1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто постоиме?

Дискусија во 'Психологија' започната од Xepp, 1 февруари 2013.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Може и насловот не ми е на место, ама ете бев инспирирана од една песна, поточно од текстот :)
    http://www.youtube.com/watch?v=1Q3giEEuESk
    Само што заврши едно прекрасно зајдисонце, пропратено со песнава. Додека уживав во ритмот, не внимавав на текстот. Кога ја вратив повторно си реков чекај бе, зошто постоиме? Која е целта на сето тоа, на прекрасното оревово дрво кај комшијата, на сите минувачи по улицата, на зградава, на сонцето, на зајдисонцето... На се! Која е целта на постоењето? На осудувањето? На сакањето и навредата? На тагата... Која е целта, кој е создавател на сето ова? Зошто постои сето ова? Која е причината? Сте се запрашале ли некогаш?
    Или можеби одговорот на тајната се крие некаде длабоко во секој од нас, само што начинот на живеење, брзото темпо на живот, ни ги затвора очите и ушите? Зошто постојано се трудиме да бидеме најдобри, да успееме, да создадеме нешто што ќе остане, а всушност во заблуда сме. Ништо не е вечно, се е минливо. Тогаш зошто постојано се трудиме и ги забораваме најблиските, оние кои ни значат. И зошто воопшто постојат тие во нашите животи. Зошто постои сето ова? Зошто некои страдаат, а други се мачат во глад, не по нивна вина? ;(
    Зошто се делиме, зошто сме различни, а сепак толку исти. Премногу зошто.Зошто умираме? Зошто кога ќе изгубиме некој подоцна ја сфаќаме неговата вредност. Зошто живееме? Зошто толку многу се трудиме кога еден ден сите ќе не снема? Која е поентава на постоењето. И кога сите сме толку исти, зошто постојано правиме да страдаат невините, да се делиме и омаловажуваме?
    Незнам... премногу прашања ми се вртат во глава во последно време.
    Знам дека темава ќе ја шутнете во канта, или нема да има доволно дискусија на темава. Како и да е, морав ова да го споделам со вас и да видам како вие гледате на работите. Зошто постоиме? Која е целта?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Може и ликовите од видео-игрите се прашуваат истово...
     
    На Shortie, Hipster и pamelche им се допаѓа ова.
  3. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    се раѓаме.... живееме да страдаме.... и на крај умираме за некој нјаверојатно да страда за нас!
    толку!
     
    На GossupGirlxoxo и hrcace им се допаѓа ова.
  4. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Многу тешко и длабоко прашање. Мислам дека ние, човечките суштества неможеме ова да го одговориме. Еден ден со Бог сите ќе се сретнеме, па прашај го. Колку и да звучи лудо, така е...
    Во меѓувреме, додека да испариме од Земјава, треба да го иживееме животот онака како што го чувствуваме. Јас верувам дека Бог ни дава напор на телото, онолку колку што тоа може да изджи. Затоа издржав толку многу ситуација, затоа што секогаш ме водеше таа мисла.
    Сакам да кажам дека треба да го давадеме максимот од телото, и највеќе од умот. Сигурна сум дека Бог мислел на тоа колку и што можеме. Најпогрешно е да се мисли дека сме born to die, тоа само некој тежок песимист може да го каже, не и реалист.
     
    На mesecar и Shortie им се допаѓа ова.
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Постоиме за да живееме...А како живееме? Со страдање?
    Постоиме за еден ден да умриме и некои други да страдаат поради тоа што не изгубиле!
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Некои прашања едноставно немаат одговор ;)
     
    На Lotus-14 и mileystar им се допаѓа ова.
  7. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Постоиме за да ја увидиме и доживееме убавината на овој неверојатен свет ! некои ќе се налутат ќе речат не е само убавина , но без дожд нема виножито нели ? Постоиме за да се исградиме и на овој свет да му понудиме малку од нашата единственост. Малку да пролееме солзи, малку да се порадуваме, да пробаме од се што ни се нуди....It takes a lifetime to die-ова го сретнав скоро.... да го искористиме овој лајфтајм максимално :*
     
    На anna.tesoro му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    За да се размножуваме. ;)
     
    На Hipica и feminium им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.629
    Пол:
    Женски
    Репродукција. Колку да опстане човечкиот вид... а причината за тоа е непозната :)
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    За да уживаме-зато не се замарајте со ненеопходни прашања ;) :*
     
    На CocoChannel, maravillosa, CoverGirl10 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.081
    Допаѓања:
    11.224
    Да оставиме нешто зад себе, да родиме деца, да иградиме куќа, да создаваме за општеството, да има трага после нас. Убаво е човек да биде запаметен по нешто.
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    Репродукција е токму таа која ќе го уништи човештвото и тоа многу побрзо од што сите се надеваат...
     
