Имав дечко и така се имавме мувано 3 месеци и во септември се фативме и врската одеше како што одеше во последно време така претерано супер додека јас не се исфолирав и не го изварав со мојот така добар другар кој беше претерано заљубен у мене и имаше една со која што се мува, и од коа го изварав му признав на дечко ми и му реков дека сакаме да раскинеме и он така зачуден целиот и не можеше да поверува и ден денеска не може, и преска коа седев на мсн ми кажа дека помеѓу нас е готово и нема надеж и дека крај а јассс така се понижував и му викав дека го сакам премногу и дека ми треба и дека секогаш ќе го чекам и аууфф више ... ии стварно ми треба совет како да го вратам назадддд
иако го изневерив јас го сакам девојко, немој да мислиш дека сум строга или арогантна..како планираш да вратиш некој, што си го изневерила на самиот почеток? мислиш и да се смирите ке има он доверба во тебе? уште на почеток си ја направила најголемата грешка... ако толку си сигурна дека нема да го изневериш пак....незнам...пробај да дојдеш во контакт со него, ама не преку мсн или моб, или па фејсбук. наместиго некако, преку некоја другарка или другар и ке му кажеш лично што чувствуваш и дека се каеш..ако е некој попустлив ке ти прости, и ако стварно го интересираш, ма да пак ке ти напоменам си ја направила најголемата грешка на почеток..пробај..сите грешиме..среќно
иако го изневерив јас го сакам Ако е некој глуп, забеган што смрди под мишки и што неможе да си фати друга ќе и прости. Јас оваквите како девојкава што го кажа проблемов, не би кажала како ги нарекувам, ќе си чувам за себе.
иако го изневерив јас го сакам офспринг, се согласувам со твоето мислење,ама мала е уште треба да учи...добро мислам на нејзини години сеуште не е за озбилна врска, дури сега видов која возраст е....за врска мала е..а камоли за неверство девојче, олади имаш време за врски...и немој уште од сега да тргнеш по такви патишта, имаш само 15 години...ке си ја чукаш главата...разгледај го добро форумов и учи од туѓите совети...друг совет незнам....
иако го изневерив јас го сакам Простотилак... 2 грама мозок да се немало. Мразам вакви девојчиња, место да прочитаат некоја книга, интелектуално да се издигнат и да се запознаат себеси и светот, таа фатила се расправа дечко, мувач, на роденден, сабалјето, вечерта. Бонус, го сакала. Ваквите домаќински примери, до 20 години, минимум по 2 деца имаат. А мори коконо, продолжија кариерава, и ниедно салам момче никогаш нема да те погледне. Ако си барем малку паметна, може ке се дооопаметиш имаш време, ако не си што се секираш? Ке ти се смири, ти пак ке оплескаш... додека не те напомпа братучедму, па после ке се префрлиш на пишување сценарија во темите "како со свекрвата", "ја мразам золвата", "неверство во брак" и така натаму..
иако го изневерив јас го сакам Порано или подоцна секој сваќа дека требал да мисли порано.Така да девојче после е*ење (читај мување) нема каење!
ти раскинал преку мсн си го изневерила а го сакаш Не верувам дека го сакаш, да го сакаше нема да се муваш со други.
Колку години имаш девојче ако не е тајна? Моето мислење е дека си се' уште мала и незрела, сфати го ова како сакаш, ама мување, раскинување преку мсн и фејсбук статуси се една проклето ужасна детска работа Истото мислење го имам и за типот. Детиште! Мојот совет е - 1. да не се брзаш за дечко 2. да прекинеш општо да се муваш со било кој - не сфаќам што добивате со чинот мување, освен стискање на некоја клупа и менување на плунка, незрело е , беспотребно, просто, крајно идиотско и 3. да се зачлениш во најблиската библиотека, само 150 ден. е за цела година и времето предвидено за мување и раскинување преку мсн и лајкчиња итн, да го поминеш читајќи БИЛО КАКВА книга. Толку од мене, најдобронамерно е ова.
Срце бееее, го сакалаааа хахахах Душо, за да си СПОСОБНА да сакаш некој, најпрво треба да се сакаш себеси. Од ова што го прочитав, некако се сомневам дека почитуваш било кого. Не само што си го иневерила детето, кое фала Богу е малце попаметно од тебе и нема да ти прости, туку ти си се понижила и си направила Спојлер г**но од себе си. Земи прибери си ја опашката и размисли кој епитет ќе го добиеш ако продолжиш со ваквите постапки во животов! Мислам дека си премногу млада за да размислуваш за љубов. Добро кажаа моиве колешки феминки-прочитај некоја книга, добро ќе ти дојде за промена.
Тоа ќе биде тешко. Не знам што да ти кажам освен времето ќе покаже се. Ум ... Дали сте се уште во контакт со него?
Значи многу мразам кога не се размислува кога се прави нешто. А бре имаш мозок размисли за последиците. А не ќе ја зафркните работата и после по форуми ПОМОШШШШШ. Е што помош што си надробил тоа ќе си сркаш.
Здравоо девојки.Ќе ви раскажам што се случи со мојата врска паа пресудете и кажетеми дали сум постапила правилно.Одев со мојот дечко 3 години,но во тие 3 год не бевме многу поврзани да бидеме секој ден заеднно ,беше многу љубоморен но во текот на врската многу се каравме и секогаш тој ми се скаруваше.Потоа никаде го немаше подолго време да се јави да праша...Последното скарување го немаше скоро цела година јас го барав му се јавував но немаше одговор никаков.Пред извесно време по 8 месеци од ко се скаравме почнавме да се слушаме но само на кратко му се јавуваше да праша дали излегувам дали имам дечко дека не можи да ме заборај никако .Но во меѓувреме јас почнав да се гледам со друг едноставно ми се смачи да го чекам и го излажав дека немам никој друг.Но еднаш случајно ме виде еден негов другар а тој знаеше дека сум дома дека нема да излегувам ии му кажал се мислам дека ме видел со друго машко.Јас не признавав но тој ми рече дека знај кој е и дека знај се му признав морав.Ми кажа дека е крај со нас да го заборавам јас му реков дека сам е крив дека секогаш ме оставаше.Но сепак јас го сакав многу а неможам да му се јавам секако.Дали мислите дека некогаш ќе ми прости ?
Јас не гледам тука што има за простување ... заминал те оставил цела година без да знаеш нешто за него ,без да ти каже на што сте... Грешка си направила што кога те прашал не си му кажала туку си го лажела дека немаш друг... Јас не те осудувам тебе во овој случај да би била на твое место исто би постапила
пааи моите другарки истотоми го викаат дека несум јас крива затоа што него го немаше долго време и одеднаш ми сепојавува.. исто и ми се закануваше дека ке сум платела за се . ми реече дека многу ми верувал и дека имал сериозни намери со мене амакакви сериозни кога заминуваше без никаква причина.едноставно ме интересираааше како вие би постапиле да сте на мое место . ви благодарам за искрениот совет
Уживај и сама кажа дека бил многу љубоморен а ако имал сериозни намери нема да те оставел на толку долг период и да замине без збор ... Не се осудувај и заборави го најдобро ќе биде
1. Нема што тој тебе да ти простува. 2. Тргни се подалеку, не знам кое е задоволството да имаш толку нестабилен дечко. 3. Зошто се потценуваш толку и дозвилуваш некој да ти прави така?