Не мора да бидете ... за да одите до Малдиви ако тоа ви е желба. Може и сами да си заработите, може и да си најдете партнер со кој заедно ќе заработите и ќе си ги приуштите задоволствата во животот. А и искрената кавга во Грчка со сродна душа е поубава отколку лицемерна финоќа и добрина како што пиша. Кавгите градат карактер, можат да имаат позитивен импакт и ја засилуваат близината повеќе отколку површна конекција со некој. Барањето човек со кој ви оди муабетот е многу потешко од шетање. Ако шетањето е некое постигнување де. На горе споменатите им минува рокот, и од богатиот има побогат и од Малдиви има по фенси место. И годините минуваат и помлади доаѓаат. Во бракот обврските се делат и ако влегле во брак само за шетањето, ќе избие на друго место. Проблемот е во вас ако се огледувате на такви бракови.
Не постои, секој е различен, идеално можеби само у роман, ама па колку би било досадно се да е беспрекорно
Кога ќе прочитам нигде не е идеално ми се повраќа. Тие што им е лошо во бракот се тешат со таа реченица.
Идеален брак е кога и она што не е идеално заедно ќе го направите да биде идеално. Далеку од тоа дека секогаш се ќе е розево и дека нема да се појави проблем ама идеален брак е кога партнерите знаат како да си ги решат проблемите без да се повредат меѓусебно.