Мажот ти не ти помага туку одговорност му е и на него детето, и тој е родител, во 21 век помагање го смените со одговорност спрема детето.
Мм ми помогна на мене, да си пребродам страв, анксиозност, ми покажа како, пошо јас немав допирна точка со бебиња до тогаш, иако се изначитав се и сешто, ама др е ко ќе се роди, а в болница не ми се замараја мнг, свесни сме за 21ви век, не се секирај
Пред неколку години ќе се истрчав да излаам дека би родила на 25 прво дете, а сега имам толку различен став по ова прашање.. Физички е веќе невозможно да се оствари ова, ама и кога беше, беше последното нешо на кое шо размислував. Од оваа перспектива, со се’ шо ми се случува, сите планови шо ги имам и желби за во иднина за сопствена реализација, дефинитивно после 30тата. Поместени се границите, колку и да им се свиѓа тоа на постариве у фамилија или не
Да го знаев ова што го знам сега ( бремена со второ после 32та) порано би ги родила двете и наеднаш ,од 26,7 до кај 30 год максимум.
Не постои идеална возраст на оваа тема. И на 22,25,30 ќе почуствуваш страв како ќе се снајдеш во мајчинството и никогаш нема да бидеш спремен за тоа се си доаѓа на свое кога ќе дојде на свет малото. Решив да пробам млада да се остварам како мајка и доста бргу се случи зачнувањето а многу лесно се снајдов во улогата на мајка така што нема правила и не треба да има.
И јас сум За дека не постои идеална возраст за да станеш мајка , едноставно секој со свое размислување и своја среќа, со своја судбина. Мене лично не ми се допаѓа тоа што се поместени границите до тој степен како што се.Јас имам другарки за кои е нормално да имаат прво дете и на 37, мене ми е тоа ненормално мислам онака баш ненормално..
Секоја со своја среќа, со своја судбина, милисекудна потоа, ненормално е на 37 прво дете да се одима. Мене оваа контрадикторност ми е чудна, онака баш чудна.
Луѓе ја го пишав моето лично мислење , не дека треба секој да размислува исто. Ненормално ми е што се поместени границите се повеќе и повеќе и што раѓањето на дете е обврска која треба да ја исполниш кога ке се “иживееш” Ненормално ми е да кога ке има детето 10г мама да има 50..
И 18годишна ми е ненормално .. не збориме за 17 и 18 годишни зборев за границите колку се поместени. А и се согласувам дека секој си има свое мислење
Нема граници, девојко. Тие се во твојата глава. Замисли некоја те чита од надвор а не можела да роди порано. Стварно мислам дека треба повеќе да се едуцирате,развивате и информирате повеќе. Денес, барем медицината е напредна има многу начини.
Жените не се крави за расплод. Кога сака некоја, тогаш ќе роди. Нема ништо ненормално некоја и на 45 години да роди. И ништо не е ненормално ако детето е 10 години, мајката 50. Или може за тебе нормално е на 15 години да раѓаат. Така кога имаат 25, детето 10. Може тоа за тебе е нормално.