1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игнорирање

Дискусија во 'Врски' започната од Gea, 12 јануари 2021.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ќе се обидам да го дефинирам игнорирањето како недостаток од реакција на туѓа акција. Велат дека игнорирањето е мајка на сите одмазди. Некои луѓе игнорирањето го користат како одбрамбен механизам од несакани појави, информации, дејствија, личности...некои го користат како докажување на поента, праќање на суптилна порака дека биле повредени, начин за враќање на драга личност во животот, бивш дечко, девојка, партнер, другар/ка итн.
    Сум игнорирала и сум била игнорирана. Сума сумарум, не е убаво чувството кога се наоѓаш и од едната и од другата страна. Кога ќе се најдам во таква ситуација, без разлика дали јас сум таа што игнорира или сум игнорирана од личност која ми значи, детално размислувам и правам анализа на своите постапки, на постапките на другата страна и ако дојдам до заклучок дека јас сум виновна, сум повредила нечии чувства, се обидувам да најдам начин да се извинам, да иницирам разговор со личноста и да го расчистиме недоразбирањето.
    Меѓутоа, има ситуации кога на пример предолго се игнорираме со личноста и едноставно, учиме да живееме без истата, се намалува потребата за комуникација и нејзино присуство во нашиот живот, времето ќе си го направи своето и одеднаш некој кој многу ти бил близок, го доживуваш како странец.
    Психологот Елизабет Маер вели: „ Кога е игнориран, човекот се прашува зошто е игнориран. Уште доколку оваа повратна рекација ја предизвикал со очигледно лоша намера, тоа нема да го остави на мира. Ќе се прашува што мислите, што чувствувате, кој е вашиот нареден чекор, зошто сте направиле „ова“ или „она“, дали сте го преболеле, надминале, надраснале...“
    Игнорирањето навистина успева да врати некои луѓе кои почнале да не земаат здраво за готово, поради нашето преголемо присуство во нивниот живот и обратно, ние сме биле презаситени од нив, бидејќи сме сметале дека што и да им направиме или кажеме, тие секогаш ќе бидат тука за нас. За жал, тоа е човечка особина и многу пати има врска народната: „Кога ќе изгубиш нешто, ќе ја сфатиш неговата вистинска вредност“... И тука ќе додадам, сум изгубила некого и некој ме изгубил мене, значи повторно сум била и од едната и од другата страна на приказната.
    Какво е вашето искуство по ова прашање? Какви чувства ви предизвикува кога сте игнорирани или кога игнорирате? Дали ја применувате оваа „техника“? итн, итн, се само дел од прашањата на кои можеме да дискутираме.
    Ја отварам темава да споделуваме искуства по ова прашање, но и да си разменуваме мислења, совети и идеи, без разлика дали игнорираме или сме игнорирани, како и да даваме поддршка на оние кои поминуваат низ овој процес, се чувствуваат збунето и не знаат како да постапат во одредени ситуации.
     
    На PaLaVa, kravce, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Па подобро да се игнорирам со некој отколку лажно да претставувам пријателство или пак да останам во токсична врска. Игнорирање ми е исто со прекинување на комуникација и мене искрено ми е еден од поздравите методи на coping со тоа да можеш да си повеќе во било каква врска со личноста. Привремено игнорирање никогаш не правам, таков човек сум што си кажувам ако ми смета нешто, па или после муабет се враќаме на океј однос или игнорирањето преминува во трајно прекинување на комуникацијата.

    Искрено како метод за "казна" не ми се допаѓа, едноставно ако сум лута за нешто подобро да кажам и да решиме, отколку да давам cold shoulder, да се пролонгира нештото и да се трупа. Ќе искочи секако, подобро побрзо неголи покасно. Не можам да го игнорирам некој, ако можам да простам заради грешката продолжувам понатаму во претходниот однос, ако не можам да простам прекинувам. Со останување во некаков однос и акумулирање токсично однесување можам само да го замразам човек, а навистина не сакам да мразам луѓе во животов. Подобро секој по свој пат, околку да се мразиме и да си се реваншираме и на тоа да трошам време и енергија.

    И на форумов игнорирам луѓе, literal ignore, ниту да ги читам, ниту да се нервирам или да реплицирам, или пак да боцкам суптилно. Многу ми е поубаво така, отколку јавно да се карам со некој.

