1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто на некои луѓе им е полесно да најдат богат партнер, отколку нешто сами да направат?

Дискусија во 'Брак' започната од hellocity, 26 ноември 2018.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    А ако случајно некоја се заљуби во богат и тогаш ли пак е некоја што не сака ништо сама да направи?
    Прашања што ме мачат...
    :drunk:
     
    На buba4e89, Tan4ence, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Не е така душо ама ме мрзи да објаснувам.
    Лепота се купува и лепота се продава...
     
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Така мислиш бидејки така само површните работи за мене се купуват со пари љубов, среќа, внимание не..Што ке ти е толку богат што само еднаш месечно ке го гледаш и се ке е излезен? Дома да не ти седи? А и двајцата ако си имаат свое јас и ако имаат амбиции и пари тоа е друго ама само едниот не.
     
    На Tanjamm, stetoskop и marchi-cool им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Какви глупости сте изнапишале и тоа возрасни жени..
    Страшното е што некои од вас веќе имаат деца и од вас учат и впиваат како сунѓер, па после се чудиме зошто имаме младина полна дегенерици.
     
    На Nightwish11, KateKane, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Не ова нема врска зборам за такви на пример некоја да прашаш 19 годишна што планираш во животот и да ти каже па ке земам богат маж.. Мислам дека се е објаснето со една реченица
     
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    за таква веројатност шансите се 2% најискрено. Јас лично гледам дека скромни со скромни се наоѓаат па имаат одличен живот и богати со богати се наоѓаат и имаат совршен живот. Знам само 3 случаи каде мажи зеле богата жена и со нејзините пари лумпуваат по кафани и финансираат швалерки.
     
    На Nightwish11, Herrera и hellocity им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ако збориме за богаташ во вистинска смисла на зборот, не за некој кој е добро ситуиран, пошто натаму ја свртевте темата, многу се варате дека една обична девојка, од семејство од работничка класа, колку сака нека е убава, никогаш нема да заврши со таков.
    Богаташите не се глупи. Да се глупи и наивни, не би биле богати. :)
     
    На Nightwish11, Tanjamm, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Значи.... Ратке доби конкурент за отварање .... теми.
    Ако мислиш на оние што ги продаваат за поарен живот да имаат и од нив ти се гади-не можам да те сфатам. очигледно дур не осети чоек на своја кожа не може да знае.
    А ако мислиш на тие што зацртале ништо да не праат и мажот да ги издржува..-пак не те сфаќам. тебе фактички ти се гади од сите жени порано што биле домаќинки. баба ми баба ти прабаба ти. .. абе срам да им е.
    Секој има право на избор. Сакаш биди независна сакаш биди зависна.
    Тоа прстето многу ви покажува накај други..
     
  9. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Чист пример имам дека “Богато се омажила“ не трае засекогаш: Имам другарка - не беа сиромашни имаа и повеќе од доволно и се омажи со човек кој беше НА ОКО побогат од неа.Облечен во маркирана облека(најискрено не е некој лепотан), шетање, возење скапи коли итн... По 5 месеци од брак остана трудна и истовремено дозна дека се што има маж и и неговото семејство е под хипотека т.е имаат ненормални кредити. Невидени стресови доживеа. Изгубија се, продадоа имот, куќа , се. Неговите сега живеат под кирија, а тие исплаќаат кредити бидејќи земаа станбен кредит. И толку е од богато се омажила... парата не е стабилна и услов за сигурност. Добро е што мажот и е способен работи и заработува. Е тоа е богатство да најдеш вреден и здрав маж. И нејзините им помагаат. А за парите - ако човек не знае паметно да располага со она што го има може да го изгуби преку ноќ.
     
    Последна измена: 2 декември 2018
    На J@cqueline, marchi-cool, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Aко си богат, не значи дека не може да си скромен, едното не е спротивност на другото. Расфрлањето што сме навикнати да го гледаме околу нас ретко кога е знак на богатство, а многу почесто на еден куп коплекси, дегенеризам и препотенција. Има голема разлика.

    А насловот на темата ми алудира на тоа дека веќе си искусила дека е полесно, па сега ајде да бараме одговор зошто?
    Така што не, не сум пробала, не знам дали и колку е полесно, нит па ме интересира да дознаам. :)
     
    На J@cqueline, stetoskop, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.670
    Пол:
    Женски
    Мајка ми, господ да ми ја поживее, никогаш за никого не рекла дека е грд/да. Секогаш сите и се фини. Тие ми се највредните очи во животов.

