1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто страдаме и се мачиме?

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 20 февруари 2011.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ех, душо, те сожалувам со мислењево.
    Знам неколку *научници* како тебе...ама што живот е тоа?

    Вербата и љубовта се основен темел на животот. Без љубов ќе бидеш еден обичен камен. Без љубов, читај колку книги сакаш, срцето ќе ти е камен, а егото надуено од што си начитан и паметен. Ама, само натрупано знаење...трупано, трупано од книгите...

    Кој мисли, зборува и прави лошо, нека не очекува утре цвеќиња да му цветаат. Што правиш, тоа ќе ти се врати. Така сами си ја кроиме судбината. Утре никој не ни е крив.
     
  2. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    сакам спокојјјјјјјј, несакам да страдам повеќе, Те молам....

    еден човек му рекол на на Бога: Господи се што имав ти дадов, цркви ти изградив сираци одгледав, затвореници посетував................................ и пак страдам, страдам и боледувам што да ти дадам уште............. Бог му рекол:
    - да не ти го дадов богатството немаше ништо да имаш, се даваше што е мое...... е сега дај ми го она што е само твое ........................................................
     
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.451
    Зошто го сожалуваш кога и ти го напиша истото?
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Феминки мои. Прашањето е зошто страдаме и се мачиме. Прво, интересно е тоа што девојката која ја создала темава при самиот нејзин прв пост го одговара своето прашање а останатите надолу си ја дополнуваат својата теорија и филозофија.
    Инаку животот ни бил дар од Бога, ние имавме дар да живееме вечно, да не страдаме и да не се мачиме,да не знаеме што е зло. Имавме три градини кои ни беа храна. Не постоеше срам и сме се шетале голи. Но денес е поинаку. Адам и Ева потпаднале под влијание на сатаната во облик на змија и каснале од јаболкото кое ќе ги натера да го спознаат доброто од злото. Од како го сториле забранетото,Бог ја казни жената со тоа што ќе носи живот на светот по пат на мачни болки а мажот макотрпно ќе работи за да ја нахрани својата фамилија и да создаде нешто за нив. Змијата ја казнил со тоа што ќе лази,нема да има нозе како другите животни и ќе диши прашина. А луѓето ги казнил со тоа што им го одзел вечниот живот и рајот во кој тие живееле.
    Одкако се размножиле Адам и Ева, нивните далечни потомци го користеле животот на лош начин. Затоа место да живеат по 1500 години им ги намалил по 100 години и ги уништил сите освен Нео (незнам точно како се викаше) со тоа што му рекол дека он е единствениот кој бил послушен и чесен човек. Затоа му кажал како да изгради брод за да ги спаси:неговата фамилија,неколку луѓе и од сите видови животни по едно машко и едно женско (за да може да опстои светот). Потоа се поплавил со вода и сите ги уништил а они успеале да се спасат. Затоа денес ние живееме до 70-80 ако ме сваќате што сакам да ви кажам. :)
    Според Библијата...накратко кажано.
     
    На babyane18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Првенствено заради гревот. Човекот почнува да старее со самото раѓање. Со староста си доаѓаат и проблемите. Заради гревот ги имаме и болестите, што дополнително го товарат нашиот живот.
    Потоа гревовната наша природа не прави да сме себични, алчни, завидливи, озборувачи, да ги мразиме друвите, кавгаџии, непослушни, саможиви, среброљупци, надуени, арогантни, неблагодарни, горделиви, несвети, нетрпеливи, жестоки, подложни на пороци, изветоперувачи на природата надвор од нас и во нас итн.
    Заради нашата гревовна природа и меѓучовечките односи се расипани. Значи луѓе од луѓе најмногу си патат.
    Потоа страдаме и се мачиме заради тоа што нашата планета е проколната (заради гревот на нашите прародители). Страдаме и заради влијанието на Сатаната, сите сплетки и лаги што ги пласира во светот преку духот на антихристот кој делува меѓу луѓето што застануваат на негова страна.

    Добрата вест е дека нема вечно да страдаме и да се мачиме. Наскоро страдањето и мачењето засекогаш ќе престане.

    „И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море немаше веќе. Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж. И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив, и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина. И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” “ (Откровение 21:1-5, Библијата)
     