    Продолжено игнорирање без прекинат однос со некој и чување на тој човек во животот мислам дека е рецепт за катастрофа, губење на време и на нерви. И стварно мислам дека сум го надраснала тоа, или сме океј или не сме океј, така функционирам.
     
    На PaLaVa, Izaabella, VDT2906 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам, затоа и сакав да слушнам различни мислења и ставови по ова прашање, бидејќи секој човек е индивидуа сама за себе и размислува поинаку.
    Многу луѓе ја играат оваа, ајде да ја наречам, игра на игнорирање, а најинтересно е што тоа го прават и луѓе кои имаат силни чувства меѓу себе, кои имаат потреба за типично емоционално изнудување. Во многу врски се случува, после одредена кавга, еден од партнерите да рече: „Оди си, баш ми е гајле“ или да употреби некоја друга фраза за да му покаже на партнерот демек не му е гајле за нивната врска (а со тоа се труди да направи емоционално изнудување за да постигне некаква цел), ама тоа го кажуваат со надеж дека партнерот нема вистински да си оди ( но никогаш со сигурност не можеме да го предвидиме однесувањето на другата страна). И кога партнерот ќе си отиде, тогаш настапува играта на игнорирање, односно и двата партнера се претвараат дека не се засегнати поради нивната разделба. Таа игра на игнорирање ги носи кон две ниовоа на комуникација, на она очигледното дека наводно не им е гајле за распадот на нивната врска и на едно друго (скриено) ниво каде што и двајцата внимателно следат што му се случува на оној другиот во животот (проверка на активност и копање по профил по социјалните мрежи, суптилно распрашување на заеднички пријатели итн), бидејќи всушност навистина им е гајле (иако се преправаат дека не им е). И таа игра трае се додека не попушти оној кој е „послаб“, оној кој прв ќе признае дека врската и партнерот му се важни и така љубовта станува слабост, а рамнодушноста предност во оваа игра.
    И многу е честа појава, многу...
     
    На PaLaVa, julie77, dayla и 5 други им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Можам да игнорирам само човек што не ми значи за да го одалечам од себе. Ако ме игнорира некој не го сфаќам како знак дека сака да направам нешто, напротив како знак да не правам ништо затоа што не му значам и не му е потребно моето присуство. Не зборувам само за љубовна врска, зборувам за било каква врска сестра, мајка, другарка, роднина.
    Ако ми значи човек после некое време го прашувам на што се должи игнорирањето, доколку добијам без врска одговор или продолжи со игнорирање за мене е крај. Не можам да си играм, полесно ми е да прекинам целосна комуникација него да се прашувам што се случило, зошто итн.
     
    На PaLaVa, buba4e89, Aronika и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.047
    Допаѓања:
    76.034
    Пол:
    Женски
    Игнорирањето го сфаќам само како незаинтересираност и терање инает. Ако другата страна одбира да игнорира наместо да разговара, тоа е преовладување на инаетот, што не го одобрувам. Јас секогаш искрено кажувам што мислам и кажувам ако има проблем и тоа го очекувам и од другата страна. Не ретко се случувало да бидам игнорирана, не е убаво чувство и не можам да го поднесам тоа, таа тишина, неизвесност. Никогаш не сум се однесувала така во врска, игнорирам само нападни ликови кои покажуваат дека се заинтересирани за нешто со мене а јас не ја делам истата желба и намера. И нив треба да им се каже отворено тоа, но понекогаш и со самото тоа што воопшто нешто им објаснуваме (самото објаснување е посветување некакво внимание, за разлика од игнорирањето) тие како да не сфаќаат сериозно.
    Од друга страна, разбирам и дека има некои такви ликови кои по карактер се затворени и избегнуваат да разговаат за некои посериозни теми и за проблеми па одбираат опција игнорирање, но со тоа не постигнуваат баш ништо освен заладување на односите.
     
    На PaLaVa, kravce, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Секогаш игнорира оној, кој е помалку засегнат, на кого му е помалку битна таа врска, во дадениот момент.
    Но, времето е променлива категорија ,врските меѓу луѓето исто така.
    Многу трпение и љубов можат понекогаш од игнориран на трон да те постават...и тоа се случува.

    Лично,имам изигнорирано некои личности,кога веќе сите зборови биле потрошени,кога сум знаела дека е крај , разделба на две души , кои во еден момент се сретнале.

    Постојат периоди кога ме игнорираат најблиските...обично кријат нешто,се срамат, па по линија на помал отпор....поминува, ништо страшно, човечки....

