Jas nemam zuenje no koga slusam so slusalku endoto uvo mi e kako zatnoto I kako samo od sebe da si suska neznan sto e problemot. Ne e zuenje tuku kako suskanje koa ponekogas go osekam so moze da e? Mislam treba da idam ba cistenje kako mala sum bila sega od slusalkive pak si napraiv problem izgleda
Скоро со сите што се имам сретнатно,имат вртоглавици и зуење во ушите........не знам што е работава исто така и главоболка
Тинитусот го имам уште. Кај мене не е толку силен, ми сметаше на почетокот, сега се навикнав на него. За нерамнотежата многу ми помогна квантна терапија во Биоквант - слично како физикална терапија само е со некаков квантен ласер, и се разбира малце поскапа. Што се однесува до таблети, правам комбинација 1 месец магнезиум глицинат (строго глицинат), еден месец јадам цвекло за циркулација, еден месец ништо не пијам. Кај мене сите овие проблеми произлегуваат од лошо држење (Bad posture) и рамни стапала.
Некој со нови искуства, да не пронашол лек за тинитус. Бев скоро многу болна можеби и ковид беше ама не се тестирав и од тогаш уште повеќе ми зуи ушето. Кога одев кај Туран често поради деформитет ми го снема зуењето и еве го пак се врати... Иначе си го носам добри 10 години...
Кифоза и лордоза. За зуењето правев и доплер на каротиди, еден куп орл доктори поминав ама само кај Туран кога одев редовно го снема. Еден киропрактичар од србија имаше видео на тик ток баш како средува тинитус. Јас мислам би требало да има лек макар да се ублажи.
Зависи од што е предизвикан тинитусот. Кај мене е најверојатно од прегласна музика и за тоа нема чаре
Зуењето е симптом, не е болест па да се лечи. Се лечи причината, те. она што го предизвикало тинитус. Може да биде од различни фактори. Јас например пред некој месец отидов на орл поради зуењето во лево уво и повремена болка. После прегледот кај него и дефектолог, ми проверуваа слух и тапанчиња, се е во ред, др примети и ме препрати на максилофацијална хирургија. Таму ми направија рентген и КТ, др дијагностицира артроза на левиот виличен зглоб ( оттаму всушност зуењето и болка доаѓаа, а не од увото) и предложи подмачкување со инекција хијалуронска киселина. Радиологот Толовски кога ми читаше КТ ми кажа дека не е страшно, тој пак ми предложи акупунктура. Највероватно ќе одам за тоа "подмачкување" затоа што некогаш зуењето ми удира ма психа, особено кога сум уморна и ми се спие како да е поинтензивно. Исто и кога спијам незгодно на лева страна па ја притиснам вилицата. Сега еве, се трпи, присутно е секогаш, ама не ми одвлекува внимание. Инаку, читав дека некои пијат гинко билоба, таа подобрува циркулација во мозокот, витамини б група. Секако треба да се утврди причина, и причина да се лечи. Полесно е кога се знае од што доаѓа, барем мене ми е така.
А дали некој имал проблем со повремено тропкање во увото? Некој ден го има, некој ден го нема.. Некогаш трае кратко, некогаш подолго..
Да добро ти направиле. Максилофацијална се занимава со вилици и лице со тоа што кај тинитусот знае на пример од загриз значи гризање на едната страна на вилица да осетиш зголемено зуење во увото. Исто може да се јави крцкање меѓутоа ако имаш артроза најдобра работа е инекција. Инаку кај други со повреди на мембраната или со инфекции на средно уво при загубата на слух се јавува тој тинитус зашто мозокот мора да го компензира загубениот слух.