1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто на некои луѓе им е полесно да најдат богат партнер, отколку нешто сами да направат?

Дискусија во 'Брак' започната од hellocity, 26 ноември 2018.

  1. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Затоа што не сме сите исти :) Малку ми е насловот на темата, како да мора нечиј животен избор да се објаснува/оправдува пред некого :D Секој човек, без разлика дали е маж или жена знае што сака од животот, каков живот се стреми да има и сите имаме право да живееме како што сакаме. Банално ми е да се поставува прашање зошто? Ако јас сакам да сум независна, амбициозна и жена со сопствени пари сигурно нема да ме интересира ниту да се прашувам зошто сака некоја жена да биде домаќинка и да биде дома, исто и обратно.

    А инаку, па насловот ви го дава и одговорот, затоа што е полесно :D Шала на страна, reality check е дека љубовта многу пати се става на тест кога финансиите ќе тропнат на врата, сакале ние или не, парите влијаат врз човекот на еден или на друг начин, па во тешки или богати ситуации произлегуваат многу невидени однесувања од партнерите.

    Воедно, не мора да значи ако се омажила за некој богат трпи навреди и малтретирања. Јас лично имам познаничка што ете таа не работи, мажот придонесува дома, ама пак ја држи како капка вода на дланка и искрено дури ми е мерак кога ќе ги видам. А од друга страна, имам и такво познанство, каде и двајцата работат, но таа придонесува многу повеќе и трпи навреди од сопругот (facepalm)

    Заклучок: Секакви, ама баш секакви не има и секој знае што прави :~:
     
    На Scorpiongirl12, Tanjamm, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Како прво лесно е забележително кога некоја личност трча само по пари. Пример овој тип на луѓе несакаат да ги делат сметките, очекуваат скапи подароци и сл. Па ако на некој не му смета тоа што партнерот е со него само поради финансии - нека му е со среќа.
    Како второ нема ништо полошо од тоа да се заглавите со мрзлива личност која не сака да работи па нормално е да размислувате со што партнерот се занимава и дали би опстојал заедничкиот живот. Како би живееле со некогу ако немате услови. Значи не е грев да сакате партнерот да ви биде добро ситуиран.
     
    На Tanjamm и Milobebence им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Темава ко глупа малце.

    Прво и основно, парата на пара оди, тешко дека некоја ќе најди таков будала шо ќе влезе во брачните води со неа ако и тој нема материјална корист од врската. Додуша знам два примери богат оженет со сиромашка, ама на едниот не му се сите на број, од него се можиш да очекуваш, така да, се работи за изолирани случаи.

    Друго, шо мислиш ти дека ќе постигниш сама? Не си прај филмој. За да успееш во животот на ниво на најбогатите треба да си наследила или да украдиш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
    Точно е дека пара на пара оди.

    Моите газди, богати и мажот и жената, го врзале бизнисот, си препраќаат клиенти едни на други.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би била со некој богат ако со него не сум среќна. Ми треба човек што знае да љуби. Па заедно ќе си создадеме што ни треба.

    Сите што знам дека се омажиле од ваков интерес, сите се несреќни. Парите нудат изобилство, но не усреќуваат. Од пиле млеко да имаш, ако немаш нешто душа да ти грее, не вреди. Така да, колку е полесно да најдеш богат партнер отколку нешто сам да направиш, не знам тоа, не ќе да е лесно да трпиш некој само затоа што покрај него имаш нешто материјално.
    Се' со својата цена.
     
    На Ane_na_Bisera16, Billy Idol, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
    Има убави мажи, жени кои се сиромашни.
    Убавината според мене не се купува ниту со пари, ниту со пластична хирургија, со ништо.
    Она што мајка природа го создала убаво, убаво е и во ветва облека. Ако тој човек има да се среди, ќе го надополни ефектот.
    Сум видела богати луѓе, а грди, така да што и да облечат, ништо не вреди.
     
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Оној кој одвнатре е убав и однадвор автоматски е убав. Човек кој има добро срце кој живее морално неможе да биде грд.
    Ама ако за некој голотија и шминка е убавина тоа е веќе друг случај и погоре напишаното не значи ништо во вакви случаи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Знам јас многу добро како стојат работите со светов.

    Поготово кај нас е блатантно, багра до багра.

    Мене ретко кој ми е убав. Појќето луѓе шо ми се убај се од телевизија.
     
    Последна измена од модератор: 23 април 2020
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
    За пример ќе ја земам Елена Живот со стил. Колку пари има дадено за да се среди, и пак е грда. Некои на форумот се изјаснија дека изгледа како травестит. Таа дневно колку пари дава за средување, креми, фризери, маски, јас месечно не давам толку. Што значи тоа дека сум јас грда ако не се средувам по салони или некоја друга девојка?