    Ми се има случено да решам да игнорирам колешка , бидејќи бев сведок на грозна нејзина постапка , иако таа не знаеше за тоа....просто престанав да ја поздравувам, како да е воздух....веројатно се чудела како така оддеднаш , но никогаш не ми пријде, ниту ќе и ја кажев причината.
    Се случи да ја сретнам на место каде не ја очекував...познато лице во маса непознати...и тотално несвесна дека ја игнорирам инаку нели , со огромна насмевка и пријдов....жената беше шокирана од мојата срдечност,после година дена можеби....и јас од самата себе...ама тоа е , животот е постојана лекција , не е пожелно баш игнорирање...
     
    На kravce и Gea им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Игнорирам само небитни личности кои мислат дека се некој фактор во мојот живот а не се, тие личности што сум решила дека треба да ги игнорирам за мене не постојат и никогаш нема да постојат, ако некоја личност си дозволила да дојде до тоа јас да ја игнорирам значи дека кај мене е избришана .

    Никогаш не сум игнорирала некого без причина, за личности што ми значат, семејството, роднини, пријатели, ако имам некој проблем со нив сакам да го решам со разговор, а игнорирањето во тој случај никогаш не ми е опција. Треба некој премногу да ме изнервира за да го игнорирам, ама тоа ќе трае кратко, бидејќи личности што ми значат не можам да ги игнорирам како да не постојат.

    Кога станува збор за партнер го делам истото мислење, никогаш не сум го игнорирала, ако има проблем сакам да биде решен со разговор, тоа што го чуствувам го кажувам во лице и нема шанси да си трпам и да биде преќутено. Сметам дека двајца партнери кога се игнорираат, тука повеќе станува збор за инат и големо его на двајцата партнери, при што ни едниот, ни другиот не сака да попушти, а немаат храброст да се соочат со проблемите па го одбираат полесниот начин, да се игнорираат со што ги игнорираат и проблемите наместо да бараат решение.

    Ме игнорирале и мене. Имав една школска со која многу се дружев како мала и во средно без никаква причина почна да ме игнорира и до ден денеска кога ќе се сретнеме ќе ме изгледа како вол и таа и нејзината фамилија иако на времето многу живеевме. Колешка од факултет почна да ме игнорира од кога јас положив условени предмети а таа не, а сум и помагала колку што сум можела, успехот никогаш нема да ти го простат. Ме игнорирале и уште некој небитни особи а причината не ја знам.

    За мене личности кои те игнорираат без никаква причина без да ти кажат ни еден збор се луѓе без м**а, што немаат храброст да се соочат со вас во лице и да си го кажат тоа што го мислат и затоа секогаш ќе бидат неискажани, исфрустрирани и небитни.
     
    На PaLaVa, kravce, Gea и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Игнорирањето едино ми е прифатливо ако некој не се разбира од збор никако и не престанува да те замара и да ти го руши мирот.
    За сѐ друго ми е ептен незрело. Како возрасни личности треба да знаеме да искомуницираме ако има некој проблем, особено со блиска личност. Игнорирањето како казна никогаш не ми е прифатлив метод, за каков проблем и да се работи секогаш е најдобро да се седни и да се разговара. Спротивно на популарното верување, игнорирањето можи да придонесе уште толку да го оттурниш некој од себе.

    Јас не можам да игнорирам, и да приметам некој да ме игнорира ќе се обидам да разговарам. Ако продолжи истото понатаму, збогум со здравје. Никој не е должен да кини нерви за некого што не е доволно зрел да искомуницира. Ми се случи со поранешната најдобра другарка, почна полека да се оддалечува и да игнорира, да не ми пишува, да не ми кажува за битни настани во животот, да не ме бара ко ќе е тука. Не сакаше да разговара и вратив со иста мера.
    Кога некој предолго ме игнорира тој ефект го постигнува кај мене. Ќе плачам, ќе ме боли дури не ми стани сеедно, ама нема шанси да молам некој да ми обрни внимание, никој не вреди до толку да го молиш за најосновна работа која треба да се подразбира.

    Дефинитивно е едно од најнеубавите чувства бидејќи ти укажува дека сепак немаш посебно место во животот на личноста.
    Ама нели, getting no message is also a message. :)
     
    На Gea, KateKane, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Според мене игнорирањето е дефинитивно мајка, не само на сите одмазди туку и за сопствен мир и спокој.
    Порано бев личност со повеќе пријатели ама некако со текот на времето тоа почна да ме изморува и почнав сите да ги игнорирам, некој повремено, а некој целосно.
     
