Да , мајката на мм помагала кога можела исто и нината на мм . Но тоа е еднаш во месец . И тоа на кратко кога сум имала потреба да завршам работи низ град а не сум можела деца да земам до мене . Исто се однесува и за мајка ми . Финансиски ни помогнале додека беше мм регрут војник и тоа е единствен период кога сме биле на товар на родители само поради тоа што он бил отсутен а јас со бебе . Да би бил дома не би дозволил , да би била бремена или со повозрасно детенце не би дозволила . Бебето имаше 1 месец кога замина мм регрут . Како и да е , тоа не е темата . Ако сакаш да се препуцаваме може и во ЛП слободно . Сепак мојот став на темава останува ист . Годините и образованието не се мерило за зрелост и спремност за деца . П . С . На товар на родители бевме 2 недели , додека не почна да добива излез за викенди . Тогаш за викенд рабптеше и зарабптуваше . Фаќаше секаква шриватна работа и сам не издржуваше со бебето .
И? Помагале и што е тука чудно? За што треба да се теши? За тоа што родила млада? На што се должи твојот супериорен став ,од висина? Ти си работела,или си земала само породилно пред да родиш. Е да уште нешто,денес е многу лесно да се заврши факултет посебно во Тетово и Штип,доктор на науки таму можеш да станеш,а знаење да немаш колку едно квалитетно средно школо и тоа не треба да прави никого супериорен над некого.
Помагањето ви е понижување, оти нели треба да се чукаме во гради, јас вака, јас така. Секогаш во фокусот да бидете вие. Мене пак помагањето не ми е понижување, за млад брачен пар треба финансиска помош. А чекајќи да спечалам за кола и стан, годините поминале, а јас не се гледам како родител на постари години, освен нели ако нешто не дај боже тргне наопаку.
Нема правила по однос на возраста. Можеш и на млади години да стапиш во брак, и не дај Боже да неможеш да имаш дечиња од икс причини. Тука е веќе Божја воља во прашање. И најмногу се нервирам, еден брачен пар ги познавам скоро 10 години се во брак, немаат дечиња, некои луѓе без осет, често пати ги прашувале: "Ајде, кумот треба ли да крштева, што чекате?" Какви сме значи, не се научија луѓево да престанат да се мешаат во туѓи животи и не се научија. . .
Сите знаеме што е најдобро, факултет, па работа, па шетање, па вдомување, ама за жал ретко се наредуваат баш така коцките, ќе заглавиш со некој испит и ќе влечиш факултет години, или ќе волонтираш подолго време или нема да најдеш работа по струка па ќе работиш било што и ќе ја чекаш шансата, или па се горе наведено ќе ти тече по план ама тешко ќе ти оди да најдеш партнер според очекувањата, се тоа си има цена која скапо се плаќа- време, така да многу е глупаво да пишуваш и да планираш дека прво факултет па работа па шетање па дури тогаш брак. Лично би сакала да се остварам како мајка пред 30та, чисто ради трпението и желбата што повеќе години да сум здрава и жива покрај нив
Од кога родив земав породилно,на денот кога се породив го отворив истото,значи зборував во моментот кога станавме родители како стоеа работите. Сега на пример не работам поради привремена физичка попреченост која ќе трае сигурно уште неколку месеци, сопругот заработува доволно да не сме на трет на никој. Факултетот не се завршува за да бидеш супериорен врз некого. Завршувањето на истиот не е само уневерзитетска диплома која лесно се зема во диспанзираниве факултети,во тоа се сложувам, туку животна школа,животно искуство,дружење,исто како средното ,не е во прашање само сведителство туку и ред други работи кои вредат злато. Дали тие работи можеш да ги иживееш ако родиш толку млада и дали би ти било криво кога твоите врснички шетаат,се дружат ,се договараат која што ќе облече викендот,која кои штикли ќе ги носи и ги прават сите рабори својствени за таа возраст, а ти мислиш што памперс да купиш и дали бебушот имал жолта кака? Мене да,за тебе не знам. Колку и да сме зрели на 17 години сепак сме деца,колку и да го спорите тоа,тоа е факт. И јас не гледам лошо во тоа да помага родителот, но независноста во вршењето на родителското право вреди злато. И јас имам милион примери кои родиле на 17 и се изгореле, а на 40 години што родиле близнаци и ете не жалат што немаат второ. Јас не сметам дека младите мајки имаат предност во однос на другиаве,ова е мое лично мислење и не мора никој да се сложи со истото......
Види вака ,породилно најчесто се отвора кога ќе влезеш во 9 ,а ти си била пријавена само за породилно,затоа и си го отворила кога си се породила,што значи дека не си била вработена. Се постави супериорно над членката ,бидејки си завршила факултет и си магистрирала ,а си зела породилно па си родила,но не си работела, не си се реализирала во професијата па си родила,што значи и двете сте професионално нереализирани ,а сте мајки и во ништо не се разликувате освен во тоа што и двете се трудите да бидете најдобри мајки. Поради различни причини не работите и двете ве издржува сопругот.Но,тоа воопшто не е страшно се додека семејството го дава најдоброто од себе за своите деца. Како што реков универзитетската диплома земена во Тетово и Штип не вреди пет пари,а и со било каква диплома тешко се доаѓа до работа,јас не ја преценувам мојата диплома воопшто бидејки во нашата држава не вреди. Тоа што некој родил на 17 не значи дека ќе порасне лоши деца,напротив ,од тоа што сум го видела многу повеќе се труделе и не се каат за пропуштените излегувања.
Ќе ве молам да се држете до насловот на темава,а не дали е соодветно да имаш факултет па дете или обратно. Впрочем ако некој е доктор на науки не значи дека е спремен да стане родител. Ниту дека некој со пониско образование не може да изгледа дете.
