Постоиме за да љубиме, да сакаме и да бидеме сакани од најблиските. Без тоа животот губи секаква смисла...
За да направиме нешто корисно за човештвото. Немора да е некој којзнае каков изум или слично. Доволно е да си хуман, да помагаш на луѓе, животни и да се грижиш за природата за да ја оствариш целта на постоењето.
За да направиме нешто корисно по што ќе бидеме памтени и откако ќе не нема. За да сакаме, да бидеме сакани.
Зошто постои правосмукалката или фрижидерот или телевизорот? Тоа најдобро можат да го кажат нивните креатори така? Епа истото е и со нас. За нас кои веруваме во Бог, таму треба да го бараме и одговорот за смислата и целта на нашето постоење. А за атеистите ова е бесмислено прашање, па дури и нелогично.
Или сме случајност, нема причина за нашето постоење, или на креаторот му било здодевно, па сите ние - живите суштества, сме учесници во некоја мешавина од реално шоу и скриена камера.
На ова прашање никој нема одговор со доказ. Една страна е дека Бог не создал нас и се околку нас, друга е дека живееме во компјутерска симулација (оваа е фаворит на научниците во последно време) и третата е дека сме настанале спонтано каде од ништо,без простор се создале 2 честички кои го создале Big bang или моментот кога се родил цел универзум. Вселената константно се шири и тоа забрзано, што значи ако го враќаме времето назад таа ќе се собира се до моментот каде сите работи (планети,ѕвезди итн.) ќе се спојат во 1 точка. Е сега размислете си како од ништо се создало се и што било пред тоа. Дали имало физички простор, време итн.. За целта, најверојатно единствена логична цел со смисла е во библијата да создаваме поколенија, друга цел е да се развиваме како личности, да твориме, создаваме и еволуираме.
Сите сме гости на овој свет па да гледаме да го поминеме животот најпозитивни и со многу љубов. Во Библијата се сите закони за животот запишани. Ама моментално живееме во време на сатаната и затоа толку катастрофи му се случуваат на човештвото.