Јас не го сторив тоа бидејќи нормално немав компатибилен партнер и едноставно така требало да биде. Заради тие граници велам да не се осудуваат младите мајки. На темата погоре дека немањето нерви не било со годините,едноставно секоја мајка или баба би ви чувала дете како вие самите?Не,не можат,возрасни се,ниту енергија ниту нерви имаат,свекрва ми сама вели,немам јас нерви цело време да пазам дете и се тоа си носат годините,колку сакате негирајте го тоа. Кај реков ти каква си? Еве јас здравје Боже ќе станам мајка на скоро 36 па што? Мислам дека мајчинскиот инстинкт доаѓа со бебето и според МЕНЕ помлада е подобро,од мој денешен аспект,настрана од се ова ја тргам финансиската способност што се дискутираше,не коментирам за тоа.
Младите мајки повеќе се осудуваат од аспект на немањето финансии за одржување на дом и дете, а не толку заради годините. И не знам како свекрва ти се најде во муабетот, сигурно она не е 35, туку 60 тина год.
Абе свекрва и баба се едно, нема они што да имаат нерви, не го родиле они па да го чуваат, они веќе исчувале и нормално ќе немаат нерви за друго, на нас ни е дете и колку и да немаш нерви си го родил и ќе го чуваш како што треба да се чува. Не ги осудуваме младите родители ако им е убаво нека си тераат ама конкретно за членкава што се почна мубаетот, релно она нема услови за дете, нема работа, немаат готов спрат, старите се понашаат како на чување да е оставена кај нив, они ги командаат па уште дете у приказнава фали. Ако веќе смета дека и е океј така да живее и дека и бебе не е проблем, нема што да се жали, кога они ги издражуваат ќе си затвори уста и ќе трпи се. Едно е да се сака нешто друго е да се може, јас сакам 10 кучиња дома ама немам услови, па додека не ги добијам тие услови нема да имам кучиња.
Не го гледам како осудување бидејќи пишуваат овде и бараат совети за нивните проблеми, кои воглавно доаѓаат од нивната зависност и потчинетост. Како би ги советувала ти? И претходно реков, тие млади што знаат што сакаат и што се сигурни во себе и одлуките што ги донеле, не ги читаме овде, нема зошто би ги осудувале. Но, ме интересира зошто ти нѐ осудуваш нас па и се дрзнуваш да тврдиш дека сме со истрошени нерви? Еве и да сум родила 10 години порано, сега ќе ми беа тинејџери и немаше да ми требаат нерви за нив? И аргумент дека старите не можат сега да ми чуваат, не ти вреди, не ни очекувам од нив, ниту им наметнувам. Ќе се дружат со нив од задоволство, а не зашто јас имам сега за учење или треба да излезам вечер со другарките. П.С. Здравје, ќе си родиш и ќе се замислиш дека ако си родила порано не ќе беше истото дете, а веќе нема да го менуваш за ништо и ќе бидеш среќна дека патот во животот те донел до него/неа, па ќе видиш на што мислам.
Да не мешаме баби и жаби,не ја коментирав стриктно членката,а ни вие,чисто возраста да се биде мајка,јас го кажав моето мислење од моето искуство,лично мое,вие се осеќате позрели,посигурни,јас се осеќам истрошено,пишав погоре и зошто и уште ги испуштив 4те години борба со стерилитет,ко помлада да ми биле проблем само финансии ќе истуркав некако,ќе имав и тогаш нервози сигурно ама поинакви,а можеби и е така годините не значат исто кај сите,како што пишав мм имал поинаков живот,така да до утре да се убедуваме џабе е,секој со својата приказна.
Мое мислење е дека не се исти нервите на 25 и 35. А се ми е средено во животот, немам мака ни со маж, ни со родителите, мои ни негови. Живееме во заедница ама без никакви несогласувања, а за 2 3 месеци ке се одделиме, станот беше купен во градба и сега е готов. @bittersweet каде прочита дека на 35 немаш живци, ајде кажи ми.
MilaSs12 напиша: ↑ Можеби немаш нерви на 35, ама на 25 и те како имаш нерви а сеуште си млада. И јас се согласувам дека мајчинството треба да започне барем на 24 25 години. Иако сум “стара” сеуште не сум слепа, прочитав тоа што ти си го напишала.