    На Wideperpetual, Аргентина *, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Според моето мислење ние страдаме и се мачиме поради тоа што не чивееме само според инстиктот, како животните, туку поради тоа што Адам и Ева каснале од плодот на дрвото на познанието, ние за се расудуваме и одлучуваме како и што да правиме и нормално, правиме грешки. Вече човекот во неговиот живот не е во рајот, туку треба да го заслужи и ќе му се суди. Сите ние на овва земја сме дојдени со некоја цел, мисија, божја промисла. Сите ние имаме свои таланти и како во параболата за нив треба правилно да ги искористиме. Има многу правила, дадени во Библијата. И правилното воспитување и грижа за потомството е голема мисија, и кој нема дете можеби треба да направи добрина, да земе и да одгледа некое од дом, кое нема родители. Има безброј нешта искашани како правила и поуки. На неколку места сретнав дека на некој начин не можеме да ја знаеме целата божја промисла и мудрост, која ја надминува нашата И ДА НЕ ГО ИСКУШУВАМЕ гОСПОДА, И ДА НЕ СЕ ГНЕВИМЕ И ДА НЕ СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ПРОНИКНУВАМЕ ВО НЕГОВИТА ПРОМИСЛА. Важно е што повеќе да се стремиме да ги исполнуваме Божјите закони. Јас лично се воодушевувам од Откровението на Јован Богослов и интересно е за проучување. Икога ќе се земе, се е доста интересно и поучно и немам веке зборови да набројувам АМИН.
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Според некои теории, тие што страдаат на овој свет си го имаат обезбедено своето место во рајот. И јас често се прашувам зошто некои страдаат, некои дечиња такви и се раѓаат, со недостатоци и се осудени на тежок живот, тие ништо не згрешиле а сепак се казнети на овој свет. Многу нешта не можам да си ги објаснам, но сметам и дека не секоја несреќа, казна или страдање е од Бога.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ова е важно прашање и радо се навраќам на истото низ форумов со одговорите кои ги имам прочитано во духовната литература телепатски примена од Небесниот божествен свет. Имено таму по смисла е објаснето дека:

    Несреќата и страдањето се нешто неубаво, несовршено. За разлика од тоа Бог е совршенство, вечна добрина и убавина. Како може нешто што е неубаво, лошо и несовршено да доаѓа од она најдоброто, најубавото и соврешнството - Бога? Тоа е невозможно. Бог никогаш нема да казнува бидејќи не содржи во себе казна која би можел да ја испорача некому како неволја или лоша судбина.

    Токму поради тоа Исус Христос предупредувал за законот на причина и последица преку споредбата за сеењето и жнеењето, велејќи дека „Што човек сее, тоа и ќе жнее!„. Ако некој сади трња, не може да очекува јаболкници да му никнат. Многумина имаат потешкотии оваа Исусова изјава да ја разберат кога се во прашање малите деца. Та кога тие успеале да посеат некакво „семе„ за да им се случува таква жетва? Тоа може да се разбере само доколку се вклучи правилното знаење за реинкарнација, имено дека сите ние имаме повеќе животи зад себе и дека дел од тоа што во изминатите животи сме го засадиле а правовремено не сме го отстраниле преку препознавање, простување, молење за прошка и поправање може да никне на почетокот, во текот или пред крајот на овој сегашен живот.

    Добрата вест е дека ние не мораме да го истрадаме сето она што сме го сториле т.е. погрешно посеале во минатите животи, иако веќе не се ни сеќаваме на нив. Доколку се трудиме да живееме според божествените закони (Десетте Божји заповеди и Беседата на гората на Исус) и внимаваме на импулсите што ни ги носат миговите на дневната енергија (на пр. разните пријатни и непријатни чувства и мисли кои ни се подигаат при разновидните секојдневни случки, средби, разговори и тн.) ние можеме да се заштитиме од многу непријатности и страдања, бидејќи на тој начин лошата сеидба се поништува и трансформира во добра.

    Повеќе за ова може да се прочита меѓу другото во книгите „Причина и настанување на сите болести„ и „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ или „Живеј го Мигот - и ти се гледаш и препознаваш себе си„ во изд. на Универзален живот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    После дождот доаѓа сонце а, после сонцето, доаѓа дожд. Κој не бил изигран, не го знае значењето на просветлувањето...;)
     
    На Ivanna23., edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Господ така сака.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека баш секој страда и се мачи, туку само добрите. Нема полошо од тоа да си страдаш, а си правел/а само добро. И многу добрина не чини, од глава удира.
     
    На Limpan, Irisae, hermosa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Поради сопствените грешки и гревови. Само што луѓето обично не се свесни кога згрешиле, не разликуваат правилно од погрешно, па не можат ниту да сфатат со што ги заслужиле лошите моменти во нивните животи. А како од оваа, исто може да отплаќаш нешто и од претходните реинкарнации, на кои не се сеќаваш. Страдањето може да биде и лекција/превентива која би спречила некои понатамошни твои дејства. Тоа е моето верување.
     
    Последна измена: 8 декември 2020
    На Wideperpetual и hermosa им се допаѓа ова.
  13. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Овој живот не е за да биде комфорен и убав. Без нашиот Создател, ние никогаш нема да живееме во совршенство.
    Зарем Христос не пострада за нашето спасение?! Што ако и ние страдаме некогаш за него?! Но нашата падната природа и себичност не запираат да се потрудиме да го љубиме оној кој ни дарил живот.
    Светите отци страдале деноноќно, биле убивани, претрпувале болести и други искушенија, се откажале од се што е световно и затоа постанале свети и го наследиле Царството Божјо. Во болест и во здравје да го прославуваме името Господово, бидејќи и Христос кога се молел во гората пред да го распнат на крстот знаел што следува со него и се молел со зборовите. "Оче нека биде волјата твоја, а не мојата".

