Зошто не можам да бидам среќна?

Дискусија во 'Психологија' започната од bile-jana, 28 јули 2011.

  1. bile-jana

    bile-jana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Долго време мислев дали да се зачленам и да го кажам мојот проблем,но безизлезната ситуација од мојот живот ме натера да побарам совет од вас.
    Сакам да знам кој е мојот проблем зошто не можам да бидам среќна како и сите други таа лоша карма ме следи насекаде....Животот ми е хаос а што е најстрашно немам апсолутно никој за да кажам што ми се случува ;(
    Кога бев мала бев една од омилените меѓу другарките,имав се и често идеа кај мене дома да си играме тоа беше убаво,но како што растев другарките исчезнаа не бев јас виновна што моите имаат и што сакаат најдобро за своето дете,знам ќе си помислите одма разгалена цура која ги омаловажува сите-баш напротив не бев воопшто таква се дружев со сите,му помагав на сите,ама љубомората беше посилна од нив,ми се има десено другарки со кои сме биле заедно вечерта другиот ден да не ми направат муабет а зошто се прашувам која е причината што толку ме мразат ми завидуваат?Не сум јас единствена која е добро ситуирана има многу други кои се поубави побогати некои кои имаат се,можеби ќе помислите карактерно сум слаба но не е точно поблиските што ме знаат се восхитуваат на тоа колку сум добра што не ги потценувам другите не зборам за никој лошо зад грб,и пак ме мразат,за жал немам ниту една другарка-Стварно не знам што е проблемот како еден ден да се разбудив и сите да ме заборавија,ги има само оние цинички кретенски погледи и ништо друго...

    Кога дојде време да си фаќаме дечковци јас не можев дечко да фатам,ми се пуштаа најаките типци во тоа време и кога ќе ми станеше некој дечко па луѓе не сте свесни што правеа,ми се закануваа него му се пуштаа беше хаос невиден и во таа детска љубов кој би издржал ваква врска.Беа среќни да ме гледаат сама,несреќна....

    Кога го завршив факултетот одма најдов работа на убава позиција,но бев принудена да дадам сама оставка.Тие тортури кои ги преживував не пожелувам на никој да му се десат.Воопшто немав контакт со никој,пробував да се зближам ама тоа беше невозможна мисија,уште првиот ден кога започнав со работа вработените,да кажам тие што се на појака позиција дека живеат со моите и често ми викаа да ги поздравам моите овие збеснуваа и се однесуваа како да не постојам.
    Некој ќе кажи дека не се живее за народот ама не е така,факт е дека не можиш сам да успееш во ништо,дека ти треба некој што ќе биде покрај тебе..

    Засега го имам само мојот дечко кој е замисла на сето она што тие посакува да завршам со некој како што е тој,но го сакам и покрај се без разлика што воопшто не ме ни сваќа,не ме ни разбира...

    Се надевам дека некако ви ја доловив ситуацијата во која се чуствувам,извинете што објаснувањето беше долго но за да ме сватите подобро и да ми дадете корисни совети.Поздрав :*
     
  2. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Кој е мојот проблем???

    Неколку пати го читав твојот пост и искрено не знам каков коментар да ти пишам, а да ти помогнам.
    Ти пиша дека си добро финансиски ситуирана. Тргнувајќи од себе, прво би помислила дека си во ваква состојба затоа што си воображена, арогантна, ги потценуваш другите. Но, ти наведе дека ти не си таква особа. Тогаш, единствена причина би ја навела љубомората. Се разбира, другарките ти љубоморат на тоа што можеш да луксузираш, да живееш поопуштен живот, да купуваш поскапа гардероба...Понатаму, секој твој успех тие го препишуваат на твојата материјална состојба. Го знаеш нашиот менталитет, а таа го заврши факсот со пари, а татко и е јак па ја вработи...едноставно, на злите јазици никогаш не им е доста од зборување. Истото ти се случува и на работа. Колегите ти љубоморат што се познаваш со претпоставените, па мислат тоа ќе го искористиш за да напредуваш, а тие одамна се таму и ќе им го земеш она што тие го чекаат одамна.
    Мој совет ти е, да си останеш онаква каква што си...со оглед на финансиската состојба - прибрана, да не ги потценуваш другите, искрена, природна, и се ќе си дојде на свое место. Ќе се најдат личносто кои ќе те проценат подобро и ќе те почитуваат. На крај едноставно, подобро сама отколку со лицемерни и користољубиви особи околу тебе.
    Позз и се најубаво, главата горе и не се секирај :*
     
    На Lana del Rey, palavoto.devojce, LittleDevil и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bile-jana

    bile-jana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Кој е мојот проблем???