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Секое зошто, има свое затоа :) .
    „...бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен... „
    Кратко и јасно, нашата цел во животот, зошто постоиме и зошто живееме.

    Кога Бог го создаде Адам по својот образ и „подобие„ тој беше совршен. Истото беше и со нашата прародителка Ева. Како Адам, така и таа беше совршена, света.
    Кратко објаснато, подобието претставува онаа духовна состојба на човечкото битие кое не живее само телесно, туку духовно. Односно, Бог е во него. Затоа и на многу наврати во Евангелието е напоменат тој факт, дека Бог е во нас.
    Тоа е нашата цел, но ние сеуште додека живееме и од старт, ја немаме таа благодат, Светиот Дух што Господ Исус Христос му го даде на апостолите. Го имаме само кратко кога се крштеваме, но понатаму нашите гревови го бркаат. Затоа ние треба многу да се подвизуваме и со нашиот скромен живот да го добиеме тоа.

    Основата на тоа е само Љубовта. Кога ние како живи битија го возљубиме Бог, а потоа и ближниот како себе си (двете главни Божји заповеди), Бог ќе се всели во нас. Без неа сме ништо и сме потполно празни. А кога неа би ја стекнале како добродетел, ние сите ќе ги љубиме, нема да ги повредуваме, ќе им помагаме, најважно нема да се гордееме. Само така ќе се победи коренот на гревот - гордоста, од која падна и најубавиот и најблискиот архангел до Бог и стана ангел на темнината.

    Од љубов Бог е Света Троица, од љубов Бог дојде на земјата, од љубов Тој се жртвуваше и ја пролеа крвта за нас, од љубов се предаде на сите кои го сакаат и од љубов секогаш е во секое срце кое е чисто.
    Најдобар одговор за неа дарил светиот апостол Павле. Ако ја научиме и практикуваме, ќе го имаме Бог - Љубовта .
    „ ...1. Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
    2. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера што и планини да поместувам, ако љубов немам, ништо не сум.
    3. И да го раздадам целиот свој имот , да позволам телото да ми изгори - штом љубов немам, ништо не ми користи.
    4. Љубовта е долготрпелива , полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее.
    5. не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло,
    6. на неправда не се радува, а на вистина се радува.
    7. Сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува
    8. Љубовта никогаш не престанува.... „


    Доказот дека ја имаме Неа во нас, е кога целата природа ќе се покорува; целиот животински и растителен свет ќе ја слуша секоја заповед на човекот; кога човекот повторно ќе стане господар на животните и тие ќе се бојат од него, а не тој; кога со Божјото име ќе преместуваме планини; кога ќе чекориме по вода како по суво; кога ќе бидеме смирени, трпеливи и кога ќе го завртиме и другиот образ на непријателот; кога со Божјото име ќе се покорува дури и мрачниот свет и ќе го напушта секое тело во кое живее... само тогаш кога ќе можеме со Божја помош тоа да го твориме, тогаш сме достигнале совршенство.
    Нажалост, се ова некако ни изгледа недостижно, но ако малку се потрудиме да бидеме ЛУЃЕ во вистинската смисла на зборот, Бог се тоа ќе го дари. Зашто она што за луѓето е невозможно, за Бог е возможно :!: .
     
    На KittyAgnes, galapce, anna.tesoro и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Според мене, единственото нешто за тоа зошто постоиме ( инаку постиме ќе речев за малце :D ) е за да го проживееме животот, да научиме од истиот и она кое сме го научиле, со време да го примениме.Тоа според мене е целта.
     
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    За да ослабиме некое килце :)
     
    На Dennings, mackica-1 и Hipica им се допаѓа ова.
  16. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    10.085
    Прекрасно! Првпат ги слушам овие стихови и воодушевена сум, точно е ако немаш љубов немаш ништо. Човекот е единственото живо суштество што има чуства, по тоа се разликува од животните, а љубовта е најубавото нешто на светот. Човекот кој љуби е среќен. Ако не љубиш исто како да не постоиш. Многу тесно се поврзани љубовта и постоењето.
     
    На anna.tesoro, Ane.a и Serafima им се допаѓа ова.
  17. CosmoGirl

    CosmoGirl Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Колку работи би напишала на прашањево, ама - ме мрзи :D еј, чекај, сепак напишав ;)
     
  18. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Постоиме за да умреме :D а дотогаш максимално искористете го секој момент од животот.. Бидете среќни и правете ги луѓето околу вас среќни. А ако ви се случит нешто лошо бидете сигурни дека утре ќе биде пубо.. :)) pozz
     
  19. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Од секогаш см си го поставувала ова прашање...
    Има ли цел животот? :?: ....за жал, сите сме дел од напорното секојдневние, и живееме.
    Нема одговор. Најверојатно не постои одговор на ова...
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  20. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    живееме за да пополниме само некој мал дел од времето во вселената и просторот. Ние сме некако неважни, а не се знае до кога ќе преживееме :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.