Наврати се на претходното твое мислење...Велиш дека низ истото ќе минуваш без разлика дали си 18 или 35, во однос на неспремноста. За тоа неможам да се сложам. Дефинитивно не се однесуваат исто 18 и 35 годишна жена во однос на стравовите и чувањето на детето. А воспитувањето е веќе сосема друга гранка
Еве ја на 28 родив и појма немам што праам и никако не бев спремна за ива, можда на моменти и уште не сум. Односно сигурно не сум.
Деновиве многу размислувам на темава. Ќе станам дај боже мајка на 30 години. Откако дознав за бременоста сум многу исплашена, како ли ќе се снајдам како мајка, дали се ќе биде во ред, каков родител ќе сум. На овие години ако сум толку исплашена, што ли ќе беше порано ако родев дете. Сфатив дека нема идеална возраст што може да се каже за сите, за секој си е поединечно. Идеалната возраст за мене била некој збир од - кога ќе си финансиски спремен и да имаш погоден партнер со кого сакаш да имаш дете, да имаш нешто проживеано зад себе зошто мајчинството, воспитувањето бара најверојатно некое животно искуство зад себе (или јас така го доживувам, може грешам). Колку и да сум исплашена, знам дека него го имам како поддршка и дека со моменталната работа, моја и на партнерот имаме доволно финансии за да му обезбедиме се што е потребно за едно бебе, а досегашното животно искуство ќе го искористам за да му го пренесам него. Дали се каам што порано не сум забременила? Искрено не, мислам дека за мене ова е идеалната возраст и време.
Нема идеална возраст да се стане мајка, за некого се 25 за некого 35 итн. Другарка роди на 18 и на 21, непланирано, ама одлично се снајде со децата, моментално и разведена, па пак супер се снаоѓа, повоспитани деца немам сретнато во животов. Од девојче што јајце не знаеше да спржи, научи се и се посвети максимално на децата, прекрасни деца има навистина, и секоја и чест. Познаничка исто роди млада со желба огромна за деца и тоа за 4-5 деца, планирано, едно има, ја мрзи да го избања и нахрани И постари имам в комшии што имаат родено, па децата оставени по улица, по комшии, па тепани, не избањати Јас родив млада, месец пред да наполнам 23, никогаш не бев дечар и не ме бивало со деца, сакав дете ама имав страв многу што и како, мм ми помогна многу, премногу, јас што се вели памперс не знаев да стаам на бебе, се он, бањање на почеток се он, после јас сама, сами цело време, се снајдов ете супер за тоа како што бев исплашена Дали се каам што родив млада, боже мој не, и второ е на пат, на 26 здравје ќе го родам Ете мене ми беа идеални тие години, некој не може сеуште да се прибере од пијанки на тие години, не па на дете да помисли, исто ко јас на 18 И тоа е океј, секој со своето, кога ќе се осети спремен тогаш, само да не е под притисок на околина или на партнер. Никој ниту доцни ниту подранува во овие работи, индивидуално е
Drugarka moja na 16 godini ja rodi kerka i sto se veli zaedno porasna,odlicno se snajde iako i ona bese dete...druga na 25 eve ja dete i jade od pod( bukvalno mu nasecka kalbaski lebce i ovaa si gi nosi po soba po pod da ne gresam dusa ko kuce) ,znae pokakano da go odnese na gosti demek ne videla oti e pokakano detevo neka e zivo i zdravo ama epten nevospiteno ( i imam kazeno deka ne sakam da mi doagat na gosti) posleden pat koa bea mi skrsi tv ( frli sise so sok silno i odma pukna ekranot malku ama steta napravena) i ona vika aman pa ti dete e... Drugata eve ja na 33 rodi i grizliva pazliva dete izbajneno najadeno si igra so nego... Se zavisi koj kako ima razmisluvanja i svakanje za obvrskite...isto tako stojam na toa deka ako si rodila dete treba ti da mu bides i majka i sovetnik i drugar i se,a ne sekoja zelba da se isponuva i sto god da skrsi da pomine so muabetot dete e...
Млада мајка сум, на 23 родив, но сметам дека 28-35 е идеална возраст. За второто дете ќе почекам, пред 28 не планирам повторно да раѓам, можеби и покасно од тоа. Како за 10 години да созреав откако станав мајка ама не би препорачала и на другите да брзаат толку. Не студирав, имавме услови и можности со маж за брак, дете, стан, за среќа. Што ќе беше ако немавме, двајцата толку млади, не знам... Навистина има многу трошоци за бебе, за бременоста и пораѓањето колку пари требаа, добро е што од 18 години веќе работев зошто имав учено средно што е дефицитарно и имав заштедено. Не би сменила ништо, сега мојот пат си бил таков ама и не би рекла на девојките раѓајте толку рано, не е толку лесно и бара многу жртви. Подобро да си вложите време во образование, шетајте, патувајте, барем до 25-26.
И јас млада, ама се чувствував спремна и се решив. Немав причина за чекање. Не охрабрувам и јас други да тргнат по тој пат. Не е лесно. Кога велев се чувствувам спремна, потоа видов дека уствари не сум била. Не знаев до детал како ќе биде. Ама не верувам дека било кој е спремен за родителство се додека не стане родител. Идеална возраст нема. Ама идеално е кога ќе мислиш дека си спремна. Без притисоци, без двоумења.
