1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст да се стане мајка

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 29 јуни 2017.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Вaшите лични перцепции зa идеaлнa вoзрaст немaaт врскa сo темaвa. Телoтo си имa свoј биoритaм, oсуди или -јaс свoјoт живoт гo гледaм, ствaрнo излишни се.
     
  2. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    А што се замараш да ги слушаш воопшто?:^) Ете јас на таквите кога ми го гледаа дебелиот стомак и мислеа сум бремена им ги затнував устите со муабет дека сум стерилна-неможам да родам. После кога родив сто муабети ми вадеја како сум родила итн....Арно пиша некој погоре секој во свеојот дома да си гледа.
     
    На ForeverYoung и Bubce38 им се допаѓа ова.
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    пред неколку месеца на шалтер ми застанаа двајца, маж и жена, таа 52 годишна тој над 60 години, пријавија вонбрачно дете , на жената и беше прво. :) Што е многу, многу е, настрана на швалерајот на мажот на тие години ами како успејаа дете да направат, мајка ми е таа возраст а е во менопауза веке неколку години:D
    Незгодни ситуации се ова навистина, и не е прв пат вака, еднаш колешката се усрами кога им рече извинете само родителите смеат да го пријават детето, мислеше дека се баба и дедо, а всушност родители беа.
    Нејсе, сепак годините не значат секад проблеми во и пред бременост, јас родив прилично млада па сепак имав проблеми и се лечев.
     
    На Meckicja и Justicija им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    25-35/36.
     
    На Purelove92 и Justicija им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    27.711
    Пол:
    Женски
    Според твоето размислување темава би требало да ја прекрстиме во Возраст за раѓање со најмала верјатност за генетски синдроми на плодот. Тоа е толку мал дел од тоа што значи да се биде мајка што е просто неверојатно дека само тоа треба да биде дел од одлуката дали некој ќе стане мајка или не.
    Мајка е многу повеќе од раѓање на дете. Подготвеност да се биде мајка е многу повеќе од статистика околу здраво дете. Мајка е имање средства, умешност, трпение да се одгледа дете кое подоцна ќе стане личност задоволна со себе, исполнета и самостојна.
     
    На CameliaMiller, ForeverYoung, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Темaтa мoже дa си јa кoментирa секoј oд aспект oд кoј сaкa, aмa не се држaт нa психичкaтa спремнoст кoнкретнo туку зa дa зaдржaт истa стрaнa пишувaaт рaбoти кoи не се пoддржaни медицински, пa зa пoгoлемa дрaмaтичнoст нa крaј зaдoлжителнoтo -не се мешaм вo туѓи двoрoви, live and let live, семе синaпoвo зa штo претстaвувa мaјкa...мислaм смешнo веќе. Акo се збoри зa финaнсискa стрaнa дa збoриме зa финaнсискa стрaнa, aкo се збoри зa психичкo здрaвје, емoциoнaлнa зрелoст, дa збoриме зa тoa, aмa кoгa сме нaчнaле темa зa ризици штo ги нoси дoцнaтa бременoст, зoштo се прaвиме луди?
    Чистo зa зaбaвa мoже секoј дa си кoментирa зa себе пa иделнa вoзрaст пoединечнo мoже дa е и 20 a мoже и 40. Нo aкo збoриме генерaлнo, ниту еднaтa ниту другaтa вoзрaст не е идеaлнa. Еднaтa сo верoјaтнoст зa психичкa непoдгoтвенoст, другaтa сo згoлемени ризици пo здрaвје нa мaјкaтa и бебетo.
     
    На oblace1 и Justicija им се допаѓа ова.
  7. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Најубаво ич да не раѓаме штом до овдека било стасано. Живи биле па виделе што не очекува-белата чума во пораст. На таа чумата не и е гаје дали раѓаат 20+ или 40+,друго и е важно:D.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    27.711
    Пол:
    Женски

    Темава ич не е поставена како ризици на доцната бременост. Читај го првиот пост и ќе видиш. Ти си се запнала за тоа. Сите други коментираат и други аспекти.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема идеална возраст да се стане мајка. Ама тоа не значи дека ако родиш под 18 години е добро. Напротив.

