Veke okolu 20 dena mi svire ednoto uvo.LEKAROT MI PREPORACA BILOBIL I KAPKI NO REZULTAT NEMA SVIRENJETO PRODOLZUVA DENJE I NOKE NONSTOP.Ve molam ako nekoj znae nekoj lek pomagajte toa ne se trpi a mi gi isperaa usite i rekoa se e vo red toa bilo od nastinkata i mi dadoa i kapki za nos.POMAGAJTE....
не сум стручна но ќе ти кажам дека мислам дека е од притисок е сеа незнам дали од ннизок или висок, е сеа јас во доктори не верувам али пробај измери си притисок па ако е во ред тогаш не е од тоа..мене ми зујат од притисокот
cekaj malce- BILOBIL :roll: bilobil se dava za podobruvanje na pamtenje i za podobruvanje na koncentracija kakv vrska ima so zuenjeto na usi da ne ima nekoja greska tuka??? druga rabota: zuenje na usi nastanuva radi visok pritisok. aj meri pritisok vidi dali e se ok..... me zbuni so bilobilov epten.... :?
jas mislam deka e od nizok pritisok..a ne visok..no istrazuvanja kazuvaat od silni frkvencii,jaki zvukovi,od bucava..se javuva zuenje ili pistenje vo usite..i mene ponekogas mi se slucuva toa..ama pominuva..ne znam koj i kakov lek ima za ova?? :?
Хмм и мене ми е чудно зошто БИЛОБИЛ ти дал, кога тие за памтење и концентрација :? Зуењето во ушите штом кај тебе е повеќетрајно, значи е поради притисокот и оди на специјалист, оториноларинголог, тој е стручен за оваа област и најдобро ќе ти каже што да правиш.
Билобил даваат за да се подобри циркулацијата - а кога е подобра циркулацијата, подобро е и помнењето Веројатно докторот претпоставил дека има проблем со циркулацијата, затоа што зуењето во ушите обично укажува на тоа, а кога има проблем со циркулација се дава Редергин или во случајов Билобил... Инаку и јас и татко ми имаме таков проблем во моментов, и на двајцата левото уво ни е проблематично, ама нема нонстоп зуење, туку повремено, само кога има бучава, гласни звуци и слично... нам ни дадоа антибиотици, спреј за нос и капки за нос, плус на татко ми капки за уво, оти имал воспаление на ушниот канал, а фактички тоа ни е од носот, од последната настинка изгледа не се исчистиле каналите како што треба, т.е тубата што ги поврзува увото и носот е затната и нема постојан проток на воздух, затоа е така... може и кај тебе да е истиот проблем, па да си одиш на оториноларинголог и да ти ги прегледа и увото и носот, па ќе утврди дали има некаков проблем од тоа... пиши што си направила!
А што е со болка во уво и затнато уво?! Во моментов сум настината,крајниците ми се лом,па како последица и ушите ми страдаат.Десното уво ме боли,имам силни бодежи и е неподносливо.Пробав со топли облоги,но ми се затна и сега слабо слушам и ми шушти. Ако има некој совет,лек нека повели да ме просветли,две ноќи не сум спиена веќе,а цела недела се мачам со настинки и никако да ми помине,ми здосади веќе.
Срка иди на лекар да не си го инфицирала, мене ми се случи исто болка и затнато...со денови не можев ни да јадам ни да спијам, отидов на лекар ми рекоа воспаление дека е а што ми дадоа не се секавам, знам само дека ми дадоа некои капки
Земав Отол мрсни капки,антисептик и антибиотик се,ваљда ќе ми помогнат.Неподносливо е,утрово се шекнав од болка,па морав ампула аналгин со дијазепам да примам...страшно.
Лилит, со антибиотик би требало да се среди, ама вообичаено третманот трае подолго, може резултати да има и после 10-тина дена. Ќерка ми нон стоп има вакви проблеми - настинка, па крајниците партал, па после и се префрла на уво. Таа нема болки, ама не слуша. Вообичаено и даваат амоксицилин. Еднаш, кога имаше поголемо воспалување и ставија дијабола во увото за да и истече гнојот, а понекогаш и даваат и капки дексаметазон. Треба да се седи во затоплени простории, и да се затоплуваат ушите. Ако имаш подобрување и малку да излезеш надвор пак се влошува, барем кај ќерка ми беше така, а и мајка ми истиот проблем го имаше минатата зима. Ушите можеш да ги затоплуваш со како ли се викаат тие слушалките што се за топлење уши во зима, лента за собирање коса што стега, а можеш и да направиш перниче со сол внатре, да го стоплиш, и да го ставиш на уво - солта долго држи топлина. Сум слушнала дека на некои луѓе и прополис во уши им помагало, ама не сум пробала. Пиј анелгетици штом имаш болки, викаат дека тие биле многу силни болки. Исто така сум слушнала и дека ако еднаш имаш проблем со увото, веројатно ќе бидеш склона кон повторување. На ќерка ми често и се повторува, ама сега знаеме дека и е слаба точка, па и даваме антибиотик порано. Тоа исто така не чини - секоја настинка со антибиотик да се лекува, ама очигелдно мора да се избере помало зло. Инаку зуење на ушите имам и јас повремено, обично кратко ми трае, и не знам зошто се јавува. Ама многу нервира.
