Идеален брак

Дискусија во 'Брак' започната од Ladybug98, 21 јуни 2023.

  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не ни треба да си кажеме "те сакам" ,погледот кажува се.Иако и ние често си кажуваме ,ама тој поглед доволен е.Јас не сум ни опседната од зборот "те сакам" ,збор како збор и не е толку важен делата се најважни ,џабе ми кажува дека ме сака ако не го покажува тоа ,во бракот и почитта е поважна .
     
    На PoisonGirl, ForeverYoung, Ceci16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.987
    Допаѓања:
    28.970
    Пол:
    Женски
    Јас сум поладна, не сум толку емотивна и нежна. Ретко добива те сакам како збор искажан.
    Повеќе уз муабет "затоа те сакам", пример.
    Тој на мене да може 24/7 ќе ми кажува. Пред секое излегување од дома ми кажува :)
    Или некогаш ако е зафатен "ај те сакам, ќе се чуеме после"

    Ама да се гледаме романтично во очи и "те сакам", никад :D
     
    На Skyler, JoyJoy, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Мене ми значи колку и да ми покажува и докажува убаво ми е на душата кога ќе го слушнам тој збор.Може за некој ништо незначи ама јас си го сакам го кажувам а и се лутам кога мм подолго нема да ми го каже.И многу пати знам да кажам "Ејјј знаеш колку време помина од кога ми кажа дека ме сакаш" а он
    "Ејј па ти како мали деца па нормално дека те сакам ако не те сакав немаше да бидам со тебе"
    Ако јас пак сакам да го слушнам може на некој му звучи детски ама јас сакам да слушнам а и кажувам.А најмил ми е при онаа работа кога ќе ми каже:rofl:
     
    На BeMyFriend, PoisonGirl, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Јас конкретно , сум личност шкрта на зборови . Он ми кажува често , често ме нарекува " љубави " и некои такви , ај да ги наречам " nicknames " додека јас не умеам да искажам со зборови , јас покажувам со дела .
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.668
    Допаѓања:
    37.491
    Пол:
    Женски
    Не паметам од кога му немам кажано дека го сакам. Мислам дека и со последните случки и перипетии во животов, доволен ни е само еден поглед, едно држење рака за рака за да знаеме дека сме си потребни.
    ,,те сакам,, е само збор, формалност која некогаш може да нема никакво значење. Како одминуваат годиниве сфаќаме дека делата, работите што си ги правиме, зборовите кои си ги кажуваме се тие кои ја докажуваат цврстината на бракот.
     
    На lovely91, Гладиоли, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    593
    Те сакам... последно пијана (после 4 г пробав алкохол и од две ме фати ) му се запнав кажи ми па кажи ми ама двете збора :rofl: пошто обично јас ќе речам те сакам и тоа ретко е а он само и јас. И таа вечер му кажав пак добив ,,и јас" па почнав ти што (facepalm)(facepalm).
    Ама вистината е дека знаеме ние и дека не сакаат затоа се со нас и све тоа ама посебно е чувството кога ќе слушнеш.
    Всушност ние и во врска ретко го кажувавме а и нагалените зборчиња да речам ни се далеку од срце и душо... така да не се мерило тие циле миле зборчиња за ништо.

    @elenaklasik потруди се да ги гледаш делата ,ситниците. Не знам сега како ви се одвива секојдневието за да ти посочам пример...
     
    На Cvekarka, Mnik, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.380
    Допаѓања:
    182.849
    Пол:
    Женски
    Мислам дека идеалното се доживува погрешно. Идеално во смисла се нај, хиперболизирано нема. Нема брак без понекоја закачка, без лош ден, без лутење, без мрчење и нервирање.

    За мене идеално е ако постои разбирање и толеранција за лошите денови. А сите имаме лош ден кога разумноста и не ни е пријател. Ама со разговор се може да се среди. При тоа не мислам на врски каде постои било какво физичко или психичко насилство, нема таму простор за средување.

    Иначе двајцата сме лигајци. Всушност секогаш претходно бев прилично крута, со него станав лигава. Секој ден си кажуваме дека се сакаме, седиме гушнати, секогаш се држиме за рака. Редовно си пишуваме романтични порачиња. Си праќаме и експлицитна содржина, јбг. Ми купува цвеќе секоја недела.

    После второво дете имавме период кога мислам воопшто не се гледавме. Некако како да не проголтаа премногу обврски и не остана време воопшто за нас да си поприкажеме кај сме што сме. Иако секогаш беше покрај мене и достапен за се, многу ми фалеше поголема интимност и во еден момент ме замисли целата ситуација и малку ме фрли од колосек. Но сепак се нормализиравме пак на крајот.

