1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто на некои луѓе им е полесно да најдат богат партнер, отколку нешто сами да направат?

Дискусија во 'Брак' започната од hellocity, 26 ноември 2018.

  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Повеќе би рекла да најдат богат дечко за да можат да се шетаат,шопинг и да си имаат некој спонзор,а за брак не би рекла што ке и само за парите ли да трпам дебил?
     
    На hellocity му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ако е богат/а, не значи дека е дебил.
     
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ако се родам повторно, ќе си земам богат маж...арно се вели во поговорката дека од ЉУБОВ НЕ СЕ ЖИВЕЕ:?:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    Не сакаат да се мачат вака на готово се ќе си имаат.
     
    На Tanjamm и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Пошто ги мрзи.Не сакаат да го искористат тоа што го поседуваат/знаат/имаат.
    Како беше, туѓото е послатко.
     
    На WildMk и Abc07 им се допаѓа ова.
  6. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Babe ova od tebe ne se ocekuvase :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Ги мрзи да работат. Тешко е да се работи, да гради кариера една жена со години, за да има свое, ама од свое поубаво нема. Тие луѓе што бараат богат маж немаат свое јас. Знам такви. Како што пишаа погоре, одат на работа онака, колку да не им е досадно, сите пари ги даваат за средување, само за да прилечат внимание на некој богат. Лошо. Многу лошо. Не знаеме што носи животот и мора самите да се обезбедиме, да имаме барем една работа, ако не повеќе. Тоа е минимум. Дури има и жени кои се со факултет, па им е тешко да најдат работа, оти пребираат и не се упорни во намерата да работат, па гледаат да се тупнат на некој кој има сигурна плата, за да ги издржува.
     
    На Ursi и hellocity им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Оти животот не е лесен,зависи кој како го сфаќа и го живее
     
    На Herrera, Tanjamm, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Едноставно сакаат да уживаат без да се потрудат,затоа.Ги има такви,конкретно во моето опкружување нема од тој тип „барбики“ што треба да се само убави, а од „пообичниве“, познавам само еден пример каде жената не работи, а мажот оди на две работи, она постојано потенцира дека сама чува дете,а детето веќе 8 одделение.Но, не се такви само жените, некако постојано е свртено вниманието кон осудување на жените.Има и мажи такви, чекаат на платата од жената,не мрдаат со прст да придонесат нешто,или пак дечко и девојка и тоа не мора таа да е богата,ја фаќа на финта емоции, ја заглавува со кредит, демек му требаат пари за нешто и бега.На што се е некој спремен, друг не може ни да замисли.:puke:
     
    На Dadusicka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Точно. На тоа се сведе животот. Секој овде гледа да се закачи на туѓ грб и што помалку да работи, а што повеќе да јаде, да ужива ама на туѓа сметка. Исто и во врски и во брак. Моја пријателка со години сите излегувања беа на нејзин трошок. Во смисла ајде дојди, да се видиме, за да таа троши пари за пат, а тој не. И жените и мажите го прават тоа. Кој каде и како може. Многу пресметливост, малку почит, љубов ич.
     
    На Stark, hermosa, hellocity и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Не треба да наседнуваат женските на вакви финти. Да си продаде свој стан по негово барање? За мене женско не треба да прифати нон стоп да патува до друг град за да се види со дечко. Ако е маж, нека дојде. Се почнува со малку, со ситници, а завршува со ненаситен апетит.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ова во нормален свет, е кривично дело!
    Финансиска измама е.. има патерн и може да скапи во затвор.
     
    На Tanjamm и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Знам дека е, таа сакаше да тужи, ама не е така лесно да докаже дека тој и ги потрошил парите. Особено ако си завршил на улица, без пари и работа.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Обвинителство треба само да преземи, не е за приватна тужба, пошто има повеќе од една жртва.
     
  15. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Не треба, ама ете наседнуваат. Секому може да се случи. Лалви не професионални преваранти постојат.
     
    На Ane_na_Bisera16 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Знам дека успеа да си го земе само мебелот и бела техника. А дали тоа го направи преку суд или поинаку - не знам. Исто, знам дека контакрираше со таа србинката, другарки, што се вели, станаа. Можеби тужеле заедно. Изгубив контакт со девојчето, не знам што направи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Многу лошо е ова што ја снашло девојката. Затоа треба очи 16 да се отвораат.
     
  18. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    6.547
    Пол:
    Женски
    Самото име на темата е и одговор на прашањето. Бидејќи Е полесно. И бидејќи вероватно неможат да успеат да направат ништо самите за себе, па полесно им е да си најдат богат сопруг, кој ќе им приушти се што неможат самите.
    А има такви кои не сакаат ни да се обидат.
    Како и да е, ако тоа функционира за нив и се среќни, така и нека продолжат.

    Секако, ако некој има богат партнер не значи по дифолт дека е со него поради парите. Има многу кои си работат и си се трудат како и секој друг.
     
    На WildMk, Tanjamm и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  19. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    А што па вас ве боли дали некој сам правел нешто или се омажил богато? Кој како сака така нека прави.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Па ако ги видиш сите теми на форумот на сите ке треба да пишеш а што ве боли а што ве боли незнам зошто имаш форум тогаш.
     
    На Tanjamm и Annora им се допаѓа ова.