На неполни 6 сум тргната,значи пет ипол. Во местото каде живеев имаше малку деца и ако не тргнев таа година , наредната требаше да бидам сама прваче и со одобрение на психолог ми дозволија да тргнам на училиште. Претерано отидовме офф и заслужено ќе ни ги избришат мислењата оти ја отупевме.....
Kako moze godinite da Ne Se merilo za zrelost??? 10 godishna vo isti kosh ja stavash so 15 godishna,17 godishna na isti level ti e so 27 godishna I itn m??? Pa I obrazovanieto do nekade e merilo na nekakva zrelost da Ne Se lazeme Dali ti so istoto znaenje beshe (poseduvashe) I vo chetvrto odd I so sredno zavrsheno m???
Моментот кога една жена ќе се почувстува спремна да иди родител е вистинското време кога таа жена треба да биди родител, ако ги има сите услови. Не секој има желба да заврши факултет, а и не секој има желба да има дете. Тие се работи кои едноставно се разбираат. Некои луѓе сакаат да имаат услови за дете, други сакаат само да имаат дете, безразлика на условите. Ако ова прашање ти е поврзано со овој цитат, би имала различен одговор: Девојката е напатена. Сакала да абортира, не го сакала бебето. Нема никој право да ја вика психопат ако неа не ѝ беше дозволено да абортира или ако беше неуспешно. Патем ете, ако си абортираше се регуларно немаше да постои уште едно дете без мајка. Ветувања за учење не е доволно за таа да сака да роди. А, доколку не беше овој исклучок, како што би имало и многу други, едноставно мајка сака да роди дете, го раѓа и еден ден ѝ текнува дека сака да замини - е неодговорно. Ама неможи да се речи ова за твојата познаничка која од старт не го сакала детето. Следно, овие примери се лични, но овој конкретно ми падна во очи. Велам лични зошто сите имаат различен животен пат, и нема смисла да се бара идеална возраст за да се биди мајка, и затоа овие примери ми се ... мех. На една девојка се случило ова, на друга девојка се случило тоа, но не значи дека истото ќе се случи на некој друг зошто овие случаеви се многу специфични и не секојдневни. Не значи ама баш ништо.
Кратко и јасно. Не е нормално малолетни лица да стануваат родители затоа што и самите тие се деца. И јас познавам успешни родители кои малолетни ја започнале таа фаза, НО со кои стресови и емоционални падови се соочиле во текот на тој период само они си знаат. Имам и разговарано со мајка која беше со став, убаво ми е со мажот и со децата ама сепак ми е криво што си ги скратив најубавите години. И факт е. Сакале вие да признаете или не тоа се најубави и најбезгрижни години кои е штета да се поминат во брак. Бракот не бега, цел живот ќе сме мажени, а детството е краток период. @Cosmi би ти било драго, ќерка ти која има 16 год да дојде и да ти каже дека е трудна и дека ќе се мажи? Дај не развлекувај дискусија со @ilyan и не и навлагај во лични работи. Барем на нејзини 20и неколку години има проживеано детство, образувана е, подработено и реализирано како мајка. Ќе работи цел живот. Тој редослед би го посакал секој родител за своето дете. Таа мажената на 16 можеби ќе го има истото но убавината и безгрижноста на тие години секогаш ќе ја копкаат. Приватни/државни факултети, породилната ја претера.
Во право си, ама ете ја ппрелажаа, неможе да се смени. Можеби девојката иако ја навредуваат, сакаше да успее прво па после дете..Немам родено и со тоа немам право на осудување.. А што со оние силуваните? И тие ли мора да родат или се психопати?
Девојката можеби не ни сакаше дете, можеби не беше спремна, можеби не сакаше дете со тој дечко. Не е важна причината. Важно е дека беше свесна дека неќи дете, дека не е спремна. Сега за прашањето. Ако некој ги наречи силуваните девојки психопати зошто не сакаат да родат или зошто не го сакаат детето од силувачот - тоа зборува за тие кои јадат *****, а не за кутрите силовани девојки, кои патем се жртви. Сепак оваа не е тема и мислам нема смисла од примери. Кој кога е спремен ќе се исполни како родител и се случуваат грешки, но исто така ако не се поправи грешка можи да има и поправка.
