Играч

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 25 декември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.092
    Значи вака девојки,ситуацијата е следна,јасна и верувам дека речиси сите сте се нашле во неа,плус,минус...

    Што кога ќе наидете на дечко кој пати од мачо синдром,сака да си игра,да се зеза,а вие при тоа се заљубувате во него?!
    Што кога дава предизвик,дава шанси и простор за да се создаде извесна надеж,а потоа се повлекува,но не целосно за да држи одреден интерес кај вас?!Што кога вас ви е важно како се чувствува тој,што му се случува,а тој исто така се грижи за вас чисто ради тоа малце (фала богу што барем малце има) човечност во себе,а од се останато се оградува,иако свесно или не ве земал како емотивен заложник,НО од друга страна вели дека вие сте одговорни за вашите емоции и ја негира цела ситуација и се што нуди е другарство?!Што се случува кога гледате дека е излезот е следен,целосно да се повлечете додека целосно не сте се изгубиле себе и нема ништо поинакво?!
    Што кога вие не сте имале целосна шанса да се искажете и сфаќате дека се што имате е скршено срце и повредено его?!

    Не ме поврзувајте мене со темата,испровоцирана сум од секојдневието и се почестите вакви ситуации на кои сум сведок.Навистина не знам што се случува,вишок тестестерон,незрелост,несигурност,што?!
    Ме интересира,сте се нашле ли некогаш во ваква ситуација,ако да како сте се справиле,што се случувало?!Ако не,како би постапиле?!
     
  2. sun

    sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ne mi se veruva kolku vistinito si ja opisala mojata situacija.. :) sakav da ve baram za pomos,ama ne zanev kako da si go opisam problemot :) momentalno sum vo vakva situacija..i mi e mnogu tesko..i znam deka edinstveniot izlez e da go zaboravam i da prodolzam ponatamu, ama zatoa sto zaedno rabotime i go gledam sekoj den mnogu, mnogu mi e tesko..i uste poveke sto mislam , deka ima nesto i so edna druga..i nikomu ne mu go posakuvam ova..strasno e..bi bila srekna da mi kazete za vasite razmisluvanja i da mi pomognete da se "spasam" sebe ..ako mislite deka mozam da se trgnam od nego pisuvajte mi kako, ako imate ideja kako da go zavedam ( sto navistina bi sakala) povtorno pisuvajte mi..blagodaram i poz
     
  3. capricorn93

    capricorn93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Takvite se u film i mislat deka svetot se vrti okolu niv ...no i na takvite im doaga krajot ne se sekiraj koga togas ke se smeni samo treba da bides prirodna so nego pa moze i tvojata ljubov ke go smeni nego sigurno ne se rodil takov zatoa moze da se smeni bez gajle ;)
     
  4. VesnaBl

    VesnaBl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Pa so takov tip igrac i jas sum igriva, ne mu se fakjam za oroto, NE MU DOZVOLUVAM da me napravi emotiven zaloznik, kako sto pisa, jas si igram moe oro, moja igra...e togas doaga ona interesnoto - ili ke me otkaci ili ke me saka za navek. Ovde e bitno samo da se bide svesen deka imame rabota so IGRAC, ako sme zaslepeni od NASI IDEI za toa kakov e ke si imame skrseno srce i povredeno ego...znaci so igrac, bidete igraci, no na svoja muzika.
     
  5. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    62
    жАххх "заглавив" јас веќе дооооолго со таков тип. Едноставно сум ни напред ни назад, дамн. Понекогаш ми иде едноставно да си го свртам грбот зашто неможам да слушам како тој секогаш е нај нај... НЕМОЖАМ! Ме нервира кога се прави "паметен", дели лекции за лепо понашање... а кога ќе почнам јас да зборам за нешто, тогаш следи: доста, престани одма, не е така како што збориш... Ахххх знам дека сама сум си крива и му попуштав премногу и кога не требаше... си погазив преку мои принципи многу пати, се понижив... се ради љубов. Понекогаш се мразам поради тоа, понекогаш (во последно време многу често) го мразам него... А без него неможам :| За луѓе кои ме знаат важам за една многу принципиелна личност, а тој успева се да сруши... Како ли само го постигнува ова незнам?! Зашто едноставно неможам да бидам јака, да кажам доста е сега, ги претера сите граници... Но, неможам. Тој секогаш може се да каже и жив да остане, а јас... Не барам совет, знам што би ми рекле. Доволно сум свесна дека грешам, премногу му дозволив... а не заслужил. Само бев испровоцирана од темава, морав да го споделам ова зашто пред пола саат ми го пукна филмот и сум страшно бесна на него :evil: Ќе заврши и ова некогаш, сигурна сум. Позз***
     