    И не ми е јасно како може возраста да биде мерило за тоа која мајка е себична. Себична не е онаа која ќе роди на постари години. Себична не е ни онаа која ќе роди на помлади години и ако има помош од бабите и дедовците на нејзиното дете за да ги постигне своите цели. Себична е онаа која секогаш гледа да си ги задоволи само своите потреби,што на пример пуши,пие иливо најлош случај се дрогира за време на бременоста и доењето, не размислувајќи за тоа колку може да си наштети себеси и на детето. Исто и таа која ги лечи своите фрустрации врз децата, таа на која децата и’ се виновни за се’. Типичен пример за себични мајки можам да ги наведам мајките од "Toddlers and tiaras" што преку нивните ќерки сакаат да ги остварат своите соништа

    Што е важно дали некоја ќе роди на 18,25,35 или 40+? Јас не сум никоја да и’ судам на една мајка според возраста. Може некоја што родила на помлада возраст да биде многу подобра мајка од некоја на позрела возраст. А може да биде и обратно.

    Повторно ќе кажам дека идеална возраст нема, ама под 18 години не е сигурно идеална.
     
    На Rama, ForeverYoung, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  10. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.634
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека нема идеална возраст да се стане мајка. Се дури ко шо кажа @mode-kristina не е под 18год.. Јас верувам во тоа дека кога е судено тогаш ке биди сакале или не, очекувале или не.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Женски
    Само да не е под 18. Сериозно? На 19 може значи, а факултет? Oкеј или такво звани кафански/уличен факултет - животно искуство? И ромките што им се смеете на јутуб станаа поедуцирани да не се мажат на 20.
     
    На blond.bunny, Justicija и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Дали ние оправдуваме на 18/9 години или не оправдуваме тоа не ги интересира тие тинејџерки што по сплет на околности останале бремени или пак сепак тоа им било со договор и желба.
    Познавам девојки што останале бремени на 18/9 години, денес имаат стабилен брак, завршиле вонреден факултет, работат и си ја гледаат фамилијата повеќе од добро. Пораснале и се оформиле како личности и да, ги гледам и забележувам дека им е одлично.
    За воља на вистината пак од друга страна има и толку девојки што повеќе не знаат за себе, се "запустиле" и се каат или прилично лошо живеат во таквата одлука или сплет на околности.
    Ова истото може да се случи и на 25 годишна девојка и на 35 годишна жена. Значи и кај повозрасните девојки и жени може по сплет на околности да им се сруши светот врз глава и да не знаат што понатаму со себе без разлика што родиле ете на 30 да речеме.
    Да така нема правило.
    Годините се индивидуални за раѓање и за оформување семејство она што е важно во случајот е како би се поклопиле коцките. Дали бракот им е квалитетен, дали финансиите им се солидни, дали паметот в глава што го носат им е на солидно ниво, дали се спремни да се соочат со бурата мајчинство и паралелно да извршуваат 300 обврски за да успеат во некоја си зацртана цел за подобар живот.
    Бројката навистина не е репер освен кога зборуваме за 10 годишни девојчиња тоа е друга тема.
    Во животот значат многу други околности и пред се спремноста на тие родители колку ќе успеат да се снајадат низ животот со вакво искуство.
    Ромите, циганите кај нас се друга приказна и друга тема за зборување па затоа нема да ги коментирам.
    Но ќе речам дека и тие се луѓе и дека и тие имаат право возможност на работа и помош од државата без разлика какви се по националност и вероисповест и без разлика на тоа колку сакаат и до каде сакаат да си го прошират нивното семејство.
     