    Знам дека е така се нервирам што луѓето само едно нешто ги интересира-материјалните работи,можеби помагаат во одредени работи што можат да се купат,но денес се изгуби човечноста кај луѓето,се направија поделби тој има-јас немам и оп омраза,искрено завидувам на пријателствата кои ги имале нашите родители кои траат до ден денес,а сега во наше време секој живее со некого од корист секој зад грб се збора.Не знам како делувам по тоа што го напишав,не сакав да звучам како некоја уфилмана шмизла ама сакав поубаво да објаснам и да наведам од кои работи луѓето ме мразат,и еве еден конкретн пример дека не ги делам луѓето дечко ми има поубав живот посреќен иако е слаб финансиски,значи не е се до парите.Ама 21 век сме секој те гази ако си нешто повеќе,ако си подобар од него за тој да може да успее,никој со никој нејќе да се види.Катастрофа :x
    Фала многу на советот woow :*
     
    На woow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Кој е мојот проблем???

    Животот носи и убави и лоши денови. Твое е да гледаш на позитивната страна и да знаеш дека ќе биде подобро, мора да биде.
    Јас би те советувала да останеш каква што си, верувај дека ќе се најде некој што ќе те цени, баш онаква каква што си ти и без преправање, твојот карактер и сите добри и лоши особини. Биди отворена, насмеана и спремна да помогнеш, и успехот на било кое после нема да изостане. Животот е како огледало-ако му се насмевнеш ти и тој ќе ти врати со насмевка, а тоа што е твое ќе си дојде. Се најдобро! :*
     
    На bile-jana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Кој е мојот проблем???

    По ова што го прочитав јасно е дека сеуште не си ги запознала личностите кои што те почитуваат поради тоа што си а не поради она што го имаш и затоа се чувствуваш лошо но сепак ќе кажам дека сеуште постојат луѓе кои се со добро срце,добра намера и не им завидуваат на своите пријатели туку се радуваат на нивните успеси исто како да тие се нивни.Остани таква како што си нема што да се менуваш и сигурно дека ќе запознаеш друштво што ќе ти одговара откако ќе те проценат подобро бидејќи они што се искрени и добри пријатели сакаат покрај себе исто така добра личност без преправања и лицемерства а ти си таква.
    Поздрав :)
     
    На bile-jana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bile-jana

    bile-jana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Кој е мојот проблем???

    Можеби би ги ставила на игнор сите оние кои не ме ценат каква што сум-карактерно,туку пресудуваат одма пред да те запознаат,но сепак на моменти се чуствувам многу осамено имам потреба во најтешките моменти да бидам со некој.

    Мојот проблем не завршува само тука,ме мачи и мојот дечко не знам што да правам со него,го сакам премногу ама за мене нема воопшто време,го прифатив со сите мани но него најбитно му е да има леп провод,пијање и другарите,а јас седам дома кога тој шета,бидејќи немам со кого :( Се плашам доколку го напуштам дека ќе останам потполно сама,но не сум среќна со него,бидејќи не ми пружил чуство дека сум сакана,не сум се почуствувала како негова девојка.Се потрудив да го сменам да направам од него подобар човек,но тој што си е таков не се менува.Знам дека иднината со ваков човек е невозможна.Тој ќе си шета ќе се враќа дома до касно,а и неговото пијање е насилно.Не знам што да правам стварно го сакам премногу ама со него сум ја запознала само лошата страна од љубовта...
     
