Може да е така у теорија, но у пракса е друго. Самите девојчиња бираат постари, сами им се лепат. Еве баш ми текна на една што уште на 16 викаше како сакала постар и созреан дечко, да бил имотен, да бил моќен, овие дечурланава у средно и на факс биле загрев, немале ни пари, ни ништо, не биле нејзин тип. Сега е 20, со 32г познат музичар наш, одат од 18 коа е она. Си бараше таков дечко и си го најде. Веројатно и со останативе 80% било така. Сами сакале таков дечко. Сметам дека нема потреба до толку да се мешаме у туѓи избори, младите и не се баш така наивни тука ко шо ги прикажаа. Свесно прават се што прават. И ја сум против бракови на 18, но ако некој се осеќа спремен, што да кажам. Нема да го премислам ако речам ја сум против бракови на млади години.
Јас нз како на некој му е океј да се користат и манипулираат девојчиња. Али тебе ко на маж, во полза ти е. --- @Dream-Girl крај на средно со почеток на факс е адолесцентен период. Пак си во "ист свет".
Јас би го започнала постот со едно прашање. Дали сте виделе колку малолетни па и полнолетни прашуваат прашања од типот ,,Ми сврши на стомак, дали е можно да сум трудна"? Не знам вас што ви говорат прашања од ваков тип, но мене ми кажуваат дека денес и покрај тоа што сме 21 век за родителите разговорот со детето за сексуална активност, сексуално преносливи болести и заштита од истите, како и заштита од несакана бременост е табу тема. Од 14-18 и онака се специфични години во кои телото се развива и онака се јавуваат бројни дилеми и кога на тоа ќе додадете дека родителот не е дораснат за да го надмине срамот да разговара со сопственото дете и да му објасни некои нешта, можете да претпоставите зошто некоја тинејџерка ќе заврши во врска со некој чичко од 30. Друга точка, тој чичко од триесет години е доста свесен за тоа што прави, каква особа сака да си измоделира покрај себе, колку е лесно да ја манипулира истата бидејќи е сѐ уште несигурна, со кревка самодоверба и прилично со скромни искуства, а уште повеќе знае како една таква особа ќе биде гледана во едно затуцано и малограѓанско општество ко нашево откако ќе ја остави трудна. Во превод си има методи и веќе осмислени тактики за нејзино побрзо приврзување во врската, а штом наполни 18 се преминува на форса за брак т.е. дете. Тоа девојче првин не знае што значи самостојно издржување, не знае што значи живеење надвор од домот во кој израснала, не знае ниту кои ѝ се целите во животот, но знае дека го сака тој чиче. И таквиот како веќе изградена личност наместо да си ја чукне тиквата и да ја остави таа млада особа да се пронаоѓа и осознава, да расте искуствено, психолошки, карактерно и емоционално, тој избира да ја оформува онака како што душа ќе му посака. Крајно никој од тука не мислам дека осудува 18 годишна да има дете, но фактот што и самата таа е сѐ уште дете понатака ќе се одрази на уште една генерација на сексуално неедуцирани тинејџери. Со тоа тука не станува збор за наше мешање во туѓ живот бидејќи сметаме дека имаме право на тоа, тука станува збор за осуда на груминг, педофилија или како сакате наречето го.
Лом ја направивте темата.. Тема која нема поврзаност со образование ја поврзавте, тема во која не се зборува за своеволно стапување во брак туку поради немање избор. Никој никого за ништо не обвинува, не ме интересира кој на колку се омажил/оженил, дали завршил факултет и дали се посветил на кариерата. Девојчиња се мажат со возрасни мажи коишто си се испразниле во нив и биле потполно свесни што направиле! Тие девојчиња се оставени на милост и немилост од овие чичковци поради тоа што родителите им се заостанати и повеќе им е битно што ќе кажат другите отколку среќата на сопственото дете!!! Еве пред некој ден се јави девојка во една тема што сака да абортира а нема поддршка од сопствените родители. Самите тие родители не се заинтересирани за среќата на девојката туку да не ги зборат комшиите. Сето ова збори колку сме грозни и гнасни, колку е трула оваа наша држава и тие наши сфаќања! Ајде поздрав, не вреди да се дискутира повеќе.
