Многу сте всушност вие плитки. Нигде не реков да се ќути, трпи и да се угодува. Ние си правиме компромиси фала Богу. Ама да му досадуваш и да му се жалиш на човек без везе не оди. Јас имав психички проблем, моите недостатоци мислев дека ме дефинираат, триста филмови во глава, overthinking на најјако. Кој маж би трпел намуртена и тмурна жена ? Ти би трпела да ти досадува ? Или подобро би ти било како парче мебел да го гледаш ? Или пак болна љубомора да ти покажува ? Не се трпи никое од тие, а јас сите ги правев.
Ете ние пример кога е на работа ни се слушаме ни се пишуваме. Ако се јави/ам тоа е по потреба пример купи то и то... Колешката ме заебава често ,вие само службено терате
Мојот маж, нема да речам ме истрпе, ќе речам ми помогна. Кој маж? Тој што те сака и почитува и е со тебе во добро и во лошо. И полошо било, па еве нѐ. Сега по муабетов ми доаѓа фала да му речам што ме истрпил таква. И не, имањето психички проблем не е жалење без везе.
И јас имав панични напади и анксиозност со години.И да,често се ‘жалев’ и плачев.И искочив од таа бездна благодарение на мм и неговата подршка кога бев на дното.
Па затоа и сме маж и жена.Нели.Ако сме само за онаа работа тогаш нема да сме во брак ќе се гледаме по хотели.Сме се заколнале и во добро и лошо ако сме се оставале на секоја караница и на секој зорд во животот ооо па до сега со години ќе бевме разделени.Мора да си се подржуваме еден со друг и да се креваме кога ќе паднеме,сите сме имале и блесав ден па и период ама ако се познаваме доволно тогаш ќе знаеме дека тоа ми е само период и дека ќе помине.Така да само подршка и разбирање друго нема и секако љубов таа е најбитна
Жал ми е шо не си во добар брак, барем по ова шо го пиша така изгледа. Во најдобро и најлошо, со сите подеми падови со плачки, анксиозност и проблеми со разбирање и помош еден кон друг е тоа е брак.
Па, најлесно е така, за сите други ако кажат дека им е добро, лажат и глумат. Ама, ако ти е полесно така, океј.
Со маж ми почнавме да ја читаме книгата "Men are from Mars and Women from Venera". Ја нарачал пред неколку месеци, и баш ми се најде во овој период. Пораката на книгата е дека мажите и жените се од различни планети и следствено различно размислуваат и чувствуваат. Мажот кога има проблеми и задачи на работа вели сака да размислува самиот, неговиот мозок е комплетно фокусиран на проблемот и исклучен од сѐ наоколу. Затоа жените се лутат и во тој момент мислат дека нешто е до нив, дека мажот ги одбегнува. А жените, кога имаат обврски и задачи работни, сакаат да зборуваат за нив, сакаат во детали сѐ да раскажат бидејќи така се осеќаат олеснето. Зборувањето ги опушта жените, ги ослободува, дури и кога ќе завршат со себе, ќе се префрлат на туѓите проблеми . Битно е мажот само да ја слуша, да не ѝ дава решенија, да не ѝ ги девалвира чувствата. Значи на муабетот на @DarkStormm дека мажите нејќат кукање, хмм се зафркнале. Нека бараат мажи партнери. Јас не планирам да заќутам за маж ми да се релаксира. Тоа и прееска со него зборувавме, дека не е можно жената да не зборува. Еве 40 години да сме во брак, 40 години да сум само во позитивно издание, расположена, радосна убава? Па минуваме низ бременост, раѓање, доење, неспани ноќи и како е можно нервоза да не искажеме само за тие да се среќни? Ела тие нека врват низ толку хормонски промени па нека се нај секогаш. А точно е тоа дека мажите тешко поднесуваат критики, и во книгата го пишува. На пример ќе се потрудат за нешто и жените ќе им го плеснат како не очекувале, и овие се зачудени зошто, па и губат мерак после. Добро, зависи и од мажот. Дека имаме различни мозоци, имаме. И на секоја врска ѝ треба нешто како push како давање гас кога ќе снеможе. И тоа дека сакаат само убави привлечни жени и тоа е индивидуално ама не е секогаш во тоа цаката. После изгледот, нормален маж бара почит, поддршка, рамо до рамо партнерка. Целата поента, сржта на проблемот е кога ќе спласне флуидот меѓу нив. А до тоа доаѓа преку доживување здраво за готово на партнерот. Го / ја имам дома, децата се тука, тоа е, целта е постигната. Сакав уште нешто да кажам, ќе пишам накндно.
