Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална возраст да се стане мајка

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 29 јуни 2017.

  1. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.586
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Идеална возраст за мајка не постои... некоја се осеќа спремно на 20, некоја на 40... а некои жени и никогаш, и според мене е сосем во ред. Подобро е да не родиш воопшто, отколку да го родиш само за да се каже "еве мајка сум", и да не му пружиш љубов и внимание на тоа мало човече....
     
    На Mnik, Трагедијаупмм, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    7.745
    Пол:
    Женски
    И еве ме сега речиси после 2 години си го најдов ова мислење и си се смеам сама на себе. Колку само беше така. Сакав дете ама не знаев како со деца.
    Не дека сега којзнае колку ме бива со туѓи деца.
    Мајка сум да. Ќерка ми уште малку ќе прави годинка.
    И дефинитивно е најдоброто нешто што ми се случило во животот.
    Разбуди во мене некоја личност,што претходно не знаев ни дека постои.
    Мајчинството дефинитивно те менува.
     
    На Mnik, Mumoftwo30, Трагедијаупмм и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    2.781
    Пол:
    Женски
    Точно ! Еве јас прво дете родив на 37 , и да треба да се вратам назад пак би го направила истото , добро можеби на 35 :D
     
    На Трагедијаупмм, Emma2, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Незнам дали постои идеални години за раѓање дете.Само знам дека постои спремност и спретност за гледање.Си кажувам за мене.Пред неколку дена на работа го донесоа внучето на газдарицата и она имаше некоја работа па на мене остана да го занимавам и шетам детенцето.Верувајте ми дека за пола саат јас неможев душа да земам.Можам да кажам според тоа дека не сме исто спретни да гледаме деца во помлади години и во позрели години.Само тоа можам да го кажам кога ја родив ќерками на 23 трчав по цели денови по неа и немав гајле ама сега на 37 сватив дека неможам да трчам ни пола саат а не па цел ден.Ќе изгинам жими се.Така да мислам дека е подобри на помлади години со тоа што сме повитални за гледање.Не осудувам напротив и на позрели години што раѓаат тоа е желба на секој поединец таму не се мешам ама сакам да споредам со можноста да гледаш на 22 и на 37
     
    На Mnik, Трагедијаупмм, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    55.338
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се одредат строги граници на ова. Секој различно се осеќа. Во рани 20ти обично сме понеискусни и финансиски нестабилни, но и подоцна има парови што со години се обидуваат. Верувам дека никоја не е 100% спремна во било кој момент, но кога ќе знаеш дека можиш да му пружиш љубов и стабилност на мало суштество кое комплетно ќе зависи од тебе тогаш е сосема океј.
    Пред некоја година не бев сигурна дали сакам да имам деца. Сега на 26 дефинитивно сакам. Но со партнер кој би бил исто толку грижлив, да формираме заедно среќна средина. Но, ќе видиме.
     
    На IRBBB, sj *O*, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Диктаторр

    Диктаторр Нов член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    На 20 до 30години мах
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Како кажувате дете 10 мајка 50, готово таа со бастун оди :) сте виделе ли 50 години одржана жена? Јас да.
    Кој кога сака и може нека си роди.
    Мене се' ми е сосема ок за другите.
     
    На Emma2, tigrica92 и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    А еве некои што се борат со неплодност со години, што тогаш?
    И ако им се пружи шанса пример на 40 и не треба ли да раѓаат, зошто детето кога ќе има 10, тие 50?
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  9. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Апсолутно да. Тоа кажувам. Смешно ми е кога ќе речат мајката ќе биде 50. Како тоа да е валидна причина за било што.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Дете не може да родиме ете ние кога ќе посакаме. Некои се со идиопатска неплодност, се е во ред, ама ете не сака. Има некои пијат алкохол, се дрогираат и имаат по 3 деца, тоа е, кога ќе даде Господ тогаш. Кај некои од прва се фаќа, кај некои не.
     
    Последна измена: 25 декември 2023
    На Mumoftwo30, Corika, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Женски
    Од 20 па до кога сакаш, односно можеш
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.488
    Пол:
    Женски
    Која кога сака и се осеќа спремно :inlove:
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SandStorm

    SandStorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    25-35
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    25-прво дете
    30-второ дете
    35-трето дете
    Но,секогаш постои едно големо "НО"..........
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Журналист

    Журналист Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Во ова време на помлади генерации многу порано од освјата полнолетна возраст како тинејџери стануваат родители, најчеста спонтана бременост се појвува кај ромската популација, вејќе од својата 13,15,16 годишна возраст зачнуваат дете. Само прашењто стои: Колку од ти љубовни врски на малди се спремни од нечкиваниот период на бременост ќе бидат одговорни родители кои зачнале дете во чинот на страсната желба само за да имаат сексуален однос?
     
  16. Dunning

    Dunning Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    И кај многу роми кои се барем малку ситуирани не е веќе така. Се мажат и раѓаат само оние кои просат по семафори( па дури многу од тие веќе и не го прават тоа) и евентуално оние што одат во странство или наследство. Крената е границата и кај нив. Иако не толку како што се очекува да биде.