    Дадена ни е слободна волја, но наше е дали сакаме да ја следиме Божјата или својата.
     
    На kuc, sunshinebabe и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Така сме си одбрале.
    Некој заработувачката ќе ја потроши на пиење и дрога, некој ќе ја вложи за својата иднина.
    Избор.
    Некој ќе остане во токсична врска и ќе страда, некој ќе замине.
    Избор.
    Некој ќе го даде целиот живот и здравје за да живее на висока нога 3 години пред да умре, некој ќе ужива во тоа што го има цел живот.
    Избор.

    Кога страдаме, сакаме да страдаме. Мислиме дека вредиме толку малку.
    Така некој не убедил, дека треба да се страда.
    А од секоја ситуација, може да се извлече најдобриот исход. :)
     
    На Осе, Ugly Duckling и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам дека Господ така сака, Бог не сака ние да страдаме и да се мачиме затоа што Бог е добар, милостив и љубов.
    Бог го жртвуваше Исус синот негов за наше спасение и добро, колкава е таа љубов и пожртвуваност кон човекот.

    Ама како што постои добро (Бог), така постои и лошо (ѓаволот или сатаната) па сите искушенија и страдања се предизвикани од него, ама само со верба во Бог тие страдања можат да поминат, и после лошиот период да дојде добар.
     
    На buba4e89, Spit, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Затоа што ја користиме интелигенцијата и длабоката мисла, да сме прости се ке ни е океј и нема да се бореме за повеќе. Борбата за повеќе во животот ствара мака, според мене.
     
    На Осе и hermosa им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Бог не би му доделил на ѓаволот власт над човештвото да не ја заслужеле луѓето таа белја. Сатаната сам по себе не е ништо, човекот е тој кој му оди во крило грешејќи повторно и повторно.
    А не е потешко од гревовите нивното препознавање и одбегнување во иднина. Ама нели и во Библијата пишува.... на кој колку му е дадено.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Пред некое време прочитав нешто што навистина има многу логика, а досега не ми текнало. Имено, се работи за побивање на контра-аргументите за познатото Епикурово прашање за злото за кое имам пишувано тука.

    Ако Бог е добар, семоќен и сезнаечки, тогаш злото не би требало да постои. Ова е во суштина аргументот. Е сега, верниците на ова одговараат со нешто во стил имаме слободна волја, затоа постои зло. Или, она што нам ни изгледа како зло всушност е дел од поголемиот, добар план на Бог. И ние треба да паднеме на ова и да прифатиме дека овие се доволни причини за да поверуваме дека Бог е стварно максимално добар. Океј. Нека биде така.

    Ама што ако јас тврдам дека Бог е всушност злобен? Да речеме создавам религија која верува дека создателот на сè што постои создал сè само за да причини максимално страдање, тоа му е целта. Значи, Бог е семоќен, сезнаечки и злобен до срж. Како би ми се спротиставиле верниците на ова?

    Прво би кажале, чекај малку, Библијата вака така. Тоа што нашиве најпопуларни религии тврдат дека Бог е добар е само резултат на фактот што на човечкиот мозок таа опција му е поубава и посмирувачка. Да претпоставиме дека Библијата и компанија не постојат за момент. Како би ме побиле верниците во моето тврдење дека Бог е злобен? Можеби би кажале, чекај малку, тоа нема логика, погледни колку добри работи постојат на светот, нема шанси ова да е најзлобната варијанта. Или би кажале, чекај малку, ако е стварно максимално злобен, тогаш зошто не ги спречува сите луѓе што огранизираат хуманитарни акции, што донираат за да се излечи некој болен, што му разубавуваат ден на некој? На ова јас би одговорила исто како што тие одговараат кога пробуваат да докажат дека Бог е максимално добар:

    Зошто постои добро? Слободна волја. Злобниот Бог смета дека позадоволително е ако луѓето сами по себе изберат да прават злобни дела.
    Зошто Бог не го „исчисти“ доброто? Затоа што плански креирал свет во кој сите работи што мислиме дека се добри ултималтивно се покажуваат како злобни.

    Што ми е поентата на ова? Да не ме сфатите погрешно, не тврдам дека Бог е злобен, туку покажувам дека истите „оправдувања“ што можат да се искористат во полза на добар Бог, можат да се искористат и за злобен Бог. И едниот и другиот немаат никаква реална основа да постојат. :)
     
    На blueeparadise и Dentina им се допаѓа ова.
  19. Лејдилора

    Лејдилора Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Bog e dobar pomaga lugeto sme losi jas od mene licno trgam koga nemozam da gi istrpam makite nekogas se buntuvam protiv gospod a ne treba.Nego ima i soblazni