Ама ти не сакаш да сфатиш дека и раѓањето на 20 може да биде ризично исто толку колку раѓањето на 35. Дај те молам, види каде живееме и каков воздух дишеме, што јадеме и отвори во темата за Спонтан абортус да се увериш дека за жал ризикот од малформации на плодот или спонтан абортус не ги одминува ниту оние кои останале бремени и во своите дваесетти. Факт е дека бременоста си носи свои ризици - без разлика на возраста.
Тогаш @Cosmi оти сите трудници ги тестираат за даун? Нека ти прават овие испитувања само на оние над 35.
Strukata taka kazuva deka vozrasta ima uloga vo rizicnosta, a jasno mi e kolku imame nezdravi uslovi za zivot tuka, i kolku spontani se slucuvaat,i kolku ne se odi na ginekolg.i sl
Имаш две деца прочитав и 39 години. Еве да останеш да речеме трудна со трето што ќе правиш? Според тоа што пишуваш, ќе бидеш себична зашто детето ќе има постара мајка и ќе треба да се грижи за тебе а?
Зошто секое мислење мораш да го цитираш?! Дајте женава предупредете ја! Од ноќеска многу се опушти на темава!
https://www.babycenter.com/404_what-are-the-risks-of-having-a-baby-if-im-35-or-older_3127.bc Исто статија на гинеколог,каде што ја објаснува и таблицата,од национален институт за здравје,но што знаат тие,нели?Имам јас комшивка која роди здравао дете на 46 ,не морам да читам ке ја глем неа.
Мене па ме интересира зошто Косми се замара со животот на луѓето?! Еве нека си гледа во двој двор, има две деца, ако кондомот/таблетите и потфрлат, ќе си го абортира и готово.. да не раѓа на 40 Што се замарате, не бидете како неа...
мене исто ме избришавте Сериозно да, писател на статијата ти е исто гинеколог ,а да ја прочиташе ке видеше долу има линк на научен труд од националниот институт за здравје од Америка,но, не ти се чита нели. Еве ти тогаш од ремедика DOWN-OV SINDROM ( DS) Исто така се нарекува монголизам или трисомиа на 21 хромосом затоа што особи со Даунов синдром имаат три наместо два хромозома на бројот 21. Даунов синдром е најчестата причина за ментална ретардација на деца. Децата со ДС може исто така да имаат и природени телесни неправилности. Најчеста причина за ДС е случајна промена ( генетска грешка) до која доага при дозревањето на половите клетки на еден од родителите. Може да се случи кај млади, почесто кај постари парови и независно од тоа дали кај нивната фамилија се има случено нешто слично. Постои веројатност за ДС расте со староста на трудницата. Иако младите трудници имаат мал ризик ( во старост од 20 години ќe се роди едно дете со ДС на 1500 породувања ) ризикот полека расте и во старост од 35 години 1 :350, во старост од 40 години 1:100 (што значи дека една од 100 40-годишни жени ќе роди дете со ДС).
Со чив живот тоа се замарам?Со статистиката и ризиците за раѓање после35 оф туго,смешна си,ај тешете се и понатаму, ви треба очигледно.
Не можеш секогаш да се држиш за вакви статистики. Секоја земја има различна клима, различен начин на живот. Можеби една девојка од 25 години живее со поголем стрес од некоја +35 жена. И тогаш чива бременост би била поризична?
Туѓо гајле береш.. Ако некоја роди дете со Даунов, нема ти да одиш да и го чуваш! Кога одев на пракса, запознав една жена што родила на 16 дете со даунов синдром.. после него уште 3 има родено, сите здрави. Затоа доста морализираш, не е твоја работа да се грижиш за луѓето
Да ти реплицирам „научно“ и јас. Еве која популација има најмногу родено деца со Даунов синдром. “Даунов синдром (трисомија 21) претставува состојба, каде што плодот има вишок генетски материјал, т.е. една копија повеќе од хромозомот бр.21. Ова е најчестата причина за ментална ретардација, и претставува најчеста хромозомска аномалија, која се појавува со фреквенција кај 1 од 700-800 новородени. Иако овој синдром почесто се јавува кај жени над 35 год. возраст, најголемиот број бебиња со Даунов синдром се родени од мајки под 35 години. Бебињата со ова пореметување имаат поинаков физички изглед - широко лице со закосени очи, мали уши со пореметување во слухот, низок раст, ментална ретардација и многу често вродени срцеви аномалии, деформитети на гастро-интестиналниот тракт и др.“ (http://www.avicenalab.com.mk/mk/Izvestuvanje/Prisca-prenatalen-skrining)
Со оглед на тоа дека квалитетот на јајце клетките слабее како што старее жената, за да се искористи најквалитетната јајце клетка од секоја жена предлагам мапирање на сите женски деца уште од најмлада возраст, будно следење на хормоните и строго контролирано оплодување уште при првата овулација. Прво трудна 9 месеци - па потоа може да добива. Така ќе ги искористиме најквалитетните јајце клетки од секоја жена и ќе стануваме се посовршени суштества. Датс мај мастерплан.