Да не се налутите, ама мислам дека најчесто заради менталитетот се одложува раѓањето, барем познавам и неколку други случаи, заради комшии не завршија факултет, а родија. Ауу како со дете ќе студираш? Види ја детето кај баба/дедо а она на испит оди! И како ма мажена а кариера ми тераш? Ова го имам слушано.Мислам дека има некое непишано правило дека жената е за дома, и затоа најчесто прекинуваат со реализирање, за да нема кавги.Семејна познаничка војни водеше дома заради кариера, напорно работеше, ама љубоморните луге ја правеја к****ва, така му викаа на сопругот, за на крај да испадне од завист дека е. Инаку сега се сетив, на екскурзија во средно, многу млади мајки изнагледав во Будимпешта и Виена. Така да, да не сум офф-идеална возраст-нема.
99% од бременостите на 17 години се непланирани, затоа не би рекла дека 17 години е идеална возраст за мајка... не од што сакале да родат, туку морале... има и абортуси, ама вообичаено дечкото се зема со девојката да не пукни срам... тоа не е љубов според мене...
Едно шетање, живеење фул до 30тата од страна на студенти...бре бре. Најчесто седиш во мувлосана соба во студентски со цимери и крпиш со неколкуте илјадарки на месец што ти ги пуштаат твоите. Си легнала двајца, тројца, четворица, си дувала џоинт на журки и тоа е лудоста проживеана. Ups and downs -положени/паднати испити, љубовни разочарувања, лоши табиети на професори...не се искуства за потценување ама пак и не е патешествие којнае какво. Ако сакате да потенцирате зошто е подобро да се мажиш и родиш дете на одредена возраст, подобро ќе ви е да се сконцентрирате на други работи отколку на тоа како забавата во животот е во 20тите години и крај. Во Мк пак на 20тина ебан денар немаш во џеб а збориме за искуства демек којзнае какви. Ако има некој финансии и деца пораснати на 40 години, слободен е да прави што сака. Да се надоградува, да шета, излегува (ако не е во кафиќ за млади без Деспасито во позадина - готово, ништо од забавата ) Ќе се изненадите колку луѓе во тие години знаат подобро и поквалитетно да си го исполнат слободното време. Животот не завршува на 40, но најчесто средината и финансиите си го прават своето па затоа ретки се приказните за млади мажени кои на 40 го користат фул својот потенцијал и дишат со полни гради (откако децата ќе им пораснат и се ослободат од најголемиот дел обврски околу нив) туку сликата најчесто е малку поинаква. И тука немаат врска годините туку менталните блокади што сами си ги поставуваме, а тие може и на 20 да ги имаш па ништо од забава и себереализирање да не видиш.
Идеална возраст за забременување не постои, но затоа нивната зрелост, како и планирањето на бременоста игра пресудна улога во животот на идните мајки. Дете кое било посакувано и очекувано, не е исто што и дете кое не било. Можеби некоја девојка со свои осумнаесет години да биде подобра мајка (ако посакува дете и има услови за негово чување), за разлика од друга, релативно постара полнолетна девојка/жена која нема услови, поддршка и волја да стане родител. Сѐ е индивидуално.
Сите тие индивидуални животни приказни што ги споделувате за некои луѓе кои ги познавате се само мал дел од приказните кои постојат. Постојат и многу убави приказни каде што родиле на помлади години, а успеале нормално да го надминат новото искуство. Исто така, постојат ужасни приказни, слични на тие кои ги споделивте, кои се случиле и на повозрасни луѓе. Поентата ми е, постојат убави и грди животни приказни на луѓе од секакви возрасти, сето тоа е индивидуално. Но една работа поготово не ја разбирам. Луѓето дејствувале на одреден начин поради комшиите? Зарем некој носи било какви одлуки на база на размислувањата на соседите?! А поготово одлуки кои го менуваат животот засекогаш?! Треба да се сериозно глуп, затуцан, невоспитан лудак за тоа да го направиш. Не играат улога годините тука, туку IQ-то, карактерот и домашното воспитување. Башка, каде живеат тие луѓе? Во зградата и маалото каде што јас живеам, никој не се меша во ничиј живот, всушност не знам ништо за никого и никого не знае ништо за мене. Дали тие луѓе живеат во куќа? Во маало каде куќите се прилепени една до друга? Па нема приватност? Од каде толку знаат луѓето едни за други?? Друга работа; што има лошо доколку родителите им помогнат на сопствените деца? Барем во првите година-две? Апсолутно ништо лошо нема во тоа. Па станува збор за сопствените деца и внуче. Јас не очекувам помош, но ако ја добијам (а мислам дека ќе ја добијам, зошто мајка ми и мајката на мојот дечко се грижат за нас) нема да ја одбијам. Добредојдена ќе е помошта од нашите родители и не го сметам тоа како понижување или доказ дека сме ние неспособни или сме товар. Најмногу се согласувам со едно: најубаво е да родиш дете кога ќе се осетиш подготвен. Да, многу често се случува и пред моментот кога ќе си подготвен, но се додека не го правиш тоа на сила и вистински го прифатиш фактот дека е во ред што си останала бремена, тогаш океј е, go for it. Но ако бидеме реални, на никого на 17-18 години не му доаѓа моментот кога е подготвен да стане родител. На таа возраст никој не размислува за бебе и создавање фамилија, што автоматски можеме да заклучиме дека таа возраст не е идеална да се стане мајка. Но тоа не значи дека ако станеш мајка на таа возраст би била полоша/понеспособна мајка од останатите или пак дека нема да уживаш во животот. Има премногу околности и услови кои играат улога, се' е премногу индивидуално како ќе се одвива.