  6. sun

    sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Vi blagodaram za razmisluvanjata.. ocajna sum..ocajno zaljubena vo eden takov.capricorn93 epten si vo pravo, mene duri ovoj mi rece, koga mu rekov deka sakam da se trgnam od nego, i da bidam so drug ke me cekal da se vratam kaj nego zasto podobar od nego za mene nemalo...zamisli na koe nivo padnav :( VesnaBl, blagodaram za sovetot.jas veke pocnav da se odalecuvam od nego,ama ne mozam ednostavno go sakam, sovrseno mi odgovar i fizicki i materijalno i duhovno i obrazovno i sekako, navistina, priznavam deka od site sto sum gi zapoznala ovoj e sovrseniot za mene,samo da ne e igrac. Jas se trudev da bidam fina i mojata ljubov da go promeni, ama otkako pocnav da se somnevam, osnovano da se somnevam deka ima i druga, pocnav da sum nervozna pred nego i nepodnosliva, e toa me boli, sto pocnav da se odnesuvam nesoodvetno za mene, duri nekako seljacki, sama sebe ne mozam da se podnesam,gruba sum so nego, nervozna, zbuneta, nikakva..ne sum sigurna deka mi e pametna idejata da se odalecam od nego, a se uste go sakam, mislam deka taka i davam prostor na drugata :( cuvstvata mi se haos :(
     
  7. skopjanka

    skopjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    eh devojki mene vakov macho me zezase dolgo vreme. :evil: tesko sekoja devojka sto ke naleta na vakov.se dodeka taa ne se svesti deka e pogresen i ne go otkaci.
    kolku se fini,kulturni,vnimatelni....dodeka ne im padnes,dodeka ne se zaljubis vo niv, a posle...tesko tebe.ke places ke ti doaga da si puknes od maka. ama taa ljubov e cudna rabota. kolku i da znaes deka e gubre.ke go sakas.dodeka nekoj ne te tresne po glava da ti kaze Ej sto pravis?
    go otkaciv na najgadniot nacin. mu vrativ da go boli cel zivot,da znae da ne si igra taka so drugite .i na kraj ne znam kako napraviv da se zaljubi toj vo mene. go macev,i uzivav vo toa :twisted: me molese,me prekolnuvase,a jas samo ladnokrvno si fativ drug,pred negovite oci. i go otkaciv.
    mozebi zgresiv sto tolku zlobno izgirav. no morav da mu vratam nego,i da go zadovolam moeto povredeno ego. :lol:
     
  8. DarkAngel

    DarkAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Ми се има десено вакво нешто, излез ми беше да ја негирам болката што јачуствував и не на никого не сум признала до сега дека ми било скршено некогаш срцето, па тоа ме натера да што помалку мислам на болката и да си фатам нов дечко, а предлогот за другарство секако дека го прифатив, но другар како познаник, а не „најдобар другар“.
     
  9. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    46
    Celoto toa odnesuvanje e posledica od nesto prethodno. Zboruvam od iskustvo zosto ete jas sum edna od tie takvite-nikakvite. :) Vo zivotov imav mnogu zafrkancii i se sto nauciv od maskite e deka ne treba da im se veruva i deka ne treba da se prizvrzuvam za niv. Ponekogas posakuvam da se smenam i da si se vratam na staro, fina, dobra i zaljubena ama... A ponekogas pak koga mi teknuvaat na vakvite maski primeri se cuvstvuvam gordo sto im vrakam na ist nacin kako sto oni najcesto ne "maltretiraat" nas :) Jasno mi e deka delumno gresam i ne dozvoluvam na nikoj da me zapoznae vistinski ama toa e nekoj potsvesen odbramben sistem. Koga ke dojdete vo kontakt so takva (t.e. vakva kako mene) licnost ve sovetuvam odma da se povlecete. Samo ke ve izigra i otkaci!
     
  10. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    279

    Jас мислам дека едноставно се раѓаш со таквата способност да бидеш кучка(под наводници) и ладна,зашто ја и по безброј пати скршено срце и налетување секад на вакви играчи уште сум истата наивна глупача...колку и да знам дека не треба да му верувам, попуштам и паѓам на слатките зборови :? многу се нервирам зашто сум таква ама не можам да ги прикријам емоциите и премногу сум искрена и отворена за жал со погрешни :?
     
