Мислам дека не постои. Ама ако баш мора нешто да се наведе, мислам најблиску до идеален е она што шефицата @RainBow го напиша.
Исчитав се, имам чувство како да сте заглавени во некоја луп и досадна монотонија. Вистината е дека ако жената е незадоволна врската и бракот се ужасни, зошто нашите мажиња се научени ништо да не прават и да не мрднат со мал прст. Ова вака општо кажано. Конкретно за членката со проблемот, дали можеби би можеле да пробате да одите на заедничко советување. Распрашај се има психолози што работат со парови. Бидејќи вака, како што тргнала работава, само ти имаш желба да го спасиш бракот, бацево си лежи в кревет и чека нешто од небо да му падне, нема далеку да догурате. 5 години и не се голема бројка ....
Некаде прочитав вака "Идеален брак е 60:40, каде што секој од партнерите ќе се труди да биде 60ката" Сигурно е прелошо преведено, ама ја сфаќате поентата
Сите имаме различни желби, различни работи ни се важни. Но твоево навистина ми се допаѓа. Ако размислиш стварно, со една реченица тоа е. Да се трудиме ништо повеќе. Не сме совршени никој, но можеме да се трудиме да бидеме подобри еден за друг. Јас да не ме сфатите погрешно, немам идеален брак. Моето излагање погоре се уствари моите гледишта како јас мислам дека треба. Не е се така во нашиот брак. На моменти имам чувство дека јас повеќе се трудам, но не знам дали е така. Не сме исти карактери, не читам мисли, не знам што размислува партнерот.
Поентата е таа на бракот, сите претходно сте навеле. Е сега, нам ни е седма година од брак. Сум чула дека ја викаат како година на тест во бракот. Можеби е и кризна година. Ама периодов сум дома со едно тодлерче и едно бебенце. Поголемиот оди во градинка од скоро, со бебето секако сум дома. Лично јас си имам проблем со сфаќањето за односот во бракот. Откако се децава тука, се забораваме , пример мене ми фали гушкање, време за нас. Маж ми работи сега доста интензивно и посветен на работата, одговорен е, ама мојот мозок тоа го дешифрира како да има дистанца. Кога му давам предлози за наше време, сака, само уште да најдеме простор и начин. Тоа е, некако се осеќам како тој да ми фали, некоја романтична нотка нешто слатко. Дури добив и мотивација наново да го заведам, да бидам во поприфатливо визуелно издание, да сакам повторно убава да му изгледам. Ви се случува? Можеби некој комплимент ми фали од него, иако не е по комплименти многу . Вашите мажи ви даваат? Инаку е посветен и на домашните обврски и на децава, разбирам дека е растргнат. Можеби само мене ми е досадно веќе, ми треба работа, со претходната завршив. Да потпорасне бебе, ќе најдам работа. Зборувам и со него за како се осеќам, сфаќа и прифаќа ама ете вртлогот од обврски врти во денот, доаѓа дома и веднаш со детето. А јас сакам гушка, па некогаш и самата му се пикам. Можеби само многу размилсувам, непотребно, ама ми е страв дека кога ќе помине напливот со работа, ние ќе си затераме со истото темпо. Вака изгледа брак со деца?
I've been there. Ние сме со еден тодлер само, ама мајкар.. сеа кога почна да спие видовме раат малку. Инаку и двајцата сме растргнати, и јас работам и тој. Burnout мислам дека имаме и двајцата, по тенка линија одиме. Комплименти не добивам и јас, скоро секогаш се обраќа во множина, прашува како СМЕ со малиот. Ама искрено и јас би сакала комплименти. Од друга страна пак сум благодарна што не се караме и расправаме како порано. Имавме кризен период кој прилично долго траеше, сплет на околности кој ни ги разниша односите, зборувам за навистина напната ситуација. Владееше тензија меѓу нас долг период. Буквално секаква комуникација беше нарушена и завршуваше со караница. Откако го надминавме сето тоа некако решив да не барам проблеми онаму каде ги нема, да бидам благодарна за она кое го има.
