Какошто гласи насловот. Зошто тој е избраникот на вашето срце, а не некој друг? Јас - во мојот случај е љубовта што ја чувствувам, што е многу интензивна. Од него зрачи некоја тивка моќ што е речиси опиплива. Сакам да го гушкам и после 8 години и да го бакнувам во образ, на уста, на раме. Страст имам сеуште и тоа многу. Како да се зголемува со тек на времето, дефинитивно сум од оние случаи кои повеќе засакуваат некој со тек на време. На почеток беше нешто во смисла има убави очи, мила насмевка, но стана многу повеќе од тоа, што речиси на моменти и ме плаши кога ќе ме спопаднат некои црни мисли. Многу добар човек од кој можам да учам.
Јас и маж ми ја почнавме врската на зафрканција . Сите дечковци со кои сум била во врска , по одреден период ми стануваа досадни и монотони , со него не беше така . Секој ден нешто ново , адреналинот си го правеше своето . Морам да признаам , и сама сум дете во душа , иако одамна ми поминаа тинејџерските години , сеуште сум истото она дете кое никогаш не гледаше зад себе . Веројатно затоа и го засакав . Тој беше пооткачен од мене , не можеше да седи на едно место повеќе од 1 час ( сеуште е ист , само некои непотребни глупости ги исфрли засекогаш од животот ) , некако почувствував дека си парираме , така ми доаѓаше одвнатре . Адреналинот кој го чувствував кога бев со него , не го имав почувствувано никогаш предходно . Денес сме 22 годишни волови , со две деца и 4 години брак а сеуште се радуваме на возење на балерина во Луна Парк ко 12 годишни . Е сега , колку дозволуваат обврските и финансиите .. тоа е друга приказна
Зошто тој?! Се започна спонтано и без да помислам дека ќе живеам под исти покрив со него и ќе основам фамилија.. Колега познаник од порано секој ден го гледав убав ми беше сладок ама имав дечко и не ни размислував за ништо со него. Проблеми во врската имав тој период после долга врска и мирис на крај раскинавме со бившиот после долгите разочарувања и малтретирања што ги имав.. Се појави од нигде никаде случајно како си што правиш да пијаме кафе чекавме на банкомат за плата да си извадиме ајде едно кафе друго кафе заљубување и по една година брак.. Зошто тој... Зошто е спонтан мирен работлив искрен зошто знае да ме цени.. зошто иако некогаш знае да се налути и да ме навреди не кренал рака на мене зошто и кога ќе се налути и навреди се извинува и знае да каже јас тоа не го мислев за тебе и да ме гушка силно... Зошто ноќе од сон ме има будено за да ми се извини што така постапил.. Зошто сега да му се јавам ќе долета ако не сум добро па макар и за обична кашлица.... Зошто ме сака.. зошто знам дека ме сака... за сите моменти што беше со мене и кога ми беше тешко и кога се смеев.. Кога умирав од болка кога го изгубивме бебето и не ме остави да се откажам од животот.. Зошто на рака му умирав и со една рака ме држеше а со другата туркаше се пред себе во болница.. Зошто тој?? Зошто е единствен единствен во се..
Ме разнежни и насолзи. За ова вреди да се бориш. Од никаде познаник ти станува се во животот и не се откажува од тебе за ништо. И мојот татко е ваков. Секогаш покрај мајка ми и за ништо не и прирекол во животот. Се надевам и јас ќе имам среќно семејство еден ден.
Дај боже и многу подобар да најдеш од мојот сопруг. и среќа да те прати . Најнормално е дека секој си има свои квалитети и мани ама јас ги сакам и неговите мани не само добрите особини.. А ниту јас не сум се откажала и на негови проблеми за се сум тука за него и секогаш верувале или не ама на секој чекор сме заедно и во добро и во лошо.. не дека не се караме знаеме некогаш убаво да се закачиме ама битно си простуваме се и брзо ни минува и неможиме да заспиеме лути еден на друг (а најмногу за ситници хехе ) ...