    На Saxobeat му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    99
    Кој е мојот проблем???

    Во иста ситуација сум :(
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Кој е мојот проблем???

    Тие имаар проблем душо не ти. Тие не можат да се помират со фактот дека ти си подобра од нив дека имаш дечко што те сака и дека си успеала повеќе во животот. Игнорирај ги и поминувај повеќе време со дечкото со фамилијата и луѓе кои стварно те сакаат :*
     
    На Lana del Rey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Кој е мојот проблем???

    Го прочитав твојот нов статус. Што се однесува до твојот дечко, би ти советувала да му кажеш искрено што ти смета за да се поправи малку. Никогаш нема целосно да се смени (луѓето се менуваат надворешно, но никогаш карактерно), но ако му значиш и сака да те задржи, ќе се обиде малку да се подобри во неговото однесување. Доколку си продолжи со истото, бегај од него. Не е ни прв ни последен, а ти заслужуваш многу повеќе и многу подобро.
    Искрено, тебе ти треба голема самодоверба. Треба да сватиш дека вредиш многу и никој не е повреден од тебе. Треба да научиш да се сакаш и да не дозволиш да потклекнуваш на притисокот од околината дека ти имаш проблем, проблемот е кај другите, не знаат да ценат. Сакај се самата себеси, ќе те сакаат и другите. Цени се самата себеси, ќе те ценат и другите. Верувај, таму некаде е твојата убава иднина. Не си го губи времето со лузери (и другарки и дечковци), насочи се кон оние што ќе те ценат и почитуваат. Главата горе и размислувај трезвено со ум за секоја ситуација. Има милион луѓе кои ќе те проценат исправно, само треба да ги запознаеш. Животот е пред тебе, а после дождот доаќа сонце.
    Се најубаво и уживај во животот без непотребни нервози... :* :* :*
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bile-jana

    bile-jana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Фала на сите за искрените совети,ме интересира дали модераторите имаат пристап до нашите профили,бидејќи темата ми беше со друг наслов а сега гледам дека е сменет??? :?: :*
     
  11. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    модераторите можат да ги менуваат насловите на темите кои ние ги отвораме.. :)

    Иначе советче од мене...
    Дечко ти не те заслужува ...Како шо кажа една феминка погоре,треба да се цениш повеќе за да те ценат и другите....Зошто да бидиш со некој кој освен шо не те прави среќна,не те разбира,па дури и се однесува насилно после пијанчење :^) Си имала се во животот,а заради другарките и дечкото си уништила.. :|
    Болно е знам,да се одалечиш од личност која ти значи се во животот,но верувај за твое добро би било подобро да го избришиш него ,а воедно и нив од твојот живот....И верувај дека постојат вистински личности,затоа што само ако веруваш ,ќе ги пронајдиш :)

    Како и да е,јас сум тука секогаш ...Доколку се осеќаш осамено пиши ми и ке се обидам да помогнам ;) :*
    Бидејќи знам како е кога немаш со кој да разговараш кога ти е најтешко . :)
     
    На Lana del Rey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tatjanceto

    tatjanceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    zatoa sto mn se trudime da sme srekni treba da se zadovolime so mali nesta posle se po red
     
  13. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Моѓам да се пронајдам и јас тука до некаде , само што финансиски и не сум многу добра .. а ми љубоморат сите женски , симпатична сум и убаво се облекувам , се обидувам да се доближам на луѓето и оп другиот ден се различни , ме игнорираат ..... ;( денес е тешко да се најде вистински пријател ама јас па никаков немам освен дечко ми кој ми е се .... и родител и другар
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    99.873
    Пол:
    Женски
    Зошто не можам да бидам среќна? Па сигурно затоа што сето тоа е живот,малку среќа,малку тага,малку период во кој не се случува ништо...така е барем кај мене.А кога се случува тогаш е турбулентно,и многу проблеми ми излегле на површина затоа што ме водеше мојата луда глава.Во мојот живот постоењето на проблемите е неизбежно,а тоа води кон она чувство дека јас не можам да бидам среќна.Имало моменти кога сум била блиску до среќата,кога се случуваат нови убави работи.Ама исто така сум била свесна ,ништо не трае засекогаш.И секогаш ме јадеше нешто одвнатре нешто лошо ќе се случи.И да се случија 2 работи кои ме исфрлија од колосек,кога не знаев зошто живеам,кога тонев.И тоа ми остави последици и ден денес.Се надевам кругот е затворен со најлошите работи и тука не мислам на оние секојдневни од типот проблеми со состојбата на маж ми.И така малку радост ,малку тага, па се во круг.Зашто на никого не му гори свеќата до сабајле.