Веројатно сите се соочуваме со типични кавги, особено откако ќе се роди детето. Кај нас по првото дете, во короната беше, пример некогаш нешто ќе кажев или ќе реагирав некако и ќе ми се тутнеше па ќе се закаравме. А биле муабети идеи од моја страна за кои отпосле се согласил. Мене ми пречи што повеќе знаел да се закара со изговор дека јас реагирам повеќе и го предизвикувам, отколку што имало нежности. А и со децава плус, не му ни текнува. А за тоа не треба многу, помини замини гушни ме, допри ме. И детево е радосно кога се гушкаме, се смее и тоа. Мене ме нервира дека само јас сум таа која има потреба од нежност повеќе, различен емоционален сет имаме, што е природно и нормално. Ама нејќам вака да тераме и тоа јас му го кажувам. Јас не чутам, да собирам, отворено си ги барам правата. И што ми е сега глупаво, како под притисок си се ставив да му се докажувам дека сум кандидат за него, па гледам косата да ми е средена, да сум ок во лицево, да изгледам фино и да му сум интересна, нели е тоа смешно? Кога ќе помислам во мене има страв од напуштање од здосадување. Не е таков тип маж ми, ама па некако не сум ок, дека само дома седам, немам дружби немам прилики за средување Пред некој ден му викам привлечна ти сум, да ми вели, а ти се допаѓам, убава ти сум? Секако да, шо муабет е тој, демек како сум можела такво прашање да поставам. Мислам знам дека комплименти не му се јака страна ама мене ми влијае на и онака слабата самодоверба. Исто му велам еве со син ти земи го покажи му џентлменски гест, речи ајде за мама цвеќе да земеме. Ете пример цвеќе еднаш или двапати ми има подарено. И не дека тоа толку ми било битно порано ама сега ми значи бидејќи и така запоставено се осеќам. Можда се смешки работиве, не треба да се фаќам за ситници ама ете кршлива сум. Ми е страв да не оладам или само јас да сум таа што ќе пека за допир и односот од пред децава времето. А инаку и јас сум била боцкало и нервозна, пример да ми подаде нешто за бебето и ќе му речев ајде побрзо бавен си или еднаш неспособен си, што не е воопшто коректно. Или пак цел ден со бебе дома заспивај го храни го едно те исто секој ден и кога доаѓа од работа ќе му речев ела место мене да видиш, ела заспивај го и тој ќе врати сакаш да дадам отказ шо сакаш да направам...и така како закарано. А не сфаќа дека сакам да се истушам само. Сега летово секако ќе му е турбо на работа, не очекувам нешто вауу. А вие како подобрите комуникација?
Според мене идеален брак е : Бракот во кој што можеш најоотворено и искрено да зборуваш за своите стравови ,ставови и очекувања како од партнерот така и од животот и другата страна никогаш тоа да не помисли да го злоупотреби. Договор и разбирање од двете страни ,секако и понекој компромис. @elenaklasik вчера читав една приказна за лавот и мајмуните во зоо. Сигурно ќе испуштам детали ама поентата е таа: -Се шета брачен пар низ зоолошка првин ги гледаат мајмуните - гушнати се љубат. Жената вика ,погледни колку љубов ,не ја испушта од раце. Продолжуваат кај лавовите . Таму лавицата лежи на една страна а лавот на друга. Жената повторно ,погледни воопшто не ја ни гледа Мажот и вика ајде пробај фрли камен накај лавицата да видиш. Фрла жената камен и лавот одма рипа да ја одбрани лавицата. Одат кај мајмунот да го направат истото. Мајмунот избега и ја остави мајмунката сама. Можеби е таков и твојот сопруг а слично е и со мојот. Некогаш и јас се изморувам само јас да иницирам прегратка ,бакнеж и прекинувам тогаш па се буни зошто не сум го гушкала
Идеално? За секој различно изгледа и дали постои не знам. Бракот е 40:60, 20:80, 50:50... Многу љубов, многу трпение, многу доверба, многу секс, баланс... Многу фрустрации настануваат кога има некаков проблем, партнерите заборраваат дека они двајца се против проблемот заедно,и тука почнува обвинување еден кон друг. Треба работа на себе, треба разговор со партерот да имаш комуникација а не да ти чита мисли. За мене идеалното е шо он за мене е партнер за се во животот, другар и пред се ми е дом. Колку и да сме имале тешки денови мирот си го наоѓаме еден во друг.
Е и ова да ,никогаш да не заборавите. Бракот е заедничко борење против проблемите а не војна меѓу партнерите
Ххахах а бе мајмунска работа. А кралот секогаш ја чува кралицата. Поента на место. Па да, знаел да се закара со други за мене, дури и татко му ми има речено, знаеш каков е, за тебе не трпи, те брани...и јас ко квасец растев тогаш. За ова со гушкањето пред син ми вели а кога велев пред малиот дека мама е херој ти не прифаќаше, не не велеше, тоа не се важи а? Којзнае, шашма сум. Ете мојот пример можда и нема да му зафали прегратка па да ми рече кај си. Дури е на работа се допишуваме, едно време јас повеќе ама секогаш ми враќа, се зезаме вели дека би сакал дома да е. Ама откако се осетив запоставено си реков да не му пишам, да му ставам малце стендбај, да му зафалам.