  11. SanF

    SanF Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Решив да побарам совет, зошто сама не можев да си помогнам.
    Се пишевме со едно дете, од ск е иначе, а јас од др град.. дојде овде пред некое време и се запознавме онака, ништо појќе не се деси, а мене ми е мн. симпатичен.Сега на фб се пишам и со негов мн. добар другар, ми викаше дека сакал да се видиме, ке дојдел ваму.. и сфатив дека двајцата си имаат некој планчиња за да ме искористат.. зато сакав вие да ми помогните нешто да им вратам, да ги зафркнам двајцата.Ако имате каква и да било идеја, пишете ми :) :*
     
  12. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.489
    Владо Јаневски има една многу добра фраза упетребено во стих:

    И штом кренеш бело знаменце, ќе ти текне дека волкот глумел јагненце...

    Нема чаре за таквите...единствено ако си и ти таква..Всушност работава е `кој прв загризе`. Истото ми се случи и на мене со последнава врска, додека во предходната јас `манипулирав` . Покајнички потоа решив да играм фер со следниот партнер, но сфатив всушност дека тоа ми била најголемата грешка...Му допуштив тој да ги `држи конците`..За на крај се да се сведе на добро познатата:

    -Ти пак си кокошка, а јас стара лисица....

    Но знаете како велат `И над попот има поп...Ќе падне и тој на некоја бетер од него пред нозе...па ќе си ја чука главата од ѕид...
     
  13. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    46
    SanF, мислам дека ми е јасна целата работа. Јас сум од Ск и ова што ќе го пишам сакам да пројде без никаква навреда !! Познавам многу девојки од др градови и дечки од Ск. На Ск фраери целта им е една, и мислам дека ти е јасно за што праам муабет :) И сега кога ќе сфатат дека работата со Ск девојки не иде така лесно, се решаваат да си пробаат со другите. Ама очигледно ни тие не се толку наивни па ајде со сите по ред само затоа што биле од Ск !! Многу пати сум видела ваква ситуација и немам др што да направам освен да се изнасмеам. А најдобар момент е кога некоја од нив ќе ги одбие !!! Е тогаш `фраерите` немаат повеќе опции. А ти ја имаш таа шанса да одбиеш двајца, по што сигурно ќе паднеш во нивни муабет и ќе сфатат дека и двајцата биле изиграни. Мојот совет ти е тоа, и двајцата на игнор !! Ако бил барем еден од нив доволно вреден за тебе, немало другар му да ти се пушти ;)
     
  14. SanF

    SanF Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Да да, сфатив јас што им е поентата.. затоа сакам да им вратам некако, немам ништо со нив напраено, не ни сакам, ама не сакам ни да си играат со мене и да мислат дек немам сфатено јас :D
    Иначе за на игнор, тоа сигурно.. фалаа barbiegirl :)
     
  15. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    114
    Зборот играч ме асоцира на една личност која многу тактички и со прекрасна изведба ми го украде срцето(морав да го употребам ова клише бидејќи се совпаѓа перфектно). Нашата романса да ја наречам не траеше којзнае колку долго, ама доволно долго за да паднам на неговиот шарм и избрани зборови. Како девојка која брзо се „пали“ колку што брзо и се „гаси“, за жал ова не важи за него. Иако ме изманипулира, ме натера да верувам дека сите зборови што излегоа од неговата уста се вистински, а можеби тоа беше и поради ситуацијата и местото, се уште мислам на него како последна идиотка. Свесна сум за ова-ама тоа е. Престанав да комуницирам со него откако сфатив каков е, ама не проаѓа ниту еден ден а да не помислам на него. Само едно нешто умирам да го прашам, а тоа е едноставното прашално зборче-зошто?
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.699
    СЕ НАОЃАМ во таква ситуација... или се наоѓав :?: Се надевам можам да ја напишам реченицава во минато време. Имено, доста ми се збогати искуствово со „фраеров“ и сигурно уште ќе ми се збогатуваше, да не се случеше нешто кое ја поништи сета негова мачовност. Секаков обид да ја корегира импресијата беше неуспешен и сега јас сум таа која е МАЧО.
    За таквите само игнор. Треба да ги третираме како тие што не‘ третираат нас, да ги третираме како песови, да трчаат како кучиња!
    Уф, се изнервирав.
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    5.129
    Пол:
    Женски
    И јас Хипице се надевам дека можам да ја користам во минато време. Емотивен заложник е вистинскиот збор. Дури ова може да се случи без типот намерно да игра, туку така се поставиле работите, и такви биле околностите на почетокот. Кој како си ја наредил, така ќе си тера, дур не ни текне на нас „изигруваните“ дека заслужуваме повеќе, колку и да ни е убаво со ваквиот играч. секогаш доаѓа моментот кога ти е преку глава од се`, ама и секогаш доаѓа моментот на слаба точка, а тој е секогаш тука за тебе! ама секако со резерва во однесувањето. и таа мистерија те привлекува, те привлекува се дур не сфатиш дека испаѓа се во негова полза, како и да свртиш се е во негова полза. и дека не иде така... и не знам веќе до кога ќе налетувам на ваквите играчи, не знам
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.019
    Браво Лилит,доста интересна тема која и мене ме опишува.Се мислев да отворам ваква но најпрвин проверив да не има.
    Точно е се напишано во воведниот пост а за жал тоа се почесто се случува.
    Ајде да дебатираме.Ваква тема не смее да се дозволи да биде заборавена а посебно е да се помогне на личностите кој имаат ваков проблем а и себеси доколку се наога во иста ситуација. :)

