Нема идеална возраст , некои цел живот не се спремни да бидат ,некои сонуват за тоа...Секој различно. Само нема поубаво нешто кога ќе ги погледнеш тие очички што ти се смеат само тебе...
Спред мене дефинитивно повеќето девојчиња од 18 до 20/22 години не се спремни за да чуваат и одгледуваат дете. Ништо лично, не сакам никој да навредам. Но, повеќето од нив не се изградени како личности, ниту пак работат. Еве поаѓам од примери на мои најблиски другарки. Повеќето се омажија веднаш после средно, мажите им работат на страна и тие сами го чуват детето со свекрвите. Баш еднаш кога бев кај другарка ми, ја хранеше ќерка и, таа бегаше, не сакаше да јаде и другарка ми си ја опцу нејзината едногодишна ќерка. Цело време се жали како не може никаде со неа да оди и како не сака да ја води никаде кога маж и не е тука. Така нит се чува, нит се воспитува дете. За едно дете треба да имаш и челични нерви и истрајност. Сепак секој си одлучува за себе и си знае најдобро, ова е само мое мислење.
Nema vrska I mojata majka e bila mlada koga se omazila na 20 God pa dve deca sami ne izgledaa i na rabota odea na smeni
Друго време било тогаш, друго е сега. А и нормално полесно е кога и двајцата родители заедно го раснат детето, отколку кога едниот е во странство.
Технички, најоптимално е меѓу 25 и 30 да родиш прв пат. Ама животот не се планира унапред... Кој како мислел дека требало, така направил. Не е наше да одлучуваме другите кога ќе родат.
Ти ги болдирав за да ти кажам дека ти се судираат мислењава,бидејќи непишано правило е дека со годините нервите се послаби,јас па им блазесувам на младите мајки.
Можеби немаш нерви на 35, ама на 25 и те како имаш нерви а сеуште си млада. И јас се согласувам дека мајчинството треба да започне барем на 24 25 години.
Да родев на 25, кутрото дете ќе беше. И јас со него кутра. Секој ќе роди кога сака, туку џабе имаш нерви, ако зависиш од други за пелени да му купиш. Ќе ти се искинат по пат од нервози.
Ne e bilo drugo vreme so dobra organizacija I dogovor se se moze a I odea na smeni na rab megu koi I treta smena i sestra mi e sama ne so edno nego so tri deca zetot isto e vo stranstvo
Непишано правило... ако знаеш и ти што кажа... Или си нервен по карактер или не си, ама ајде теши се.
Која логика е тоа? Као fuck it, роди го, БАРЕМ живци ќе имаш ако не нешто друго. Ни мачка не се зима така лесно, а не па дете.
Каде тоа пишува дека се нема нерви на 35? Онака напишано е некаде, се учи кога учиш/ студираш медицина? Само од тука на форумов што сум ги читала повеќето помлади мајки посебно што се во заедници апсолутно немаат никакви нерви, ако имале немале да си ги тепаат децата и да им се издреаваат како ненормални па после немирни биле децата, па нормално дека се чим јадат ќотек за добро утро сигурно ќе се такви, не вложуваат ништо во воспитувањето на децата туку гледаат во свекрвите и свекорот што рекле, како рекле и удри по децата. Повеќето повозрасни мајки исто тука од форумов што ги читам и јас сум меѓу нив де четвртото на 40 го родив вложуваме многу во воспитувањето, не тепаме, не урламе ама и не живееме во заедници, семејството си го гледаме со мажите а не и со пошироката фамилија, независни финансиски, изградени како личности и од тоа резултатот е хармоничен брак со деца кои уживаат во благодетите на семејството.
Од сопствено искуство и релно да правиме муабет да створиш семејство и да е се наредено , наместено и сопствен кров над глава е најидеално , само стандардот тука е последната алка на синџирот и џабе се пишуваа 15 страни за образование и плати кога реалноста ја знаеме сите, всушност во денешницава без помош или оставнина колку на 20 години успеале да почнат заеднички живот со веќе обезбедено сопствено живеалиште ? колкав е процентот ? Дете сум родила и на 20 години во заедница и во една соба , со свекор и свекрва што ми виселе над глава , кога едвај се крпел месецот , но дете сум родила и на 32 год со добри плати средено живеалиште и тргнати сите други луѓе на страна .... Дефинитивно втората опција е идеална и за да стигнеме до таа точка ни требаа 10 години , не размислувам дали работите можеле да бидат поинакви ама размислувам како на моите деца да им помогнам да не мора да поминуваат низ ова што поминавме ние , зашто ако се ова горе наведено е обезбедно и ако семејството е финансиски и станбено стабилно нема никаква врска на колку години ќе донесеш нов живот на светов туку има врска во какво опкружување и со какви притисоци ќе се соочиш , па така комплетно се менува перспективата и на тој начин произлегуваат проблемите и конфликтите .....
Апсолутно, без пари за никаде не си. Муабетот беше, на 20 години три чисти немаш, не па дете да чуваш. Работат и од 19 20 години, има и самостојни луѓе. Ама не разбираш исто на 20 и на 25. па јас не кажав такво нешто. Ако родиш на 40, не значи дека по дифолт ке си изграден човек, и дека ке имаш нерви. Сметам дека не е исто на 25 и на 35 да чуваш дете. За сигурно ке ви кажам кога ке родам и на 35.
Годините се најбитни за нервите, да. Не тоа како си растен, со какви луѓе си окружен, во каков брак си, дали едвај си чекала да родиш или се случило, дали ти треба помош па имаш/немаш кој да ти се најде, каков карактер си...
Ок ај ќе чекаме да родиш на 35 па со сигурност да ни кажеш дали ќе имаш нерви или не. Пред тоа го презентираше како факт дека на 35 години се нема нерви а сега ај кога ќе родам ќе ви кажам, real mature. Јас родив на 31, на 33, 34 и на 40 нервите ми се исти како за првото така за четвртото, никогаш не сме удриле дете, ниту сме им повишиле тон а тоа е поради решените животни прашања, да не ми беа, да чекав од свекорот и свекрвата да ми ги плаќаат сметките, полнат фриждерот или не дај боже пелени да им купуваат на децата и на 20 ќе немаш живци, тоа е факт.
Аха,јас ќе се тешам,ама знам што кажав а ти филмај се колку сакаш и мисли дека секогаш повозрасните мајки се подобри мајки и нели со повеќе трпение Абе шознам,јас еве да родев на 23 ќе ми беше топ,не ќе ја имав набиено анксиозноста што ја добив подоцна со губењето на родител,акање по болници гледајќи го како умира,па подоцна погрешно дијагностицирање на мајка ми со рак исто,период во кој за 5 дена остарев за 5 години,јас не сум истиот човек што сум била пред 10 години. ММ е постар од мене ама ни 1% не доживеал и поминал низ она што сум јас,животот те толчи,сега некој ќе рече ова можеш да го доживееш и помлада и така е,ама не е исто. Созреав да,премногу за свои години и да можев да бирам многу порано би станала мајка.
Значи кога нешто не можеме да бираме и за кое не одлучуваме само ние, зошто би ги поставувале овие возрасни граници или било какви граници? Сите да можевме да бираме нешто, многу поедноставни ќе ни беа животите, по мерка и без стрес, ама ете не можеме.
Јас не генерализирав, ти текнува? Си кажав јас како се чувствувам, а ти си таа која тврдиш дека знаеш каква сум, т.е какви сме сите ние постарите мајки, па спомна некои непишани правила, кои претпоставувам потекнуваат од бабски и теткини притисоци при убедување за што порана мажачка.