Затоа што е подобро да бидеш сам/а отколку во лош брак и да се бориш за развод оти не ти дава. Затоа што е подобро да не си родител отколку да имаш дете и да му го правиш животот пекол оти ти ја немаш надминато твојата траума.
Зошто тоа донесе 21 век .А јас кога би бирала би имала само негово дете ,од првиот мој дечко и брак со него но доколку и тој го сака тоа . Зошто не:не сакам да имам деца,ми здосади од сексуални односи одамна ,зошто тој што го сакав ме остави ,зошто бев во врска без љубов со друг,зошто се е ионака привремено и зошто сум многу слободоумна ,современа .
Си се разочарала од љубовта, ама тоа не значи дека не треба да имаш деца. Не мисли така, може ќе ти се посреќи со некој што ќе се заљубиш пак.
Затоа што не сум нашла некој по моите критериуми. Бракот не е компромис и нешто што се мора, туку желба и заедништво.
Гледам дека се активирала пак темава, па еве ќе пишам моментално која е причината за мене што сум во брак без деца. Не сакам да имаме деца бидејки сме скрос сами на себе и не би имало кој да ги причува ако ни е потребно за нешто итно. Имаме 0 поддршка. Тоа би значело едниот од нас да се откаже од кариера, а со еден приход со дете не се живее, особено не во глобалната економска криза моментално. Тоа можат само тие "trad wifes" на тик ток што млатат причи. Да, градинка кога ќе потпорасне, а што до тогаш? А дури и да е во градинка, што после 3-4 попладне? Јас работам со клиенти од различни временски зони. А не би можела да се ослонувам на маж ми во секој момент, бидејки, GUESS WHAT, на грб има мајка со здравствени проблеми и треба да оди кај нејзе да и помага секој втор ден. Дали да се грижи за мајка му попрво или за децата? Сега за сега буквално не гледам излез и алтернатива и дури и да имаме желба за деца, едноставно не е возможно. А и искрено кога ќе помислам на што би не чекало ако имаме дете во ваква безизлезна ситуација, цревата ми се превртуваат, и секоја желба што некогаш сум ја имала ми згаснува.
Ако е тоа причината еве јас да те охрабрам. И ние сме скрос ама скрос без никој во близина. Ниту братучед, а најблиските илјадници километри. Научивме од сам почеток жонглираме, јас се откажав од кариера, дома сум. Кај нас мора така затоа што мм е често на пат и таква му е работата. Е сега и јас да работев ќе земав 500 евра плата ама тогаш тој ќе седеше дома и ќе бевме во загуба многу повеќе,затоа што зема поприлично повеќе од мене. Детето ми е сега поголемо на школо оди ама пак мора некој да има дома, плус далеку му е школото и мора некако баланс да се најде. На почеток е тешко ама после влегуваш во шема. Од оваа причина имам страв за второ, покрај другите причини. Не за друго, еден вирус да не фати нема кој да не потпомогне не барам чување и слично, ама се снаога човек. Не знам колку те утешив или повеќе исплашив
Фала ти! Не ме исплаши без гајле, свесна сум скрос што би ме чекало и ние сме далеку од секаква фамилија буквално никој немаме. Знам дека единствен начин би било едниот да се откаже од кариера, зошто не сме мултимилионери за фул тајм дадилка, а тоа знам нема да се деси, ни едниот ни другиот би се откажал, така да ќе треба да си седнеме сериозен муабет да си направиме за приоритети. Само некогаш онака си седам и ме фаќа смеа како уопште сме можеле кога се земавме да правиме фантазии дека ќе имаме минимум 3 деца, па и имиња како би ни се викале, а сеа ни на едно не можеме да се наканиме. Сега ни еден кактус не можам да исчувам ми се суши. Најмногу ме плаши тоа што кога си замислувам такво сценарио ако останеме без деца, онака океј се осеќам, смирено и ноншалантно. Повеќе ни рандом baby fever немам. А имало времиња порано кога стварно сум сакала.
Ехх јас бев сигурна дека 3 деца ќе имам, ама сега Покрај финансии, мислам дека психички не се справувам добро кога дете се разболи, што е нормално, составен дел од животот е да се разболи човек. Паника на најјако, и правам уште полошо да се чувствувам. Можеби додека не ја согледаме реално ситуацијата, и како помлади друго е. Јас никогаш немаше да речам, јас дома ќе седам, јас дома дете да чувам постојано, нема шанси!! Бремена со 16кг плус одев секој ден на работа по 10 часа освен недела.Ама сега не ми е тешко што седам, напротив, сите обврски гледам да ги ускладам со мм, за заедно да функционираме затоа што и пари требаат а и време заедно да поминиме. Не е страшно човек да нема желба за деца, пострашно е да имаме а да не сме сакале. Не се криви децата да страдаат потоа. Мислам дека се во свое време, можеби сега така се чувствуваш, а и ништо лошо нема од тоа што го сакаш. Само прави го она што те прави среќна. Секако вие двајца ќе си најдете најубаво решение