    На julie77, An4e banance, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Игнорирам и ќе игнорирам.
     
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.419
    Пол:
    Женски
    Оу, зарем немало ваква тема досега? 8-| Во ред, лет ми интродјус мајселф, СноуСтар- д куин оф игноранс. :bow:
    И имам што да кажам.

    Не го гледам како одмазада, а баш тоа што е: неповратна реакција на дадена акција. Многу работи, и персони, не заслужуваат никаков одговор назад, жест, перцепирање на нивното постоење и однесување.
    Посебно ако не се важни за мене. Тогаш не ги погледнувам втор пат, не пак да трошам време и внимание на нив.
    Не вредат.

    А кога нешто ми значи, тогаш се трудам да се објаснам најдобро што можам и најдам солуции во обид да се расчисти ситуација, пред да преминам на игнорирање, јер истото е равно на пикање ствари под тепих, нешто што мразам највеќе од се', или еднонасочен билет кон неповрат.
    Канфјусинг мач?

    Игнорирањето е меч со две острици, и јужали камс ту бајт ју ин ди ес при неправилно користење. Од искуство ова. ;)
    Кога доаѓа ред да игнорирам нешто, гледам истото и да го отпишам. За да не носам багаж со мене, да изгуби значење.
    Овде конкретно се работи за врски, па ќе се фокусирам од таа гледна точка. Односи трпат многу ствари, ама и се распаѓаат брзопотезно кога персоните не се на иста страница. И, во никој случај, игнорирањето не е решение за големи работи.
    Ако ми пречи нешто во дадена врска, во случајов кај партнерот, разговарам отворено и се трудам да дојдеме до заеднички заклучок. Бива, или не бива. Ако е суштинско нешто , не бивањето не е опција за мене па првземам дејствија за акција кон зададена цел. Дури тогаш, ако не бивањето е краен резлутат, одлучувам дали можам да пресечам од корен и да тргнам на страна засекогаш, или да бришам комплет се' од животот.
    После спроведувам одлука на дело. И тоа е крајот на приказната. :d:

    П.С. По принцип, за игнорантноста клучен е црно-белиот спектар како појдовна точка, и способност за рационализирање.
    Просто како боб.
     
    На prominent, poenta, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски
    После многу време на никој/а нема да му/и' е гајле оти бил/а игнориран/а. Премногу значење даваме на работи што полека и онака бледнеат. Од друга страна, ако мислиме како да игнорираме некои личности тогаш самите си се труеме одвнатре.
     
    На poenta, Gea и SURF им се допаѓа ова.
  13. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Јас до сега ниедна бифша девојка ни на социјални мрежи ниту во живо не сум ја игнорирал. Ако љубовта не ни одела не значи дека треба да го изгубам основниот бонтон за поздравување.
    Едно здраво нема да ме направи ни побогат ни посиромашен.

    Мене тие што ме игнорираат не им судам. Нивно право си е тоа. Тие си знаат како гледаат на мене и реално не ме ни интересира бидејќи нашето поминало чим сме дошле до тука.

    Инаку соочувањето е многу подобро на долгорочен план. Еднаш ќе се сооочиш и ќе расчистиш и после тоа веќе постојано ќе бидеш мирен без сомнителни размислувања за што би било кога би било.
     
    На Gea и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Генерално, не го сакам игнорирањето.
    Претпочитам да кажам што ми пречи и проблемот да се реши со комуникација.
    Незрело ми е да се ставаат проблемите под тепих и да се молчи. Така само се продлабочува проблемот. Не сакам нерасчистени сметки и недоискажани мисли.
    Значи, јас во најголем број случаи избирам да не игнорирам туку да дејствувам и да бидам мирна после.

    А ако некој ме игнорира мене, тука нема што да се направи.
    Настојувањето да комуницираш со некој од кого немаш повратна врска, не носи ништо добро и продуктивно. Во тој случај, ги оставам работите како што се.
     
    На kravce, Gea, SURF и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Само домашниве и уште неколку ептен блиски луѓе, никогаш не ги игнорирам.
    Сите останати се подложни на можност за игнорирање.
    ... се разбира, ако во моите очи 'заслужиле'.
     