    Мислам дека секој брак се адаптира на индивидуалните потреби, желби и очекувања и секој брак различно функционира па и доживувањето за истиот е различно. И мислам дека споредби не е реално ниту здраво да се прават.
    Ама генерално секогаш знаеш што ти недостига во бракот. И ако имаш чувство дека нешто недостига или дека не е во ред, треба да се работи на тоа да се врати или среди. Мислам дека е најбитно да се чувствуваш комфортно и задоволно, а моменти кога ќе се чувствуваш оддалечено мислам неминовно има.

    Сеа скоро негде читав дека кога си со партнерот поради одредени хормони кои прават да се чувствуваш спокојно покрај него/неа ти се приспива. :) Па совет беше да не се меша чувството на комфортност и сигурност покрај парнерот, со досада. :)
     
    На senjorita-v, oblace1, KuklickaSk и 10 други им се допаѓа ова.
  8. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    Поентата на @DarkStormm беше дека ние сме тие што може да ги “вртиме“ мажите.
    Имаме скроз различна психологија и перспектива кон работите.
    Ја имам читано и книгата што ја спомна @elenaklasik и ја препорачувам на другите.
    Мажи се далеку попрактчни и поконкретни од нас а ние сме па далеку поемотивни од нив.

    За жал мажите не читаат мисли, не се толку интуитивни како нас, ние скоро у секој момент знаеме што треба и како треба а на нив треба да им се каже.
    Јас тргнав од тоа, конкретно да си кажувам и да си барам помош и ја добивам.
     
    На elenaklasik, DarkStormm и st-el им се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.958
    Пол:
    Женски
    И подобро функционирате кога директно кажуваш нели ?
    А емотивната состојка ја додавате на врската? Во колкава мера?

    Дали и ти го пронајде твојот маж во книгата?
    Јас сум на средина, ко ќе ја дочитам, ќе дадам мислење.
     
    На Гладиоли и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    48.411
    Пол:
    Женски
    Многу често кажувам те сакам, он многу реттко, му имам кажано дека треба почесто да кажува и се шегува дека ми има кажано дека ме сака ако имало промена ќе ме известел ]:) не е многу по романтики и така скржав е на зборови, дури делува ко да се срами :D пред некој ден уз мало недоразбирање ме гушна и само рече, знаеш ли колку те сакам , се стопив :$
    Дефинитивно покрај покажување на љубовта треба и со зборови да се искаже.
     
    На Zumbulche, Гладиоли, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  11. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    Апсолутно поубаво функционирам кога ке кажам отворено без шифри.
    И имам приметено кога ке имам некаков проблем, мене ако ми дошло до кукање и му кажувам на него, тој одма пристапува со решение, за разлика од мене која секогаш гледа прво да се смири, па емоциите да си ги разбере па не знам ти што, и тек таму на крај решението. :rofl:

    Од емотивен аспект, скоро слични сме, иако ми е рано да кажам зошто малку време сме во брак (година и нешто) до сега не ми фалела таа емотивна нишка од аспект на галење или давање комплименти.
    Е сега, како што доаѓа бебе веројатно работите ке се сменат и дури тогаш би била нешто покомпетентна да дадам мислење на темава. :lol:
     
    На Herrera, Гладиоли, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Споредбите меѓу мажи и жени ми се малку детски. Без навреда за фановите на книгата.
    Сметам дека треба конкретниот човек да се “анализира“, а не како припадник на одредена група (мажи/жени). Сите сме различни.

    Еве пример кај нас мм е тој што муабети до детаљ, сака да си филозофира до сабајле, тој е поемотивниот во врската. Дури и појака интуиција има од мене. Мене ме мрзи толку да зборувам. Ама затоа сум одличен слушател :D

    А и јас сум добила сличен совет како @DarkStormm, да не му се жалам многу да мм, да не сум потиштена, туку да сум весела итн итн. Од постара жена ми е советот. Многу ја почитувам, ама и' се исконтрав за ова... не можам да се преправам ако не ми е океј. Ако треба да се преправам за да живеам со некого, подобро ќе си живеам сама. Исто како да очекувам од мажот да ги потиснува чувствата од страв да не ми здосади, или да не го отсакам. Нема шанси! Сакам да знам кога не се чувствува добро и зошто, и ако можам да му помогнам. Исто како што тој ме замара да му кажам што ми е ако сум нерасположена.
     