Па не реков никаде јас да се ќути, трпи и да не се споделува. Ама јебига политика некогаш мора. Напишав само што ми има кажано пријател. Не дека го поддржувам што ја изневерувал партнерката ниту дека тие причини се 100% валидни. Секој има различен праг на толеранција за срања. Мојот е се понизок, па ако не да се разведеме што се мачиме ?
А како тоа кога сум психички "падната" не е должен да ме "трпи"? Должен е и тоа како. И јас сум должна ако е обратна ситуација. Секако ако сакаме бракот да опстои, ако сеуште има нешто помеѓу нас. Шо и да му смета кај мене, што се изменило може и треба слободно отворено да го каже и заеднички да најдеме компромис. Најлесно е слупај врата и излези - кој ќе ја трпи сега оваа, па купувај цвеќиња на швалерката оти таа дома нејќела рози туку кали. Доаѓаат моменти во животот кога другата страна е "неподнослива". Ама па тие се моментите кои треба да се надминат. Затоа е брак. Најлесно е остави го другиот со своите проблеми нека се снаоѓа сам. Не се тоа само негови проблеми - наши се, заеднички. А идеално? Кога би било идеално би било досадно. И секој со својата дефиниција за идеално. Јас ја немам
Ние го креираме идеалното за нас . Ништо на овој свет не е идеално , па ни браковите . Јас и сопругот секогаш разговараме кога се работи за големи и трајни одлуки , кои ќе влијаат на нас и нашите деца , во блиска и подалечна иднина . Едниот дава некоја идеја а потоа , уз кафе разговараме и донесуваме заклучок дали таа идеја е добра или сепак не . Секако дека има периоди кога не се согласуваме , некогаш завршуваме со кавга , но секогаш сме тука еден за друг .
Јас развод му барав на мм кога не бев океј. Му викав дека не заслужува да ме трпи, секој ден плачење вриштење. Па ме седна и убаво ми објасни дека не може да се откажуваме еден од друг ко ќе станат работите лоши. Сигурна сум дека и на него му беше преку глава од мене, пошто на мене дефинитивно не ми беше добро ама ниеднаш не го покажа тоа. А најлесно ќе му беше "еј оваа бара развод, таман, неподнослива е, ќе се откачам"
Тогаш не им треба жена, им треба конкубина. Баш убаво ти признал дека се емоционално незрели, ама и дека ти треба да го толерираш тоа. Јас мислам дека треба масовно будење на женскиов род, ептен забегале овие.
Да исправам, по грешка сум пишала Venera instead of Venus. Јас исто имам развод спомнувано во ситуации кога не можам да контролирам емоции. На тоа ми врати "јас ќе сторам сѐ да не дојде до развод, ама ако толку си решена не знам, ти одлучуваш" и јас исто така сум реагирала премногу, маж ми никогаш прв не спомнал развод, само јас.
Па огромен процент се такви. Ја читав од Ошо, "Книга за жената" и тој вели дека жените имаат преголем капацитет за љубов и само жените сплотени заедно можат да го променат светот. Ама не со напад врз мажите. Комплицирано е за објаснување. Ако имаш можност прочитај ја.
Абе јас мислам дека се сите такви, заглавени во детството. Убаво пиша една членка погоре, ако толку им сметаат женски емоции нека се дејтаат/земаат сами. Да, проблем е само што жени не се сплотуваат. За жал. Баш сакав да пишам во друга тема, осаменост нема да излечиш со барање дечко. Потребни се другарки и тоа што е можно повеќе.
Колку често изговарате те сакам на мажите и тие вам? Ја задржавте "навиката " или остана назад во времето?