    Од секогаш страшно ме интересирало која е причината што машките се менуваат???Некоја им одговори на чуствата,им признава дека ги сака на крај нудат само пријателство?Дали веке се губи интересот кон другата единка ако ја смувал веке???
    Како се однесувате,дали ја играте истата игра која е голем ризик за да не упали работата.?
    ?Ме интересира највеке и машка гледна точка,на што пагаат,како можат да дојдат до знаење дека некоја навистина вреди и дека ако ја загуби и да ја врати никогаш нема да биде исто.Мада секое момче пага на различни работи.Како може да го врати интересот?
    Имам ваков случај моментов и навистина ме иритира,ме сака не ме сака пријатели ова она.А следен момент би помислила дека ме сака.Не барам совети за мојот проблем туку општо ме интересира сето тоа што го напиша Лилит во воведниот пост.Зошто ја префрлате вината на женското?Зошто кога нешто не им е по кеиф се недостапни или ја исфрлуваат нервозата само за да им помине???а следен момент се каете?
    Бараат искреност а кога е искрена бегаат мада и денес ретко некој да биде искрен.
    Дали секогаш го мислете она што го зборувате??Дали од кога некоја ја смувате можете навистина да ја гледате како пријателка или е сето тоа маска за да трчаме по вас? :!:

    За болдираните прашања страшно ме интересираат одговори. :)
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    552
    Типичен македонски синдром. Да, баш како и темата играч. Нормално некоја ќе падне на него. ЕЕЕ ама мене ме создал господ акната. Не знам јас да ќутам. Еј дечко полека без кревање акции, со тебе сум дур ми е убаво, после....извини ја идам даље, неможам ја да се бафтам со такви како тебе.
    Е овој мојов кој изиграва играч.. Честопати знае да ми каже, што уште ќе ми плеснеш во фаца?? А боли?? Знам, ама извини..јас сум таква. Нема да те барам, нема да ти кревам акции..И дојдовме до ова: Не чекај се на мене, јавувај се кога сакаш. Молам??? Не, нема. Нема да потклекнувам и да го полнам твоето его, за тебе да ти дадам алиби дека јас трчкам по твоето задниче. Кога ние односот ќе го смениме и ќе се поставиме како и тие спрема нас, играта е обратна. Само треба разумно да се разгледа ситуацијата, зошто лесно потпаѓаме.
    Јас барем, ја средив ситуацијата(мислам и искрено се надевам дека е така). Јасно и гласно си кажав, дека не сакам да се дига и да си мота филмови у глава....Дека сакам дур е убаво да уживаме а после да имаме очи да си кажеме здраво.
    Можеби и не треба да го сместам во играч зошто тој секогаш играл со отворени карти од сам почеток, но со самото тоа што и после 8 месеци тој се уште не може да се реши за врска, а прави планови за викенди и денови поминати заедно, епа затоа го сместувам во играчи.
     
    На Podarok и vendiii им се допаѓа ова.
  20. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Been there, done that..
    Беше играч и тоа еден од најлошите ( барем така зборуваа за него ) .. Си играше топло-ладно се секоја девојка, го имаше она МАЧО-однесување. Проба и кај мене (топло-ладно, изјави од типот на- ја не трчам по никоја, сите трчаат по мене), ама не му палеше, виде не виде си се смири и бевме заедно година дена. Сите ми викаа- Ти давам рака што успеа да го смириш.А за тоа време ме третираше буквално како кралица..
    За такви како што кажа Хипица, само ИГНОР.. после сам ќе си дојде. Ко што рекле старите- Доџе маца на вратанца :D :D