    Има многу примери од ромска популација кои си вложуваат во себе и на крај памет не им паѓа да прават деца пред да го запознаат и осознаат светот. т.е не пред 32-33 та година.

    Само еден пример за популарна ромка е Емра Куртишова ( Исаура од Преспав) Се омажи и роди на 38 години.

    Девојката е Пример на која може да и позавидат и многу македонки.
    Од стил на носење, водење грижа за себе си, исхрана, вклучена во борба за права на ромите и жените. Образована, прошетана, запознала разни култури итн.

    Емра прошета и пак имаше време да се омажи и да роди нели. Што е различно од некоја која ќе се омажи и роди млада?
    Па едноставно не знаеш како живеат други култури. И не можеш ни да го воспиташ детето како што треба,
    Сигурно има некој што чита психологија овде или што имал прилика да прочита нешто за семејните односи. Знаеме добро што се вели буквално во секоја од нив. Детето 90% го спознава светот до 6 та година од својот живот и постапките понатаму во животот ги темели токму на години, И дека во тој период многу важна е како реагираат родителите во воспитувањето и околината во овој период.

    Од ова Верувам дека девојките како Емра, многу подобро ќе го насочат нивното дете, отколку многу македонки кои се омажиле и родиле млади, а притоа ништо не виделе.

    И не е само таа ромка. Познавам уште многу примери, каде ромки кои изгледаат баш супер. И се над 32 години. Сами си се договараат и си организираат патувања по Монако, Америка, Малезија итн.
    Сликите на инстаграм им се врв,

    Така да не значи многу нацијата дали си ромка, албанка, македонка итн.
    Најдобар пример земам од Братучеда
    Си заврши факултет.
    Поработи 10 години, иако нејзините имаа пари доволно и можеше комотно и на 24 год одма да се омажи и роди.
    Немаше никаков финансиски проблем тоа да биде и порано.
    Во меѓувреме отиде прошета од Занзибар до Јапонија. Сигурно преку 30 земји и култири
    Дури сега на 34 години ќе се мажи.
    Зашто не го направи тоа порано? Па едноставно сакаше да си го доживее животот и свесна беше дека има време.

    Сум зборувал со психолози, Најрано од 30-та па до некаде 38 год е идеална возраст за поднебје како нашето.
    Нажалост има полно кои сега раѓаат и многу порано ( има случаи и пред 20-тата година) и се селат горе по Шведска, Германија. И тоа го прават Најчесто за да земаат детски додаток и да преживеат таму.
    Не ја разбирам логиката. Да се сели човек во Германија со бугарски пасош и наместо да се види западна култура и да прошета. Деца ќе прават на 20-23 години и ќе чекат да капне некоја паричка од Киндт.
    Ова не е ништо поразлизчно од ромската работа која се правеше порано.
    Само што сега го прават и македонци.

    Мора да кажеме дека секогаш има и исклучоци. Па ако некоја имала трауми во фамилија, тежок живот, сиромаштија итн. за нив можеби е и паметно да се омажат млади, пред се бидејќи се ограничени во можностите да напредуваат, и немаат многу прилики.

    Заклучок на крај е. Секогаш има примери околу нас.
    Од тие што просат на семафори и се мажат и раѓаат на млади години, па се до оние кои се прилично ситуирани и го живеаат животот и не размислуваат да прават глуспоти на млади години.
     
    Последна измена: 28 мај 2024
    На Mumoftwo30, Tanjamm, liliput22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lanna89

    Lanna89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски

    Со кои психолози сте се консултирале и заклучиле дека идеална возраст на нашето поднебје да се стане мајка било 30-38 години?
     
    На Mnik и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Нема таква
     
    На Anyshka и Elliana им се допаѓа ова.
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    6.713
    Реално мислам дека треба порано 24-25 год. Што порано тоа подобро. Сегада сум би завешила факс и директ на правење дете. Што дека чекав 10 години од тогаш? Ни најдов подобра работа, ни шетав многу после факултетот. Само излегувавме и се пијанчевме. Ништо паметно.
    Можеше порано да се фати работата и сега веќе првачиња ќе беа децата, а јас ќе уживав сега на балкон со една чаша пивце.
     
    На Zumbulche, SummerGirl, felisitas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Баш се замислив на темава, еве на работа имам колешка која како дете ги изгубила родителите, починале од болести, лоша генетика. Луѓето млади стапиле во брак, млади ја добиле и одамна ги нема, судбина, лоша генетика. Другиот колега неговите го добиле на 45 години, тој сега има деца, а мајка му и татко му се живи, а имаат 85 години и се со солидно здравје, освен што пијат некои лекови за притисок како и многу помлади од нив. Значи тие луѓе добиле дете на 45 години и дочекале да порасне, да го одомат, имаат и внуци. Не дека треба сега да запнат во 50 години сите да раѓаат, ама ако се случи на 40-41-42, зошто да не? Ако жената немала прилика порано да стане мајка, зошто да не?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.