    Знам жени кои крема за брчки не виделе во живот, а брчки немаат. Со малку шминка и пристојна кгардероба изгледаа бомба, е на тие им се воодушевувам.

    Овие од тв даваат пари за изглед, колку што јас би потрошила за изградба на викендица пример.
    Ја гледам и Лила минатиот пат на тв, абе се обесила, крпи, закрпувај со ботокси, сепак лицето ја издава дека е веќе стара. Не е тоа тоа.

    Мајак природа што прави и убавината што Господ ти ја дал, не ја менува ниту една операција и пара.

    Кога ќе чујам газдава како пцуе или навредува некои луѓе пример, се згрозувам, и си велам во себе „кој го трпи овој, не би го трпела јас“, но веќе следната минута го знам одговорот. Пари и пари. Си ги врзале купчињата со пари и сега само им растат.
     
    Последна измена од модератор: 23 април 2020
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Абе јас преферирам природна убавина, ама со последното не се согласувам. Види ги пример Кардашијан пред да станат славни, прави травестити, денес после операциите има видно подобрување. Или Џеј Ло која пред 10 години беше остарена тетка а сега со развојот на естетската хирургија изгледа 20 години помлада и спореди ја со нејзините врснички во Македонија. Или колку шеесет годишни си видела кај нас шо можат да му парираат на Бред Пит? 0? То е ради условите ама и индивидуално до грижата е зш и во Холивуд не се сите ко него.

    Јас не реков дека ми се убај сите шо ги гледам на телевизија, туку тие шо ми се убај се претежно од телевизија. И да знаеш дека телевизијата разубавува, има некои луѓе шо ги знам лично а на тв изгледаат подобро, па можиш да замислиш тек оние шо ти се грди на тв во живо какви се :rofl:
    А Елена живото со стил немам појма која е, лол
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.084
    Допаѓања:
    11.232
     
  12. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Затоа што се мрзливи,неспособни,дебилни паразити.
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Значи никој нема вечно 20 да има. Некој можи бил убав на 25 но на 50 не е истиот и си бара константна нега.

    А то дека биле посупер нашите тетки од Џенифер Лопез можи да се вкусови во прашање ама јас немам видено 50 годишна секс- бомба околу, такви само на телевизија има.
     
    На Tanjamm и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Абе не е дека нема кај нас. Само што кога ќе ја видиш не ти ни паѓа на ум дека има над 40 а таа уствари скоро 50.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Јас секој можам да познаам колку години има и ми се чудат како погодувам, а јас им се чудам на нив зошто не им е јасно. Кај секого има линии шо го издаваат.

    И според мене сурово но вистинито, младост е младост, после не е тоа тоа и не може да биде. Може само да се закрпува (не се согласувам со Тања дека не може)
     
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Дури и во самиот наслов е наведено на НЕКОИ луѓе. Полемики може да имаме на темава милион. Причини може да се 10000 исто. Не е глобална работа. И во моја средина немам такви случаеви можеби од причина што не се дружам со богаташи :?:.
    Јас можам да си кажам за себе само. Никогаш не би се довела во ситуација да зависам од маж, дечко. Фала Богу имам мозок и некое ниво на образование и можам да се вработам да си земам некој денар.
    Работата наведена во насловот е... Несигурна. Може денес да е се убаво, а утре партнерот да се шекне и да те остави на улица како партал.
    Причини ги има милион. Дали поради парите, дали од што се мрзливи, дали од што сакаат да избегаат од домашни проблеми, дали од одмазда итн.
     
    На Tanjamm и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    Не можеш да споредуваш светски познати личности на кои цел живот единствена работа им била, диети, одржување, нега и третмани со просечни личности од Македонија.

    И кога сме веќе кај годините, можеби ретко, но сепак има и кај нас, доста задржани личности.
    Во ресторан до наша маса, жена славеше 50ти роденден, ако не ја видов бројката на тортата, ќе мислев е 35, макс. 40 години.
     
    На Tanjamm и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Истото и го пишував на членката дека не се споредуваат телевизиските ѕвезди со просечните луѓе околу нас, така да погрешна личност цитираш, не ми кажувај мене.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    11.357
    Пол:
    Женски
    Океј, тогаш препточитај го вториот дел.
    Дека може сепак да има и секс-бомби на 50 години и кај нас.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    А како ко нели не се споредуваат просечните луѓе со Џенифер Лопез?

    Според мене нема. Не сум видела шо значи нема а веројатно е до вкусот зш истите луѓе се во државава.