Не е точно. Зошто тогаш бараат дозвола од Судот, бидејки се малолетни, и мораат и родителите да дојдат на рочиште, и да дадат согласност наместо нив. Имав предмет каде што девојката беше 16 годишна, и без оглед што родителите се согласија без збор, сепак, судијата на крај и се заврте и и рече, дека, физички не е зрела (развиена да стане мајка). Премногу е млада да стане мајка на 16 години, и дека телото сеуште се развивало. По однос на воспитувањето, Судската пракса исто така покажала, дека деца од премногу млади родители, обавезно се воспитно запоставени, и се со некакво Криминално деание. Со самото тоа што премногу млади влегле во брак, си ја скратиле младоста, колку можат да бидат посветени на децата?
Еден доктор кажуваше баш пред некој ден во една емисија дека најдобра возраст за бременост биле 20 години,јас сметам дека е стварно рано,а и што си мислат тие ако кажат 20 год,значи на 20 год,да барам дечко,да ме запроси и слично,не зависи само од тебе тоа,па ајде сега на 20 или 21 демек ние бираме.
Па, незнам баш, дали некој со пониско образование може да изгледа дете. Факт е дека работник, неможе да школува дете. Од искуство родители кажуваат дека да школуваш едно дете, од градинка до факултет, коштало еден стан. Не е само да го створиш, за да се изгради правилно како личност, треба да му пружиш услови.
Што не е точно? Постојат секакви примери ,знам две мајки кои родија на 16, и 17 ,и точно родителите дадоа согласност ,денес едната има син студент на машински ,а другата две ќерки на феит,а они самите две завршија факултет со деца. И, не се посветиле на децата и на себе ? До умот и амбициите е работата ,некој го има на 17 ,некој никогаш,но ова е надвор од тема. Баш обратно,од секогаш децата на работници се поамбициозни ,децата разлигавени од пребогати родители со сите услови,нула резултат,поради недостаток на амбиција и упорност. Постојат браварски и автомеханичарски работници кои земаат плата поголема од нас две заедно.
Зборот ми е дека нивото на образование не е мерило за спремност да се стане родител. Која фризерка има факултет? Кој молер? Кој механичар? Која козметичарка? Татко ми е механичар на пример па две деца исшколува, и двете со сестра ми факултет имаме. И на одмор не носеа секоја година. И облека ни беше купувано дури прекумерно. Се што сакавме ни беше овозможено. Што знам вака коа си враќам филм ни една нивна постапка со мајка ми не ме наведува да помислам дека незрели, неспремни за дете, створиле дете.
Токму тоа е трендот сега ,а се провлекува низ темата ,дека образованието и кариерата се главни мерила за да некој биде успешен родител,но пак ке речам, тоа и не е баш така ,познавам универзитетска професорка која појма нема ни детето што учи на училиште,нит па знае како се вика детето што седи со него во клупа,така да не е образованието нит кариерниот успех правило дека некој ке биде успешен и посветен родител.
Породилно се отвара најрано 28 дена пред крајниот термин,а може и со денот на породување,распрашај се ќе видиш. Од кај знаеш дека не сум реализирана во мојата професија пред да останам бремена и додека одев на магистерски, не може да волонтирам? Не може да работам паралелно додека одам на постдипломски? Мешате баби и жаби.... Можеби ме знаеш приватно па рчкаш некои работи за кои немаш појма. Од каде знаеш дека сопругот ме финансира? Еве моментално сум дома,не работам што значи дека можам да почнам да работам за некое време во професијата што ја сакам , а да немам диплома со сигурност уште 5 години ке треба да поминат за да да се реализирам во тоа поле,а со дете во никој случај не би можела квалитетно да учам. Работата е да стекнеш квалитетно образование,а не само диплома.Тоа е поентата , а не да се перчиме кој колку има или нема образование или кој бил фиктивно пријавен за да зема породилно или вистински бил вработен. Тука не збориме кој колку е добра мајка,туку кога е идеално време,односно возраст да се стане мајка заради самиот себе , а не поради тоа кој колку е добар во воспитувањето на детето. Секој со својот став и убедување.
Па знам како оди со породилно,токму истото и го пишав,кога се отвара и како е најчесто. Од каде би те знаела?Само реагирав бидејки ти се постави така , дека ти си родила дете со факултет, магистерска и отворено породилно.,а ништо поразлично од членката на која и се обраќаше,освен што имаш повисоко образование.
Поразлична не сум во образованието,можеби еден ден ќе биде побразована и поуспешна од мене, се разликувам во тоа што јас го живеев животот на тој начин што кога требаше бев дете,а кога требаше станав жена. Тој период максимално го искористив во дружба,шетање,лудории,учење,заедничко славење за успешна сесија или наоѓаање криви дрини зошто пониска оценка,на размислување каде ќе шетаме викендот,зезанции ,тоа беше најубавиот период од животов за кој ќе ми беше криво ако не го реализирав. Суперипрноста не е само во поседувањето на диплома спрема оној што нема.
Па во студентските денови не си била баш дете,а и тоа што ти така си се шетала ,си се дружела и лудувала, не значи дека е тоа правило за живот пред мајчинство за секого,а пак никако мотив да се чувствуваш супериорно над некој што не одлучил да живее како и ти,и ги прескокнал тие работи.
Со оглед на тоа дека во прва година факултет имав 17 години,па и не бев кој знае колку возрасна . Секој има различна перцепција кон нештата и секој има различно гледиште кон тоа како сака да си го живее животот. Јас одлучив така,а другиот како сака.
На 16 заврши средно?Каде тоа во нашиот образовен систем?Не е возможно да си имала 17 во прва факултет.