Зошто е најдобриот човек кој го познавам. Зошто секој ден се заблагодарувам што го имам и ми де чини дека се' повеќе го сакам, ако воопшто е тоа возможно Зошто без разлика каде се наоѓам во светов, он ми е дом. Зашто сум сакана и почитувана на начин кој сум мислела дека постои само во филмовите.
Затоа што го има најубавиот сјај во очите, затоа што знае што мислам без да прозборам, затоа што 7 години не се исцрпи од докажување љубов, затоа што не се потруди да ми го смени карактерот никогаш, затоа што и да се скараме трае 5мин., затоа што има срце колку универзумов.КРАТКО И ЈАСНО- СРОДНА ДУША.
Затоа што со него чекорев низ маглата, олујата, дождот, ветрот, снегот, студот па и низ сонцето, затоа што низ сите трње ме држеше цврсто за рака и ми ги исцелуваше раните, затоа што со него пораснав, тој ме научи што е љубов, што е надеж, што е упорност, енормна тежина, распаѓани кули..што е емоција, тишина.. живот. Сет живот. Затоа што тој упорно ме држеше за раката кога јас го буткав, затоа што има најголема насмевка на цел свет на која што секојдневно се огледувам и учам. Бидејки тој е оној што ме извлече од пустата бездна, што ме научи што е живот, љубов, топол дом и семејство, што е топлина и гушкање.. Тој беше оној кој никогаш не ме остави да потонам. Кој би ме барал и под дрво и камен како што еднаш ми рече, тој е оној што можам да му измамам најискрена насмевка најискрен поглед и најискрена солза. Затоа што го сакам. Секој ден се повеќе..
Затоа што ме трпи и кога сум најнеподнеслива особа на цел свет Поради сите години поминати заедно, сите согласувања и несогласувања, совршен татко кој секогаш е тука за синот и не смета дека помага,туку дека тоа е и негова должност. Домаќин..ај да не го фалам да не ми го фати некоја на зарек
Оти во него го најдов парчето душа што претходно ми недостасуваше. Оти неговите раце се моето среќно место. Оти тој е мојата сегашност и иднина и не би можела да се замислам без него.
Затоа што заедно пораснавме, созреавме. Затоа што ме сака, и ме почитува, мене и секоја моја одлука. Затоа што работи ко коњ за ништо да не ни фали. Затоа што знае да ме смири како никој на светов. Во добро и лошо е со мене. Затоа што во ничии раце не се чувствувам толку сигурно како во неговите. Затоа што секогаш е на моја страна дури и кога грешам. Затоа што поминавме многу работи добри и лоши, и заедно сме спремни уште толку да поминеме. Затоа што ги има најубавите топчести обравчиња и најубавите очи на светот. Ете затоа
Зошто? Затоа што го чувствувам како мој. Затоа што кога ќе ме прегрне - светот е наш и е розев. Затоа што ме разбира и ме насмевнува. Затоа што колку и да викам и да сум лута на крај ме фаќа смеа. Затоа што кога плачам, плаче со мене. Затоа што кога се смеам, се смее со мене. Затоа што ние сме си целиот свет. Затоа што се гледаме во очи и се е јасно. Затоа што тешкото го прави лесно. Затоа што сме многу различни и одлично се надополнуваме. Затоа што можам да не ја прекинам листава...
Затоа што се појави кога најмногу ми требаше, а кога најмалце очекував. Затоа што ми покажа дека љубов има и покрај тоа што сите викаа наоколу дека сега со дете и како самохрана мајка никој не би ме сакал, ќе сум останела сама, сум си го уништила животот. Затоа што му покажавме на светот дека за љубовта ништо не е пречка. Затоа што ме сака и ме прифати каква што сум, со цело минато, со се. Затоа што после сите тешкотии он ми дојде како награда. Затоа што е еден и единствен и едноставно незаменлив.
Прво ради карактерот.... Зошто знае да ми чита од очи... Заради безрезервната поддршка што ја имам од него на секое поле. Зошто тој е мојот другар кој знаеше се за мене и ме прифати со сите маани... Зошто знам кои се неговите приоритети и се согласувам со тоа. Зошто ние сме едно... Далеку од совршенство, имаме и ние свои проблеми, но е мое совршенство...