Не знаев кој дел попрво да ти го цитирам. Се баш се што кажа исто се чувствувам. Од почеток, од раѓањето на детето и заедничкиот живот е вака. И јас не сум желна за подарок/цвеќе туку за гестот. Еве замисли и за роденден последните 2 год немам подарок. Лани ај рече избери си нешто и ќе ти платам. Не избрав ништо, бедно ми е така. Си нарачав некои книги тој период, па рече ај ќе ми ги плател. Овој последниот роденден иста песна, избери нешто ако сакаш. Пак не избрав.. А памтам порано часовник, накит, постојано нешто убаво, некако се чувствував како да се трудел, да одвоил време и посветил внимание. Дури и за неговиот роденден 2 месеци унапред ми рече да не му купувам ништо, тоа биле непотребни трошоци, некогаш ако видел нешто убаво кога сме заедно можело нешто да се купи и да се смета како роденденски подарок. Емоционалниот сет рече не ви е ист. Не е и нашиот. Јас сум по внимателна, тој не.. Еве замисли вчера ми вели немам време да дојдам со тебе тој ден (треба некој зафат на максилофацијална хирургија да правам, небитно, рутинска интервенција). Ми вели оди сама не е далеку./ Како бе сама? Како ќе возам до дома со болки ? Презакажав за друг ден за да ме носи тој. И ми вели епа ок, додека си ти таму јас ќе тркнам до едно друго место да видам нешто. Се во ред, секако треба да ме чека, нема што да прави, ама поинаку може тоа да го каже, многу лошо звучи.. Нежности само кон детето има, кон мене ретко. Комуникацијата ја средивме постепено. Јас одев на психотерапија, почнав да читам книги и некои делови кај себе ги освестив. Мојот дел го поправив. Престанав да се жалам и да барам од него зборови кои не може да ги искаже, престанав да се нервирам, како да оладив. Тој веќе беше оладен и тоа е тоа. Не зборувавме за ништо што може да доведе до кавга. Низ муабет некогаш дискретно ќе искажев незадоволство од нешто. Бидејќи го познавам, знам што може кај него да разбуди размислување и преиспитување. Кога директно му посочував се чувствуваше нападнат или критикуван и тоа не даваше ефект, тој почнуваше да се брани и расправа. Па ете најдов начин пак да го натерам да се преиспита но без да го напаѓам. А јас пак со ниската самодоверба не сакам да слушам такви работи бидејќи добивам потреба да се правдам. Па решив и да не прашувам, не прашувам како изгледам, не прашувам дали е добро ова/она. Околу средувањето и јас немам прилика, еден период не бев вработена, а кај него на работа врие од згодни и убави жени, не само колешки туку и клиентите се такви. Се чувствував загрозено. Имаше и љубомора кај мене, но и реален страв. Барем за мене беше реален бидејќи не беше проблем да се нашминкам и облечам, мојот изглед беше целосно нарушен, уништен. Лицето ми се изобличи, телото пак.. ужас комплетен. Дома заглавена освен пижами и партали не носев друго. Не ме ни собираше убава облека.. Комплетно се средив со психотерапијата но и со физичка активност. Со физичката активност на некој начин се ладев од негативата , се испукував и освен физички што почнав подобро да изгледам и психички олабавив. Сега веќе пробувам и да медитирам по малку. Сфатив дека не можам никого да променам, можам само сама себе, па ако тоа влијае врз другите нештата ќе се подобрат.
Идеален брак не постои.Се се сведува на разбирање и подржување.Ми се допаѓа тоа за зоолошката јас мислам дека за една жена најбитна работа е да се чувствува сигурна покрај својот избраник.Идеален човек нема па нема ни брак.Најбитно е после исцрпен ден да си седнете на едно кафенце да си кажете како ви поминал денот и на крај гушнати да си легнете.Тоа е според мене идеално.
Може ова не е за темава ама еден човек дојде кај нас во дуќан и ми вика ми треба букет со 51 ружа.Во ред му викам нема проблем.Се работи за човек од околу 60тина години.Му го правам јас букетот и му викам искрено господине за кого ви е букетот.Епа штом праша еве за швалерката ми е ми вика. Аман бе му викам зошто секогаш за швалеркате а да купите за госпоѓата дома неможе ли. Вака ми вика јас правам 40 години од брак и и купувам на женами 41ружа да ја запазиме бројката. Идам дома звонам на звонче она отвара и ми вика будало една колку пари си дал за ова,а сега кога ќе и однесам на швалерката она ќе ми рече злато мое,душо моја колку се убави. Искрено малку ме подзамисли и јас нормално на страна на жената му викам:да ама жената мисли месецот да се помине а швалерката тоа не го мисли. А он ми вика јас ако сум имал за неа имам и за месецот. И на крај ми вика еден совет од мене додека дава зимај лошо е кога ќе прекине тогаш има проблем Ова го кажав само како тоа дека и ние жените некогаш незнаеме како треба да изреагираме. Така да ако ви е совет за ништо не одбивајте и не се бунете зимајте додека подаруваат зошто од машка страна и тоа го гледале.