    Во оние моменти кога сум била среќна ми се чини не го допирав тлото,а имаше и моменти исполнети со тага ,чемер.А сега сум во некој чуден период,не сакам да си отежнувам со размислувањата од типот а зошто??И не размислувам зошто не можам да сум постојано среќна .Не сакам да си отежнувам.Среќата е променлива категорија и тука нема опуштање.Туку ако го фатиш тој момент држи го цврсто зашто утре е нов ден и не знаеш што носи .Не планирам да бидам среќна овој месец,туку ми е важен само овој ден.Зашто големите планови не се за мене..
     
    На DELFIN-15, julie77 и Abeja им се допаѓа ова.
  15. teat

    teat Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Леле се наоѓам во потполна иста ситуација како profil/bile-jana/ bile-jana.Навистина не ми се верува но,потполно исто како да сме една личност ама има една мала разлика а, тоа е јас сум уште поосамена немам ни дечко.Незнам зошто, не е да сум грда мн ми имат кажано дека сум убава и се чудат кога ке слушнат дека сум сам- не е ова фалење до сега никогаш и не сум кажала дека сум убава не сум нарцисоидна личност.Но ,замене нема спас секогаш ке сум осамена и тажна
     
  16. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Во слична ситуација сме.Подобра сама него со такви :)
    И не се замарај се ќе се среди :)
     
    На teat му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.618
    Допаѓања:
    8.985
    Пол:
    Женски
    Многу причини кои самата си ги создавам,мојата гордост,способноста сама да се уништувам за да им угодам на другите,заради љубовта кон личноста која најмногу ме повреди и ме остави со скршено срце кое не се лекува,и заради тоа што токму ТОЈ кој ме унесреќи е мојата најголемата причина за СРЕЌА,затоа што еден негов поглед ме потсеќа што значи вистински да се чувствуваш ЖИВА :makeup:
     
  18. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Не знам дали ќе се најде некој како мене, или некој барем да ми каже зошто имам проблем да почувствувам среќа. Не можам да се сетам кога последен пат сум се израдувала срцето да ми растрепери. Ниту кога дипломирав, ниту кога магистрирав, ниту кога се преселивме со моите во прекрасна населба во куќа со преубав двор, ниту кога ме побара мм за жена, ниту кога се вработив, ниту кога ќе добијам награда на работа.. се е убаво, убаво се чувствувам во тие моменти, но не можам да го добијам она чувство „да заплачеш од среќа“... :( Имам се што ми е потребно, а и можеби повеќе од тоа, а пак немам чувство на среќа и радост. Се е супер, здрави, прави, родители супер, пријателки, супер сопруг, убава работа... Да не ме сфатите погрешно, не сум депресивна ни ништо слично ниту приближно до тоа. Само не можам да го почувствувам она среќа-да ти заигра срцето, да ти се наполнат очите со солзи од среќа во моменти во кои тоа треба да се осети.. Мислења?
     
  19. teat

    teat Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
     
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Одговорот е во сите нас што го имаме тоа чуство,кога неможеме да го најдеме во сево ова горе наведеново тогаш запрашај се што тебе те прави срекна и потрудисе себе си да се направиш срекна,понекогаш успева............верувај мое мислење е дека не си исполнета целосно поточно не го добиваш она што си го заслужила,ако грешам слободно поправиме,познато ми е ова чуство,понекогаш се чуствувам како дух нема ништо во мене,а што е најсмешно секогаш сум насмеана копнежот за среќа
    некаде е заклучен-заборавена е шифрата