Секогаш сакав да бидам млада мајка (24-5), но прво гледав да го завршам факултетот, да го обезбедиме стамбеното прашање и врсботување на стабилно раб место па потоа. Се средивме остана уште работно место, се враб на договор 9м. Па нели се договоривме дека не е сега момент, потоа запишав специјализација андоговорот ми истечуваше, пак неповолно нели... И на крај решивме така ако чекаме којзнае оога ќе се среди се останав бремена во рок од два месеци се вработив и синчето се роди точно кога полнев 6 м стаж на тоа работно место. Имав среќа и се се среди во најдобро можно сценарио. Родив на скоро 28 г.
Идеална возраст за да станеш мајка е кога ќе си спремна за тоа. За некого тоа е 20 год, за некого 30. Јас лично до 30 не можев да се замислам во таа улога, ама го немав ни вистинскиот човек до мене. Да го најдев порано, може ќе бев и порано. Сепак, повеќе фактори влијаат.
Јас родив на 28 и сметам дека е ок на таа возраст а максимум би дала фора до 31год за раѓање на прво дете
Според мене идеално време за да се стане мајка нема. За да се добие титулата "мајка", треба да се поклопат сите коцки, а верувам дека повеќе се фокусираме кон склопувањето на коцките,него во годините како бројка, и ориентација за " право време".
Нема идеално време. Јас планирано останав бремена, пробувавме неколку месеци и кога ја видов цртката бев во шок. Две недели рикав на маж ми, тогаш дечко како јас нема да сум добра мајка, дека не сум спремна за бебе. Хормоните тогаш првиот месец ме пореметија, додуша и после порагајот ми наплатија. Ден денес ме зафркаваат за тој месец кога цимолев дека нема да сум добра мајка, мајка ми постојано ми вели дека никогаш не мислела дека ќе сум толку посветена мајка, стрплива и грижлива. Дури и јас самата од себе сум изненадена. Јас никогаш не бев дечар, ниту муабетчика, ама со син ми сме како две бабички кои уста не затвараат ни пред спиење. Искрено откако го имам син ми станав многу пострплива и многу поинаку гледам на работите
И јас исто мислење имам. Дека нема да бидам добра мајка(во иднина) бидејќи никогаш не сум била дечарка не ме бивало со деца.
Верувај дека кога станеш мајка се менуваш од корен. Јас во дете погледнував две минути, и сега во туги не гледам баш, не дека не ги сакам туку едноставно не сум дечар. Е откако родив и јас не се препознавам. Со син ми сум нешто што во живот не сум била. Со него од ден на ден станувам пострплива, јас не сум муабетчика ич, а сега од страна некој да ме слуша абе уста не затварам. Мајка ми вика да ми кажувал некој дека таква ќе бидеш немало да верувам. За своите деца се менуваме, тоа од душата и срцето ни доага. Го носиш во себе, го родиш, и кога му ги гледаш тие оќички мили абе ти иде да полеташ од милина. И си велиш сама на себе, Боже каква радост ми донесе, ова секој ден си го помислувам по не знам колку пати. Е сега има мигови кога те лути до 101 и назад, кога се расправа со мене како некоја стринка, ама пак си го сакам најмногу на свет
За себе би рекла 26+, сега уште ми е рано и не сум подготвена за мајчинство на овие години, бидејќи е голема одговорност
И јас мислам дека нема правила во однос на тоа. Едно е човек да планира а друго е како ќе излезе во животот. И јас планирав дете да имам до 30 години ама ништо од тоа. Немав врска стабилна. Се омажив на 34 години и родив на 37.
А како ќе знаеме дали сме спремни кога никој од нас не знае што да очекува,како ќе биде?! Ова мислам е вечна дилема.
Идеално време нема и мислам дека никогаш не би била спремна за таков чекор.. Да речам "ајде сега може"...Јас би сакала да станам мајка после 25-26 иако самата помисла ме плаши дека е ептен за скоро.. Како ќе биде така...
Не можам да зборувам во туѓо име, мене само ми дојде да сакам дете и дека сум спремна за тој чекор, а ниту сум дечар ниту нешто посебно се радував на бебиња. Се ми дојде спонтано а појма немав како ќе ми биде. Сега после 7 месеци знам дека не ме лажело чувството
Никој не е спремен за родител. Различно е од се' што до тогаш си знаела. Ако сакаш да имаш дете, замижуваш и скокаш. И јас не сум дечар. Ама за свое дете, инстинктот 'автоматски се уклучува'. Првите неколку недели беше буквално само несопирлива потреба да го згрижиш, нахраниш, успиеш, преслечеш, избањаш. Не е ни љубов. Нагон е. Како знаат животните како да се грижат за поколението? Не читаат книги. Исто и ние, пошто и ние во суштина сме животни. Иначе, нормално е да се прашуваш дали си добра мајка. И ден-денес се прашувам тоа и ќе се прашувам дури сум жива. Ќерка ми има 15 години.
Не треба да бидете "дечар" за да имате деца. Тоа ако сакате игротека да отворите или евентуално во градинка да работите. За свое дете никад не сте доволно спремни, ама како што вика Вајлд само ќе си дојде ко ќе дојде детето
Да се прашуваш дали си добра мајка е нормално и здраво. Ете викаш кога ќе посакаш да имаш дете замижуваш и скокаш,ама некои скокаат ,,прерано".Инстинктот си е вроден,и на 25 и на 35 е тој.Сите ние сме спремни,и после доаѓаме до моментот постпородилна депресија,плачливо дете кое неможе да се смири,одлуки за вакцини,исхрана итн.И секој од нас барем еднаш рекол да не можеби избрзал и не го прави тоа најдобро како треба.А после го погледнуваш детето се топиш и викаш можам се,јас сум мајка. Значи прав момент нема,ниту возрасна граница.Можеме само да мислиме дека сме спремни,и да се трудиме најдобро што можеме.Правиот момент е можеби кога ќе доживееме некаква емотивна зрелост,финансиска самостојност и сл. Точни години и вистински,прави,за дете раѓање нема.
Според мене прерано е само ако е бременоста пред 18 години. Над 18 е во ред. Пошто каква мајка ќе бидеш, воопшто не е поврзано со возраста, туку со карактерот и посветеноста. До 18, веќе имаш изграден карактер. Некои и на 40 се неодговорни мајки.
Што се толку опнавте со живци дека имаме на 20 години, во овие години си најразразлив и носиш премногу лоши решенија, избрзуваш, секој втор има анксиозност какви бре живци во 21 век на 20 години каде живеете вие, јас сум 23 и уште кога се лутам сум како дете кое незнае дека удара.