Буквално. Имам зборувано со мажи кои изневерувале жени, небитно дали со нискоморални проститутки, елитни проститутки или обични жени. Сите тие се на некој начин швалерки. И секој маж баш тоа го вели. Со другата се чувствува по ценето и повеќе го развеселува од жената/девојката со која е во брак/врска. Некогаш е до карактерот мислам. А може и да е вештина. Сите курви се многу фини, добри другарки. Затоа они шетаат на Малдиви, а ние седиме дома или евентуално до Грчка. Еден инаку пријател од детството баш така ме советуваше: " Со маж ти немој да се жалиш, да кукаш, да негодуваш, него не го интересираат жалопојки, немаме ние мажите енергија за тоа, ниту имаме капацитет да сфатиме ниту сме способни вас да ве оправаме." Истиов човек е заинтересиран многу за историја, студираше историја и ми имаше кажувано за кралицата Мери како заради љубов ја изгубила цела Шкотска. Барала љубов и признание од маж, тоа не се добивало. И за Хурем и Косем Султана ми имаше раскажувано. Хурем Султана на портрет ми ја покажа, не била исклучително убава, го пленела Султанот со харизма, го забавувала, го смеела, ако била желна за љубов ќе била иста како останатите жени во харемот, немало да влезе во историјата. Конкретно и за Косем Султана, таа владеела како регент со царството затоа што ја бивало за политика, владеела бидејќи не и биле на прво место љубовта и вниманието. Значи знаела политика и на маж да направи.
Буквално. Имам зборувано со мажи кои изневерувале жени, небитно дали со нискоморални проститутки, елитни проститутки или обични жени. Сите тие се на некој начин швалерки. И секој маж баш тоа го вели. Со другата се чувствува по ценето и повеќе го развеселува од жената/девојката со која е во брак/врска. Некогаш е до карактерот мислам. А може и да е вештина. Сите курви се многу фини, добри другарки. Затоа они шетаат на Малдиви, а ние седиме дома или евентуално до Грчка. Еден инаку пријател од детството баш така ме советуваше: " Со маж ти немој да се жалиш, да кукаш, да негодуваш, него не го интересираат жалопојки, немаме ние мажите енергија за тоа, ниту имаме капацитет да сфатиме ниту сме способни вас да ве оправаме." Истиов човек е заинтересиран многу за историја, студираше историја и ми имаше кажувано за кралицата Мери како заради љубов ја изгубила цела Шкотска. Барала љубов и признание од маж, тоа не се добивало. И за Хурем и Косем Султана ми имаше раскажувано. Хурем Султана на портрет ми ја покажа, не била исклучително убава, го пленела Султанот со харизма, го забавувала, го смеела, ако била желна за љубов ќе била иста како останатите жени во харемот, немало да влезе во историјата. Конкретно и за Косем Султана, таа владеела како регент со царството затоа што ја бивало за политика, владеела бидејќи не и биле на прво место љубовта и вниманието. Значи знаела политика и на маж да направи.
Потполно се согласувам со тебе јас ова го кажав баш поради тоа што го гледам и знам во дуќанов верувај ми секакви работи знам и гледам,и швалери и швалерки и што не.Сакам да кажам на пример има жени ќе дојдат во дуќан и ќе ми рече ејјј цвеќе па што ќе ми е па ќе се исуши,поубаво нека ми даде пари јас сама ќе си купам што си сакам. Или па не ми треба цвеќе нека ми купи нешто што ќе си носам и ќе ми остане. Мислам без разлика дали ќе остане или не работата е во тоа што и една ружа има големо значење битно му текнало и сака да ти подари. Не бирајте и не прибирајте тоа и сакаше човекот да го каже зимај и не прашувај.
Многу плитко размислување за брак. На мажот да не му се жалаш да не му кукаш туку да му бидеш кукла нашминкана и срекна за он да биде задоволен. Сериозноооо Грешна перцепција за љувов, за семејство за се буквално.
Само што сакав да го пишам тоа. Молам? За мажот да не си најде швалерка ние нема да бидеме жени, туку роботи за нивните потреби? Знаете дека со ова кога мажот има швалерка не е он крив, крива е жената, така? Со маж ми комуникацијата ни е најбитна. Неколку дена асално да не седнеме и да не се изназбориме ко скарани да сме. Све се кажува, све, он ми е личноста што сум ја одбрала за да го терам животот, истото важи и обратно. Мажот ќе имал за цвеќе, ко божем жената не знае колку пари имаат и за што требаат? Знаеме колку имаме и за што и што ни е приоритет. Не да се радувам цвеќе ми подарил, вауууу, му текнало. Ми значи кога јас не можам да станам и он ќе стане, иако бил на работа, кога не можам нешто он е тука со поддршка, кога не сум добра и е секогаш тука да ме охрабри. Исто и јас за него. Не дали на цвеќе ќе сум се израдувала.