме дечко и девојка. Нема помош од родителите никаква. И покрај тоа јас му кажав "да" кога ме побара и денес сме во брак. Јас имам далеку подобра работа од него и многу повеќе заработувам. Понекогаш ги ставам на почек моите потреби за да му помогнам него финансиски. Има периоди кога е тешко, но се држиме и успеваме, се сакаме. И да се врати назад времето, јас пак би се омажила за него.
     
    На J@cqueline, buba4e89, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.