Не знам дали е во ред ова да го постирам овде... Ама секој родител ќе се пронајде во цитативе Спојлер
Немој, не шири негативизам Он топик- за мене лично идеално би било околу 24-25год. Али испадна некоја година покасно, ништо страшно.
Жив човек греши, жив човек урла, се нервира, се преиспитува, се мисли и така до бескрај Жив човек сака малку слобода и мозок на пасење понекогаш Жив човек не се смее 24 / 7 па ни пред деца, жив човек не гука со дете целодневно и целонокно На жив човек како што му е добро па и супер одлично исто така може да му се сруши мост брз глава, жив човек љуби и сака од цела душа и срце негово бебе, жив човек се труди најдобро што може околу своето дете, жив човек игра се смее и пее со дете исто како што и плаче и е нерасположен и плаче понекогаш Се е нормално Се е човечки И се ова се секојдневни особини на сите нас, буквално сите оти човековата природа е таква Тоа е фактот. Се е нормално!!! Се што сите овде споделиле е нормално на некој начин и тоа сите го знаеме И тој што се изнервирал и тој што е растревожен и тој што во моемнтот може му се рушат кули врз глава оти нели ништо не е подмачкано и идеално и фала богу нема да биде исто така знае да си го сака детето до небото и назад и да му се смее и да му гука и да уживаат заедно така да...
Абе не се соочиле со проблем, не ги рачунам грчеви, заби, скокови што секое дете ги има(иако различно кај сите).
До пред една година сметав дека најважно е да завршам факултет и да се вработам .. Мислев дека бременост е најлошото што може да ме снајде.. Слободно осудете ме.. Ама веќе не го мислам тоа.. Кога веќе го имам најдено совршениот партнер воопшто не се плашам.. Еве дури и се обидуваме.. Пиев контрацептиви поради цисти, еве ги откажав и контрацептивите.. Имам 20 години и воопшто не осудувам никого без разлика на околностите.
Нема за што да си осудувана јаас на 19 години станав мамичка и сама си ја израанав ќерката без ничија помош нормално кога ќе беше дома сопругот ми помагаше ама најчесто за капење до 6 месеци и еве ја ќерка ми сега ќе полни за еден месец 3 год и горда сум што сум млада мајка никој никогаш мислам не треба да бира возраст за да стане мајка .. некој нема години деца и даваат цело богатство а некои бираат по години... Ич да не размислуваш за критики дека сакаш на 20 год мајка да станеш ако ти е убаво со партнерот не размислувај за туѓо мисленје. Поздрав и се најјубаво ♡
Секоја чест! Јас навистина сакам и се надевам ќе биде во скоро време. Единствено овде имам пишувано за мојата желба.Со никого немам зборувано со ова освен со партнерот. Не сакам да зборувам со другарки бидејќи сите истото ќе ми го кажат. Ќе ми кажат имам време и цел живот ќе сум мајка бла бла, да шетам да уживам.. А воопшто не сум таква личност, не сум по излегувања и големи дружења. Исто такс во тајност ја држиме желбава за да не предизвикаме лоши реакции кај нашите блиски. Имам пишано и во други теми за ова..
Ma koj saka neka kaze majconskoto custvo so nisto ne se opisuva eve imam sega 23 god i razmisluvam za vtoro dete se nadevam ke bide za brzo
Се надевам дека и јас ќе го почувствувам тоа. Едвај чекам тест да правам, здравје за 10 дена ќе знам..
Ти посакувам желбата да ти се оствари Јас првото на 22 го родив, второто на 25 и тоа ми е најубавата одлука што сум ја направила. Секако кој како си се осеќа така да си прави, јас си сакав да сум млада мама.. но и поради такви околности доста рано созреав. Малку факултетот го завлеков... ама еве месецов ке дипломирам, имам сега 26г @zuto јас па на слика го барав Па после прочитав и видов дека е во текстот
а што па демек ако си мајка не можеш да уживаш и да шеташ? братучед на маж ми зеде жена која имаше 18-19 години. Роди две деца ги изгледа едниот е 17 години а другото 10 ене ја дома ќе си сработи ручек ќе одмори на работа и си шета,што со деца што со другарките што со мажот... Ако сме станале мајки не сме умреле,не сме се закопале. Ама модерните госпоѓици пред 30 години не се даваат,ни за брак а камоли за деца.
Идеална возраст да станеш мајка е времето кога ќе го најдеш таткото на твоите деца,кога ќе го запознаеш ќе знаеш дека си спремна и тоа е тоа
A зошто тоа модерните госпоѓици го кажуваш со потсмев? Не е мода да сакаш дете подоцна, туку е лична одлука. И не гледам ништо лошо во тоа, баш напротив е сосема во ред. Некој сака да има дете на твои години, а на некој приоритет му е да шета. Шетањето со деца и без, не е воопшто исто да не се лажеме. Тука не станува збор за одење по кафиња, туку за одмори, викенди, патувања. И финансиските можности за патувања со дете не се исти. Така да, сосема ми е јасно зошто некој би сакал да почека со брак и деца, и да посвети неколку години во патувања или што и да го прави среќен/на.
не е со подсмев. Ама изгледа ептен современо. Оти ние што сме се омажиле и родиле пред 30 тата сме биле неедуцирани. Ама секој со своја одлука. Немам никакви предрасуди ни спрема младите мајки ни спрема постарите
Никој не рече дека сте неедуцирани, ниту ве осуди. Според мене секој треба да прави онака како што мисли дека е најдобро за него. И јас го имам истиот став кој го бранев погоре. Сметам дека има време за се и преферирам да бидам со стабилна работа, финансиски обезбедена, да прошетам итн, пред да стапам во брак и имам деца. Колку и да изгледа - како што велиш ти современо. Но тоа не значи дека ќе осудувам некој кој решил да го направи тоа поинаку. Секој одлучува за себе и својот живот и најбитно е да сме задоволни со одлуките што ги носиме.
пред неколку месеци се "расправавме" на оваа тема и имаше доста поддршка за родители кои сакаат да се остварат како родители малку подоцна во споредба со нас помалите кои сме биле неедуцирани. А не дека ти рече така. за ова си во право оти нели без финансиска стабилност дете и куќа малку потешко ќе одржиш во денешно време. Но тоа се решава и пред 30тата година. и да, најбитно е да сме стабилни со добра одлука околу тоа да се има деца и кога е време односно кога сме во целосна можност да се оствариме како родител. Некогаш кога ќе размислам не се битни годините за да се оствариш како родител.