    “Beauty is in the eye of the beholder.”
    И тоа е се што треба да се запамти.

    Патем, денеска не ти требаат многу пари за да изгледаш пристојно. И парталав човек во вистинска смисла на зборот, никогаш нема да го сретнеш, оти веројатно работи од ѕвезди до ѕвезди. И сигурно не се движи во исти кругови како тебе.
    Туку...кој има очи само за богати, сите останати ќе им изгледаат парталави.
     
    На J@cqueline, moonlight-girl.55, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Поголема иронија од тоа девојка/жена/баба or whatever да дојде на женски форум за да зборува колку жените биле површни и кај мажите им бил битен само надворешниот изглед и да не бил парталав, мислам дека нема.
    Буквално ми се гади од некои коментари и личности на форумов.

    Инаку на темата, јас не познавам такви во мојава околина. Познавам девојки/жени кои работат од наутро до вечер за да придонесат во врската или домот и притоа функционираат сосем добро со партнерот.
    Оние чии врски се распаѓаат поради финансиски проблеми за мене е многу поверојатно дека причината за распадот е многу подлабока од материјалното.
     
    На Nightwish11, smooch, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    !!!Мислењата надвор темава ви се избришани.

    Ве молам да продолжете со дискусија без кавги и навреди едни кон други
     
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Врвот е што членката @hellocity која ја отворила темата не ми одговори на прашањата , а во првата прилика се спротивстави на останатите членки. Многу сте интересни за анализирање кога ќе наидете на отпор и личност која со своите аргументи ќе ве замолчи. Инаку мене не ме чуди што членките се препираат меѓу себе. Ќе ми беше чудно да беа сложни барем околу нешто во врска со темата. Мене најинтересна појава ми беа девојките во средно и на факултет кои додека се заедно се лигават и мислиш дека се најдобри другарки, а од друга страна кога не се заедно во друштво се плукаат и оговараат. Колку пати сум слушнал како се нарекуваат со епитети од типот : к***а, кучка, грда, глупа и сл , а утредента се заедно и пак се лигават. Ама тоа не е темата сега.

    Туку што правиме ако богатиот партнер или богатата партнерка снема веќе од зелените шушки (пари)? Дали љубовта кон него/ неа ќе биде иста како и претходно? И сега некои ќе речат што јаде бурек овој шовинистот.
     
    На worrieddd и stetoskop им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кого лажете бе, чест на изузетци, но факт е дека жените сакаат богат маж, сакаат луксуз и добра егзистенција...колку и да е богата жената, пак за богат ке се подаде...сиромавиот никој не го сака...
    и ајде пак лажете дека не е така, јас на небо живеам нели!!!
     
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Некои жени си патат по сиромашниот, а спијат со богатиот, а некои жени спијат и со двајцата. Од еден зема љубов од друг пари(од филмови у реален свет не сум сретнала ваков случај ама сигурно ги има) Не знам како им успева. Ако жената сака љубов нема да се задоволи само со пари...
     
    На Tanjamm, J@cqueline, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Така е, но немаштијата го разорува бракот и ја убива љубовта...(не во секоја врска ама во 99%
     
    На Nightwish11, J@cqueline, stetoskop и 3 други им се допаѓа ова.
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Не сум сретнала паметни луѓе или пак вредни и упорни - во немаштија. А сум сретнала деца на богати луѓе кои не знаат за општа култура и за кои сигурно знам дека кога нема да им се мама и тато тука ќе потрошат се и нема да имаат ништо т.е некој попаметен ќе си земе се за себе. Секако има и такви кои се паметни и амбициозни и само го прошируваат богатството.
     
    На stetoskop и marchi-cool им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Ако ти си таква, не значи дека сите го прават истото ;)

    Не трчаме сите по пари. Јас лично повеќе сакам амбициозен маж, кој е свесен за својата вредност и се труди да стекне нешто свое. И јас се трудам заедно со него, не да се шлепам на неговиот труд. Мразам мрзливи луѓе, генерално. Мразам луѓе чиј приоритет им е само да се најадени и наспани, а семејството го ставаат после своите потреби.
     
    На Nightwish11, sparklie, Annora и 10 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Рече членката и воздивна по некој селебрити од екраните.

    Кажав. Кога богат човек ќе се погоди убав, ако сака да се истакне, нема да го фрлат во сенка некои што не можат да си ги дозволат деталите што тој може. Тој е врвот и тоа е.

    Малку повеќе отидовме офтопик, сепак.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.