    На Veta, julie77, Gea и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.554
    Пол:
    Женски
    Сум игнорирал упорни машки кои што од збор не се разбирале.
    Значи ти му велиш не сум заинтересирана ,тој ти вика ама ако не си немаше ни да ми збориш (facepalm) значи сам барал да го игнорирате.
    Во врска или сега во брак не сум сакала никогаш да игнорирам проблем ,оти секогаш со самото игнорирање станувал поголем :!:
    Дома со мајка ми сум знаела пепел да се направам и затоа да не зборуваме (ако и ова спаѓа во игнорирање) дури и по месец дена.
    А свекрва ми игнорира дури ако ја погледнеш како што не замислила она- според мене мноогу детско. Ама буквално ти ја прашуваш нешто таа се прави дека не те гледа.
    Првиот пат толку многу ми беше криво што дури го терав маж ми да ја праша што е работата :headbang: колку глупа сум била човече(wtf)
    А замисли лута беше зошто сум излегла со ќерка и во кафана(lalala)(facepalm)
    Сега едвај чекам да се налути нешто па раат да сум ден два :rofl::party:
     
    На Gea и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    21.266
    На една познанича и' ги игнорирам постапките и нештата што ги зборува, затоа што сум во ситуација каде што од одредени причини не можам да ја извадам од животот. Немам желба да трошам време, енергија и мисли да ја превоспитувам, учам или советувам. Едноставно таква е каква што е, но за да го задржам сопствениот спокој ја игнорирам, од едно уво влегува, од друго излегува. Ако се решам дека некоја личност не ми треба во животот, тогаш ја откачувам засекогаш, не станува збор за игнорирање, едноставно продолжуваме со животите без да имаме никаков контакт, вклучувајќи го и она "здраво" на улица. Мислам дека тоа веќе не може да се дефинира како игнорирање.
    Ако ме игнорира некој што ми значи (а тие на прсти се бројат), секако дека ќе ме вознемири тој однос и ќе ме интересира што се случува, и ќе направам што е потребно за да се реши проблемот. Сите останати луѓе на некој начин се само пролазни луѓе во животот и нема логика да се вознемирувам ако ме игнорираат или во краен случај ме откачат од нивниот живот. Никој ништо не ти должи, најмалце од се' некакво објаснение зошто решиле така да прават во нивниот живот. Ако некој може без мене и јас можам без него. Секој има право да го живее својот живот како сака и со кого сака.
     
    На Gea и Осе им се допаѓа ова.
  18. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Игнорирам луѓе кои ништо не ми значат.
    Игнорирам луѓе кои лошо се однесуваат кон мене и единствена цел им е да ми наштетат.
    Ги игнорирам до тој степен како и да не постојат.
    Игнорирам муабет кои сум ги слушнала безброј пати.
    Игнорирам озборување.
    Меѓутоа не можам да игнорирам некој кој ми значи. Не можам да ги игнорирам луѓе со кои сум емотивно поврзана. Игнорирањето е грда навика која креира комуникациски слом и само го зацврстува проблемот наместо негово решавање.
    Сум била игнорирана од блиска личност. Ме болело и револтирало. Сум била во неизвесност која ме убивала. Чувството е непријатно, особено ако не ја знаеш причината.
    Затоа, секогаш се трудам да разговарам и да не го оставам проблемот да исчезне сам од себе.
    Оние кои што игнорираат проблем, ги сметам за недоволно зрели личности да се соочат и да разговараат отворено и решението го гледаат во бегање и повлекување.
     
    На PaLaVa, Billy Idol, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Potvrduvam. Koga nekoj ednostavno bez stram, oset ili bez empatija vi pravi nesto sto ne ste go zasluzile, pa posle se pravi ko da nisto ne napravil, dodeka vie ste se davale sebe za da go podignete od dnoto na povrsina ... A ve povreduva so ne bas situacija koja e za potcenuvanje voopsto. I uste ve pravi "mutava" ... laze bez pardon?!
    I hah, i ponatamu saka da ostane vo kontakt, a vie povredeni tolku da ajde nekogas ke dozvolite muabet, razgovaranje za pricini-posledici, covek ste.
    Licnosta uporno si "igra" igri i so drugite, a probuva i so vas, ne ve ostava na mir ... e tuka veke koga mu ja prilozuvate vistinata, toj napagja zasto mora da se brani nali, zatoa sto e razotkrien mnogu ubavo. Ednostavno sfakate zasluzuva ignore.
    Poradi vasiot sopstven mir pred se!
     
    На PaLaVa, eliesaab и Gea им се допаѓа ова.