Можеби, значи можеби. Не 100 %, не е гаранција, факт. И зборам мене како ми изгледа, јас како се чувствувам, не ти или било која друга. Пример јас не би имала ни сили ни желба за 4 деца, ама јас, ете ти имаш. Драмиш без потреба.
Јас обратно, повеќе имам нерви сега, на 42 отколку на 27 кога родив. Имам едно дете, и како што спомнаа не би менувала да можев , оти нема да биде истата јајце клетка и истото дете, плус ќе треба испитувања ради поголем ризик, но зошто би те лажела еве, дека сега имам помалку нерви, кога имам повеќе? Не бев премлада ни тогаш но за нерви не е само младост во прашање. Далеку поуплашена бев тогаш за се..
Различни сме сите и тоа е океј. Јас сега сум спремна, кога видов тест без исплашена ама потоа се освестив дека баш било време да станам мајка. Ке видиме што ке мислам и чувствувам за едно 10 години, претпоставки правам. Ама и те како влијае хармонијата што ја имам дома.
Фино е да се планира дете, очекувано е нели дека некаков план ќе се има. Ама при толку прилики и неприлики во животот, не секогаш се остварува тој план да се биде млада мајка и слично. "Да можев да бирам" е залудно кажано, зошто едноставно не можеме да знаеме што би избрале дури не сме во позиција каде сме ги доживеале и искусиле тие нешта меѓу кои бираме. Убаво е секој да се оствари како родител во моментот кога замислил или посакал, ама залудно е да коментираме околу тоа, зошто никому не сме му во кожa и не секогаш е можно. Ни па сите сакаме исти нешта. За некој е животна желба да роди на 22, за некој е непосакувано.
Јас родив на 25 и сега второво ќе го родам на 29. Апсолутно се согласувам со напишаново. Нерви дали имаш зависи од условите, не од годините сами по себе..
И од годините зависи. Како мине времето и градиме искуства, така и го истанчуваме вкусот за 'дозволиво однесување' околу нас.
А да оставите која кога сака да си раѓа? На 25 млада била, на 35 сингл најсреќна била.. Можеш да бидеш среќен и сингл, и во врска, и во брак, и на 25, и на 35 години. Секој е приказна сам за себе.
Среќата од многу фактори зависи. Финансиски, дали живееш во заедница, колку ви е здрава врската со партнерот, дали си трпелива личност со деца или не итн. Да беше клучот на среќата во една бројка, сите ќе си чекавме до тогаш и тогаш ќе си родевме. И мои другарки скоро сите ми викаат дека како помлади повеќе имале нерви за деца одколку постари и баш се среќни што родиле во рани дваесетти. Јас баш напротив, со тек на време станав потрпелива со деца, до степен што ептен ретко ми се случува да се изнервирам со деца, и да се случи ми минува за минута. На 20 год немав трпение како што имам сега. Другарките обратно. Добри мајки има и на 20 години и на 40. Исто така и лоши. Секој нека си прави ко што му одговара.
Прв пат станав мајка на неполни 18 години алооо немав 18 години,заљубени со маж ми,венчани,финансиски добро ситуирани ,пресреќни и имав живци морам да кажам .... втор пат на 21 година,среќата уште поголема ,живци уште повеќе и животот поинтересен, Сега на 35 ќе станам пак мајка на 3то дете,сите имаме живци,сите сме психички спремни за новиот член а јас најсмирена и најсреќна....незнам кој ја отворил темава ама најдобро е да се затвори,за ова неможе да се коментира. Кој кога сака раѓа ,кој колку деца сака раѓа,нема правило....и ајт чао
На кој начин бевте финансиски добро ситуирани,со оглед на тоа дека тогаш се уште се завршува средното образование,значи свои приходи тешко.Битно е луѓето да размислат пред да се впуштат на таков голем чекор.
Јас бев да а не сопругот и колку што можев да прочитам повеќе препирање има отколку споделување искуства а ставови и мислења се нешто друго и не ги мешајте со туѓите искуства ве молам. Јас размислував на 17 години ко сега на 35? Не,па што ми фали,секое дете си носи среќа во семејството....ние сме си пресреќни а ако некој чека од други мислења и ставови за деца да роди ќе се изначека
Za sebe bi rekla na 26 godini. Moite bratucedki stanaa majki na vozrast od 18 do 21 godina. Sekoj za sebe