Не е само до бракот. Пишав уште вчера, во Македонија, секс меѓу полнолетен и дете до 14 години е казниво со закон. Што значи, 14-18 воопшто не ги покрива законот. Според мене, треба да постои легислатива како што е statutory rape, со која, сексуален однос меѓу полнолетен и малолетен(до 18 ), ќе подлежи на кривична одговорност. Плус, медицински е докажано дека фронталниот кортекс, кој е задолжен за логика и расудување се развива до 25 години. По дифолт, малолетник не е способен сам да донесе разумна одлука. Затоа и за другите видови криминал, постои посебна легислатива за тие под 18. Зошто да не би било исто третирано и кога е сексот во прашање?
Немам сестра, ниту јас сум имал девојка помала од 20 години. Да имав сестра не би сакал да има секс ниту со нејзин врсник
Аааа... да имаш сетра, тогаш воопшто да нема секс, а ако е за нечија туѓа сестра, тогаш, ок е? Море ууум. Ти течи низ уши.
Затвори ја во кафез, таа нема потреби, само ти имаш. За почеток, ти се ебеш/си се ебел со нечија сестра.
Ти реков. Не мора да се повторувам. Не реков дека е ОК, ниту дека одобрувам. Баш напротив. За мене е creepy 30 годишен со малолетна, исто колку и 19 годишен со малолетна
Да, на 18 е полнолетна, што сака може да прави, ама да не го занемариме фактот дека со дечкото што се мажи на 18, е во врска од 15-16 години, кога тој е 25+.
Епа ако некој/а стапи во брак на 18, со личност која е 10 години постара од нејзе, не ти се чини дека врската почнала пред да има 18 првиов, и секс имал полнолетник со малолетник?
Да, тоа е криминал. Јас воопшто не одобрувам тоа, ниту некогаш сум имал намера за такво нешто. Никогаш не би можел да се замислам со некоја помала од 22-23 години.
Од сите мислења, мислам дека само ова никогаш не беше спомнато. Па моите искуства никогаш не биле двајцата да сме малолетни или полнолетни, ама разликата е многу помала, и двете особи сме биле и сме тинејџери, година две плус-минус. За такви работи нема смисла, еве малце да им угодам на домаќинки сквад, една моја врсничка има дечко 22-23 години и многу ја чува и сакаат да се земат и замислете, немам никаков проблем, не би ни помислила нешто лошо во врска со тоа затоа што ја знам нејзината ситуација, карактер итн. Буквално не ме гајле за такви ситуации. Инаку и мене ми е малце кога се користи педофилија во темава, затоа што знам тоа е ептен кога некој се пали на деца, ама воопшто во светот многу легални работи се поткрепени од педофилски тенденции така да не можам да кажам дека е најпогрешно.
Јас не ги пишувам законите. Тоа треба државата да се занимава. Штом не го менуваат законот тогаш сигурно имаме еден куп политичари, судии, јавни личности педофили, па таков закон им одговара. Што да ти кажам друго. Стојам на тоа дека децата треба да уживаат во детството, а не да се сексуализираат од мали нозе. Педофилското лоби е многу јако и распространето. Само погледни каков стил на облекување им се наметнува потсвесно преку мејнстрим медиумите, па ќе ти биде јасно што зборувам.
Колку што знам е, ако се работи за надредено лице, професор, старател, ментор, кој го користи влијанието што го има над малолетникот. По други земји точно е регулирано, колку години треба да се разлика тинејџерот и повозрасниот партнер за да не се смета како кривично дело. Не може 17 годишна и 22 годишен да се во врска и да се смета за педофилија. Постирајте закон да се знае за што се збори и да не се вртат едни исти муабети цело време.
Тоа важи и за полнолетни. Посебен закон за тие од 14 до 18, нема. https://forum.femina.mk/threads/Возраст-за-давање-согласност-за-сексуален-акт.29221/ Државата сме ние.