    На elenaklasik, Гладиоли и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    4.907
    Пол:
    Женски
    Ама види мене не ми рече овој буквално да се преправам. Јас ниту можам ниту сакам да се преправам. Јас го читам Лазарев, он вели ако човек се преправа собира потсвесна внатрешна агресија и тоа еден ден ќе пукне кај што не треба. Ако не се испокараш со мажот, ќе се разболиш од собирање во себе.
    Едноставно мислам дека мажите треба да ги познаваме и однесувањето да го прилагодуваме истовремено да биде адаптирано и на конкретната ситуација и на неговиот карактер.
    Значи еве пример: Мажот ако е паметен и искусен и ако се сомневам дека ме изневерува нема сигурно да му речам оти знам, ќе го следам и ќе го средам. Ако знам пак дека е муле ќе му изнакажам се и ќе чекам да признае.

    Или ако сакам нешто да направи за мене или да промени, ако не сум сигурна дека сто посто е спремен ќе најдам начин да се осигурам во тоа индиректно.(Го правам тоа понекогаш)
     
    На elenaklasik, *Amethyst* и Mnik им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Хаха ова ме потсети на мене. Порано повеќе се лигавев, сега последнава година/две, јас почнав на смеење да го викам "мажу, мажиште" и он почна да ме вика "жено". Можда за некој од страна делува грубо, една братучетка на мм баш ми рече, демек не е убаво така да му викаш, ама ние си викаме така на милост и што ми е гајле за другите како мислат. Баба ми го викаше дедо му така," мажуу" и ќе му кажеше што има да каже, а он ја викаше "другарке" демек брачен другар, мене баш ми беше слатко. :rofl::rofl:
    За "те сакам" ретко слушаме. :rofl:
     
    На CrazyGirl15, Гладиоли, DarkStormm и 4 други им се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.958
    Пол:
    Женски
    Книгава е навистина точна!
    Кажи колку работи можеме да пронајдеме за бракот и односот личен, ама и од другите.
    Алал на типот како ја простудирал жената, но кажува дека 25 илјади бракови спасил.

    Маж ми како што ја чита, само вели леле еве ние кога се караме, пишува овде, исто ко нас.
    Ај си велам белким ќе научи нешто плус :D

    И јас исто, директ му кажувам, едноставно не трпам да вртам туку сакам да добијам нешто побрзо.
    Еве периодов се запостави врската наша, јас реагирав поттикната од една случка кога бевме излезени со неговите колеги. Но толку многу ми фалеше негово внимание, да направив драма од ситница, со поголемо карање, ми беше прекипено секојдневието со децава, немање со маж ми однос потопол. Помини замини едни те исти муабети, јас цело време несредена, дома во улога на мајка 24/7, ниту секс редовен, немање физички контакт и збесната бев.
    Со книгава почнаа да ми се појаснуваат некои нешта од машки агол и нему од женски.
    И сфативме дека на врскава ѝ треба освежување под итно!
    Вчера конечно бевме излезени сами , конечно прилика да се дотерам, повторно не добив комплимент , ама со поглед поинаку ме загледуваше, а најбитно што јас се чувствував убаво.
    И зборувавме за книгата и бракот. Од тоа што прочитал ми вели - мажот мисли дека ако и купи кола на жената дека добил многу поени, а всушност и кола и цвеќе се 1 поен, ама некое однесување може да даде 60 поени пример со гест убав. Точно велам
    И му велам еве да ти кажам, ти мислиш не памтам ама порано ми имаш кажано еден убав збор. Велам во една ситуација ми рече ќе те чувам како капка и тогаш доби 1000 поени.
    Се насмевна, ми вели не се сеќавам кога сум го рекол тоа (facepalm)
    Е ајде де сега шо да му прам на ова, не се сеќавал бе, а не беше пијан, ама ете години поминаа заборавил, па и јас си знаев да реагирам пребурно, останало назад тоа сеќавање. Ама одма мене вчера ми се пушти алармот, зошто бе заборавено, ама ништо не реков, жени...:$
    После на тоа додаде друга случка кога ме одбрана од една госпоѓа кога чекавме за пасоши вадење.

    И често се присетуваме на заеднички моменти, уживања, мене ми е страв од заборавање, имаме убави мигови и секогаш сакам во срцево и умов да ги носам, топли ми се, неповторливи.

