На кој кога му е редот дојдено. Секој со сопствената судбина некои работи едноставно како треба да бидат така и си се редат.
Точно. Никој не е спремен да стане родител кога тој мисли, дури и кога ќе добие дете. Никогаш не си подготвен, едноставно како што расте детето така и ти учиш и созреваш како родител.
Aма сте ја запукале на почетокот на темава лелеее.. Себично на 40+, серозно ова? Себично е да родиш дете и да го напуштиш, да родиш дете и да не го погледнуваш, да се дрогираш, да се пијанчиш, да се коцкаш, да се љубавишеш наоколу со кој стигнеш, е тоа е себичен родител. Биолошки постои идеална возраст, да, а тоа е до 30 години, до 35 години е препорачливо веќе да се роди, до 40 шансите не се сеуште толку мали, а над 40 шансите се многу мали. Но со напредокот на медицината се станува релативно, денес може со замрзнат материјал да родам на 50 години ако сакам, ама тоа не е темата. Но биолошки идеалната возраст нема никаква врска со наште лични погледи на работите, јас не им судам на оние кои решаваат во животот и воопшто да немаат деца, а не па за возраста на која некои ги добиваат, само мое лично мислење можам да споделам, дека за мене ‘‘идеална‘‘ возраст е меѓу 25 и 35 години, што не мора да е за некој друг, па идеална возраст за остварување како родител е сепак онаа кога жената ќе го посака тоа.
Свекор ми со втората жена има три деца од кое најмалото е 2 години постаро од моето. каскасно е после 39тата година. Луѓе на 50-60 години умираат и ќе остават малолетни деца да не речам на улица и на таа возраст дали себе да се гледаат дали деца да гледаат.
Ако тебе ти е касно, некому не му е. Некои прв пат стапуваат во брак на повозрасни години. Ај да немаат деца ако не. Срамота, ако навистина го мислиш она од последната реченица. Навистина срамота. Кои сте па вие да кажувате кога е касно, а кога не.
Никогаш не е доцна. Не е секој подготвен да се оствари како родител на 20-25. Покрај тоа, некои имаат и проблеми, една познаничка десет години се бореше со неплодност и конечно стана мајка на 41. Битно е дека најголемата желба и се оствари, во ниту еден момент не се откажа заради нејзината возраст. Никој не знае колку ќе живее, 50-60 години не се возраст на која најчесто луѓето умираат а несреќа или болест може да се случи и на многу помлади.
Исто земете во предвид дека паровите не се плодни исто како што биле плодни на 25. Со самото чекање и барање изговори (работа, итн) да помине времето плодноста се намалува правопропорционално со стареењето и од тука излагаат многу други проблеми. That's it.
се сложувам. син на една пријателка од мама се ожени жената остана бремена роди дете на 10 месеци детенцето остана без татко а жената на 30тина вдовица. Како да не го мислам тоа што сум го кажала?
Епа ај никогаш нема да се мажиме, ниту пак да имаме деца, оти еден ден треба да умреме. Логикава ти вришти, браво за тебе.
Без разлика на здравјето,духот,изгледот,нервите сметам дека за се постои биолошко и логично време. Не судам но не се согласувам за раѓање деца во време на менопауза. https://www.24sata.hr/news/najstarija-rodilja-u-hrvatskoj-majcinstvo-me-drzi-mladolikom-220441 Ова беше најстарата мајка во Хрватска,нивниот татко имаше 73 кога се родија девојчињата. За жал татко им почина кога имаа 2 години,а подоцна и нивната мајка ,па така овие девојчиња денес ги гледа нивни пријател. другиов случај е во Србија. https://www.24sata.hr/news/rodila-u-60-godini-ali-suprug-sada-tvrdi-to-nije-moje-dijete-530993 Ова е жално и чиста себичност.Сакала да биде мајка ,а што ке биде со детето понатаму не е важно, ко да е парче накит.Исто така сметам дека не е во ред да прават вештачко оплодување на 60 годишни жени.
Е да..и јас сметам дека не е нормално Но не е неморално и не е забрането со закон. Штом не е ниедно од овие две, баш ги заболе нив што ние мислиме. Секој е господар на сопственото тело...
Мене мајка ми на 44 ме родила па сум здрава,и права и ме гледа уште машала.Јас пишав и во друга тема.Секој може да роди кога,сака ја би после 25та да родам првото па здравје Боже на 30 и другото.Мала разлика да се да можат и да се дружат и да растат заедно.
Во некои држави е регулирано со закон до која возраст одобруваат ин витро. Сигурно и кај нас ќе стигне такво нешто.