Леле бе девојки мене ми е крипи оваа тема јас имам 23години се осеќам како мала сеуште за маж и дете. Неможам самата да се гледам не пак маж и дете А и млада сум имам време но јас се плашам од овие работи.Морам допрва да си градам кариера,морам да сум редовна на раб уше деца ми фалат. Коа ќе се вратам од раб гледам креветот да го фатам или пак за себе време да си пдвојам да се средам. Јас буквално немам време за дечко а камоли маж деца па и свекрва бог да чува Нема шанса сега за сега такво нешто. И тоа коа гледам како другарки мои децата им пиштат,немирни,дома трета смена се послем раб...па некои се и со тешки проблеми... Јас сум навикната да сум самостална со плата и да си уживам сама да си ја трошам и што сакам да си шравам. Од типот друштво,искачање,третмани...А како што ми стои уште долго време не би можела да се мажам бидејќи сум во план свој бизнис да си отворам а не да чекам некој децата да ми ги варди за да искочам од дома за на раб Јас стварно ги жалам моите другарки мажени поготово па они кои се помали од мене. Свака им част како издржуваат јас не би можела да се замислам мажена Да, и сингл сум пошо неможам да се расправам со будали имам многу работа уше некој ми фали да ме нервира неам време јас за такви глупости.
Кога ќе сретнеш вистински човек целосно ќе ти се промени мислењето Не дека јас сум многу постара од тебе хаха, немам ни јас дечко,посветена сум на работа и исто вака размислувам ама знам дека ако го имав вистинскиот покрај себе ќе наоѓав време и за кариера и за љубов. Исто е и со парите едноставно ќе ти се променат приоритетите и ќе гледаш со други очи, а до тогаш ни преостанува да уживаме во нашава ситуација.
Така нека е, неможам да пишам коментар без да контра одговор од тебе, во претходните постови се пишува за брак, партнер , заедница, финансии и веднаш мојот пост е цитиран дека може да имаш бебе без партнер Океј, знаеме сите,сме прочитале колку толку...
Тогаш кога жената е ментално зрела и со барем некаква финансиска стабилност. Секако биолошки најдобро е за нас да станеме мајки порано, но, факт е и дека постојат и други приоритети што тррба претходно да се остварат.
Нема врска тоа со годините. Јас на 27год. имав проблематична бременост, едвај издржавме, со лежење. Една роднина на 37год. забремени многу брзо(ми има кажано таа),имаше скроз здрава бременост, без никаков проблем од почеток до крај и плус природно се породи.
Самата знаеш дека моето мислење немаше врска со бебе без партнер, не го споменав тоа бидејќи ми беше друг муабетот, а ти ми делуваш многу нападно и ова не е прв пат, едноставно те доживувам како жена што постојано се кара со некој и цел свет и е крив за нешто,затоа ваквите цитирања кои немаат смисла и сакаат дискусијата да тргне во друг правец ќе ги игнорирам, за нареден пат да не мислиш дека ме остави без зборови зошто не ти одговорам
Скептиците со мислењето можат гз да бришат. Јас на 33 години родив, исто уредна бременост без никакви потешкотии и проблеми. Од прв обид. Не велам дека со текот на годините не се намалува потенцијалот на телото за репродукција но не е пресудно. Како што жени на преку 30 години имаат репродуктивни предизвици така и жени на 20 години можат да ги имаат истите предизвици. Секое тело е различно како што општата здравствена состојба на секоја индивидуа е различна. Стресот, генетиката, начинот на живот како и здравјето се пресудни а не годините. Не слушај рекла кажала, за таквите и ако не се омажиш на 20 години си стара мома а ти уствари си во цутот на младоста.
боже сачувај подобро ќе му речам на некој пријател да ми подари,злато е поефтино од сперма, зошто толку ја преценуваат
Зашто ти треба за три пати а се движат од 400 до 700 евра за еднаш.. Е тоа е. А да не збориме психолози, прегледи, шибање хормони.. Процес е. Многу е долг. Инаку јас размислував.
Сериозно? На 30 заминат возот за бременост? Се намалува плодноста да, ако гледаме така не е исто и на 20 и 25, на 30 и 35, на 35 и 40. Ама далеку од тоа дека на 30 заминал возот. Колку девојчиња има и на форумов со 25 години што се обидуваат подолго време. Еве сега пријателка забремена баш од прва на 35, убава бременост и лесен пораѓај. Нема правила. Ама ако имаме веќе 30 и сакаме дете според мене убаво е да си ја знаеме репродуктивнта здравствена состојба. Редовен пап, брисеви, можеби може и хормоните да се испитаат чисто да се знае, ехо колку да се види состојба на јајници, фоликули. Не сум за одлагање на слепо, ако се има желба за детенце во иднина. Барем зошто јас сум се соочила со проблем за зачнување. То ест уште се соочувам. https://www.parents.com/getting-pre...our-chances-of-getting-pregnant-at-every-age/ Еве ви убаво објаснето. Повеќе е за процентот на успешна бременост отколку за можноста за забременување. Но секако дека зависи и од здравствена состојба на парот, начин на живот итн. Тоа па со живците на 20 и јас ич не го разбирам. Напротив уште ќе ми лета мозокот, ќе сакам да шетам итн. Баш на 30 ми се чини дека природно се појавува повеќе таа желба, веќе др работи ти се иживеани итн. Не дека сум против да се направат деца на млади години, но еве лично јас и покрај тоа што сега се соочувам со тој проблем и да се вратам наназад не би сакала пак на 22 да правам деца. Единствена причина зошто сметам дека е подобро е тоа што би сакала да бидам подолго тука за децата. Но правила нема. Многу е неблагодарно да се кажува идеална возраст за да се стане мајка зошто животот носи секакви работи. Кога се би било идеално, идеална возраст за мене е 28, 29 за прво детенце.