Па баш заради другите оваа познатава моја го остави детето.Немаше кој да и помага, очекуваа да биде идеална мајка, и ја ставија во втор план. И викаа дека мора да го сака, дека сите раѓаат, но и пукна филмот, се откажа од него и се разведе. Му го фрли на мажот и му рекла-штом толку сакаше дете глеј си го и последно да ти е, и после таа ситуација се пресели, се скара и со нејзините, и до тепачки стигна, со никој не се трпеше и си замина.Ја немам видено од тогаш.
Најлошо е кога не знаеш колку не знаеш и кога го буташ носот онаму каде немаш појма , така и таа се истрча . Неостварената желба за образување,најчесто ја манифестираат со негирање на оние кои се реализирале во тоа поле, не сите,но некои вака бурно спорат.Како не работиме по струка или зошто седиме дома со диплома во рака,епа ако за мене нема надеж у оваа држава шо да прават тие што немаат диплома? Ја можам да работам секаде,можам да работам работа за која не е потребен факултет,а обратно не е возможно,вака барем имам надеж дека повторно ќе се реализирам кога ќе ми помине оваа состојба . Еве на пример ќерка ми да дојде и да ми каже дека е трудна на 16 години би доживеала нервен слом. На таа возраст може да се стане мајка,но не е ИДЕАЛНА. Имаше случај кога девојче од 11 години забремени и роди ,па таа треба да се затепува дека баш таа е идеална возраст? На 16 години не би се дрзнала да имам секс камоли да раѓам! Фала богу се што зацртав реализирав и не жалам по ниеден изминат перид.
Станав мајка на 19 години. Бевме во врска 4 години. И ако од дома ми вика не е за мене....јаа повеќе од се сакав да го родам тоа дете. После 4 години брак...се разведов. Но ден денеска не жалам за одлуката што тогаш ја донесов. И сега кога имам 29 години и ќерка од 9 години...знат да ми речат етр најубавите години , кај ти беше паметот...Ама јас во ниеден момент од животот не помислив дека сум направила грешка.
Имаше по порталиве како забременила со дете од 13 години нешто така,не е пример од мое лично опкружување. Прогуглај ќе ја најдеш сторијата.
Ке видам баш. Инаку мене бившиот ми викаше ти штом чекаш услови ти си немајка, и ми вика дете се раѓа над 18 во секој момент, не знаев како да му одговорам ама ме изнервира многу
Ајде факултетот и образованието може било кога да се реализираат/завршат, иако со дете и на подоцнежна возраст е дупло, па и повеќе потешко да не зборам ако сте фатиле некој меѓусистем како што нашиве факултети менуваат на секои 3 години башка што директно од средно си навикнат на учење и мозокот повеќе ти фаќа автоматски, некој не ни има амбиции за факултет првенствено, ама едно нешто круцијално што не се враќа е младоста.Жена и мајка ќе бидеш цел живот, ама девојка никогаш повеќе.
Јас сум дете од работничко семејство и во најголемата криза студирав (татко ми беше стечаец, мајка ми инвалидски пензионер). Дека сум амбициозна, преамбициозна, но што вреди, муабетот ми е дека, децата на Судиите и Обвинителите (од мојата фела зборувам,) фатија позиции. Сега тие се Адвокати, Судии и сл. Колку сакаш едуцирај се, штом си дете на работници и нема кој да крене два прста за тебе, само ќе се измачуваш.
Според мене,нема одредена возраст од причина што непланираните бремености во гимназија и недозволувањето на абортуси. Или ете некој не можел да најде партнер па во подоцнежните години има детенце. Или некој сака,се обидува но не може. Според мене 25-26 -тогаш јас би сакала да имам бебенце. Но кој знае.