    На Julliet Jett, CameliaMiller, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Нема идеална возраст, ние планираме едно ама испаѓа друго.
    Годините не се мерило за зрелост ама искуство е иако секогаш и секаде постојат исклучоци.
    Има девојки кои се омажиле на 19 години па имаат доста стабилни бракови, а има девојки кои се омажиле и на 30 години па бракот им се распаднал. Нема правило за вакви работи, иако реално од страна не можеме ни да знаеме нечиј брак каков е.
    Искрено не сум размислувала на оваа тема, ниту ги осудувам оние кои се омажиле подоцна ниту оние покасно. Различни луѓе сме, имаме различни потреби и желби, различни идеи и планови.
    Мене ми е многу битно да го имам вистинскиот човек до себе, a до сега не сум наишла на таков.
    Никогаш не би трчала во брак поради биолошкиот часовник, години, долга врска ама бессмилена, што ќе кажат комшиите итн. Моите желби и планови секогаш ми биле на прво место и така и ќе биде.
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Кога ке се почувствува жената финансиски, физички и психички спремна за тоа.
    А тоа е различно за секој.

    Лично за мене си кажувам, 27 сум и сеуште немам родено. Се што правам последниве години , студирање, работа , штедење пари , е за тоа кога ке се одлучам да имам дете на детето ништо да не му фали (секако не мислам на најнов модел на Ајфон). Јас не би можела да се замислам да бидам мајка а да не работам ништо, да немам пари да му овозможам основни работи на детето. Во тој случај јас би била многу нервозна а тоа ке се одрази и на децата. Сега на 27 се чувствувам спремна за да родам дете. Финансиски сум многу стабилна, тој напредок во кариерата што ке го изгубам доколку би останала бремена воопшто не ми значи. Во наредните 5 години у кафич/ресторан да не излезам нема да ми фали, затоа што последниве 10 години јас по дикотеки и ресторани дремев секоја вечер па изживеан ми е филмот.

    Биолошкиот часовник не е нешто што треба да се занемари, но не треба да е нешто и што ке ме притиска за брак. Си имам направено некој филм дека до 30 година треба да го родам првото дете, па и да дојде ред сама да го гледам (без сопруг во случај на развод) не се плашам.
     
    На Leat, Rama, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.424
    Пол:
    Женски
    90% од плановите дека ТРЕБА да родите до таа и таа возраст,треба маж да најдете до тогаш ,треба кариера да направите обично паѓаат во вода.Затоа што никогаш ништо по план и подмачкано не оди во животот сем фантазијата :)
     
    На Rama, Ava.84 и Glasna им се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    13.969
    Идеална возраст за да станеш мајка е тогаш кога ќе се почувствуваш дека си психички спремна и до одреден степен независна. Многу работи можат да се сменат после раѓањето на детето, и многу лесно после тоа може да се најдеш во безизлезна ситуација..
     
    На Meckicja и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Идеална возраст за дете нема.
    Јас сакав порано, но ете не можев да забременам и бев убедена дека веќе сум стара. А неам ни 30 уште(уште 3 месеци де)
    Секој си знае за себе. Секој одлучува за себе. Мене ми е битно моето дете да има што да јаде и облече. Не ми е битно која марка е гардеробата или играчката. Ние сме растеле во помалку модерно време кога немало релаксатори, транспортери, нокшири што свират итн па ништо не ни фали.
    И секој си ја пружа чергата колку му е долга.
    Битно е колку сме психички спремни за чување дете, зошто не е баш лесно.
    Јас за моето ќе трпам и гладна, ама таа ќе биде сита, јад ќе шетам гола ама таа облечена. Мајка е жртва секогаш за детето.
     
    На Meckicja и stilas7 им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    32.615
    Пол:
    Женски
    @joy1 ептен си у право.
    И јас како @kikikikirika мислев и останав трудна кога добив отказ од работа и пак не ти е се средено:)
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Жално... Се надевам сега се средило се. И навистина не е фер што жените мора да си жртвуваат кариера заради семејството. Среќа мојата сегашна ситуација е стабилна и барем во наредните 5 години ке остане таква додека се одлучам да имам деца, инаку не знам што би правела.
     
    На mKdevojce и Ava.84 им се допаѓа ова.
  20. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    После 25 години да се заврси факултет,да се најде работа,да се исживее зивотот па после може мажење