Имам искуство со ваквите "играчи". Стојам понастрана од нив затоа што веќе се изгорев неколку пати. Во еден од нив бев ептен затрескана, а тој се однесуваше неподносливо со мене, односите ни беа постојано топло-ладно, колку нервози имав со него не сте свесни... Не можев да издржам повеќе и ставив крај. Не си го губете времето со такви машки, бесцелно е. Само игнорирајте ги.
Досега немам налетано на некој таков, не сум имала плеер во мојот живот. Кога би сретнала таков тип незнам како би се однесувала, знам само дека што и да се случи неможе некако многу да ме зезне затоа што во принцип никого не сфаќам сериозно, а не па некој играч што ми се пушта. Така да многу штета нема да може да ми направи. Сепак ми треба долго време за некого да сфатам сериозно. Можеби и јас сум некој вид на играч, иако не пробувам да бидам таква, едноставно немам зошто да ги сфаќам толку сериозно таквите припуштавања уште од сега. Игра или не, сакам да е убаво додека трае, за после не ни битно
Јас се имам најдено во ваква ситуација.Му реков дека платив убиец да го убијат ххахахаха....и нормално не прифатиф никакво пријателство за моја среќа сега е во ддддаааалечна земјааааа ..страшна сум пазете ееј хаха
Со ваков тип си имав работа и да ви кажам не вреди. Првите месеци ќе се однесува со вас како да сте принцеза. Вашиот збор негова заповед. К од караница нема. Вика дека не сака да се расправа. Мала кавга и индиректно го навредувате. Го нема неколку дена. По некое време повторно кавга и го нема неколку недели. Залудно се трудите, овој играч не покажува ниту една емоција. Најлошо е што не може да се препознаат од прво.
Не сум имала искуство со такви играчи коишто си играат допло ладно и коишто денес ги има утре ги нема. Штом прави така значи ни ме сака, ни ме цене затоа подалеку од такви.
Точно. Со залажување од типот "таков е тој, не може да се смени, емотивно е нестабилен ама ме сака" само си трошите драгоцено време и нерви.