    И периодов си ја враќаме и интимата, сексуална и емоционална. И убаво е, подобро, со мал труд може многу напредок да има.
    Секоја врска треба да види каде е фалинката и да работи на тоа, ама главно е да се има време заедничко, бидејќи мажот и жената имаат минато пред децата, не се само мама и тато.
    Мојов нека е среќен што вака гледам на нештата, што не оставам да нуркаме во монотоно секојдневие.
     
    Последна измена: 6 јули 2023
    На IRBBB, mal.ecka, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    593
    Мило ми е што и двајцата работите на бракот
    Реално книга на мм да му дадам да чита ќе ме напраи мрдната :rofl:
     
    На DarkStormm, mal.ecka, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.958
    Пол:
    Женски
    Женски, здраво, како се држиме?

    Да ве прашам дали си давате со мажите пофални зборови за начинот на кој се грижите за детето/децата?
    Дали ве бодрат, тешат, дали општо ви даваат коментари?
    Од една познаничка, еднаш дознав дека на почетокот мажот нејзин ѝ рекол - многу си убава така со бебето. И само тоа ѝ го зборувал.
    Мојот ми има речено мајка херојка си, дека посветена и спретна со детето. Коментари поврзани со убавина и нежност не добивам. А искрено би ми годело.
    Ама некогаш на некоја пофалба сум реагирала во стил иих чудо големо или абе ајде не е ништо wow како да не знам да прифатам убав коментар.
    Како реагирате вие?
     
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    4.907
    Пол:
    Женски
    Порано кога заспивавме рано со детето тој ќе се вратеше од работа доцна и не сликал така загушкани, ми праќал сликата сабајле кога ќе станам да видам. Често знае да ни каже дека сме тим спанковци, мајка и син неразделни и сл. Друго не ми текнува. Нема нежности и убавини спомнување за мене, само за детето.
    Пофални зборови кои ме радуваат е што единствено јас успевам да го нахранам. Сите знаеме каков нејадач е. А бабите, тетките даваат само крофни, чоколади, бисквити. Тогаш ме фали дека само јас се трудам. И он не дава благо, грицки и глупости, ама ретко е дома за да може и оброк да му даде. Јас го седнувам и нема мрдање. За тоа ме фали и ете за ред што има некаков за други работи, не му попуштам, знам да му се развикам и да го оставам да плаче ако нешто не треба да му дозволам. Не го разгалувам. Друго што не кажува а знам дека се восхитува е како си играм со детето. Уморна, болна, некогаш и нервозна, седнувам и цртам, гмечам пластелин, измислувам занимации. Он тоа не може, не е таков тип, јас многу сум креативна, ме бива за цртање (неостварен уметник) и општо така за креативни работи сум досетлива. Не ми го кажува тоа затоа што му е криво, ќе седне до малиот и ќе му реди коцки, коли, камиони а детево се лути не вака, не така. Ќе го тера нешто да му нацрта, маж ми ќе нацрта, пример го тераше еднаш трактор да му нацрта, јас гледав маж ми се испоти цртајќи, се потруди.. на крај детево му вика : "ама тато ова не е трактор".. ми беше смешно, ама и жал..
     
    На elenaklasik, *Amethyst* и Zumbulche им се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.229
    Допаѓања:
    12.055
    Пол:
    Женски
    Бракот не е само да ни е идеално, бракот е кога сите препреки заедно ги минуваме.
    На убавото секој знае.
    И на маж ми не му е забавно кога во ПМС сум никаква, кога со панични напади го будам во сред ноќ да ме муабети некои сосем бош муабети да отргнам мисли, а спие по 4,5 часа само.
    Ама ете никогаш не ми има речено во овие 15 години како сме заедно не ме замарај. И знам не сум идеална.. И тешка сум, и напорна, ама ете ме сака и заедно сме во се.
    Најбитно од се да си бидеме подршка еден на друг.
     
    На Martka, Гладиоли, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.958
    Пол:
    Женски
    Е и јас сум креативна. И ми рекол и маж ми, кога смислувам нешто за сликање н децава, многу си креативна, браво има речено. Знае дека сум љубителка на убаво, нс музика, на педантно, сакам естетика.
    Јас сакам уште и уште хехех да е восхитен од мене, којзнае зошто ваква потреба.
    Инаку и тој си игра со синот, го шета, ужива, пс и го кара, ама со тантруми силни веќе прекипено ни е на двајцата.
    И некогаш само си помислувам како посветено си игра со детето ама не давам многу коментари. Додуша му имам речено ти си superdad.
    Се нервирам што монотоно ми е станато, покрај децава време еден за друга тешко. Па и секс ни треба. Тоа е...
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.