Нема идеална возраст за деца ама од сегашен аспект би се мажела и родила порано. Еве паралела меѓу мене и колешката од работа. - Таа родено едно дете на 24, второ на 27. Се вработува на исто работно место со мене, на нејзини 34, со деца "пораснати" нема отсуства, напредува брзо во работата. - Јас 10тина години искуство, породилно, дете повеќе настинато од здраво, отсуства, боледувања, џабе што би се рекло сето претходно остварено. Ова само од аспект на професионален план и од општеството во кое сум и работам.
Која кога е спремна и колку ѝ дозволуваат генетиката и здравјето. Мада од тоа што сум го гледала низ годиниве подобро по 25та година. Помладите мајки често се понервозни со децата.
Мое некое мислење е од 25 до 40. Со планирање и уживање во мајчинството. Помали или постари ми е ок. Зависно од животот кој како си го живее. 50+ не ми е ок, себично и неодговорно, бизарно, чудно. (Не знам како да објаснам)
Денешно време сите бираме да се оствариме како мајки во 30тите години. Реткост е да родиш порано. Но, јас сметам дека дефинитивно идеална возраст е пред 30та година. Физички си поактивен, имаш повеќе енергија, а тоа нешто многу се бара со мали деца. Не раѓаме со изговори дека треба прво да се вработиш, па да купиш стан, па да направиш богатство, па да прошеташ. Уствари ништо од тоа реално не се случува без деца, а дури со деца мотивот е уште поголем да создаваш. Од овој аспект, би родила порано. Не правам ништо поразлично, работам, шетам, остварувам, повеќе или помалку од претходно. Само сега погрешно ако го фатам детето, може и три дена да останам во таа положба Нема правило кога треба да се раѓа. Во принцип треба да си подготвена и да сакаш. Се друго е релативно.
Јас па мислам дека по не се замараат од околина што гледам. Јас за вило која одлука размислувам позитивни негативни страни... а помлади од околина што гледам си тераат само..
Кога се чувствуваш психички, физичко, емоционално способна за да извадиш на добар пат и да направиш добар човек од едно мало петличе и секако кога ќе го почувствувате мајчинскиот инстинкт. Без граница само љубов и добрина
Почнувам да се плашам дека за мене нема идеална возраст да станам мајка. Имам многу планови за иднината, а некако во ниеден не ми се вклопуваат деца. Себично да ама сепак сметам дека е посебично да ги родиш, а да не им пружиш сѐ што им треба, што од немање желба, што од немање време.
Пред се, тогаш кога жената се чувствува способна да стане мајка. Идеална возраст би рекла од 28-33. Во секој случај капа симнувам на мајки кои се реализирани во својата кариера, или пак имаат доволно финансиски средства за тоа бебе. Да станеш мајка на 22 а притоа да немате леб да јадете, и да чекаш од бате и мама за памперс и бенкици ми е големо но но. Јас сум родила на постари да кажам години, од никого не очекував ништо, нити па побарав. Оние што родија пред мене, чест на исклуцоци се, но да, и ден денес бараат за кревет за детето, за книги, за патики.. Е тоа ми е неодговорност.
Идеална возраст нема туку кога ке се склопат барем повеќето коцки од пронаоѓање човек кој би може да биде добар татко преку здравствено да биде се во ред со двајцата па се до барем некоја финансиска стабилност иако ова за мене не било пресудно.Сума сумарум кој кога сака и кога може.По мој сопствен избор откако кога бев помлада и прошетав и искусив многу убави работи, без проблем родив на 35 па на 37 и сега пробуваме за трето ако биде биде.
Јас се омажив на 20 (родив на 21 г) само 3 месеци бевме во врска но исто како цел живот да сме биле заедно ... Сега сум мајка на 2 годишна ќеркичка и во се си помагаме со сопругот ...со слога, љубов и зрелост не е битна возраста
Коа ќе сум психички спремна. Сакам да е лабаво, а не некој да ми чати над глава дека сака дете или сака второ. Детето е за двајца родители да го гледаат, а не само еден.
Докторот бил роднина на мајката. Мене докторите ми се чудни. Се случува да почине млада мајка поради лекарска грешка, докторите ги нема никаде и наоѓаат изговори. Ова не знам како да го коментирам. Детето има јајце клетки од друга жена, значи тоа е дете на сопругот на жената, генетски не е нејзино. Жената кажува дека има висок притисок, шеќер. Имало жени на 40 години што биле испаничени од лекарите дека се стари, а сега гледам вакви феномени и тоа се охрабрува. Чудно. Етичкиот момент?
Кој етички момент, им се билда егото оти си играат Господ... Е сеа, кој ќе го гледа тоа дете и тие баба и дедо за две три години небитно е. Битно ти желбата исполни си ја, роди го и фрли го на ѓубриште.
Истово го мислам. Ја разбирам желбата за потомство. Но денес, граница нема. Некој мора да ја постави. Ако веќе партнерите не можат, доктор треба да пресече до каде може и треба да се оди со таа борба. Највитални нека се, години се тоа, не шала некоја. За пари денес можеш се, па и дете на 57 да носиш.
Баш така, бизнис си прават. Го ислушав докторот, вели „кои сме ние да поставуваме граници?“. Коментира дека деца се родиле, па во војна останале сираци, па дали тоа значи не требало да се родат? Каква споредба, наоѓа изговори. Војна е вонредна состојба која не може да се предвиди, секаде може да избие војна итн. Човекот фактички објаснува дека детето се родило, па ајде градинки, школи потоа да поведат сметка, да помогнат на мајката. Тоа тешко дека ќе се случи на Балканот, каде има врсничко насилство, каде ученици малтретираат професори, каде институциите се лабилни. Исто и со оплодувањето од донори, имаше пред некој ден, дека некој донор во Европа имал мутација на канцер, па од него оплодени деца во разни држави. Ете ти колку е таа опција ок, иако тука пишуваа „ама таа што се оплодува, па знае од генетика. Ахха, знае, ја оплодиле, тој донирал, му платиле, чао, тоа е бизнис. Што знаеш? Ич ништо“. Ќе живееме во некој многу чуден свет. Не само мажи што донираат, еве и жени што донираат јајце клетки, ете со тој случајот во Црна Гора, значи којзнае чија е јајце клетката, оплодиле, сега детето е кај пензионери, прашање е каква иднина ќе има. Сето тоа ми е толку нехумано. Бизнис. Една соработничка ми објаснуваше дека било скапичко да донираш јајце-клетка, спомна 2.000 долари. Веројатно парите се мотив луѓето да донираат сперма, јајце клетки.