Кој рече дека жените се крави за расплод ?? Зашто се пронаоѓате не ми е јасно? Темата е која е идеална возраст да се стане мајка! Моето мислење го кажав и никаде не пишав дека е нормално на 15год да родиш. Али дека е во ред што е можно постара не мислам никако
Мене само ми е ненормално некоја да роди дете а да не е способна.Да го изгладнува тепа дрогира и сл.Се друго ми е нормално,додека одговорно го растеш тоа дете.
Јас се омажив на 28. 5 години неплодност. Првото дете го родив на 33г. После 1,5 година - бременост. Заврши со абортус. Поради други причини трета бременост (втора успешна ) ми беше на 36г ( родив кога наполнив 37). Некои жени заради здравствени причини, некои заради кариера, некои бидејќи не го пронашле својот партнер порано , заради љубов - еден куп оправдани причини заради кои жената станува мајка многу покасно. Малку полека со осудите и пишаното. Има многу посуптилен начин да се изнесе своето мислење , без некоја девојка/ жена да се осети ко "ненормална" зошто не родила порано.
Ти имаш ли родено? Ако не припази како се изразуваш зашто знаеш како викаат од тоа што бегаш тоа ке ти дојде на глава..А и низ текот на животот мислењата се менуваат.И јас коа бев 20г сакав да родам на 25-26г ама како се доближував до тие години сфатив дека ми е рано и не сакам да раѓам но дека сакам да шетам и кариера да имам..Мислам ок е ти коа мислиш дека лично за тебе ти е најубаво да родиш ама да кажеш дека на 37г е ненормално да роди некоја треба да си ептен бесчуствителна
Имам родено да. Не е јасно како се пронајдовте сите , темата е да се каже свое мислење, моето го кажав и баш мислев на тоа дека се повеќе се поместуваат границите и се става се на прво место а раѓањето на крај. Крај краева секој си знае за себе нз зашто се најдовте навредени
Знаеме што е темата. Никоја не се пронаоѓа, (а и да се пронашла, ништо страшно и со право), туку твоето мислење вреска од осуди! Да, осуди. Не можеш да речеш секој со својата судбина, а да кажуваш дека е ненормално некоја да роди на 37. Нели секој со својата судбина? Таа што е бремена или што родила прво дете на 37 можеби се борела со неплодност со години, па дури тогаш конечно ѝ се исполнила желбата да стане мајка. Можеби тогаш си ја нашла љубовта. Реално, кога ќе си ја најдеш љубовта, тогаш и ќе се обидуваш. Или можеби едноставно така си сакала. И тоа си е одлука со која само таа (ќе) живее. Важно е да е среќна. Тоа е многу поважно отколку на колку години родила. Велат, среќна мајка = среќно дете. Пишав пред неколку години дека не постои идеална возраст за да станеш мајка, а под 18 години не е никако бидејќи тогаш родителите се сѐ уште одговорни за тебе, а и тинејџерството е најтурбулентен период. Затоа и таа што ќе има дете на 18 е само таа што ќе живее со таа одлука да роди на 18 и таа што ќе роди на 37 е само таа што ќе живее со тоа. Не ти или јас. Едно е да пишеш „Според мене, идеална возраст да станеш мајка е…“, а сосема друго е дa напишеш дека е општо ненормално да родиш на 37 години. Немам родено, а и немам најдено партнер, а имам 24 години. Можеби ќе го најдам сега, а можеби за 10, 15, 20 години и ако го најдам на 35+ и останам бремена тогаш, да не раѓам само затоа што не е нормално? Или остави ме мене, замисли твоја блиска личност е бремена на 37 години со прво дете. Што ќе и речеш? Едно е да речеш дека границите се поместени, а друго е да речеш дека да родиш на 37 години е ненормално.
Родив прво дете на 33. Пред неполн месец тоа. Од еден аспект веќе се чувствувам "старо", јас лично, за да раѓам второ после 35-36. Меѓутоа здравје кога ќе стасам дотаму можеби желбата за моето дете да има брат/сестра ќе е поголема, па до 40 ќе родам и второ и трето.
Идеална воздраст нема за да се стане мајка, за некого се 25 за некого 35. Секоја си одлучува за себе кога смета дека е спремна.
Како ја нападнавте членката што смета дека е ненормално некој да роди над 37, а комплетно ја игнориравте другата членка која рече дека оние кои решиле да станат мајки под 25 се неизживеани. Баш интересни сте. Како и да е, сметам дека нема идеална возраст, се зависи од тоа колку сте финансиски спремни и психички спремни за таа улога. Некој порано успева да обезбеди убави услови за да си изгледаат дете, некои покасно, секој со своето.
Ова е доста дискутабилно прашање. Можеби е идеално да родиш од 25 па до кај 33. Не за друго имаш повеќе енергија, живци итн. Е сега некои се борат и со неплодност и може да роди и на 40 . Дека ќе бидеш спремен нема да бидеш па и на 45 години. За сите родители тоа е голема промена каде што се менува целовкупниот живот како физички така и психички. Ако си добар родител и детето ти расте во хармонична средина сметам дека и на 20 години е океј да си родител па и на 45 .
Идеално време е кога се осеќаш доволно физички и психички зрела да се грижиш за себе и своето дете без да зависиш од никој
Не постои нешто како идеално време. Прво не сме сите машини па да сме на исто ментално и физичко ниво на 25 год пример. Некој е по зрел некој е помалку и тоа е веќе друга психологија и тематика. Второ тоа не прашува: "Извини Нора, на колку години сакаш да бидеш родител?" Јас станав родител на 28 години, од оваа гледна точка можда не било вистинското време по нечиви параметри, ама па чиви? Еве ја здрава, права, со сите услови и си расне. Нема вистинско време.
A ако некои еве се борат за потомство неколку години, треба тие да не раѓаат? Кој не одел по трнливиот пат никој неможе да знае, секој сака да биде млада мајка, ама некои се борат со години и се остваруваат како родители и на 40+. Значи според тебе ако не родат до 25, не треба да помислат на дете затоа што ќе бидат "стари". Никој да не осети на своја кожа.
Ко ќе размислам од оваа гледна точка, можеби требаше на 19год да го родам. Ќе издржев неколку потешки години ама сеа у пензија ќе бев. Штета што ме се знаев тогаш со маж ми. Тогаш бев бубалица дома затворена Ама реално..да си родев помлада сега раст ќе терав.. И онака немаше што да пропуштам. едино сериите на Нетфликс. Ниту шетам, ниту патувам. Маж ми вели немаше да се сретнеме да не отидев кај него на работа тој ден. Дека отидов по некои документи, а тој се погоди на смена, инску стварно немав поим дека постои таков човек, ниту на социјални мрежи го имав видено, ниту имавме слушнато еден за друг. Ако не порано, барем тогаш одма кога се запознавме. Требаше уште тогаш да си направиме детенце. Ама многу чекавме ние сите работи да ги средиме, и секако дека не ги средивме.