Ah tie usi, problem mi se od mala. I jas imam cesti zuenja i toa bas navecer koga ke legnam i osekam lele vo mozokot mi odat tie zvuci i bas lani mi pretekoa gnoj i krv, ama blagodarenie na amociklavot i dektamezolot kapkite spreciv operacija, ama pak zujat.
и јас имам чести зуења на ушите, особено кога сум нервозна или кога ме боли глава, а во врска со притисокот обично имам низок притисок, а мајка ми пак постојано има висок притисок и нејзе секогаш кога и е покачен притисокот секогаш и зујат ушите.и јас мислам дека тоа е поврзано со притисокот, само што кај секој е различно, кај некој поради низок, кај некои поради висок притисок
Девојки ај помошшшш.. Веке неколку дена осеќам некое чукање во десното уво. Прво мислев дека можеби во натре имам вода но никако не престанува да чука. Знае ли некој нешто за тоа???? Ве молам кажете ми ако некој знае нешто во врска со оваааа
здраво на мајка ми веке подолго време и зујат ушите нон стоп беше на лекар и ги исчистија и ништо пак и зујат после тоа и дадоа билобил и некои капки ни тоа не и помогна незнам во што би бил проблемот?
И мене често ми зујат ама само кога слушам музика со слушалките во уши. А и кога има гласна музика или кога некој ми се дере на ушеееееееее Не сум била на доктор,сметам дека не е голем проблем
И јас се придружувам во групата на оние на кои многу често им зујат ушите. И си се навикнав веке. бев на лекар и капки ставав и антибиотик пиев и ништо. Може пак треба да одам, ама кај друг.
Покрај погоре наведените причини кои доведуваат до зуење во ушите,исто така зуењето може да биде асоцирано и од зголемената вредност на мастите во крвта(конкретно штетниот холестерол LDL). Нема врска со тоа дали е човек послаб или подебел.Затоа контрола на крвната слика.
А бе луѓе..од ова од она...Кога се живее во неподнослива бучава од секоја страна со фреквенции над дозволеното, нормално ушите тоа не можат да го поднесат.Од таму е тоа зуење или бучење или како сакате кажете, во ушите.Плус од разни други причини притисок,воспалени синуси,воспалено уво...итн. Ама најчесто од првата причина.
Зуење на ушите или Тинитус... Нема лек за оваа болест. Мене ми зујат ушите има 20 дена и не прекинуваат, ама веќе се навукнувам и го игнорирам зуењето, на моменти ушите ми зујат премногу на моменти не ги осеќам.. Ми рекоа дека е од прегласна музика.. И мене ми дадоа БИЛОБИЛ и Бедоксин.. Можи само од себе ќе прекине ова некогаш.
Epa luge,jas imam zuenje vo usite veke godina ipol(non_stop)Piev bilobil 4 meseci i nisto fajde od toa,isto piev i b6,selen,kalcium,magnezium i uste sto li ne....i posto od nisto nemase fajde,poslednite 5 meseci ne pijam nisto! Bev na audioloski centar u drzavna i se mi e ok od usite,vikaat deka mozebi e od glasna muzika, a i deka moze da se jave samo od sebe i deka isto taka si i pominuva i deka lecenjeto trae dolgo! Koga ima druga galama voopsto ne primetuvam deka mi zujat,ama za taa cel zuenjeto navecer i nasabajle e neizbezno i dosta nervozno! Ne znam,planiram da idam da mi ja snimaat glavata posta ovaka samo psiha me jade i si mislam deka ne daj boze e nekoj seriozen problem so glavata! Pozdrav do site i ako ima nekoj lek ,slobodno neka shire! [mod-kirilica:3lgvr24f][/mod-kirilica:3lgvr24f]