Зависи во која смисла, можеби во биолошка смисла е најдобро 22/23 год. но има мн повеќе фактори кои се пресудни да се одлучам мајка да станам.
28-38. Од финансиски аспект и зрелост. Па и биолошки на 30 години не си престарен, најидеално е тогаш.
Прашање до жените кои имаат разлика во години со своите сопрузи. Јас сум 24 години а мојот вереник е 32. Чувствувам дека тој веќе сака да има деца, но јас не сум спремна. Како го надминавте тоа , еве да кажам “недоразбирање” околу имањето деца?
Тоа не се надминува ниту е недоразбирање.Најчесто на тие теми се разговара пред брак,за да знаеш што да очекуваш во бракот.Најбитни нешта што се договараат пред брак е живеалиште,ставот околу имање деца.Не е фер ниту он да биде ускратен со правото да добие дете ниту па е фер ти да имаш дете а да не си спремна за тоа.Ако не се постигне сега на почеток договор околу таа тема најубаво е воопшто да не дојде до брак.
Чувствуваш или сте разговарале па знаеш што сака тој? И ова не е недоразбирање па ќе се надминува туку многу сериозна тема на која треба да имате исти или многу слични гледишта. Ама веќе кога конкретно прашуваш и наведуваш за конкретна разлика во год. вакви случаи со некогашни пријателки познавам два. И во двата случаи двете родија уште додека студираа. Едната не дипломира си остана посветена на мајчинството, другата да откако потпорасна малото и има добро раб. место. Поентата ми е дека кога жената е помлада најчесто попушта во полза на желбите на партнерот, затоа што во обратен случај ретко опстанува ваква врска и преминува во брак. Пишано ти е истово и погоре така што ако не само чувствуваш туку тој ти кажал што сака и очекува од тебе јасно треба да ти е дека одлуката е до тебе лично што понатаму.
Разликата во години не е важна, ама важно е да сте горе/долу на исто ниво со размислувањата. Некоја девојка/жена сака да раѓа на 20, друга на 30, трета на 35 итн. Партнерите треба да се заедно одлучни за моментот кога да се проширува семејството, а не едниот да сака сега а др. после x години. Има многу случаеви кога едниот се согласува за да му удоволи на другиот, што е сосема погрешно, зошто тоа е сериозна работа и не дај боже да не може да се носи со новонастаната ситуација, па после да му префрла цел живот на партнерот и тоа незадоволство да го префрли на детето/децата. Ако не се лажам дури и тука на форумот сум читала мислења, како едниот родител ги обвинувал децата за своите неуспеси бидејќи ги родиле/добиле рано и не можеле демек поради нив ништо да постигнат во животот. И да, требало да разговарате за тоа пред брак и ако не се согласуваш со тоа, тогаш вие моментално не си одговарате – ова може да се смени за некоја година пр. кога ти ќе посакаш дете, ама сега не сте едноставно еден за друг и тоа нема врска со разликата во години туку со некомпатибилноста на вашите моментални мајндсетови.
Мора да се умре само А идеалната возраст да се стане мајка е кога жената ќе се осеќа спремна и способна за тоа. Сѐ друго е релативизирање.
Од 25 па нагоре.Се што е под тоа,јас го сфаќам како период за да се размисли за предизвиците на раѓањето, и тогаш да се роди.Го сфаѓам како не спремен период.
Да сум со овај памет, порано ќе си родев на кај 23-24 негде, сега поголемки ќе си беа, рает ќе бев Ама не е лошо ни вака, уште 3-4 години, сами ќе се капат, сами ќе одат на училиште, ќе си се посветам повеќе на себе Некој одложува за да 'поживее', јас велам во секоја возраст човек сака да поживее, да си се посвети, да има време за себе. И на 20, и на 30 и на 40 и на 50. На сите им кажувам, верувајте, не сака само младиот... ќе сакаш и потаму, дури и повеќе оти годините си бараат повеќе одмор, нега и сл. Најважно е викам кога се решаваме за дете да сме финансиски колку толку ОК, да може да му се пружи на детето нормален живот, да имаме кров над глава, и нерви/трпение оти е потребно. Друго се е релативно.
Не можеш да чувствуваш и претпоставуваш нешто вакво. Чим сте веќе пред брак и сте возрасни личности треба да разговарате на вакви теми и да си знаете на што сте. Јас и мм сме 9 години разлика, јас имам 29, тој 38. Заедно сме 6 години, од кои 3 живееме заедно, 1ипол во брак и имаме дете од 1 година. Уште на стартот зборувавме на овие теми и бевме отворени за се. Иако имав 23 години, знаев дека сакам се со овој човек, а кога? Не ми беше гајле. Тоа што тој имаше 32 години не го направи спремен за брак и дете, туку неговите размислувања, желби и аспирации. Исто и јас. Така да разговарајте отворено за се, за вакви сериозни и големи чекори во животот треба да си кажете што имате очи во очи.
Никој не е вистински спремен, додека не добие дете. Ништо не може да те спреми за сите предизвици кои доаѓаат со родителството. Нормално е... Родител кој ги преиспитува своите одлуки, е добар родител.